Цветко
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Штосеви, вицеви...
Опис на форумот: Слободна зона за вицкасти, мајтапџии, сеирџии...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25644
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 17:11 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Цветко
Постирано од: емил
Наслов: Цветко
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 23:36
Цветко оди на пазар и прашува: - Колку јаболкиве? - Колку повеќе купиш, толку поевтино. - Епа, ајде пуни додека не станат бесплатни.
|
Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Април.2012 во 10:58
Се среќаваат Трпе и Цветко, Трпе тажен со модринки на лицето. Цветко го прашува: - Што се случува со тебе? Зошто изгледаш така? - Вчера зедов плата, ме нападнаа, ме претепаа и ми ги зедоа парите. - Им ги запомни ли лицата? - Е како нема да им ги запомнам лицата на жена ми и ќерка ми.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Април.2012 во 05:48
Лекарот му наредува на болниот Цветко: - Од денес минувате само на леб и вода, никако алкохол, никако жени, никакви излегувања и забави… - И до кога така? - Додека не ми ја платите сметката.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Април.2012 во 06:24
Цветко ја прашува аптекарката: - Имате ли прашок за болви? - Имате куче или маче? - Имам болви…
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Април.2012 во 17:00
Млада жена се соблекува и влегува во реката да се капе. Излегува Цветко од шумата и и вели: - Капењето овде е забрането! - Зошто не ми го кажавте ова пред да се соблечам? - Соблекувањето не е забрането
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Април.2012 во 07:38
легува Цветко во петок во автобус од задна врата и седнува до некој пензионер и го прашува: - Извинете што број на автобус е ова? - Зарем е важно синко?!
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Април.2012 во 11:17
Цветко им кажува на своите другари како ги лекува болестите: - За бубрезите пијам пиво. За варењето – бело вино. За низок притисок – црвено вино. За висок притисок – коњак. Кога сум настинат малку чај со многу рум. - Па добро бре, пиеш ли ти вода? - Не, сеуште не сум имал болест која се лечи со вода…
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Април.2012 во 08:10
Цветко оди на плажа и го прашува спасителот на плажата: - Се извинувам, има ли овде медузи, ракови или морски ежови? - Не грижете се господине, сите ги изеде ајкулата.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 14:24
Цветко отишол во кафеана. На келнерот му нарачал 5 вотки и ги испил. После нарачал 4 вотки и нив ги испил. После пак нарачал 3 вотки и нив ги испил. И на крајот нарачал 2 вотки и му рекол на келнерот: - Што помалку пијам толку повеќе сум пијан.
-------------
|
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 08.Мај.2012 во 00:29
Влага Цветко во аптека и прашува: - Имате ли кондоми со вкус на цреша? Аптекарката му одговара: - Немаме. - А имате ли со вкус на јагода? - Немаме. - А со вкус на портокал? - Ни такви немаме. Во тој момент се умешал дедото што чекал ред: - Синко, ти ќе е... или ќе правиш компот?
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 07:50
Цветко седи во ресторан. Го вика келнерот и го прашува: - Дали пејачката исполнува желби? - Да, господине. - Тогаш кажете и да замолчи!
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Мај.2012 во 04:50
Имало натпревар во борба на кучиња, и кучето на Цветко се живо исподавило и освоило прво место. Еден од жирито возбудено го прашува што сорта е ова. - Е па ова е специјална африканска сорта. - Ама кучево како да е бричено, зошто си го избричил? - Е па ако не го избричам го викаат лав!
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Мај.2012 во 06:49
Влегува Цветко во ресторан и седнува на една слободна маса. Доаѓа келнерот, го прашува што сака, а Цветко му вика: - Го сакам тоа што го јаде оној господин. По неколку минути се враќа келнерот со модринка на едното око и вели: - Жалам, не го дава.
-------------
|
Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 24.Мај.2012 во 11:57
Цветко го прашува Трпе: - Зошто ти е модро окото? - Трпана ме удри… - Зошто? - И се обратив со ТИ! - И за тоа ли тепаат? - Тепаат, тепаат… Си лежев јас на креветот, таа ме поттурна и ми вели: „ние одамна не сме имале секс“, а јас и велам: „Не ние, туку ТИ“.
------------- ...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Мај.2012 во 16:45
Го пратиле Цветко да фарба прозори. Кога ја завршил работата ги прашал газдите: - Треба ли да ги офарбам и рамките?
-------------
|
Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 07.Јуни.2012 во 19:53
Трпе и Цветко се сретнуваат горе и Трпе го прашува Цветко: - Од што умре? - Од студ. Ти? - Јас од среќа. - Како бе од среќа? - Па така, вчера се вратив дома, ја гледам Трпана гола во кревет. Проверувам под кревет, во плакарот, на тераса, нема никој. И така од среќа си умрев. - Абе глуп еден, да провереше во фрижидерот, сега и двајцата ќе бевме живи.
------------- ...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Септември.2012 во 04:29
Цветко се пушта на девојка и и вика: - Ти си најубавата, најзгодната и најдобрата девојка која некогаш ја имам запознаено! А девојкава му враќа: - Ај бе не лажи, само сакаш да ме легнеш! А Цветко: - Опаа, дури и паметна си!
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Ноември.2012 во 05:40
Влегува Цветко во кафана. - Келнер, барам слободно место покрај прозорец. На масата да има вазна со свежо цвеќе. Сакам супа, ама внимавајте, супата не смее да биде ни топла, ни ладна. Би сакал и едно пиво од фрижидер, а за почеток донесете ми кајгана од 1 јајце. Кeлнерот прашува: - А извинете господине, на која страна готвачот треба да го измеша јајцето за кајганата?
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Јануари.2013 во 19:45
Оди Цветко во ресторан и доаѓа келнерот. - Повелете што ќе нарачате? - Па незнам, ќе размислам. По неколку минути... - Одлучивте ли? - Не, понудете ми нешто македонско. - Па, имаме грчка баклава, турско кафе, руска салата, хрватско сирење.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 18.Јануари.2013 во 00:06
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Јануари.2013 во 17:46
Влегол Цветко во луксузен ресторан и го прашува келнерот што има на менито.
- Денес имаме кавијар господине.
- А што е тоа кавијар ??
- Тоа се јајца од риба.
- Добро, тогаш дајте ми две на око.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Јануари.2013 во 17:47
Отишол Цветко на лекар и се жали:
- Докторе, секоја вечер сонувам необичен сон. Сонувам како згодни девојки влегуваат во мојот стан и се обидуваат да ме заведат.
- И вие како реагирате на тоа ?? - прашал докторот
- Никако. Само со рацете ги оттурнувам од себе.
- И што сакате јас да направам ??
- Ве молам докторе, скршете ми ги рацете!
http://www.vicoteka.mk/vicovi/#ixzz2J0TXNQFy" rel="nofollow -
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Мај.2013 во 05:56
Оди Цветко во бугарска кафана. Порачува нешто, доаѓа келнерот и му вика: - Заповедајте. - Не фала.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Јуни.2013 во 05:26
Трпе му вика на Цветко: - Стигна ми покана за свадбу од бившу, значи не е нормална што све ќе направи само да ме види.
-------------
|
Постирано од: SVOJA
Датум на внесување: 01.Јули.2013 во 13:26
Отишол Цветко на гатачка, тропнува на врата, а таа вели: - Koj e? На тоа Цветко: - Ебатe видовитата.
------------- RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
Постирано од: SVOJA
Датум на внесување: 12.Јули.2013 во 07:29
Цветко се пушта на девојка и и вика: - Ти си најубавата,најзгодната и најдобрата девојка која некогаш ја имам запознаено! А девојкава му враќа: - Ај бе не лажи,само сакаш да ме легнеш! А Цветко: - Опаа,дури и паметна си!
------------- RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Август.2013 во 22:48
Цветко и Трпе се гледаат после извесно време и Цветко го прашува Трпе: - Брат, од кога носиш обетка? - Од кога Трпана ми ја најде во автомобилот.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Декември.2013 во 08:38
Му се јавиле на Цветко од банка и му рекле: - Господине имате долг. - Да. Имам долг и голем.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Декември.2013 во 08:39
Цветко влегува во бутик и бара кошула. Продавачот: - Би сакале ли иста кошула како оваа што ја носам јас? Цветко: - Да, иста таква, ама чиста.
-------------
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 19:26
Му се јавиле на Цветко од банка и му рекле: - Господине имате долг. - Да. Имам долг и голем.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Мај.2014 во 05:03
Цветко гледал емисија по географија и видел дека сонцето ќе згасне за 4-5 милијарди години. Загрижен си рекол: - Таман ќе влезиме во ЕУ,ете ти нов проблем.
-------------
|
|