Цитати за националниот сепаратизам кај ВМРОвците
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25730
Датум на принтање: 05.Декември.2024 во 02:41 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Цитати за националниот сепаратизам кај ВМРОвците
Постирано од: Rade Kumitkata
Наслов: Цитати за националниот сепаратизам кај ВМРОвците
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 22:14
Иако знаеме дека војводите и водачите на ВМРО биле поврзани со бугарското име зашто биле под бугарското пропагандно и училишно влијание, сепак кај многумина од нив, во постилинденскиот период особено, се јавувале многу изјави, написи, прогласи во кои тие ја изразувале својата увереност и став дека Македонците треба да имаат посебност во однос на Бугарите, најпрвин во државно - политичката смисла, а после и национална.
Еве јас ќе почнам:
''Нападот врз четата на Ј. Стојанов пред нашите очи, изнесе мотиви кои зборуваат дека ние се наоѓаме во почетокот на еден сепаратистички дух што вее во редовите на Внатрешната организација. Онаа којашто дејствуваше досега од името на целиот бугарски народ, која со задоволство ја примаше неговата помош, денес преку устата на своите представници излегува и вели: меѓу мене и него има огромна пропаст; јас никогаш не сум дејствувала за една бугарска Македонија, и ќе ги пребивам неговите чети како што ги пребивам српските и грчките.'' (Блгарскијат печат и Македонското дело. ''Реформи'', год. VII бр. 25. Софија. 5. VII 1905., подвлечено како во оригиналот.
|
Коментари:
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 06:27
Петар Поп Арсов за учебното дело на Бугарската егзархија во Македонија
Македонците, кои не можеле да поднесат: како се подигруваат со судбината на нивната татковина јавно зборувале дека учебното дело во Македонија го туркаат кон пропаст. Ова е искажано преку пишувањето на истакнат македонски деец и член на ВМРО, Петар Поп Арсов, кој во своето дело ''Стамболовштината во македонија и нејзините представници'' кажува за Бугарската егзархија: ''така што општините лека - полека сами да ги подржуваат училиштата и да се дава предност на месната интелигенција, од чијашто средина да се избираат и учителите и директорите и архимандритите и владиците... дека училиштата со еден збор, како што се поставени сега, ги немаат предвид интересите на таа земја (Македонија - б.м) за која навидум постојат. Ние немаме училишен одел во Цариград, кој ќе се грижи за добриот развој на училишнотро дело во Македонија, (а имаме б.н) просто и чисто еден севернобугарски језуитски одред со позната задача... задача која во себе ја содржи уште и тенденцијата - да создаваат во Македонија Бугари!''
Статијата е напишана во 1894. година од страна на Поп Арсов, и во која, во цитираниот дел, се гледа неговата критика на егзархијата, помеѓу другото, и за тоа што таа служела за побугарчување на Македонците. Иако целото дело, генерално, зборува за ''македонските Бугари'', сепак, во овој дел, се гледаат тежнеења кон извесен македонски национален сепаратизам, кој после прерасна во доминантен кај Македонците и во жив отпор против бугаризацијата на македонското население.
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 07:01
Rade Kumitkata напиша:
Петар Поп Арсов за учебното дело на Бугарската егзархија во Македонија |
“Монархическото управление, диктатурата и централизацията на властта,
убивайки общините, удушва народния дух у македонските българи. А те са
една голяма част от българския народ...”
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:02
d4 b3 напиша:
Rade Kumitkata напиша:
Петар Поп Арсов за учебното дело на Бугарската егзархија во Македонија |
“Монархическото управление, диктатурата и централизацията на властта, убивайки общините, удушва народния дух у македонските българи. А те са една голяма част от българския народ...”
| Дадов веќе објаснување на употребувањето на зборот ''македонски Бугари'' во истото дело во претходниот пост. Читај што пишува: ''Иако целото дело, генерално, зборува за ''македонските Бугари'', сепак, во овој дел (цитиран во претходниот мој пост - РК), се гледаат тежнеења кон извесен македонски национален сепаратизам, кој после прерасна во доминантен кај Македонците. ''
-------------
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:05
А те са една голяма част от българския народ...
???
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:21
Плус тоа Мисирков има пишувано за сепаратизмот
"Други ни разделиха и
създадоха от
нас и българите различен живот, различни потребности,
неравностойно положение.
Други и не ни дават да се съединим!"
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:22
d4 b3 напиша:
А те са една голяма част от българския народ...
???
| ''...и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата... уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум.Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа (зборува за Бугарите - Р.К.) , па нема што да изгубиме [2].''
