За задоволствата
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25778
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 20:33 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: За задоволствата
Постирано од: zoranjanev1
Наслов: За задоволствата
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 12:32
На Небесата (во Рајот) има безброј различни, подеднакво големи (колку големи ?!) задоволства: музика, хумор, секс, игри, јадење, пиење, и којзнае што уште не;
На Небесата (во Рајот), душата бира кое сака задоволство, и на колку време сака; потоа, може да се префрли (на колку време сака) на некое друго задоволство; потоа, може да се префрли (на колку време сака) на некое трето задоволство (или (на колку време сака) да се врати на претходното задоволство); и т.н., и т.н.
На старата Земја, само густираме (густиравме) во неколку мали задоволства: (староземаљски:) музика, хумор, секс, игри, јадење, пиење, ...; (и, тоа густирање е во ред; во ред е и обичен (староземаљски) спокој);
_________________________
Само еден мал пример:
И најголемиот староземаљски оргазам при секс е мал и краткотраен (околу 5 секунди) во однос на Небескиот (Рајскиот) оргазам при секс;
Зарем не е убаво (колку убаво ?!) иљада години огромен (колку огромен ?!) оргазам при секс ?! Не можеме да замислиме колку е тоа убаво !!!
(напомена: на Небесата (во Рајот), на секоја душа ѝ е неспоредливо поважно да биде задоволна некоја друга душа, отколку да биде задоволна она самата);
На едно место во Библијата:
Душите на умрените го прашуваат Бога: - Ајде, кога веќе еднаш ќе дојде Рајот ? А Бог им одговара на душите на умрените: - Стрпете се уште малку !
_________________________
И, еве една убава песна на оваа тема:
http://www.youtube.com/watch?v=UlqGh-Xivgo" rel="nofollow -
|
Коментари:
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 12:36
zoranjanev1 напиша:
На Небесата (во Рајот) има безброј различни, подеднакво големи (колку големи ?!) задоволства: музика, хумор, секс, игри, јадење, пиење, и којзнае што уште не;
На Небесата (во Рајот), душата бира кое сака задоволство, и на колку време сака; потоа, може да се префрли (на колку време сака) на некое друго задоволство; потоа, може да се префрли (на колку време сака) на некое трето задоволство (или (на колку време сака) да се врати на претходното задоволство); и т.н., и т.н.
На старата Земја, само густираме (густиравме) во неколку мали задоволства: (староземаљски:) музика, хумор, секс, игри, јадење, пиење, ...; (и, тоа густирање е во ред; во ред е и обичен (староземаљски) спокој);
_________________________ |
Добро бе... ај не прашувам од кај знаеш што се дешава у рајот... ама... зошто бе не кажувате вакви работи...
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 17:54
И јас не знам кој и чив Рај опишува zoranjanev1.
Ама били како, убаво звучи, нели ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 17:59
Ах колку тој термин рај е само еден збор човек да се теши дека таму некаде и некогаш ќе биде убаво, прекрасно, без одговорности. Бла бла бла. Рај. Јас верувам дека и после овој живот пак ќе бидеме во некоја битка во некаква друга (не)форма. Ова како да е некој левел, дел од патот. Задоволствата та земски та што ја знам какви.. ако човек не знае да си ги препушти џабе му е се. Ако не го отвори срцето за да ги прими ондаааак и рај да му дадеш тој пак ќе го најде пеколот во сето тоа.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 18:03
Nema raj tamu nekade... a i raj bez pekol ne biva...
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 18:05
Него ако постоењето е бесконечно, онда п ли му матер, нејќам!
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 18:05
Луѓето најдобро се контролираат со забрани на задоволствата... и ветување дека с'е што му се забранува или му е недостапно на световниов живот ќе ги има во изобилие во Рајот.
Се разбира дека тоа е едно големо оксиморонство, но кај луѓето тоа работело, работи и ќе работи... човековата наивност, игнорантност, алчност и потреба за утеха немаат граници.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 18:12
Дефинитивно! Ама и не е само со лажките.. постојат и казни така што полесно е да се верува дека таму некаде ќе биде убаво а јас ќе се откажам од своите задоволства за да не ме отфрлат и казнат. За да не се види човек себеси (затоа што го убедиле дека е лошо да биде тоа што е) почнува да се проектира себеси на другите и да ги напаѓа со тоа што ги одзема автоматски правата за задоволување на другата личност која е одговорна за задоволување на своите лични потреби.. и така ова оди до недоглед. Отровот е пуштен уште од многу одамна и ние за нашите дела се чувствуваме виновни. Ќе се засладиме малце ама после ќе не совлада отровот (чувството на вина). Се убиваме едни со други.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 19:02
.
Најголемиот дел од народот израелев почина во 40 годишното лутање низ 7те пустињи, а само оние кои што веруваа влегоја во ветената земја, каде што тече мед и млеко!
Вистински среќен е секој кој го надминува робувањето на телесните сласти, кои всушност се само бледа сенка (фатаморгана) од Духовното Блаженство!
.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 19:41
ekszi88 напиша:
Него ако постоењето е бесконечно, онда п ли му матер, нејќам! |
А ти повеќе би сакала да завршиш во вечно непостоење ?!?!?!
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 19:44
Ако е вака ужасно и таму некаде си.. не сакам. И онака барем во моментов ми е доволно лошо во оваа кожа
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 19:47
viktorija123 напиша:
Nema raj tamu nekade... a i raj bez pekol ne biva... |
Напротив: Рај со пекол не бива; (сите души во Рајот би биле несреќни поради маките (заслужени или незаслужени) на душите во пеколот.
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 20:00
spiros напиша:
.
Најголемиот дел од народот израелев почина во 40 годишното лутање низ 7те пустињи, а само оние кои што веруваа влегоја во ветената земја, каде што тече мед и млеко!
Вистински среќен е секој кој го надминува робувањето на телесните сласти, кои всушност се само бледа сенка (фатаморгана) од Духовното Блаженство!
. |
Тоа е твое мислење; така не мислат и Муслиманите, Хиндуистите, Будистите, ...; какви аргументи можеш да изнесеш дека ти си во право, а Муслиманите, Хиндуистите, Будистите, и други религии, грешат ?!
И, ако внимателно си ги прочитал другите мои пораки на Форумов, јас на едно место пишувам:
Љубовта е едино важна; сѐ друго (задоволствата) се само /шлаг на тортата/.
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 20:08
ekszi88 напиша:
Ако е вака ужасно и таму некаде си.. не сакам. И онака барем во моментов ми е доволно лошо во оваа кожа |
ekszi88, душичке, ако ти мислиш дека ти си најнесреќна на Светов, тоа е твое право;
Но, на Небесата (во Рајот) е незамисливо убаво !!!
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 20:25
Јас не сум најнесреќна или посреќна од некој друг. Секој си знае како му е во своја кожа, нели? Но јас сум барем во таа фаза каде што сум преуморна од се и самата помисла на бесконечност ме дотолчува. Сигурно кога би била во поведро расположение би напишала нешто поинакво од горенаведеното, затоа напишав во моментов ми е доволно лошо во своја кожа. Ова е искажано мислење врз база на моментално расположение затоа што навистина ми е смачено
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 20:39
ekszi88 напиша:
Јас не сум најнесреќна или посреќна од некој друг. Секој си знае како му е во своја кожа, нели? Но јас сум барем во таа фаза каде што сум преуморна од се и самата помисла на бесконечност ме дотолчува. Сигурно кога би била во поведро расположение би напишала нешто поинакво од горенаведеното, затоа напишав во моментов ми е доволно лошо во своја кожа. Ова е искажано мислење врз база на моментално расположение затоа што навистина ми е смачено |
Ќе ти помине лошото расположение; опушти се.
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 20:40
Баш и тоа планирав, да одам да се опуштам...
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 20:42
Нема ништо лошо во световните добра.
Ние егзистираме во материјалниов свет за да имаме материјални доживувања.
Проблем станува кога луѓето прават атачменти и зависности од овие искуства, правејќи ги единствена цел на живеењето и сметајќи дека Светот е единствено тоа.
Световните задоволства се двигателот, огледалото преку чија рефлексија и контраст се откриваат суштинските (духовните) квалитети на нашето битие. Спорeд тоа материјалните искуства не само што се потребни, туку се наопходни за нашето просветлување.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 21:39
(примедба:
Како знам како е на Небесата (во Рајот) ?
(барем за сега) не можам за тоа мое знаење да дадам "материјални докази"; за истото можам да дадам само зборовни аргументи;
_________________________
Еве вака (ќе бидам отворен):
Сѐ е Бог;
(така, и јас сум Бог);
Едноставно, знам како е на Небесата (во Рајот);
Во Библијата стои: ...Царството Небесно ќе дојде постепено...;
Така, одреден (сѐ поголем !) број на души на Земјава сме свесни за Натприродните Појави, и имаме допир со Истите;
_________________________
(кој сака нека верува во горенаведеното, а кој сака нека не верува).
_________________________
(забелешка:
Јас сум, истовремено, и смирен и растреперен; смирен сум затоа што Небесата (Рајот) (порано или подоцна) неизбежно ќе дојдат; растреперен сум од нестрпливост (не само за мене, туку за сите души))).
|
Постирано од: playtoy
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 22:32
hmmm......... premnogu smelo moram da priznaam (taka,i jas sum bog)kako moze eden smrnik ne mi e jasno da se narece sebe bog??????? ako si bog onda isplnini gi nasite zelbi posmesno ne sum slusnala bog e eden kolku sto znam i kolku me ucele edinstveno veruvam vo toa sto gledam slusam i pravam a ne vo prazni zborovi
------------- zivot je kurva ako ga ne jebes sje*ace te :))
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 22:44
Ако е толку добро таму, не знам што чекаме да се спакуваме и да одиме сите групно...додека има место Јас сум сепак за она живеј овде и сега и не се оптоварувај со пекол, рај и сл. Кога ќе дојде време ќе видиме дали постои и како е, дотогаш уживај во својот живот на земјата.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 23:07
E taka de... kje go chekame rajot da ni dojde i toa postepeno... ne biva odednash... ama od chekanjeto sme nekako osameni...Samo se dumam, kako li kje go prepoznaeme ... shto velish Zorane? po koj moment, mislam... I koga kje imash dokazi, nemoj da ne zaboravish Nas... I tamu li kje ima shlag na tortata...
Ili pak mozhebi kje se sretnesh so ljubovta i kje spoznaesh deka zadovolstvoto i bolkata se ovozemskite raj i pekol. A tochno pomegju niv e ljubovta na koja ne i se potrebni dokazi ... ednostavno uvid... nishto posebno ne e potrebno...
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 23:09
Schatzii7 напиша:
Ако е толку добро таму, не знам што чекаме да се спакуваме и да одиме сите групно...додека има место Јас сум сепак за она живеј овде и сега и не се оптоварувај со пекол, рај и сл. Кога ќе дојде време ќе видиме дали постои и како е, дотогаш уживај во својот живот на земјата.
| Точно дека треба да уживаме во животот бидејќи зачас ке ни пројде,ама треба да оставиме добар впечаток кај повеќето луѓе за ете ако сакаме да се чуствуваме како Богови. Мене најмногу ме исполнува тоа кога ќе дадам комплимент или ќе помогнам на некој вистински пријател или на некоја сосема непозната личност,тоа ми пружи најголемо задоволство.
------------- I just wanna feel real love.
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 23:54
,,,,,,,,,,rajot i pekolot se ,,tuka ,i sega ,,,,,,,,, ,,,,nagradite ,,,,i kaznite ,,,,,za vreme na gostinskiot zhivot,,,,,se primaat
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 13.Мај.2012 во 09:05
Еве, на Форумов, од разни учесници, се среќаваат најразлични теолошки мислења;
Јас мислам дека е така на Небесата (во Рајот) (и, јас знам дека е така на Небесата (во Рајот));
Тоа е мое мислење; а, како што реков, се среќаваат и разни други мислења, различни од моето мислење; па, секој има право на свое мислење !
_________________________
две конкретни работи:
1. Во самото Христијанство имало застапници на пантеизмот; со тек на вековите, тие пантеисти од останатите Христијани се отфрлени како еретици; (кој од нив е во право - пантеистите, или останатите Христијани ?!);
На пример: како го објаснувате следниот стих во Библијата, кога Бог им вели на луѓето: ...Јас реков: вие сте богови, вие сте сите Синови Божји... ?
И: што е Бог ? Знае ли некој што е Бог ?! Нели, по теологијата, Бог е Апофатичен (т.е., Несознатлив) ?!
2. Некои учесници на Форумов препорачуваат луѓето на Земјата да не размислуваат за задгробниот живот и да го живеат животот во овој момент; па, нема тука што да се препорачува ! секоја душа си го живее животот како сака !
_________________________
Но, поентата е во следното:
Секој има право на свое мислење; Јас мислам едно, друг мисли друго, трет мисли трето, ...;
Но, некои (не сите, таман работа) луѓе се агресивни во одбрана на своето мислење;
Јас имам желба секоја душа да го брани своето мислење со аргументи, со љубов, со љубезност, и со флексибилност (а не со, неоправдан, инает);
Бидејќи, на крај на краиштата, што е толку битно која душа какво мислење има ?! Важно е да има љубов и разбирање меѓу душите.
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 13.Мај.2012 во 09:23
Како ќе препознаеме кога ќе дојдат Небесата (Рајот) ?
Е па, вака:
Во Библијата стои: ...кога ќе дојде Царството Небесно, никој не ќе може да рече: еве го Царството Небесно, или: ене го Царството Небесно; Царството Небесно е во вашите срца...;
А, поконкретно: Кога ќе дојдат Небесата (Рајот), срцата на душите на Земјата ќе се исполнат со бескрајна љубов; А, и ќе почнат да се случуваат чудни работи; и: душите на Земјата повеќе не ќе имаат потреба да јадат, да пијат, да дишат, да спијат, ...; И: душите на Земјата ќе почнат да осеќаат бескрајни задоволства.
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 13.Мај.2012 во 09:38
playtoy напиша:
hmmm......... premnogu smelo moram da priznaam (taka,i jas sum bog)kako moze eden smrnik ne mi e jasno da se narece sebe bog??????? ako si bog onda isplnini gi nasite zelbi posmesno ne sum slusnala bog e eden kolku sto znam i kolku me ucele edinstveno veruvam vo toa sto gledam slusam i pravam a ne vo prazni zborovi |
/Така, и јас сум Бог/; но, важи и: /Така и ти си Бог/;
Бог - што и да е и каков да е - секогаш ги исполнува желбите на душите;
Секоја душа си живее како што сака;
Без обзир на претходното, ако ти имаш некоја желба од мене - кажи ми (без обзир дали сум Бог или не) - па да видам што можам да направам за тебе;
Но, бидејќи и ти си Бог, зошто самата не си ги исполниш своите желби ?!
Ама: така и е ! како што веќе реков: секоја душа си живее како што сака.
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 13.Мај.2012 во 15:00
zoranjanev1 напиша:
Како ќе препознаеме кога ќе дојдат Небесата (Рајот) ?
Е па, вака:
Во Библијата стои: ...кога ќе дојде Царството Небесно, никој не ќе може да рече: еве го Царството Небесно, или: ене го Царството Небесно; Царството Небесно е во вашите срца...;
А, поконкретно: Кога ќе дојдат Небесата (Рајот), срцата на душите на Земјата ќе се исполнат со бескрајна љубов; А, и ќе почнат да се случуваат чудни работи; и: душите на Земјата повеќе не ќе имаат потреба да јадат, да пијат, да дишат, да спијат, ...; И: душите на Земјата ќе почнат да осеќаат бескрајни задоволства.
|
Znachi ne kje imash dokazi.... pogore kazha sega zasega nemam dokazi....zatoa jas se javiv ... Se soglasuvam so tebe- deka nemozhe da se kazhe EVE OVA e "CARSTVOTO NEBESNO". Toa e vo Nash*te srca...
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: goran-twin
Датум на внесување: 13.Мај.2012 во 20:32
Се ти е каша попара па да "испегламе".
ekszi88 напиша:
Ах колку тој термин рај е само еден збор | 1 Во почетокот беше Словото, и словото беше во Бога, и Бог беше словото. 2 Тоа во почетокот беше во Бога. 3 Се стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.
ekszi88 напиша:
човек да се теши дека таму некаде и некогаш ќе биде убаво, прекрасно, без одговорности. |
Вера,надеж и љубов.
ekszi88 напиша:
Бла бла бла. |
Вистина,вистина ви велам..."
ekszi88 напиша:
Јас верувам дека и после овој живот пак ќе бидеме во некоја битка во некаква друга (не)форма. |
А од каде пак да ти веруваме на твојот збор кој не е поткрепен ни со чуда,ни пак во историјата е проповедан,на кој што никој кој "се претворил во друга форма "не посведочил такво нешто. А пак да не веруваме на мудриот и вистинит збор кој низ вековите се проповедан поткрепуван со чуда.И збор полезен кои многумина од слаби ги направи силни. Претпоставувам немаш информација што се проповеда низ вековите.
ekszi88 напиша:
Ова како да е некој левел, дел од патот. |
6 Исуc му рече: “Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку мене..
ekszi88 напиша:
Задоволствата та земски та што ја знам какви.. ако човек не знае да си ги препушти џабе му е се. |
Задоволствата не се забранети,само треба да се уредни,без грев.
ekszi88 напиша:
Ако не го отвори срцето за да ги прими |
Срцето за задоволства да не се отвара,туку за вистината,за љубовта,за човекољубието,за правдата...
ekszi88 напиша:
ондаааак и рај да му дадеш тој пак ќе го најде пеколот во сето тоа. | Тоа би можело да се каже само за грешниците,затоа и не одат во рајот.
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 13.Мај.2012 во 20:53
Хехе, не мора да ми верувате. Тоа е само некое мое верување моментално, но јас сум отворена во животот да се калапам сеуште, сепак, не сум од камен Моите сегашни убедувања т.е. стравувања се такви, дека и тоа таму некаде е е фронт створен за борба. Јас многу, многу не верувам во религии и библии, но верувам дека себеприфаќањето е оној момент кога човек функционира во хармонија со себе и со светот, но јас не сум тоа, не сега - не овде и затоа до израз доаѓаат моите стравови и мојот револт - затоа што ми е одземено нешто многу важно, но на патот на животот сум да научам да уживам и во она што го имам, да се најдам себеси. Можеби таму нема борба (кај и да е тоа), можеби сиот мој муабет како е отпосле е само проекција на некоја си моја моментална внатрешна борба. И за мирот се учи, а јас сакам да научам и чекорам по патот... иако немам појма каде сум - јас одам чекор по чекор. Ќе се однесам себеси онаму кај што припаѓам.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 13.Мај.2012 во 23:09
spiros напиша:
.
Најголемиот дел од народот израелев почина во 40 годишното лутање низ 7те пустињи, а само оние кои што веруваа влегоја во ветената земја, каде што тече мед и млеко!
Вистински среќен е секој кој го надминува робувањето на телесните сласти, кои всушност се само бледа сенка (фатаморгана) од Духовното Блаженство!
. |
zoranjanev1 напиша:
Тоа е твое мислење; така не мислат и Муслиманите, Хиндуистите, Будистите, ...; какви аргументи можеш да изнесеш дека ти си во право, а Муслиманите, Хиндуистите, Будистите, и други религии, грешат ?!
И, ако внимателно си ги прочитал другите мои пораки на Форумов, јас на едно место пишувам:
Љубовта е едино важна; сѐ друго (задоволствата) се само /шлаг на тортата/.
|
Не, тоа нее моето мислење туку Вистината!
Секој кој што сака да влезе во местото кадешто нема болка, тага, глад, ... и смрт - без разлика на неговата верска припадност - тој мора да е спремен да се одрече од идивидуалниот (вертикално) и колективниот (хоризонтално) егоизам, кој што е типичен и симптоматичен за светот на болките во кој што живееме!
Таквите работи (се мисли на егоизмот) неможат да поминат низ тесната врата која што води во вистинското Блаженство, кое што е поголемо од сите невернички и кривовернички задоволства!
.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 14.Мај.2012 во 00:07

Добро, spiros, очигледно е дека во нешто се слагаме, а во нешто не; да повторам: тоа е во ред - секој има право на свое мислење;
Само да те запрашам: што би направил да ти се појави Исус Христос Лично, и да ти рече нешто со кое ти не се слагаш ? Пак би го распнал ?
_________________________
Не да ме сфатите погрешно - не сум комунист - но мислам дека овде е пригодно да наведам една позната узречица од Валтер од филмот "Валтер брани Сарајево": Живи били па видели !
Поздрав и сѐ најдобро !
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 14.Мај.2012 во 00:44

Во Библијата стои: ...Царството Небесно нема да дојде онака како што замислуваат луѓето на Земјата...
_________________________
Екстремен пример на длабочините на религиозното лудило:
Пред неколку години, Католичката Црква ѝ фрли анатема на Мадона.
(коментар непотребен).
http://www.youtube.com/watch?v=nYNkcTvwANE" rel="nofollow -
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 14.Мај.2012 во 12:28
Ќе ви кажам едно, што знам:
Сѐ е добро и во ред.
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 14.Мај.2012 во 12:47
Зошто јас не го осеќам тоа? Со мене нешто да не не е во ред?
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 14.Мај.2012 во 19:53
ekszi88 напиша:
Зошто јас не го осеќам тоа? Со мене нешто да не не е во ред? |
ekszi88, златна душо, прочитај ја (ако веќе не си ја прочитала) мојата тема /Зошто маки?/ во категоријава Вероисповед:
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25448" rel="nofollow -
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 14.Мај.2012 во 19:55
Е го немам видено ова... баш сега ќе прелистам. Фала ти
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 15.Мај.2012 во 22:00
zoranjanev1 напиша:
...
Само да те запрашам: што би направил да ти се појави Исус Христос Лично, и да ти рече нешто со кое ти не се слагаш ? Пак би го распнал ? ...
|
Прашањево воопшто не тие на место, но тоа е тоа.
Јас во мојот живот веќе сум се сретнал (очи во очи) со некого кој што верувал дека е лично исус и не сум го разапнал, туку сум го поканил на ручок!
Мене воопшто не ме зачудува твоето мислење (во уводниот пост http://www.forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25764" rel="nofollow -
Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
Ев. Марко 13:22
.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 15.Мај.2012 во 23:12
А кога ќе се појави Вистинскиот Исус Христос ? Како ќе го познаеш?
И, нели јас велам дека Сѐ е Бог ?
_________________________
Уживај бе, spiros !
|
Постирано од: janevzoran1
Датум на внесување: 19.Октомври.2014 во 08:21
За задоволствата:
Се среќаваат четворица пријатели, и едниот вели: - Сте пробале ли Рајски секс ? - Не; - Вие не знаете што е убаво ! Другиот вели: - Сте слушале ли Рајска музика ? - Не; - Вие не знаете што е убаво ! Третиот вели: - Сте читале ли Рајски хумор ? - Не; - Вие не знаете што е убаво ! Четвртиот вели: - Сте биле ли во Рајски спокој ? - Не; - Вие не знаете што е убаво !
(и т.н., и т.н., а до каде ?! Во Рајот (на Небесата) има неограничен број на задоволства (и секое задоволство е со неограничен број на нијанси); тоа (сеуште) нашиот староземаљски ум не може да го замисли; секоја душа може да земе од било кое задоволство (секое со колкав сака интензитет, и колку време сака); важи следново: што и да одбере душата, нема да погреши); Само љубовта е Апсолутна;
Горенаведеното е мое цврсто мислење;
|
|