Зошто толку верувања (религии) ?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25629
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 14:38 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Зошто толку верувања (религии) ?
Постирано од: Pica pica
Наслов: Зошто толку верувања (религии) ?
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 09:35
Што е тоа,што допринело човекот да се раздели на толку многу верувања,религии? Без разлика дали веруваат во науката или веруваат во натприродна сила.
Грешката е во Законот,од било кое верување. Треба нов Закон,за обединување. Или нема грешка,така треба да биде.
Викторија 123,таблата е наместена Не повлекувам потез (давам мислење),бидејќи ти си со белите фигури.
Уште пред да повлечеш потез,нудам реми.
|
Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 17:36
Не ви се мешам во кујната, само да те потсетам дека јавното објавување тема значи и јавно дебатирање со сите членови, не само со еден. Доколку некој сака да разговара со еден член, тогаш на располагање е Личниот Курир.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 18:14
Никогаш не си видел двајца како играат шах во парк ? Иако играта е за двајца,не значи дека треба да се затвориме во четири ѕида.
Но штом правилата на форумот налагаат така иако не сум толку силен играч,ја отварам првата симултанка на пдф вероисповед. Сите сте со бели фигури и се разбира имате реми во секое време.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 18:40
Pica pica напиша:
Што е тоа,што допринело човекот да се раздели на толку многу верувања,религии?
|
Обидот да се разбере и да се научи Креацијата и себе си како дел од неа.
Бидејќи тоа е трагање за секој посебно, нормално е дека се поделило на многу слични патишта. Разликите со време станале с'е поголеми поради погрешните разбирања, различните толкувања, личните интереси, политиките...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 21:20
Messenger напиша:
Обидот да се разбере и да се научи Креацијата и себе си како дел од неа.
Бидејќи тоа е трагање за секој посебно, нормално е дека се поделило на многу слични патишта. Разликите со време станале с'е поголеми поради погрешните разбирања, различните толкувања, личните интереси, политиките...
|
Внимателен,умерен и мирен потез што одговара на дамин гамбит.
Верување преставува еден вид вреднување на правилата,законот,филозофијата или науката и воедно себе препознавање во нив. Односно даваме вреднос на самите себе дека токму тие закони или филозофии се единствено исправни.
Иако во повеќето случаеви вредностите кои ги прифатиле родителите ги наметнуваат на своите деца,за да се задржи и зголеми семејството на верување,со цел да покажат надмоќност кон спротивните вредности и нивно обезвреднување-уништување.
Така да и твоето отварање е само еден вид вреднување на поединец кој според своето искуство ќе ги надмине сите закони,правила и филозофии и ќе успее да го надмине и основниот природен закон на раѓање и умирање.
Такви луѓе кои свосјтвено на своето доживување ќе одредат правила и закони за следните генерации,создавајќи матрица за само себе "создавање".Иако сето тоа го кажале добро намерно,но за жал само се стеснува портата,а истовремено се зголемува и поделбата. Tоа не е тоа! Наместо намалување на разликите,добиваме продлабочување на истите.
Сигурно постои нешто во човекот што го отсликува неговот внатрешно духовно ниво на свесност што го диктира место во одредена група или како поединец ловец на злато,каде што треба да припадне. Што е тоа што човекот внатрешно или надворешно го тера да се прилепи до вредноста - верувањето?
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 21:28
Има толку многу религии заради тоа што светот е полн со ненормалници .Колко едноставно прашање .
-------------
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 21:45
Tablata ubavo si ja namestil... ama jas sum daleku od parkot, pa se nadevam nema da ischeznam dodeka ne go napravam mojot prv poteg(so netov shto denovive ...) no kje se vratam
Veruvanje... veruvash dodeka ne osoznaesh.
"Religijata mi pripagja mene a ne jas na religijata" - ne smeam da si go dozvolam luksuzot da prebaruvam - ne za drugo , kje me snema ... ama vaka nekako bea tvoite zborovi na edna od temite na ovoj pdf.
Lugjeto postojano baraat odgovori na mnogu prashanja, ja baraat srekjata - patot do nea.... Sakaat da se osoznaat sebe i......
Barajki se sebe nie chesto se zatvarame vo zacharen krug od koj teshko se naogja izlez...
Nie ne sme voopshto vo toj "krug", slichno kako i religijata.... toj e vo nas a ne nie vo nego.
Eden dobar uvid i vekje ne si tamu. Spored mene ne postoi drug nachin, ne postoi drug "izlez od krugot".
Ona shto go barame, vekje go imame vo nas!
P.S (ushte edno potsetuvanje, ako me snema ne znachi deka me nema-kje se vratam )
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 23:05
Ако треба паркот ќе го донесеме кај тебе
Сети се на "светата книга" со празни и бели листови. Ако беше напишана со збор тогаш ќе толкувавме,ќе истражувавме барајќи се себеси и својата среќа. Мислиш дека буквата ги раздели?
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 23:07
емил напиша:
Има толку многу религии заради тоа што светот е полн со ненормалници .Колко едноставно прашање . |
Во што веруваш ти или што е тоа што вреднуваш?
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 23:20
Pica pica напиша:
емил напиша:
Има толку многу религии заради тоа што светот е полн со ненормалници .Колко едноставно прашање . |
Во што веруваш ти или што е тоа што вреднуваш? |
Jас верувам во Исус Христос . Источноправославен христијанин сум . А за постоенето на 100 видови религии извини ама треба да си многу луд за да создадеш некоја од веќе прифатените ,а уште по луд треба да си за да ти ја легализират .
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 23:24
емил напиша:
Jас верувам во Исус Христос . Источноправославен христијанин сум .
|
Вака напишано некој може да разбере дека Исус Христос бил источноправославен христијанин.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 23:28
Messenger напиша:
емил напиша:
Jас верувам во Исус Христос . Источноправославен христијанин сум .
|
Вака напишано некој може да разбере дека Исус Христос бил источноправославен христијанин.
|
ете и ти сам кажуваш дека постоењето на религии различни на христијанство ,муслиманство ,хиндуизам и еврејство е рамно на секта
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 23:32
емил напиша:
ете и ти сам кажуваш дека постоењето на религии различни на христијанство ,муслиманство ,јудеизам и еврејство е рамно на секта |
Никогаш не сум рекол нешто такво. Ако најдеш такви зборови од мене слободно цитирај ги тука.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 23:39
Ама го потврдуваш моето мислење источно православие и се' останато ....
-------------
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 23:44
Pica pica напиша:
Ако треба паркот ќе го донесеме кај тебе
Сети се на "светата книга" со празни и бели листови. Ако беше напишана со збор тогаш ќе толкувавме,ќе истражувавме барајќи се себеси и својата среќа. Мислиш дека буквата ги раздели?
|
"Svetata kniga"?(onaa so praznite listovi) - kako ne! Togash umot e otvoren(chist) Togash si srekjata(koja tolku ja barame)
Mislish deka na drvoto mu e potrebna bukva, za da bide vkoreneto vo ednobitieto? Mozhe li da se razdeli, Ona shto nikogash i ne se razdelilo?
P.S A parkot i klupata so tablata - podobro mene da me pochekaat ushte malku ...
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 31.Март.2012 во 23:57
емил напиша:
Ама го потврдуваш моето мислење источно православие и се' останато .... |
Не ми е познато твото мислење и не потврдувам ништо за него. Само забележав нешто за твоите први две реченици:
Messenger напиша:
емил напиша:
Jас верувам во Исус Христос . Источноправославен христијанин сум .
|
Вака напишано некој може да разбере дека Исус Христос бил источноправославен христијанин.
|
Ако не си ме разбрал, сакав да кажам дека Исус не бил источноправославен христијанин.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 01.Април.2012 во 12:17
емил напиша:
Jас верувам во Исус Христос . Источноправославен христијанин сум . А за постоенето на 100 видови религии извини ама треба да си многу луд за да создадеш некоја од веќе прифатените ,а уште по луд треба да си за да ти ја легализират . |
Во темата бараме што е причината за верување. Ако све потекнува од еден извор,зошто се разделил на повеќе различни изразувања на вредностите.
Еве ти веруваш во Исус,друг сосема различно,трети не веруваат,но затоа илмаат филозофија на живеење,четврти го вреднуваат тоа што го гледаат потпирајќи се на науката итн.
Каде е грешката?
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 01.Април.2012 во 12:48
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 01.Април.2012 во 13:41
(mi go snema postot ama ajt ushte ednash da probam )
Dosta maftash so toa drveniot stap za da proverish dali ja baram bukvata ili ne!
Nema potreba od prelistuvanje na "knigata"...
"Krivecot" za razlichnosta e zhelbata za dozhivuvanje... a taa ragja ideja... koja pak ragja iskustvo... a toa e vo dualnosta - inaku kako kje se pojavuva iskustvoto? Stavot pak ragja veruvanje...
A ako sakash blazhenstvo morash Iznad svetot, iznad iskustvoto
A remi? Eh pusto ego da ne letkashe seushte naokolu, nemashe da bideme vo ovaa dimenzija - kje bevme vo nova zemja i novo nebo
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 01.Април.2012 во 17:02
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 01.Април.2012 во 22:08
Колку луѓе, толку патишта.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 03:01
Taka e, Messenger - ne mozhe da postoi eden pat i samo toj da e ispraven! Site se ispravni!
Novoto nebo i Novata zemja - doprva li doagja? Eve ja Tuka e i Sega e! Nema pred i posle...
Zhelbata e pusta, koga mislime deka go znaeme pravilniot pat i za drugiot chovechki sin , do nas....
"Kako dete" i "dete" - ne e isto. Deteto treba da stane svesno. I da! toa saka da dozhivuva, da se raduva... Nitu pomalku nitu povekje.
Ne si valjda i ti Pica protiv evolucija?
Uste malku i kje se iskacham na planina... kade ne sheta "bukvata" i kuj znae, mozhe ovoj pat kje me "progolta", pa koga kje se vratam kje bidam spremna za remi?
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: Tetro
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 03:44
Pica pica напиша:
Што е тоа,што допринело човекот да се раздели на толку многу верувања,религии? Без разлика дали веруваат во науката или веруваат во натприродна сила.
| Writing for a penny a word is ridiculous. If a man really wanted to make a million dollars, the best way to do it would be start his own religion. - L. Ron Hubbard
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 04:29
Човекот е во право и го докажа тоа со создавањето на Сциентологијата.
Кој не сака или нема мукает да си го најде својот пат, друг ќе му го скрои. Секогаш било така.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Tetro
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 05:23
^^ Значи?! Се сложивме дека религиите се измислени само за пари.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 05:50
Каде виде дека се сложивме оти религиите се измислени САМО за пари ?
Јас само се сложив со авторот дека, доколку сака да заработи повеќе пари како писател, подобро е да направи некаква своја религија отколку да пишува белетристика. Неговата максима самиот ја докажа како исправна со креирањето на Сциентологијата.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 08:57
Messenger напиша:
Колку луѓе, толку патишта.
|
Толку многу патишта.
Messenger, бидејќи уште со отварање на темата користиме шаховски жаргон да продолжиме и понатаму исто.
На таблата се поставени фигури,какви има од еднатат страна потполно има исти и од другата. Да речеме дека играат телесното против духовното. Ќе збориме за кралицата. Ќе го земам за пример интернетот,работа која ја создал човекот.
Интернетот е насекаде околу нас,бескрајно голем простор во кој луѓето ги прикачуваат својте мисли,доживувања,научни трудови,смешни и вулгарни работи. Значи тоа е простор кој е во постојано движење,човек не треба отиде негде за да види како нештата изгледаат,доволно е да отвори интернет и таму е. Сите случки од животот што човек може да ги доживее се таму,па без разлика на која телесна возраст е човекот, тој има пристап и може да види што ќе посака.Да учи и расте духовно,односно да се здобие со мудрост.Старците повеќе го немаат епитетот на мудреци,сега силата и знаењето е во младите. Интернетот стана големиот сезнае бог со што не мора да тропаш па да ти се отвори,доволно е кликни и просветлен си
Све додека читаш, метафорично ти си синот-учиш,а кога ќе почнеш да постираш твој доживувања и размислувања тогаш прераснуваш во татко,но човек се учи додека е жив така да си и едно и друго. Значи еден пат до мудроста за сите,без разлика на телесната возраст.
Тоа е кралицата на материјалното.
Сега кралицата на духовното! Што е тоа што создала природата која е во постојано движење,која има бескрајно голем простор во кој луѓето (несвесно,а некој намерно) ги меморираат својте доживувања,мисли,закони,мудрости и филозофии? Не зависно од телесната возраст и дали си писмен или не,од нејзе можеш да "читаш".
Колку патишта се Месенџер?
Месенџер,ја бараме причината зошто некој имал потреба да напише закони и правила на живеење во книгата,знаејќи дека таа е присутна внатре и надвор од човекот,како да пишувале во срцето на секој човек. Зошто?
Реми имаш во секое време.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 09:12
Tetro напиша:
^^ Значи?! Се сложивме дека религиите се измислени само за пари. |
Не зависно дали верувате во духовно или материјалното,целта и на едното и другото е да ја добијата паритијата. Ако е потребно ќе ја жртвуваат и кралицата само за да победат. А ако победат се прогласуваат за единствени владетели со свој потчинети(слуги)
Шаховската табла е наместена надворешно и внатрешно во човекот
Кој победил кај тебе?
|
Постирано од: Tetro
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 09:42
Pica pica напиша:
Tetro напиша:
^^ Значи?! Се сложивме дека религиите се измислени само за пари. |
Не зависно дали верувате во духовно или материјалното,целта и на едното и другото е да ја добијата паритијата. Ако е потребно ќе ја жртвуваат и кралицата само за да победат. А ако победат се прогласуваат за единствени владетели со свој потчинети(слуги)
Шаховската табла е наместена надворешно и внатрешно во човекот
Кој победил кај тебе?
| Супер си.
Победници нема, сите сме глумци од самиот почеток до крајот. Измеѓу, можеме само да се залажуваме дека сме постигнале нешто повеќе и сме освоиле некој трофеј.
Некои велат: "Крајот го краси делото", "Кој последен се смее, најслатко се смее",... има еден куп изрази за да постигнеш некоја емотивна состојба.
Одејќи во омилениот храм нема да те направи верник, исто како што стоејќи во гаражата нема да те направи автомобил.
Кој победил?
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 09:58
Не постои такво нешто што се нарекува "Господ" или "Бог". Кога говориме за такво нешто, луѓето мислат на битие, кое има личност, лик, прави дела по свој избор, едноставно личност. Многу нормално за белата раса на луѓе е нивниот Бог да биде - бел. Црнечките народи нивните богови биле - црни. Источњачките религии, Индијанците, Маите, Инките, Ескимите, Старите Римјани и т.н. имале стилизации на предмети или појави од природата во облик на личности. Кога магарињата би имале свест и би размислувале за Бог, нивниот Бог секако ќе биде - магаре. Човекот толку многу се одвоил од она што се нарекува Бог, па за да може да го сфати поимот на Бог, го поистоветува со нас, на нашиот лик, сличен на нас, но со посебна моќ. Поради давањето персоналитет и посебни (знајни) атрибути на она што се нарекува Бог, настанале еден куп религии и систем на верувања. Ниту една не е вистинска. Сите религии се само ситем на етички правила, засновани на страв или авоторитативна импресија со цел - ред и поредок и владеење на масите.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 10:49
Tetro напиша:
Победници нема, сите сме глумци од самиот почеток до крајот. Измеѓу, можеме само да се залажуваме дека сме постигнале нешто повеќе и сме освоиле некој трофеј.
Некои велат: "Крајот го краси делото", "Кој последен се смее, најслатко се смее",... има еден куп изрази за да постигнеш некоја емотивна состојба.
Одејќи во омилениот храм нема да те направи верник, исто како што стоејќи во гаражата нема да те направи автомобил.
Кој победил? |
Партијата ја играме за да добиеме реми,кралевите да останат единствени на шаховската табла и кога ќе погледнат околу себе ќе видат дека ништо нема,све тоа било само нивна илузија во желба да извојуваат победа. А двајца осамени со спротиставени разлики ништо друго не им останува освен да се фрлат во прегратка. Нема победник нема губитни,ќе ја снема и таблата бидејќи чекорите и полињата им преставувале правило во движењета на оние кој сакале да нападнат и на оние кој сакаат да се одбранат,но такви повеќе нема.
Храмот постои како и автомобилот,но никој не чекори кон храмот ниту некој чека во гаражата.
Кој е победник,а кој губитник?
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 11:59
pHp напиша:
Не постои такво нешто што се нарекува "Господ" или "Бог". Кога говориме за такво нешто, луѓето мислат на битие, кое има личност, лик, прави дела по свој избор, едноставно личност. Многу нормално за белата раса на луѓе е нивниот Бог да биде - бел. Црнечките народи нивните богови биле - црни. Источњачките религии, Индијанците, Маите, Инките, Ескимите, Старите Римјани и т.н. имале стилизации на предмети или појави од природата во облик на личности. Кога магарињата би имале свест и би размислувале за Бог, нивниот Бог секако ќе биде - магаре. Човекот толку многу се одвоил од она што се нарекува Бог, па за да може да го сфати поимот на Бог, го поистоветува со нас, на нашиот лик, сличен на нас, но со посебна моќ. Поради давањето персоналитет и посебни (знајни) атрибути на она што се нарекува Бог, настанале еден куп религии и систем на верувања. Ниту една не е вистинска. Сите религии се само ситем на етички правила, засновани на страв или авоторитативна импресија со цел - ред и поредок и владеење на масите.
|
php, Токму затоа бараме која била причината за толку голема поделеност во свеста на луѓето за поимот бог. Ако се одвоиле во толку многу поими и претпоставки за истото,која е причината. Ако не постои,кој сака да го неутрализира постоењето и зошто?
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 12:22
Pica pica напиша:
pHp напиша:
Не постои такво нешто што се нарекува "Господ" или "Бог". Кога говориме за такво нешто, луѓето мислат на битие, кое има личност, лик, прави дела по свој избор, едноставно личност. Многу нормално за белата раса на луѓе е нивниот Бог да биде - бел. Црнечките народи нивните богови биле - црни. Источњачките религии, Индијанците, Маите, Инките, Ескимите, Старите Римјани и т.н. имале стилизации на предмети или појави од природата во облик на личности. Кога магарињата би имале свест и би размислувале за Бог, нивниот Бог секако ќе биде - магаре. Човекот толку многу се одвоил од она што се нарекува Бог, па за да може да го сфати поимот на Бог, го поистоветува со нас, на нашиот лик, сличен на нас, но со посебна моќ. Поради давањето персоналитет и посебни (знајни) атрибути на она што се нарекува Бог, настанале еден куп религии и систем на верувања. Ниту една не е вистинска. Сите религии се само ситем на етички правила, засновани на страв или авоторитативна импресија со цел - ред и поредок и владеење на масите.
|
php, Токму затоа бараме која била причината за толку голема поделеност во свеста на луѓето за поимот бог. Ако се одвоиле во толку многу поими и претпоставки за истото,која е причината. Ако не постои,кој сака да го неутрализира постоењето и зошто? |
Не велам јас дека не постои Бог, туку само дека на постои како личност, како персона, како карактер.. Бог кој има облик, форма, вредности и стандарди по кои се води и.т.н. - не постои. Постои, ајде да ја наречеме, управувачка сила, повиско ниво на вибрација, свесност која е во интеракција со човековата свесност (конкретно со човечките мисли и емоции). Она што се нарекува Бог, кореспондира на нашите емоции и нашите мисли. Тоа луѓето оддамнешни времиња го знаеле, на посреден начин го доживеале. Но, и денес се уште човекот нема толкав капацитет, за да може да ја разбере "управувачката" сила, таа врховна свесност. За да може да ја донесе на ниво на разбирање со земјените поими, тоа битие добива атрибути и добива име - БОГ. Секое доживување, различно толкување. Принципот и пораката е гое-долу иста кај сите, но поделбата настанува токму поради неможноста и немањето капацитет да се разбере, што е тоа што се нарекува Бог, па врз основа на дадени атрибути се формира систем на верување - религија. За дадени општства, дадени вредности (етички) се релевантни. За да се одржи и презервира даден начин на живеење, Бог добива такви и такви атрибути, адекватни на поредокот и вредностите кои општеството ги негува. На пример, да општествените вредности биле негувани така да се форсира жртвување на првороденче, тоа ќе биде и Божји закон! Како што се менува свеснота на луѓето и се менува поредокот, така и Бог се менува и добива различни атрибути, аналогно, се менува и религијата. Религијата и нејзиниот поим на Бог, и нејзините принципи секогаш е во употреба за земјена политика.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 12:57
pHp напиша:
Не велам јас дека не постои Бог, туку само дека на постои како личност, како персона, како карактер.. Бог кој има облик, форма, вредности и стандарди по кои се води и.т.н. - не постои. Постои, ајде да ја наречеме, управувачка сила, повиско ниво на вибрација, свесност која е во интеракција со човековата свесност (конкретно со човечките мисли и емоции). Она што се нарекува Бог, кореспондира на нашите емоции и нашите мисли. Тоа луѓето оддамнешни времиња го знаеле, на посреден начин го доживеале. | Дали токму тие луѓе што доживеале допир со таа "управувачка сила,повисоко ниво на свеснот" се директни кривци за поделбите кој настанале по духовно верување и убедување кај луѓето?
pHp напиша:
Но, и денес се уште човекот нема толкав капацитет, за да може да ја разбере "управувачката" сила, таа врховна свесност. За да може да ја донесе на ниво на разбирање со земјените поими, тоа битие добива атрибути и добива име - БОГ.Секое доживување, различно толкување. Принципот и пораката е гое-долу иста кај сите, но поделбата настанува токму поради неможноста и немањето капацитет да се разбере, што е тоа што се нарекува Бог, па врз основа на дадени атрибути се формира систем на верување - религија. |
Тоа е зато што некој им запишал закон и правила својствено на своето доживување како се стигнува до Тоа,правејќи ја тесна портата.
pHp напиша:
За дадени општства, дадени вредности (етички) се релевантни. За да се одржи и презервира даден начин на живеење, Бог добива такви и такви атрибути, адекватни на поредокот и вредностите кои општеството ги негува. На пример, да општествените вредности биле негувани така да се форсира жртвување на првороденче, тоа ќе биде и Божји закон! Како што се менува свеснота на луѓето и се менува поредокот, така и Бог се менува и добива различни атрибути, аналогно, се менува и религијата. Религијата и нејзиниот поим на Бог, и нејзините принципи секогаш е во употреба за земјена политика. |
Сето тоа го знаеме,ја бараме причината за промената на свесноста. Во минататото и во сегашноста и во иднинаа телесните промени кај човекот биле исти. Зошто некој сакал да го задржи човекот во еден период од телесна развиенот,односно духовна. Тие промени се случувале многу поспоро отколку што му е потребно на човек телесно да ги промени сите периоди од своето постоење.
Зошто тоа не случај со духовноста,кој погрешил?
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 14:19
Pica pica напиша:
pHp напиша:
Не велам јас дека не постои Бог, туку само дека на постои како личност, како персона, како карактер.. Бог кој има облик, форма, вредности и стандарди по кои се води и.т.н. - не постои. Постои, ајде да ја наречеме, управувачка сила, повиско ниво на вибрација, свесност која е во интеракција со човековата свесност (конкретно со човечките мисли и емоции). Она што се нарекува Бог, кореспондира на нашите емоции и нашите мисли. Тоа луѓето оддамнешни времиња го знаеле, на посреден начин го доживеале. | Дали токму тие луѓе што доживеале допир со таа "управувачка сила,повисоко ниво на свеснот" се директни кривци за поделбите кој настанале по духовно верување и убедување кај луѓето?
|
Не, директни кривци се следбениците, нивна погрешна конотација, апсолутистичко и дословно следење на правилата, несоодветно барање на тоа што се нарекува Бог. Сите големи свети луѓе, дале насоки какви се допирите со вишите светови. Но, сите оставиле простор за индивидуализам. Сите говорат за барањето на Бог внатре во себе, во креацијата, во убавината. Погледни еден цвет. Неговиот дизајн, неговата замисла, неговиот начин на функционирање. Се можеме да направиме денес, да одиме на Месечината, да произведеме нуклеарна енергија, да раздвоиме сијамски близнаци, да клонираме овца и т.н., но не можеме да осмислиме цвет. Не можеме да осмислиме комлетно нов организам, сосема различен од се постоечко, да го склопиме во една комбинација ан исхрана, фотосинтеза и репродукција, да создадеме функционален сисем наречен - живот. Што поголемо чудо бараме? Значи, на тоа што ни е пред нос, не му се радуваме и чудиме. Ниту пак го разбираме. Проблемот е што, не постојат зборови како да се опише доживувањето на вишиот свет, па начинот како да се стигне до нив е најчесто креиран под импресија на најблиските соработници на тие "свети" луѓе.
Pica pica напиша:
pHp напиша:
За дадени општства, дадени вредности (етички) се релевантни. За да се одржи и презервира даден начин на живеење, Бог добива такви и такви атрибути, адекватни на поредокот и вредностите кои општеството ги негува. На пример, да општествените вредности биле негувани така да се форсира жртвување на првороденче, тоа ќе биде и Божји закон! Како што се менува свеснота на луѓето и се менува поредокот, така и Бог се менува и добива различни атрибути, аналогно, се менува и религијата. Религијата и нејзиниот поим на Бог, и нејзините принципи секогаш е во употреба за земјена политика. |
Сето тоа го знаеме,ја бараме причината за промената на свесноста. Во минататото и во сегашноста и во иднинаа телесните промени кај човекот биле исти. Зошто некој сакал да го задржи човекот во еден период од телесна развиенот,односно духовна. Тие промени се случувале многу поспоро отколку што му е потребно на човек телесно да ги промени сите периоди од своето постоење.
Зошто тоа не случај со духовноста,кој погрешил? |
Луѓето. Следбениците и слепото и дословно следење на некави правила и доследности. Погледни го приемрот со Св. Петар (како најблизок поради Христијанството). Вели, "Три пати ќе се одречеш од мене...". За потоа да столициата на која седи Св. Петар е реликт и артефакт кој се смета за свет и се покажува јавно во Рим. Правилата и принципите поставени од човек - кој три пати се одрекол од Исус. Иронично, нели?
И духовноста се развива, исто како и свесноста. Секоја свесност и секоја духовност и се што кај човекот на психолошка основа се развива (верување, вредност, мисла, перцепција, естетика и т.н.) е водено од потреба. Човекот има само една основна базична потреба - да доживува задоволство (во било кој облик). Како што се менува таа потреба, така се менува и свесноста. Потреба за храна - свесност за храна. Потреба за моќ - свесност за моќ. Потреба за знаење - свесност за знаење. Потреба за духовност - свесност за духовност. Колку повеќе се зголемувала свесноста за дадената потреба, така самата потреба со тек на време целосно се задоволувала и се заменувала со друга потреба, која во себе (новата потреба) ја вклучувала и претходната потреба. Пример, потребата за моќ, во себе ја вклучува и потребата за храна, засолниште и секс. Незадоволен апетит, немање на засолниште и немање коитус - неможе да се развие потребата за моќ. Конечн одговор на прашањето - Зошто некој сакал да го задржи човекот во еден период од телесна развиенот,односно духовна? Никој! Нема заговор против човештвото (Илуминати, Темплари, вонземски битија кои не оперирале...). Самиот човек си го сторил тоа. Всушност, човекот е единствено суштество во природата и воопшто универзумот, на кое му треба корекција.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 14:39
Токму така.
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - 7 Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее. ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ, Глава 6
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: pHp
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 14:47
Messenger напиша:
Токму така.
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - 7 Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее. ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ, Глава 6
|
Е одлично го постираше ова Меси. Токму на ова мислев. Исто така, има една реченица твоја во "Божја убавина", велиш јагнето, овците, кокошките се Божја убавина, додека пак тигарот, волкот, змијата... не?!?! Велиш, тоа е тешка глупост.(во дискусијата за Емил). Апсолутно, токму тоа сакам да кажам. Потребата на човекот е таа која го обликава она што ние го нарекуваме Бог. Имаме корист од јагнето, кокошката, тие ни ги задоволуваат потребите. Тие се Божја убавина. И цели празници и молитви сто за нивен благослов. Волкот, тигарот, шкорпијата, змијата, лебарката, кртот не ни се потребни, напротив, штетни ни се, ни го уништуваат (мислиме дека) изворот за задоволување на потребата и тие по дефиниција се - неБожји.
------------- Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 03.Април.2012 во 08:34
pHp напиша:
Проблемот е што, не постојат зборови како да се опише доживувањето на вишиот свет, па начинот како да се стигне до нив е најчесто креиран под импресија на најблиските соработници на тие "свети" луѓе.
|
pHp, Токму од тие "свети" луѓе кој сакале со збор да го опишат своето доживување со духовното, допринело уште повеќе да се раздели човекот во своето верување за некаква натприродна сила која е причинител за постоењето на светот и човекот во него. Како духовното да имало потреба да се дели на повеќе верувања и филозофии оставајќи простор на човекот со својата слободна воља да одбере каде ќе припадне,односно се препознае.
Тоа само наведува дека духовноста создава повеќе видови на свои облици,исто како што на таблата шах кралот има своја војска од повеќе видви фигури.
Ние играме за реми,да го најдеме причинителот на тоа двоење и од едната и од другата страна.Па и да го најдеме причинителот не смееме да заземе позиција на џелад.
За да го побараме одговор ќе треба да појдеме од самиот почеток кога двата крала биле во прегратка. Ја бараме основната причина поради која тие се оделиле еден од друг и само себе двоење создавајќи војска спремни да се соочат на таблата? Од една страна бог со сите негови видови на верувања и филозофии(духовното),а од друга страна човекот со својата наука и технологија (материјално)
pHp напиша:
Луѓето. Следбениците и слепото и дословно следење на некави правила и доследности. |
Значи,обезглави го едниот крал и војската ќе се разбега. И во светите книги почнува со директен напад на кралот и вели Бог го создаде човекот,неутрализирајќи ги сите негови понатамошни дејаниа на човекот,односно слободата да твори во науката и техниката,ставајќи му кочница.
Кој кого создал,кој кого обожава? Ако не постојат тие што веруваат нема да постои и оној кој создал.
И човекот со својата слобода на творење можеби ќе стигне до моментот на големата експлозија,давајќи матреијални докази дека никаков бог не го создал човекот.Повторно директен напад на кралот.
pHp напиша:
И духовноста се развива, исто како и свесноста. Секоја свесност и секоја духовност и се што кај човекот на психолошка основа се развива (верување, вредност, мисла, перцепција, естетика и т.н.) е водено од потреба. Човекот има само една основна базична потреба - да доживува задоволство (во било кој облик). Како што се менува таа потреба, така се менува и свесноста. Потреба за храна - свесност за храна. Потреба за моќ - свесност за моќ. Потреба за знаење - свесност за знаење. Потреба за духовност - свесност за духовност. Колку повеќе се зголемувала свесноста за дадената потреба, така самата потреба со тек на време целосно се задоволувала и се заменувала со друга потреба, која во себе (новата потреба) ја вклучувала и претходната потреба. Пример, потребата за моќ, во себе ја вклучува и потребата за храна, засолниште и секс. Незадоволен апетит, немање на засолниште и немање коитус - неможе да се развие потребата за моќ. |
Токму со таа "потреба" на човекот тој е распнат помеѓу духовното и матреијалното. Ја бараме причината,но реми мора да добиеме. И духовното и материјалното ќе ти дадат моќ,само да те придобијат во својте редови. Тргни од самиот себе,духот ти даде знаење или човекот со својата наука?
pHp напиша:
Конечн одговор на прашањето - Зошто некој сакал да го задржи човекот во еден период од телесна развиенот,односно духовна? Никој! Нема заговор против човештвото (Илуминати, Темплари, вонземски битија кои не оперирале...). Самиот човек си го сторил тоа. Всушност, човекот е единствено суштество во природата и воопшто универзумот, на кое му треба корекција. |
Човекот кој е легнат во ровот од било која страна секогаш виновен за неговата состојба ќе биде некој друг. Било тоа духовни или материјални замислени непријатели.
Повторно на почеток. Постојат два крала прегрнати ништо не постои околу нив,ниту духовно како поим,ниту материјално како вредност.
Која е причината што се разделиле? Не го заборавај ремито
|
|