СЗО: Македонците живеат 4 години помалку од жители
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25642
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 04:38 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: СЗО: Македонците живеат 4 години помалку од жители
Постирано од: БиК
Наслов: СЗО: Македонците живеат 4 години помалку од жители
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 19:31
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/szo-makedoncite-ziveat-4-godini-pomalku-od-zitelite-na-zemjite-chlenki-na-eu
Дали треба да се води политика за ревитализација на населението затоа што имаме старо население со 12%, или да си ги негуваме старите лица. Што мислите која е подобра шанса да се зголеми процентот на младо население?
|
Коментари:
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 19:46
Дај му финансиска сигурност на македончето, просперитетна иднина за неговите деца, обезбеди му нормален живот и ќе видиш како за десетина години државата ќе ни се подмлади. Кој е луд да чува повеќе од едно-две деца кога има реални шанси утре децата да му трпат за леб.
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 20:33
Факт е дека токму најразвиените држави, оние со највисок стандард на живеење имаат најниска стапка на наталитет.
Инаку, посочениот текст е вистинска турли тава... почнува со статистика дека просечниот животен век на македонецот е понизок од просечниот животен век на државите во ЕУ (кои членки? Сите ченки?) без да го наведе изворот на овој податок, потоа веднаш скока на процентот староста на населението, продолжува со наталитетот на жителството, па потоа продлжува со процентот на насилието во семејствата, одност меѓу снаите и свекрвите... и завршува со препорака за бесплатно давање вакцина против грип ... ?!?!
И што сакаше авторот на делото са каже со сето тоа ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 20:59
Неозбилен текст...
------------- Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
Постирано од: БиК
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 21:53
Ме иритира тоа што им даваат секакви поволности на пензионерите и на постарите лица. Па добро бе.. Имаат пензија, таа пензија тие си ја чуваат за ние младите и студентите да ги враќаме тие пари за нив. А за наталитетот имам една проста математика што сите се стремат кон подобри животни услови со едно дете... ...Сега потребни се двајца родители за да се добие тоа едно дете и на тоа останува, неколку декади подоцна популацијата ќе се сведе на пола од тоа што била. Но додека стапката на наталитет опаѓа, а стапката на морталитет расте европа увезува работна сила од Азија и Африка.
|
|