Испечати | Затвори го прозорот

Многу чудна Застава 850!!!!!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25962
Датум на принтање: 26.Ноември.2024 во 00:23
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Многу чудна Застава 850!!!!!
Постирано од: nostalgija
Наслов: Многу чудна Застава 850!!!!!
Датум на внесување: 15.Август.2012 во 11:30
Денес патот ме навеа во Источна Македонија,поточно Струмица.Го поминавме денот убаво,и за срекен пат отидовме кај еден мој добар пријател.Се заседнавме,кафе муабет и како што се обичаите кај нас дојде комшија негов.Човекот еснаф,со автосервис лаф муабет,и темата отиде за легендарното Фико.Човекот ми кажува приказна дека пред официјалното прекинување на производството на Фикото,Црвена Застава има произведено модел Застава 850Л и тоа серија од 1000 парчиња со модификации,за да види дали ке може овој модел да се произведува уште некоја година.Мотор со 848см3 и нешто повеке КС(околу 40),со зглобови и ентериер на 126п-пегла,со диск кочници напред превземени од Застава 900ак-комбе.Јас му велам ,а бе сум чул за тоа ама не ми е за верување.Човекот мртов ладен ми вели еве го кај мене во двор.Занемев......Отидовме и навистина пред мене стоеше со ознака Застава 850Л.Ентериерот е цел симнат од 126п со се партали хехеххехеех....Напред е со диск кочници и 13 бандаж од 101,а моторот и практично не се приметува на него некои промени значајни,освен што има разводник за палење од Југо 45 а ладилникот е превземен од југо 45 со вентилатор заедно.Ја гледавме сообракајната книшка каде пишува 848см3 и 31,4квати(околу 40 кс),Годината на производство е 1986 април месец.Има фабрички зглобови наместо спојка,и менувачот е од Застава комбе 850.Човекот е решен да го средува,бидејки како што кажува биле само 1000 парчиња произведени во Црвена Застава,и дека веке се обратил до Црвена Застава за помош.Следниот викенд одам пак во тој правец со убав апарат за сликање и ке направам една убава фото сесија....Поздрав

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN



Коментари:
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 15.Август.2012 во 15:11
Сликни го друже баш ме интересира каков е ентериерот и што се пружа тоа фичуле... Моја прва кола е баш фичото и многу ме интересира, бидејќи во срце ми е врежано...

-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 15.Август.2012 во 15:29
Ентериерот е превземен од 126п или попозната како пегличка.Кој имал или знае за кое возило станува збор,знае каков е ентериерот.Надворешно значи е потполно исто,освен што ги има браниците од 850(со црна гума на сред браник) и на задната хауба во десниот агол стои знакот 850Л,а на левиот агол застава.Човекот кажува дека било донесено од Крагуевац директно и дека не е возено многу.Здравје ке одам пак и ке донесам фотки

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 15.Август.2012 во 15:40
не сум имал пегличка но знам каков ентериер имаат, само зависи од која година пегличка бидејќи последните што се произведуваа беа со поубава поголема шалт табла поубав волан мека со кожа обложена табла и сл... ознаката 850 Л и ознака за сите последни типови, а браниците во средина имаа испакната гума или само облога од тенка гумена лента? 

-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk