Број на паметници во Жена парк
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26064
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 13:01 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Број на паметници во Жена парк
Постирано од: Messenger
Наслов: Број на паметници во Жена парк
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 16:35
Дали знаете колку ВКУПНО паметници има сега во Жена парк ?
За оние кои не го знаат ова паркче, тоа е во форма приближно како триаголник со двете покуси страни долги по околу 100-тина метри.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 17:14
нови споменици: - Споменик на борбата (прометеј, коњите и шумата од столбови) - споменик на Питу Гули - Споменик на основачите на АСНОМ - Споменик на бранителите - споменик на основачи на ВМРО
има уште три стари споменици поврзани со егзодусот на егејците, и жените партизанки во втората светска војна, а сега во скоро време, поставија споменик во знак на пријателство, на некој од источно-еверопскиве писатели
значи вкупно има десет, барем оние што ми текнуваат во моментов
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 17:28
Алал ти вера колега!
Јас сакав малу да ги дезориентирам членовите со големи, но неточни бројки и очекував секакви нагаѓања, ама ти се јави прв и веднаш го погоди точниот број.
На ова парче земја наречено Жена парк има, верувале или не, вкупно 10 паметници!
Верувам дека со тоа постигнавме уште еден светски рекорд!
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 17:43
кул, сега уште повеќе туристи ќе доаѓаат
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 17:46
Само Јапонците им е интересно колку паметници има за да се снимат пред нив . Мене ме интересират кафаните . И секогаш кога сум во Скопје ги посетувам и сум многу доволен .
-------------
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 17:56
емил напиша:
Само Јапонците им е интересно колку паметници има за да се снимат пред нив . Мене ме интересират кафаните . И секогаш кога сум во Скопје ги посетувам и сум многу доволен . | секој со свои интереси... мене еве ме интересира и современата архитектура...
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 17:58
кажи 2-3 збора за неа ? Допаѓа ли ти се ?
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 18:22
Мене пак, не ме интересираат кафани дискотеки и кафичи, ама не ме интересираат ниту споменицте.
Ама ракијата со дедо (ти) е незаменлива
А да, интересни ми се оние новите фасади. Се мислам како би изгледала зградата на ЕВН ако решат да ја прават во барок или некој така поекстремен стил
А паркот го уништиле. Од сите страни да те набљудуваат некои паметни статуи што фали уште да прозборат
Забеган, да не знаеш на кого беше онаа бистата, статуа, споменик, што и да е карши ГТЦ. Односно кога гледаш од ГТЦ према парк. Од онаму кај што беше Громби, Пјер Карден и сл...
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 18:25
Santijago напиша:
Ама ракијата со дедо (ти) е незаменлива
|
кога на дедо (ти ) му заврши ракијата оти бурето не е без дно ,ќе дојдеш кај мене во кафаната и тогаш ќе те почастам
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 15.Октомври.2012 во 18:27
емил напиша:
Santijago напиша:
Ама ракијата со дедо (ти) е незаменлива
|
кога на дедо (ти ) му заврши ракијата оти бурето не е без дно ,ќе дојдеш кај мене во кафаната и тогаш ќе те почастам |
Дедо ми секоја година прави за производство. Нема дно, само залиха од 300-400 (ако не и повеќе) литри
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Октомври.2012 во 00:04
емил напиша:
кажи 2-3 збора за неа ? Допаѓа ли ти се ? | за скопската? не ми беше тоа тоа поентата, ама не би ми било проблем поентата беше да кажам дека секој турист си е со свои интереси и побарувања... фактот што кај нас сеуште туризмот се поистоветува само со опипливо културно наследство, кажува дека имаме уште да учиме
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 16.Октомври.2012 во 00:05
И споменикот на Славко Јаневски мислам е во Жена-Парк?
------------- http://fichot.deviantart.com/gallery" rel="nofollow - galerija1 http://www.behance.net/fichot" rel="nofollow - galerija2
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Октомври.2012 во 00:08
Santijago напиша:
Забеган, да не знаеш на кого беше онаа бистата, статуа, споменик, што и да е карши ГТЦ. Односно кога гледаш од ГТЦ према парк. Од онаму кај што беше Громби, Пјер Карден и сл... | за таа биста баш зборев погоре, знам дека беше писател и дека не е нашинец, ама воопшто не се сеќавам на името
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Октомври.2012 во 00:13
fichot напиша:
И споменикот на Славко Јаневски мислам е во Жена-Парк? | да, Славко Јаневски го заборавив
инаку името на писателот беше Тарас Шевченко и ставен е таму како знак на соработка
значи вкупно 11 споменици има во паркот
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Октомври.2012 во 09:04
Мислам дека заедно со Славко Јаневски се 10.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Октомври.2012 во 18:36
Messenger напиша:
Мислам дека заедно со Славко Јаневски се 10. | еве ти ги тука старите споменици, и спомен плочите ги заборавивме
http://volanskopje.blogspot.com/2009/06/blog-post_06.html" rel="nofollow - http://volanskopje.blogspot.com/2009/06/blog-post_06.html
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 12:30
На се повеќе луѓе им смета бројната застапеност а богами и концентрацијата на спомениците на одреден (можам да кажам премал) простор. Баш би сакал да чујам дали некој дава поддшрка на ваквата концентрација на споменици, а највеќе сакам да слушнам дали ви смета сумата на пари што е исплатена или допрва треба да се исплати за оваа бројка на споменици.. Напоменувам.. Сумата само за споменици до сега стигна отприлика 100 милиони.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 13:10
Не се работи само за парите...
Ние, како народ, толку сме обесправувани и грабени со векови што изгубеното и заборавеното ни е поважно од моменталната монетарна вредност на паметниците.
Треба да се остават другите народи кои имале можности да градат со миленијуми и да не се споредуваме со нив. Во моментов, кога се бориме со своите соседи, со внатрешните непријатели и со игноратноста на сопствениот народ која била негувана од најдамнешни времиња, памeтнициве претставуваат нешто што апсолутно надминува секаква парична вредност.
И разбирливо е зошто толку масовно се градат. Барем разбирливо и оправдано е од моја страна.
Оноа за што треба да се разговара е нивната распределба и местоположба во миљето каде ќе се постават.
Парите се земаат од буджет кој е наменет за таква употреба и е дополнет од меѓународни фондови токму за такви намени.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 13:25

А зошто се градат колега? Мислиш дека историјата се гради преку ноќ? Зарем можат да се споредат лавовите во Будимпешта со оние на мостот Гоце Делчев? Можат ли да се споредат тие статуетките распоредени насекаде со стотици години старите споменици некаде?
Кога веќе се задолжуваме кај стигнеме, зошто место да ставаат коњи и бисти на некои си таму, не ги рестартираат Охис и уште неколку други фабрики кои вработуваа илјадници луѓе? После Македонија не била финансиски јака, имала голема невработеност и што уште не...Па нормално кога наместо да се создава иднина се создава нешто што во следните 500 години нема да мрдне од постаментот.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 14:25
Santijago напиша:
А зошто се градат колега?
Мислиш дека историјата се гради преку ноќ? Зарем можат да се споредат лавовите во Будимпешта со оние на мостот Гоце Делчев? Можат ли да се споредат тие статуетките распоредени насекаде со стотици години старите споменици некаде? |
Не мислам дека историјата се гради преку ноќ бидејќи таа е веќе изградена со миленијуму, а нејзиното одбележување секогаш се гради преку ноќ.
Секој паметник се поставува преку ноќ, никој не се гради со векови (освен онаа црква во Барцелона).
И да, лавовите од Будимпешта, како паметници, се споредуваат со лавовите во Скопје како паметници. Паметник е паметник и не е важно кога е поставен преку ноќ. Секогаш еден ќе биде постар од друг. Тоа не го намалува паметењето. За квалитетот на изработката и уметничкиот израз не говорам бидејќи тоа е сосем друга работа и нема ништо со поентата на паметењето туку со афинитетите на уметникот и оние кои ги гледаат.
Santijago напиша:
Кога веќе се задолжуваме кај стигнеме, зошто место да ставаат коњи и бисти на некои си таму, не ги рестартираат Охис и уште неколку други фабрики кои вработуваа илјадници луѓе? После Македонија не била финансиски јака, имала голема невработеност и што уште не...Па нормално кога наместо да се создава иднина се создава нешто што во следните 500 години нема да мрдне од постаментот. |
Парите од еден фонд не се префралат туку така во друг фонд.
Средствата за паметниците се од посебен фонд наменет за вакви работи и истиот е дополнет со посебни грантови од меѓународната заедница.
Мене ми е јасно дека секогаш ќе има луѓе кои сметаат оти тие пари би било попамнетно да се инвестираат во нешто друго и ако се прашаат сите граѓани веројатно ќе добиеме исто толку идеи. Работата е што овие наменски пари се веќе предвидени и одделени за овој проект кој е започнат идејно, проектантски и изведувачки пред неколку години и како таков мора да се заврши.
И да можеше сиот проект да се стопира, со јасно изгубени пари во започнaти и недовршени работи, како и плаќање пенали за прекинувањето, тоа не значи дека остатокот од парите ќе беа успешно инвестирани во загубарите како "Охис" или некој друг. Ако овие фабрики беа добри немаше да станат загубари, немаше да ги продаваат само за еден долар и ќе имаше редица заинтересирани странски инвеститoри веднаш да ги купат и да ги рестартираат.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 14:43
Messenger напиша:
Santijago напиша:
А зошто се градат колега?
Мислиш дека историјата се гради преку ноќ? Зарем можат да се споредат лавовите во Будимпешта со оние на мостот Гоце Делчев? Можат ли да се споредат тие статуетките распоредени насекаде со стотици години старите споменици некаде? |
Не мислам дека историјата се гради преку ноќ бидејќи таа е веќе изградена со миленијуму, а нејзиното одбележување секогаш се гради преку ноќ.
Секој паметник се поставува преку ноќ, никој не се гради со векови (освен онаа црква во Барцелона).
И да, лавовите од Будимпешта, како паметници, се споредуваат со лавовите во Скопје како паметници. Паметник е паметник и не е важно кога е поставен преку ноќ. Секогаш еден ќе биде постар од друг. Тоа не го намалува паметењето. За квалитетот на изработката и уметничкиот израз не говорам бидејќи тоа е сосем друга работа и нема ништо со поентата на паметењето туку со афинитетите на уметникот и оние кои ги гледаат.
Santijago напиша:
Кога веќе се задолжуваме кај стигнеме, зошто место да ставаат коњи и бисти на некои си таму, не ги рестартираат Охис и уште неколку други фабрики кои вработуваа илјадници луѓе? После Македонија не била финансиски јака, имала голема невработеност и што уште не...Па нормално кога наместо да се создава иднина се создава нешто што во следните 500 години нема да мрдне од постаментот. |
Парите од еден фонд не се префралат туку така во друг фонд.
Средствата за паметниците се од посебен фонд наменет за вакви работи и истиот е дополнет со посебни грантови од меѓународната заедница.
Мене ми е јасно дека секогаш ќе има луѓе кои сметаат оти тие пари би било попамнетно да се инвестираат во нешто друго и ако се прашаат сите граѓани веројатно ќе добиеме исто толку идеи. Работата е што овие наменски пари се веќе предвидени и одделени за овој проект кој е започнат идејно, проектантски и изведувачки пред неколку години и како таков мора да се заврши.
И да можеше сиот проект да се стопира, со јасно изгубени пари во започнaти и недовршени работи, како и плаќање пенали за прекинувањето, тоа не значи дека остатокот од парите ќе беа успешно инвестирани во загубарите како "Охис" или некој друг. Ако овие фабрики беа добри немаше да станат загубари, немаше да ги продаваат само за еден долар и ќе имаше редица заинтересирани странски инвеститoри веднаш да ги купат и да ги рестартираат. |
Па добро колега, мислам знаеш на што мислев Не се гради се преку ноќ, не можеш да изградиш се преку ноќ. Тоа нешто нема значење бе, ова со коњиве исто се фаќа како да ставиш некоја биста пред училиште. Таа нема историја во неа, само едно парче излиено во некоја леарница поставено на бетонски постамент обложен со мермер и сл. Иста ли важност има Камени мост и мостот Гоце Делчев? Овој со години е таму, сведок на сите настани од стотици години наназад, а другиов е сведок богами ама само на мерцедесите на политичарите што одат до Влада и назад на аеродром. Тоа е исто како слика на Пикасо да споредуваш со слика што јас сум ја нацртал. Која вредност ја има таа?
Во врска со вториот дел..
Пред да станат наменски тие пари биле ненаменски. Кога проектов не бил испланиран не биле наменски определени ниту парите. Значи наместо да бидат за таа намена можеле да бидат за сосема друга намена нели? А да спомнам ли дека проектов веќе чини 2-3 пати повеќе од тие замислени наменски пари?
Изгледа не ти е јасно. Во време на криза, не се почнува нешто што ќе те доведе во уште поголема криза. Ти ако си во минус ќе одиш да купиш 3Д телевизор од 4000 долари или ќе си гледаш на старата плазма? Се почнува со нешто што има тенденција да те извади од таа криза.
Ако проектот не се почнеше ќе имаше пари за враќање на ДДВ, па наместо да се задолжуваат ќе си беа на чисто. Ќе имаше пари за многу други работи за кои сега ете нема.
И не заборавај, загубарите станаа загубари затоа што некој недомакински раководеше со нив, а не затоа што не биле добри. Зарем не ти текнува Охис каков гигант беше? Ти се молам??? За сега да го продаваат по евро за акција? Скопски пазар не го продадоа затоа што не го биваше, туку затоа што некој пројави желба да го присвои. Истото беше и со спорната приватизација на многу други компании, ти се молам не заборавај зошто сегашните газди а тогашни директори ги доведоа фирмите до статус загубари!
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 14:52
Патем, пред да ми речеш дека преку тие коњи, магариња и ангели се искажува почит према Гоце Делчев, Питу Гули и сите останати, дозволи ми да те потсетам дека ако сакаш да искажеш почит можеш сите тие (имиња или ликови) да ги изгравираш и поставиш на една голема плоча и да кажеш за што всушност висат таму обесени. Не дека младиве многу почит ќе им оддадат
И не мора сите писатели што сме ги слушнале и не сме ги слушнале да бидат поставени некаде. А што направиле тие кажи ми? Песни и раскази пишувале...па на форумов да прочиташ колку лични дела има од членовиве и со кој квалитет се, значи треба пред Т-Хоум да им поставиме споменици!
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 15:09
С'е може колега, с'е може... може и овака, може и онака... може секако, но еднаш нешто мора да се одбере и да се истреа во тоа.
Потоа само времето ќе покаже дали било онака како што се замислувало.
ОХИС е добар пример за тоа.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 16:32
zabegan напиша:
нови споменици: - Споменик на борбата (прометеј, коњите и шумата од столбови) - споменик на Питу Гули - Споменик на основачите на АСНОМ - Споменик на бранителите - споменик на основачи на ВМРО
има уште три стари споменици поврзани со егзодусот на егејците, и жените партизанки во втората светска војна, а сега во скоро време, поставија споменик во знак на пријателство, на некој од источно-еверопскиве писатели
значи вкупно има десет, барем оние што ми текнуваат во моментов |
be!
...ti si vistinski makedonec!
...jas ni znam kolku se( samo gledam deka se nenormalno mnogu), niti znam koi se i chii se!
...niti sakam da znam !
...zatoa shto ne me ...boli !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 17.Октомври.2012 во 23:43
brza напиша:
zabegan напиша:
нови споменици: - Споменик на борбата (прометеј, коњите и шумата од столбови) - споменик на Питу Гули - Споменик на основачите на АСНОМ - Споменик на бранителите - споменик на основачи на ВМРО
има уште три стари споменици поврзани со егзодусот на егејците, и жените партизанки во втората светска војна, а сега во скоро време, поставија споменик во знак на пријателство, на некој од источно-еверопскиве писатели
значи вкупно има десет, барем оние што ми текнуваат во моментов |
be!
...ti si vistinski makedonec!
...jas ni znam kolku se( samo gledam deka se nenormalno mnogu), niti znam koi se i chii se!
...niti sakam da znam !
...zatoa shto ne me ...boli !
| па не баш Македонец, малку полокални ми се чувствата инаку, барем поголем македонец испаѓам вака, од оние што тврдеа дека немало споменици во земјава, или дека имало недостиг, како да се работи за потреба или натпревар... пола од луѓето што ги величаат споменициве, врска немаат ни зошто паркот носи такво име... или пак мислат дека е логично на Плоштад Карпошово востание да има централен споменик на Филип втори
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 18.Октомври.2012 во 02:22
Грантови за споменици? А ја мислев кредити се викаат тие. :D
------------- http://fichot.deviantart.com/gallery" rel="nofollow - galerija1 http://www.behance.net/fichot" rel="nofollow - galerija2
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 18.Октомври.2012 во 02:25
fichot напиша:
Грантови за споменици? А ја мислев кредити се викаат тие. :D |
Не бе
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
|