Македонците меѓу најнесреќните луѓе во светот
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Филозофија и психологиjа
Опис на форумот: „Разно“ ама на повисоко ниво
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25641
Датум на принтање: 31.Јануари.2025 во 10:43 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Македонците меѓу најнесреќните луѓе во светот
Постирано од: mickey mouse
Наслов: Македонците меѓу најнесреќните луѓе во светот
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 16:15
Според истражувањата на Универзитетот „Колумбија“ од САД, Македонија се најде на 127 место од вкупно 156 светски држави според присуството на среќа во државата. Според истражувањето, од бившите југословенски републики кои биле дел од истражувањето, Словенија се наоѓа на 49 место, па следува Хрватска на 58 позиција, Србија и БиХ се далеку под нив, додека убедливо најлошо на Балканот котира соседна Бугарија, која е меѓу десетте најнесреќни држави.
Нашиот јужен сосед, Грција иако е на работ на егзистенција се наоѓа на 42 место, додека Шпанија, во која секојдневно има протести, нереди и рекордна невработеност, според истражувањето, се најде на 22 место на најсреќни земји во светот.
Најсреќна држава според „Универзитетот „Колумбија“ е Данска, па веднаш по неа следуваат Финска и Норвешка. САД се наоѓаат на единаесеттата позиција, а „фенерџија“ на листата е африканската држава Того каде има најмалку причини за среќа.
Извештајот опфаќа истражување на повеќе категории луѓе и општествени прилики во периодот помеѓу 2005 и 2011 година.
http://www.plusinfo.mk/vest/39118/Makedoncite-megju-najnesrekjnite-lugje-vo-svetot
|
Коментари:
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 16:18
Не дека нема логика... Нека не оди човек подалеку... доволно е да видиме само како се плукаме едни со други по форуми, фејсбуци и уште какви се не други портали, сите се паметни и му се исмеваат на друг. Мене не ме чуди. Пасивна агресија, сите најпаметни, борба за живот. Така јас гледам. Самите меѓу себе си ја смачкуваме среќата
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: БиК
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 17:05
Прво мислам дека не е можно да ми каже некој колку сум јас денес среќен или во просек од 2005 до 2011 колку сум бил во просек среќен. А денес истражувања се праат секој ден само колку да не се седи бадијала. И по мене не може да биде вака викано ова истражување, би требало да биде колку е задоволен народот, а не среќен!! И ако веќе се прави истражување нека се прави врз основа на приципи за решавање за тоа незадоволство. Ова чисто е за праење пари и дрогирање мозоци.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 18:02
ekszi88 напиша:
Не дека нема логика... Нека не оди човек подалеку... доволно е да видиме само како се плукаме едни со други по форуми, фејсбуци и уште какви се не други портали, сите се паметни и му се исмеваат на друг. Мене не ме чуди. Пасивна агресија, сите најпаметни, борба за живот. Така јас гледам. Самите меѓу себе си ја смачкуваме среќата
|
БиК напиша:
И по мене не може да биде вака викано ова истражување, би
требало да биде колку е задоволен народот, а не среќен!!
|
Потполно сте во право.
Среќата е емотивна состојба на човекот која е потполно субјективна работа.
Затоа, бадијала е што статистиката покажува дека куповната моќ, а со тоа и стандардот на живеење на македонците е некаде на средината на скалилото во светот, кога тоа луѓево емотивно ги прави толку несреќни што според тоа ги сместува при крајот на листата.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 18:09
Прво мислам дека не е можно да ми каже некој колку сум јас денес среќен........ | ...ovoj ne ni svesen kolku e mozno da ti kazuva nekoj kolku si srekjen !
...ama , so ova pa, dokaza deka (99%) e nekoj stvarno nov,...inache,......nemashe da ni kaze takva glupava konstatacija!
( ama ,... iskluchivo koga se raboti za,...makedoncite).
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: БиК
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 18:22
Темата е за истражувањето што е спроведено а не за тоа дали сум јас нов. Сепак не е глупавост, а за мојата состојба на среќа можам да кажам само јас.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 18:34
...e, sega so ova si go namali % na verojatnost deka si nov na 80%! ..a, za glupavosta ,..objasniv zoshto e glupa konstatacijata ! --------------------------------------------------------------------------------------------------- ...kako i da e,
...nekoi izgleda se navistina vo pravo,..deka ima i ponesrekjen( t.e..pobeden)...narod od makedonskiot ...na planetava!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 18:48
Ако дискутираме дека среќата е субјективна работа... и дека секој може само сам за себе да каже колку си е среќен или несреќен... тогаш темава не ќе да е за во Политика...
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 18:58
Потполно се сложувам.
Не знам зошто е поставена тука... веројатно оној што ја постирал мисли дека среќата е политичка категорија или дека може да се користи како илустрација за политичката состојба во државата.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: krkovicka_mala
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 19:09
Srekata e poslem doagnjanjeto na novata vlada......................hehhehehehee
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 22:43
krkovicka_mala напиша:
Srekata e poslem doagnjanjeto na novata vlada......................hehhehehehee
|
ако ви е екипата иста како до сега, уште долго нема да правите влада!!!
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 06.Април.2012 во 12:53
Sreka, radost, zadovolstvo ili sto i da e drugo sto spaga vo ovaa kategorija... da, vo red e, jasno e deka se potrebni granici, no nekogas ona sto odnadvor stiska moze da gi srusi granicite. Ne sme do tolku semokni, ne sme nad se, ne sme seznalci. No zatoa postojat eden kup odbranbeni mehanizmi koi ke ni pomognat da ne ne ubie sluckata koja sto ni se slucuva... potisnuvanje, proekcija, negacija, racionalizacija itn. Ne e se taka kako sto pisuva vo onie knizulinja za instant sreka, zadovolstvo... i nadvoresnite faktori ne vajaat sakale nie priznale, sakale ne.
------------- Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Април.2012 во 00:46
naslovot ''zbori'' za nesrekjata na makedoncite vo celina,. i vo sporedba so mnogu drugi zemji,.i toa prvensteveno poradi odredeni opshti parametri ....a ne poedinchno koj kako se osekjal....
...sigurno ne doshol nekoj kaj niv ,...pa da ''isprasha'' 1044 dushi...kako se chuvstvuvaat!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 07.Април.2012 во 22:29
Македонецот е научен да куди и да се куди, оттука и овие резултати. На пример ќе ви каже нема работа, а ќе го најдете седнат во кафана. И се така е одговорено, едно е кажано, а друго се прави. Сигурно дека американеците кои истражувале, не го познаваат овој наш менталитет на давање одговори. Со самото тоа мерниот инструмент е фаличен.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Април.2012 во 23:39
dobro be,...zoshto site mislat deka ''amerikanecot'',..[roshetal niz svetoto ,..i gi prashuval lugjeto vo razlichni drzavi...dali se srekjni ili ne se srekjni,...i sprema nivnite odgovori,...
...sklepal svetska lista na ,...(ne)srekjni narodi ?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 04.Јануари.2014 во 23:24
На 24 Вести, професорот Здравко Савевски се обиде да ни објасни зошто според направената анкета најголем процент од анкетираните се изјасниле дека и покрај тешката економска состојба, Македонците се среќни и оптимисти за новата година.
http://grid.mk/read/news/506537797/5669594/i-pokraj-teshkata-ekonomska-sostojba-makedoncite-srekjni-i-optimisti-vo-novata-2014" rel="nofollow - http://grid.mk/read/news/506537797/5669594/i-pokraj-teshkata-ekonomska-sostojba-makedoncite-srekjni-i-optimisti-vo-novata-2014
http://grid.mk/read/news/506537797/5655146/anketa-polovina-makedonija-srekjna" rel="nofollow - http://grid.mk/read/news/506537797/5655146/anketa-polovina-makedonija-srekjna
------------- Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
Постирано од: sikter
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 00:14
ma srekjni si se Makedoncite shto redovno gi shishaat, brichat, onaduvaat....im go perat mozokot sl.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 00:22
Штета што по форумиве најчесто се јавуваат најнесреќните.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: sikter
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 00:41
ma pogolema srekja im e shto od nadvor ima koj da im kazuva deka ne se svesni samite, kolku se srekjni.
|
|