Испечати | Затвори го прозорот

Непослушноста и похлепата - коренот на сите зла?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26286
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 12:06
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Непослушноста и похлепата - коренот на сите зла?
Постирано од: spiros
Наслов: Непослушноста и похлепата - коренот на сите зла?
Датум на внесување: 25.Јануари.2013 во 23:39



Совршениот БОГ го создаде човекот како многу добар и му го даде подарокот на слободната волја, истовремено давајќи му совет - преку Мудроста Негова - да не јаде од дрвото на сознанието на доброто и злото (плодот на дуализмот).

За жал човекот тогаш - преку слободната волја - ја одбива послушноста кон Мудроста БОЖЈА и и’ се оддава на похлепата, која се’ повеќе и повеќе го задлабува во грев и пеколни маки.

Пред (околу) 2000 години, Совршениот БОГ во Исуса Христа - за спасение на сите - ја отелотвори Својата Милост (Мудрост), за секој кој на Него Му верува, Го слуша и од Него духовно се храни, вечно да живее.

Што мислите (?), можно ли е човештвото денес да се разбуди за единствената спасителна Милост (Мудрост) БОЖЈА чиста, за спасениа на сите отелотворена во Исуса Христа, да и’ постане послушен и со тоа да ја надмине похлепата?



Поздрав









Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене.


Ев.Јован 10:27











   

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!






Коментари:
Постирано од: Alcinov
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 22:05
Тоа е посакувано! Но, нема да се оствари. Како прво, концептот за вера и спасение е индивидуален, а не општ. Не може цела една нација да поверува преку ноќ а камоли пак целото човештво. Тоа е процес кој се одвива ,,One person at a time". Како второ, и двајцата ги знаеме Библиските пророштва дека само еден дел од човештвото (верниците) ќе бидат спасени.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 22:28


   
Значи, можноста човештвото да се свестне дека непослушноста и похлепата им го уништува најважното, да се покае и да се обрне кон Мудроста БОЖЈА (слично на градот Нинивеј во времето на Св.Пр. Јона), е однапред потполно исклучена?

   



... а ете, тука е поголем од Јона!

Ев.Лука 11:32   





-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Alcinov
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 22:29
Да.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 22:41





Јас пак се надевам дека набрзо ќе се случи најголемото масивно будење, покајување и обраќање!

Се надевам дека секој ќе Ја увиди Светлината на Милоста (Мудроста) БОЖЈА - Тоа е БОЖЈОТО вечно Евангелие - ќе го отвори сопственото срце за Неа и ќе биде спасен!





Љубовта ... на се’ се надева (!) ...

1 Коринтј. 13:7




   

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Alcinov
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 22:52
Сега едно е да зборуваме за масивно будење, покајание и обраќање, а сосема различно е да зборуваме за сеопшто спасение.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 23:04


А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно;
и уште ви велам: полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.”

Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?”

Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога се’ е можно!”

   
Ев. Матеј 19
   












-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Alcinov
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 23:07
Дали човек може да биде спасен надвор од Христа?


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 28.Јануари.2013 во 19:44



Originally posted by Alcinov Alcinov напиша:

Дали човек може да биде спасен надвор од Христа?




Никој неможе да биде спасен надвор од Милоста БОЖЈА!
Исус Христос е отелотворувањето на Милоста (Мудроста) БОЖЈА!



   





-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!






Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk