Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26250 Датум на принтање: 11.Декември.2024 во 10:44 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: СП Ракомет - Шпанија 2013Постирано од: Calipso
Наслов: СП Ракомет - Шпанија 2013
Датум на внесување: 09.Јануари.2013 во 00:57
Распоред на натпревари во групата на Македонија
1.коло 12. јануари – сабота 15:45 Македонија – Чиле 18:00 Исланд – Русија 20:15 Данска – Катар
2.коло 13. јануари – недела 15:45 Чиле - Исланд 18:00 Катар - Македонија 20:15 Русија – Данска
3.коло 15. јануари – вторник 15:45 Катар - Русија 18:00 Македонија - Исланд 20:15 Данска – Чиле
4.коло 16. јануари – среда 15:45 Македонија – Русија 18:00 Чиле - Катар 20:15 Исланд – Данска
5.коло 18. јануари – петок 15:45 Русија – Чиле 18:00 Исланд – Катар 20:15 Данска – Македонија
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Коментари: Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 11.Јануари.2013 во 00:35
Да не остане неодбележано со тема ова првенство.
ПС. И едно за авторката на темава, таа нејзините смајлиња си ги брише...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 11.Јануари.2013 во 00:44
Пред само една година беа херои на нацијата. Во нив сите се
крстат, со нив сите сакаат да се „сликаат“, но ги испратија да се влечкаат по споредните
аеродроми низ Европа, како „последни дрипци“, а треба да ја претставуваат
Македонија на Светско првенство.
Конечно, ракометарите вечерва пристигнаа во Севилја. Измалтретирани,
со уште една траума што можат да им ја приредат само раководните луѓе од РФМ,
претседателот Михајло Михајловски и генералниот секретар Марјан Начевски. На
испраќање со нив се „сликаа“ и претседателот Ѓорге Иванов и директорот на
Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски, а сигурно ќе сакаат тоа да го
повторат и доколку Лазаров и соиграчите направат успех на мундијалот. Ќе ги
тапкаат по рамо и повторно ќе им велат дека тие се хероите на Македонија. Ќе им
организираат и дочек пред Триумфалната порта. Ќе ги чекаат на граница, со подготвени
фоторепортери за да им удрат уште една заедничка фотка.
Но, денеска најдобрите македонски ракометари повеќе од 20
часа си ги оставија коските по евтини авиончиња и споредни аеродроми, тргнаа во
3 часот наутро од Скопје со автобус до Софија, потоа одлетаа за Италија, па „дремеа“
таму како туристи кои едвај можат да долетаат до својата наредна дестинација. Оттаму
заминаа на спореден аеродром оддалечен повеќе од 200 километри од Севилја. Во
меѓувреме, се ценкаа и молеа да им биде понесен и багажот, спортската опрема со
која треба да играат на Светското првенство во Шпанија.
Нели е доста?! Нели е премногу?! Редно е да „летаат глави“ и
тоа оние најголемите, од врвот на РФМ, затоа што таму најмногу смрди! Доста е
веќе со изговорите „нема пари“, а во фотелјите се вдомени „сто години“ и многу
им е убаво. Е, како мајката, ако навистина нема пари!
Каде ли и се парите на најдобрата спортска федерација во
Македонија?! Заслугите за нивниот избор одат на адреса на ракометарите и
ракометарките, а тие не можат ниту да добијат достоен авионски билет за да
отпатуваат на најголемиот светски ракометен хепенинг. И тоа никој не им го
подари. Сами си го заслужија.
РФМ, арам да ви е! Сите да си одите!
Порталот Екипа, а и ред други портали и весници негодуваат за третманот кој го добиваат нашите репрезентативци. Дефинитивно и јас мора да се согласам со нив.
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 12.Јануари.2013 во 18:18
Македонија 30-28 Чиле(12-10)
Во првиот натпревар на свесткото ракометно првенство во Севиља, Македонската репрезентација ја забележа првата победа и ги освои првите 2 бода. Но сепак не успеавме да ја наметнеме фаворитската улога. Одигравме тежок и мачен натпревар со тоталниот аутсајдер Чиле.
Очекувавме комотна победа, но не ја добивме. Очекувавме сериозен и мотивиран натпревар, но не го добивме. Добивме победа изразена со само два гола и многу неодговорени прашања. Зошто Темелков беше само на трибините? Зошто излезе Стоилов, кога беше можеби најдобриот на теренот? Зошто Ѓеорѓиевски не влезе во второто полувреме? Што се случува со Наум Мојсовски?
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 12.Јануари.2013 во 18:36
Да не критикувам, да оставам некоја критика за утре. Два бода се впишани, тоа е најбитното, утре со нови сили во нови победи.
пс. 20 изгубени топки...холи шит...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 12.Јануари.2013 во 19:21
прогнозирам Катар +4, Русија +1, Исланд -3, Данска -6... односно три победи во група...
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Јануари.2013 во 16:53
Бледо издание вчера ... Катар биле незгодна репрезентација оти давале многу пари
Како и да е ... ако се игра како вчера ... ниш не може да се очекува од ова СП
------------- I'm out bcz of pathetic around here
Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 13.Јануари.2013 во 19:47
ubaicki si se...srcuski se...
------------- “Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.” ― William Faulkner, Mosquitoes
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 13.Јануари.2013 во 19:50
,,,,denes trebashe da se igra kako vchera ,,,,a utre ,kako denes,,,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 13.Јануари.2013 во 19:52
rasipuvac na zabavi
------------- “Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.” ― William Faulkner, Mosquitoes
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Јануари.2013 во 20:18
Си се лаааааааааадааат !!!
------------- I'm out bcz of pathetic around here
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 15.Јануари.2013 во 23:27
ИСЛАНД БЕЗОБРАЗНО И АГРЕСИВНО ДО ПОБЕДАТА
19:23 за Исланд! Катастрофално второ полувреме во Севиља. Голот не ги сакаше нашите ракометари, на кои никако не им тргна од рака. Кире Лазаров се изгуби, Стоилов кој на почетокот ветуваше исто така, а потфрли и целата организација на натпреварот, каде постојано имаше проблеми со времето, резултатот.
Се на се, ужасно второ полувреме, многу исклучувања, многу грешки, многу повреди… многу голови, ама во нашата мрежа. Ракометарите на Исланд играа многу напната, агресивна и безобразна игра, која постојано нервираше и креваше тензија кај нашите ракометари, а и публиката.
Утре не чека Русија, да се надеваме дека ова ни е една изгубена битка во оваа војна.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 15.Јануари.2013 во 23:30
ШРАУБАТА НА СТОИЛОВ НАЈАТРАКТИВЕН ГОЛ НА МУНДИЈАЛОТ ДОСЕГА
Голот на македонскиот пикер, Стојанче Стоилов постигнат на дуелот против Чиле е прогласен за најатрактивен на Мундијалот досега.
Шраубата на Столе која низ нозете на противничкиот голман заврши во мрежата на Чиле е специјалност на младиот македонски репрезентативец.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Јануари.2013 во 12:44
Да не знае случајно некој од повозрасните на форумов на која позиција играше Ѕвонко Шундоски во Тутунски Комбинат од Прилеп?
Мислам дека таму играше крилна позиција
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 17.Јануари.2013 во 00:53
МАКЕДОНИЈА ГИ ПОДЕЛИ БОДОВИТЕ СО РУСИЈА
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 (13:16) против Русија.
Македонија во петтото коло, последно во фазата по групи, за противник ќе ја има Данска, натпреварот се игра в петок, со почеток во 20:15 часот.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 17.Јануари.2013 во 22:20
Перо Антиќ ироничен: Давам 1.000 евра за најсочниот коментар против ракометарите! (ФОТО)
Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо
Антиќ, застана во одбрана на своите колеги од ракометниот национален тим
по поразот од Исланд во вторникот откако на својот фејсбук-профил
напиша иронична порака до сите оние што по социјалните мрежи ги нападнаа
избраниците на селекторот Звонко Шундовски.
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 19.Јануари.2013 во 01:06
Еј и на порази почнавме да си се радуваме...Ццццццц...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 19.Јануари.2013 во 01:08
jako bese
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 19.Јануари.2013 во 01:18
Се радуваме демек дека ќе играме со Германија,а не со Франција..
а Германија и одрша лекција на Франција
Македонија 30-33 Данска
Дуелот од осминафиналето против Германија ќе се одигра на 20-ти јануари (недела) со почеток во 15:45 часот.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 19.Јануари.2013 во 01:18
А како за беља секој наш шут- гол...Едвај изгубивме...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 19.Јануари.2013 во 01:23
Дали ќе играат против Германија или Франција или Чиле, Катар, или Тунгузија ...мене исто ми е...со нашите се може да се очекува
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 19.Јануари.2013 во 11:43
било со Франција или со Германија да играме, секако губиме, но ја пропуштивме шансата да ги тепаме Данците кои играа со 34,45% сила, па да се правиме шизици колку сме јаки.....
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 19.Јануари.2013 во 12:52
Море си знаат тие, зошто да се истрошат до крај кога си ги знаат своите способности и се сигурни дека ќе победат и со минимален вложен труд. Баш беше јака утакмицата помеѓу Франција - Германија, навистина две квалитетни екипи. Немаме никакви шанси со кој и да играме.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 19.Јануари.2013 во 19:39
ДОДЕКА НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ ЦЕЛ ДЕН ПАТУВААТ,ГЕРМАНЦИТЕ УЖИВААТ ВО СПА ЦЕНТАР
Светската ракометна федерација уште еднаш го покажа својот аматеризам и неспособност откако испланира скандалозен начин за транспорт на селекциите од Севилја до Барселона, пишува мкд.мк
Така, Македонија денеска патува речиси шест часа со воз до Барселона, со тотално нарушен возен ред, па наместо избраниците на Звонко Шундовски да имаат време за тренинг попладнево, тие ќе се рехабилитираат од речиси десетчасовното малтретирање. Имено, возот од Севилја тргнал со задоцнување од три часа, поради лошите временски прилики во Андалузија, па тотално се поремети планот на подготовки за утрешниот натпревар. Ако се знае дека нашиот меч утре се игра прв – во 15.45 часот и тоа на барање на Германците поради нивните телевизиски права, тогаш нема да чуди ако нашите не одржат ниту еден вистински тренинг, туку повеќе ќе се работи на олабавување на мускулатурата од долгиот пат со воз.
Во исто време, Германија која играше во Барселона и нема потреба да патува, денешниот ден го посвети на тотална релаксација и престој во спа центар, што утрешниот меч го прави тотално нерамноправен.
Поради изолираноста на аеродромот во Севилја челниците на ИХФ донесоа одлука сите репрезентации да патуваат кон своите следни дестинации со експресните возови, наместо со авион. Но, стручњаците на ИХФ никако не сакаат да ги поместат саатниците на натпреварите зашто тогаш би ги загубиле парите од ТВ-правата, особено кога станува збор за Германија и за скандинавските земји.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 20.Јануари.2013 во 21:24
1/4-финалето само пуст сон за Македонија
Македонската ракометна репрезентација претрпе убедлив пораз од 28-23 од Германија во првиот 1/8-финален меч и ги заврши настапите на Светското првенство во Шпанија. „Црвено-жолтите“ и покрај желбите и најавите, не прикажаа игра за прва победа над Германија, па 1/4-финалето останува само пуст неостварен сон. Слабиот процент на реализација, многуте грешки и немоќта во нападот од првиот дел се префрлија и во вториот. Во еден период негативата од четири гола на полувремето (13-9) порасна на шест, но со серијата на посконцентрирана игра македонските ракометари ја донесоа на -2. Младиот крилен играч Дејан Манасков имаше шанса да намали и на гол разлика, но германскиот голман Хајнветер денеска беше екстра расположен, а мечот го заврши со 15 одбрани. Потоа колата тргна низ удолница, а на крајот Германците сосема заслужено славеа со 28-23. Најпрецизен во македонскиот национален тим беше Кирил Лазаров со 8 гола, Манасков, Мојсоски и Филип Лазаров додадоа по 3, Темелков и Георгиевски беа стрелци на два гола, додека Миркуловски и Никола Маркоски по еднаш се запишаа во листата на стрелците. Во таборот на победникот најпрецизни беа Кнер со 5, Шмит и Винцек со по 4, додека Вајнхолд постигна 3 гола. Македонската селекција настапот на Мундијалот ја завршува со две победи, едно реми и три порази.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 20.Јануари.2013 во 21:50
сега треба да направиме грандиозна прослава на плоштад, затоа што воопшто сме учествувале и сме имале две победи, онака како што славевме за четврто место во кошарката и за (кое ида беше) место во европското првенство во ракомет
------------- размисли пред да напишеш глупост
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 20.Јануари.2013 во 22:00
..Sakam da prasam nekoj od onaka politicki po informiranite ...
...Ke ima li spektakularno samaranje na plostad ....bidejki imaa spektakularen precek ..oddamna
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 20.Јануари.2013 во 23:43
Шундовски, Начевски и оној претседателот на РФМ треба да се шамараат, никој друг.
Срамота само што не го гаѓаше никој у фаца оној педерот немачки.
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 20.Јануари.2013 во 23:52
Интервју со капитенот Кире Лазаров
------------- I'm out bcz of pathetic around here
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 21.Јануари.2013 во 00:00
Изгледа Гонзо мислеше на овој
Пред почетокот на дуелот помеѓу http://off.net.mk/offside/rakomet/chetvrtfinaleto-ostana-samo-son" rel="nofollow - Германија и Македонија , еден германски ракометар ја нарече македонската репрезентација „ http://www.bild.de/sport/mehr-sport/handball/deutschland-gewinnt-wm-achtelfinale-gegen-mazedonien-28176974.bild.html" rel="nofollow - банда на свињи ".
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 21.Јануари.2013 во 13:56
Schweinebande .. многу ми се допаѓаат овие германски сложенки, уште да не се однесуваа на нас...
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 18:27
Ова не личи на финале бре
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 23:24
Е баш убаво ги растурија !!!
------------- I'm out bcz of pathetic around here
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 28.Јануари.2013 во 14:17
EHF mafia!!!
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 28.Јануари.2013 во 16:49
Овие се од ИХФ...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.