Испечати | Затвори го прозорот

Уште едно чудо!!!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25656
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 15:24
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Уште едно чудо!!!
Постирано од: EvAngelos
Наслов: Уште едно чудо!!!
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 20:46
Соочена со опасност од избивање скандал околу фотографијата од која се гледа дека Патријархот носи ужасно скап часовник, Руската Православна Црква беше принудена да издејствува чудо: часовникот да изчезне од сликата! И потоа пак се појави!

[IMG]

Откако интернет јавноста почна да ја шерува фотографијата на која се гледа дека раката на Патријархот е украсена со скапоцен Breguet часовник вреден најмалку 30.000 долари, администраторите на официјалниот веб сајт на РПЦ итно реагираа и ја заменија со друга слика на која ракавот на Патријархот одеднаш стана подолг, покривајќи го спорниот православен додаток.

А бидејќи брзањето е мајка на сите слепи кучиња, замената ја направија погрешно, заборавајќи да ја извадат рефлексијата на часовникот врз масата. среќа

Откако руските блогери го открија ваквото фотошоп чудо, на веб сајтот беше вратена оригиналната слика а црковните власти се извинија за http://www.nytimes.com/2012/04/06/world/europe/in-russia-a-watch-vanishes-up-orthodox-leaders-sleeve.html?_r=1" rel="nofollow - грешката на која и дадоа технички карактер.

За да биде несреќата поголема, меѓу овие две фази се истрча самиот Патријарх Кирил кој во интервју тврдеше дека никогаш не носел часовник и секоја фотографија на која се гледа спротивното е дело на злите сили и душманите.

Педантните интернет фрикови извадија докази дека ултра скапоцениот Breguet прпват се појавува на праведниот зглог на Патријархот во 2009-та година за време на неговата посета на Украина кога даде телевизиско интервју во кое зборуваше за важноста на аскетизмот.

"Breguet е израз на аристократијата, буржоазијата или поедноставно, на луксузен живот и елеганција", наведува компанијата потсетувајќи дека нивни часовници носела и Марија Антоанета а е спомнуван во делата на Виктор Иго и Александар Дима.

Извор 1: http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/religija/ushte-edno-chudo" rel="nofollow - http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/religija/ushte-edno-chudo
http://www.nytimes.com/2012/04/06/world/europe/in-russia-a-watch-vanishes-up-orthodox-leaders-sleeve.html?_r=2" rel="nofollow -



Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 20:53
Бог работи на мистериозен начин...




-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 21:09
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Breguet е израз на аристократијата, буржоазијата или поедноставно, на луксузен живот и елеганција", наведува компанијата потсетувајќи дека нивни часовници носела и Марија Антоанета а е спомнуван во делата на Виктор Иго и Александар Дима.
Ништо нема спорно. Свештенството никогаш не криело дека со аристократијата треба да се негува пријателството, никогаш не велело дека е со народот. Такви утопии имал младиот бунтовник од Назарет и завршил како што завршил.

Него, дај кажете каде можам да си нарачам и ја таков или поубав часовник, по можност со попуст?

-------------
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Април.2012 во 14:26
.......смеење

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk