Хомофобија во образованието
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25739
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 04:19 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Хомофобија во образованието
Постирано од: LGBT
Наслов: Хомофобија во образованието
Датум на внесување: 01.Мај.2012 во 09:07
Доколку се прашувам јас, во образованието на Балканот има дупка, барем што се однесува до оваа тема. Затоа што доколку дојде до разговор на тема хомосексуалност многу од професорите почнуваат со теории како тие луѓе се болни, треба да се лечат и му пречат на општеството и слични работи. Во учебникот по социологија за 2ра година хомосексуалноста е наведена како девијантна појава, а во учебникот за 3та година дури пишува дека тоа е изопачена сексуалност и дека не е природна. Со тоа ддаваат зелено светло на исмевањето и зголемувањето на хомофобијата во ова општество, а резултатот е деструктивен. Невини луѓе се комплексираат и страдаат во тишина затоа што некој е назаден за 40 години (во 1970 отприлика во Америка хомосексуалноста е тргната од листата на болести). Дали мислите дека ова може да се искорени, и на кој начин?
|
Коментари:
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 01.Мај.2012 во 23:55
Па постепено би можело да се искорени, само треба да се превземе иницијатива некаква. Независно од тоа што сум геј, моето мислење е дека треба да почнат да се превземаат соодветни превентивни мерки како би се намалил процентот на исмевање, булинг кое разорува една личност. Никој не заслужува да биде психички или физички малтретиран, но нажалост наставниот кадар и не прави нешто особено многу во однос на одредени појави кои што влијаат негативно врз развојот на една личност.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|