Се сеќавате ли на crossfire, stalkyard?
За сите љубители на една од најпознатите и најиграните игри од светски
познатата компанија за производство на first-person игри Valve, ви
овозможуваме еден Half-Life 1 DM сервер. Се надеваме дека ќе се соберат
голем број на играчи кои ќе се присетат на тоа што беше вистинска
забава!
Серверот е сеуште во фаза на тестирања и е дел од МaxARENA, што значи
пингот би требало за сите играчи од Македонија да се движи од 20 до
30ms. За сите проблеми, забелешки и предлози, слободно постирајте во
темава.
http://figgy.mk/crossfire.jpg" rel="nofollow">
http://figgy.mk/stalkyard.jpg" rel="nofollow">
За почеток серверот ќе биде со 20 слота и во моментов ќе се игра по
принципот DeathMatch FFA (Free For All), IP адресата е следната: 195.26.159.82:27018
Доколку ја користите Insomnia CS 1.6 верзијата нема потреба да ја
симнувате посебно Half-Life бидејќи при самата инсталација на Insomnia
CS 1.6 е инсталирана и Half-Life преку која можете да се конектирате на
серверот. За да пристапите до Half-Life преку Insomnia CS 1.6 со десен
клик на иконата на Insomnia CS 1.6 одбирате Properties па потоа Open
File Location и скролнете надоле се до Half-Life иконата која завршува
со .exe односно hl.exe и пуштете ја Half-Life. За да не го повторувате
секогаш истото направете си shortcut на фајлот на Desktop. Во наредна верзија на Insomnia CS 1.6 ќе биде средена и Half-Life верзијата.
Ви посакуваме одлична забава со серверите на T-Home
|