Значи, некој ''создаваше'' тие ''Бугари'' што ги спомнуваш во Македонија, нели? ;) и ги опишува како ''божем браќа''...Јасно е што сакаше да рече, или пак не е?! ;)
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:32
Плус тоа Мисирков има пишувано за сепаратизмот
"Други ни разделиха и създадоха от нас и българите различен живот, различни потребности, неравностойно положение. Други и не ни дават да се съединим!"
Извор?
-------------
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:32
имаш ли го читан оригиналот илои само копи пейст от википедиа ке правиме?
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:36
d4 b3 напиша:
имаш ли го читан оригиналот илои само копи пейст от википедиа ке правиме?
| Го има целиот текст на бугарски јазик на википедија.
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:45
има го
ама имаш ли го читано?
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:48
d4 b3 напиша:
има го
ама имаш ли го читано?
| Јасно дека го имам читано, уште пред неколку години.
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:51
на бугарски?
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:52
Има и вакви цитати од Поп Арсов во истата книга: ''Ни даваат пари за да не убијат... По ѓаволот тие пари, ако нашите општини, убивајќи ги, уште и не ги веруваат, па им натрапуваат семожни претседатели, владици, директори, учители и сл. за да ги контролирале (?!) сумите-единствениот мотив на бугарската пропаганда... Да, бугарска пропаганда!''
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:53
d4 b3 напиша:
на бугарски?
| Еве го бе: http://macedonian.atspace.com/knigi/ppa_stam.htm
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:56
Почитувани, засега успеавме да ги обработиме само првите десет страници
од книгата. Наредните неколку дена ќе бидат подготвени и останатите 30
страници.
Со почит,
Редакцијата на “Македонска Библиотека“
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 17:59
d4 b3 напиша:
Почитувани, засега успеавме да ги обработиме само првите десет страници од книгата. Наредните неколку дена ќе бидат подготвени [COLOR="#FF0000"]и останатите 30 страници.[/COLOR]
Со почит,
Редакцијата на “Македонска Библиотека“
| Тоа си е што си е. Што има тука на нетот, тоа си го користам. Има нешто спорно од наведените цитати? Некаде не се прецизно наведени или што?
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 18:06
"свещен български идеал"
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 18:14
d4 b3 напиша:
"свещен български идеал"
| А што значи ова: ''Тој тиранин (Стамболов), кој не остави ништо свето за Бугаринот неизвалкано, за задоволување на својата жед за власт посака да се послужи и со училишното дело во Македонија. Тој блудник, кој се подигра со честа, животот и имотот на своите сотатковници во кнежевството, посака да го направи истото и со нас Македонците во сопствената наша татковина - Македонија.''?
-------------
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 18:19
Одиме натака. Што вели Борис Cарафов за весникот Тајмс од Лондон?
Еве: ''Жална грешка е да се претпоставува дека ние ја бараме Македонија во име на Бугарија. Ние Македонците се сметаме себеси за сосема одделен национален елемент и ни најмалку не сме наклонети кон дозволување нашата земја да биде заграбена од Бугарија, Србија или Грција. Впрочем, ние ќе се спротивставиме на било какво здружување од тој тип со сета наша моќ. Македонија мора да припадне на Македонците.'' —Борис Сарафов, во интервју со дописник од британски „Тајмс“ на 12 април, 1901.
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 18:34
исто Косово и Албания
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 18:38
d4 b3 напиша:
исто Косово и Албания
| Ти можеби гледаш во тоа географско определување на бугарското население, но јас во тоа гледам една фаза во развојот на македонската национална свест. Сепак тој премногу силно ја определува Македонија како неговата татковина, и ни кажува дека Егзархијата имала улога да им ја наметнува бугарската свест на Македонците.
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 18:41
Има Стамболов има Екзархиа
што мисли Попарсов за Екзархиата?
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 20:00
d4 b3 напиша:
Има Стамболов има Екзархиа
што мисли Попарсов за Екзархиата?
| А ти што мислиш, што мисли тој?
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 20:11
jас прашав први бе
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 20:14
d4 b3 напиша:
jас прашав први бе
| Хехе ;) Со тоа што станал подоцна член на Привременото представништво и Македонската револуционерна организација водени од Сандански, која имаше крајно антиегзархиско настроение, најдобро ти кажува за тоа какво мислење имаше тој за таа. :D
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 20:18
To Sandanski edna partija beshe napravil
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 20:19
d4 b3 напиша:
To Sandanski edna partija beshe napravil
| Антиегзархиска беше или не?
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 20:19
bugarska
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 20:27
d4 b3 напиша:
bugarska
| А го знаеш ли планот на Сандански и неговите следбеници да создаде во Македонија училишта во кои ќе се учи на македонски јазик?
Што се однесува на партијата на Сандански, таа не била баш толку бугарска колку што мислиш, но како Македонците не биле признати во Турција тогаш, Сандански партијата ја нарече Народна (бугарска секција). Нејзините цели биле строго антибугарски во односот кон Македонија и се залагале за самостојна држава Македонија, слободна од влијанието на Бугарија.
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 01.Мај.2012 во 08:35
Да бе , ако уште еднаш напишеш џокер или ја упропастуваш темата , ќе добиеш џокер од мене и ќе те седнам на клупа.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 01.Мај.2012 во 09:09
Да бе , ти неможиш да напишеш повеќе од тоа колку што јас можам да избришам, поздрав од Мунгос.
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 01.Мај.2012 во 15:20
Јане Сандански на српскиот дипломат и познат комедиограф Бранислав Нушиќ во јули 1908. година, му изјавил дека по Младотурската револуција, и Србија и Бугарија со нивните аспирации кон Македонија ''ќе останат таму каде што се, а ние тука ќе ја градиме нашата татковина. Нивната пропагандна девиза за ослободување на своите браќа изгуби секаква основа и стана беспредметна.Тоа е уште една гаранција за мир и за правилен развој на нашата татковина.
|
Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 04.Мај.2012 во 18:53
Од спомените на Иван Хаџи Николов, еден од најзначајните личности на ВМРО за бугаризацијата на Македонија од страна на бугарските училишта и бугарските учени дојдени од Бугарија:
''„Од 1888/89 училишна година српската пропаганда во Македонија се засили мошне многу и атакуваше не само села и градови, туку почна да ја атакува силно и солунската гимназија. Со големи ветувања и со многу пари сакаа да ги „преземат“ сите ученици од гимназијата и успеаја да заблудат и спечалат околу 40 ученици од неа и да ги испратат во Белград, но тие веќе следната година побегнаа во Софија од Белград. Во провинцијата Србите секој ден печалеа успеси. Секој ден слушавме дека тука или таму се отворило српско училиште, па макар и со еден или двајца ученици или само со таблицата закачена на вратата од некоја одаја. Овој српски успех што се должеше на комбинираната дејност на руските конзули, на грчката Патријаршија (патријаршијата решила сите гркомани во средна и северна Македонија да стануваат србомани), на српските пари и на турската влада - многу ме огорчи. Јас не можев да се помирам со положбата Србите да проникнуваат и да се настануваат во Македонија, кога во неа нема ниту еден Србин! И, во барањето на средства за противдејство спрема Србите, и, откако видов дека ниту Егзархијата, ниту бугарската влада на Стамболов, што водеше туркофилска политика, не можат да направат ништо против Србите, се запрев на Револуционерната организација и си реков: „Само таа ќе постави сe на свое место и ќе ги истера Србите од Македонија“!
„Учителите во гимназијата, за да имаат поевтина храна, побараа да се хранат заедно со нас - воспитачите и да ја плаќаат по цената на чинењето. Нивната молба Егзархијата ја уважи и почнавме сите учители и надгледувачи да се храниме заедно. За сето време на ручекот и секој ден единствениот разговор беше за Македонците. Какви ли не навредувачки зборови паѓаа на адреса на Македонците: „Македонци - гнили конци“, „дај ми пари за да станам Бугарин“, „муур ми е, и овде го клавам и онде го клавам“ итн. итн.
- Воопшто, како да се Македонците без патриотизам, несвесни, ете така - дивјаци, без секакво национално чувство. Овие обвинувања и навредувања се слушнаа главно од Васил Кнчев и Петко Машев, луѓе за првпат дојдени во Македонија, и тоа само во Солун, и кои не ја знаат и не ја познаваат вистинската положба на Македонија во минатото и сегашноста“.
„Се јадосував мошне многу, бидејќи знаев какви затворања, материјални и морални жртви поднеле Македонците во борбата со Патријаршијата, каков силен патриотизам пројавувале, ги бранев Македонците воопшто, ја објаснував појавата на српските училишта во Македонија, кажував дека ако беше слободно отворање на српските училишта во Бугарија, дека и таму ќе се најдеа луѓе за отворање на српски училишта, туку ништо не помагаше - навредите и загорчувањата не престануваа. Најпосле, еден ден им реков: „Господа, јас ви забранувам да зборувате по адреса на Македонците! Ако продолжите да зборувате по адреса на Македонците, ќе произлезе голем скандал“! Кажаното, како со нож, ги пресече разговорите за Македонците. Но, затоа пак тие се пренеле во одајата на главниот надгледувач Д. X. Иванов. Еден ден влегувам во одајата на Дим. X. Иванов и Петар Мишев по инерција продолжува да зборува: „Македонците, џанам, Македонци, се околу парата...“ Кога ме виде запре, и го променија разговорот. Другпат го затекнувам В. Кнчев кај Дим. X. Иванова, и В. Кнчев ми вели: „И тебе ние те храниме“! Се виде дека разговорот бил оти тие, учителите - Бугари од Бугарија, ги хранат сите учители и ученици Македонци. Јас му одговорив дека јас самиот себе си се хранам, ако добивам извесна плата, ја добивам за трудот што го давам. За тој труд, кај и да сум ќе ја добијам таа плата. По мое сфаќање Д. X. Иванов, В. Кнчев и Петко Мишев беа големи македонофоби, за В. Кнчев барем на зборови. Од првиот ден уште,кога дојде приквечер, шестмина учители отидовме на прошетка покрај морето и седнавме во кафеанчето 'Бел-ви'. Откако седнавме, додека станавме, сe В. Кнчев зборуваше. Тој бил таков, оној - онаков; сe се фалеше. Меѓу другото рече: „Јас дојдов за учител во Солун со амбиција да ја побугарам Македонија“, итн.
* Јас се објавив јавно против егзархиската централистичка црковно-училишна политика. Поради таа моја опозиција кон егзархиската централистичка црковно-училишна политика имав речиси секој ден во учителската одаја расправии со сите свои колеги од слободна Бугарија, а најмногу со Васил Кнчев, кој ме наречуваше сепаратист и ме заплашуваше со отпуштање од работата. Му одговорив дека можат да ме отпуштат, но дека нема да останам без работа и гладен.
Меѓутоа, јас почнав да одбирам меѓу учителите Македонци другари за идната револуционерна организација. Изборот го правев вака: по меѓусебно запознавање, им го опишував егзархискиот црковен и училишен режим во Македонија и ги прашав дали го одобруваат тој режим или го осудуваат. Оние кои го одобруваа не беа за мене благонадежни а оние кои го осудуваа ги вбројував во бројката на благонадежните, на идните свои другари за засновување на Револуционерната организација, без меѓутоа да спомнувам ни збор за неа пред нив. По тој начин ги вклучив во бројот на благонадежните: Петар Поп-Арсов, Д. Цонев, покасно и д-р Христо Татарчев, кој дојде за лекар во двете солунски гимназии“.
|
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 05.Мај.2012 во 07:34
Rade Kumitkata напиша:
Од спомените на Иван Хаџи Николов, еден од најзначајните личности на ВМРО за бугаризацијата на Македонија од страна на бугарските училишта и бугарските учени дојдени од Бугарија:
''„Од 1888/89 училишна година српската пропаганда во Македонија се засили мошне многу и атакуваше не само села и градови, туку почна да ја атакува силно и солунската гимназија. Со големи ветувања и со многу пари сакаа да ги „преземат“ сите ученици од гимназијата и успеаја да заблудат и спечалат околу 40 ученици од неа и да ги испратат во Белград, но тие веќе следната година побегнаа во Софија од Белград. Во провинцијата Србите секој ден печалеа успеси. Секој ден слушавме дека тука или таму се отворило српско училиште, па макар и со еден или двајца ученици или само со таблицата закачена на вратата од некоја одаја. Овој српски успех што се должеше на комбинираната дејност на руските конзули, на грчката Патријаршија (патријаршијата решила сите гркомани во средна и северна Македонија да стануваат србомани), на српските пари и на турската влада - многу ме огорчи. Јас не можев да се помирам со положбата Србите да проникнуваат и да се настануваат во Македонија, кога во неа нема ниту еден Србин! И, во барањето на средства за противдејство спрема Србите, и, откако видов дека ниту Егзархијата, ниту бугарската влада на Стамболов, што водеше туркофилска политика, не можат да направат ништо против Србите, се запрев на Револуционерната организација и си реков: „Само таа ќе постави сe на свое место и ќе ги истера Србите од Македонија“!
|
e сега дефинитивно джокер ке ми требе
значи ти велиш БУГАРИЗАЦИЯ и jас читам и сум ставил во црвено и зелено како основачот на ВМРО гледа бугаризациjата
Бугаризациjата е НЕПРАВЕНЕТО на ништо против србите грците и турците
http://www.macedonian-library.com/library.php?sec=1&cid=1&album=54&pid=371
еве малце по "оригинална" верзиа на спомените
джокер: го бараj грдиот збор "бугарштина"
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
|
|