Испечати | Затвори го прозорот

Меѓународна заедница - „ Не биди свиња„

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25602
Датум на принтање: 18.Јули.2024 во 19:08
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Меѓународна заедница - „ Не биди свиња„
Постирано од: mungos80
Наслов: Меѓународна заедница - „ Не биди свиња„
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 15:05


И ТИ НЕМОЈ ДА СИ СВИЊА

Деновиве во ек е кампањата на Американската амбасада во Скопје, со која Uber-луѓето кои недостатокот на оправдани каузи го компензираат со бомби и измами, со омаловажувачки тон не` подучуваат нас „глупавите“, дека не сме свињи, папагали и змии.

На еден билборд во Скопје стои напишано:

„Ти не си [прасе]. Почитувај го законот...“

Од ова поапсурдно не би можело да биде. Кога човек кој самиот не го почитува законот праќа ваква порака повеќе од јасни се неговите „искрени“ намери.

Имено амбасадорот на САД во Македонија, Волерс, кој сега не` учи оти треба да го почитуваме законот, не покажа ниту ронка почит кон меѓународното право и кон одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, според која Грција не смее да ја блокира Македонија во нејзините напори за зачленување во ЕУ и НАТО.

По тој повод Волерс изјави ( http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/volers-makedonija-vo-nato-samo-koga-ke-se-reshi-prashanjeto-so-imeto" rel="nofollow - Сител , 05.12.2011 - 14:22):

Македонија ќе може да стане членка на алијансата, кога ќе се реши прашањето со името, а како резултат на заклучокот од самитот во Букурешт во 2008, изјави американскиот амбасадор Пол Волерс, по донесувањето на пресудата во Хаг.

Замислете, човек кој сам не го почитува меѓународното право, сега нас подучува дека не треба да сме свињи и да ги почитуваме законите.

Ние ги почитуваме законите господине Волерс, вие не ги почитувате со тоа што влезот на мојата земја Македонија го држите барикадиран и условен од непринципиелното и незаконско барање за промена на името!

Затоа со написов му упатуваме порака во нему својствен стил и му порачуваме дека не само што не сме свињи и ги почитуваме законите, туку дека и тој не треба да биде свиња и уште веднаш да започне да го почитува меѓународното право.
http://networkedblogs.com/vnxOp" rel="nofollow - http://networkedblogs.com/vnxOp



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Коментари:
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 20.Март.2012 во 21:45
А како очекувате еден амабасадор на УСА во МК ( кој и де факто е најмоќниот човек во политиката во МК и без негов амин ништо не се решава ) да се однесува.
Во марионетски, вазалски држави, управувани од странски фактор ова е нормална работа, така да не знам од кај сега волку исчудување за реакцијата на некој си Волерс.

Тој во МК се однесува онака како што и му доликува на некој господар. 
А господар го направивме ние!!!

За ваква навреда, владата треба да му даде титула персона нон грата моментално со оштар протест до стејт департментот.

Нема никаква потреба од извинување или слични срања од типот не мислев така, погрешно сум интерпретиран, лошо сте ме разбрале што сега и може да се очекува од УС амбасадорот, мада чисто сумњам дека ќе го направи тоа, зашто господарот за постапките во својот вилает не се извинува.

Кога се дава г`зот под кирија, треба и да сме спремни на вакви понижувања!!! 


-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 21.Март.2012 во 10:25
Можеби владата сака да го прима. Ама ние ќе си го кажиме нашето мислење за него.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Март.2012 во 14:12
poleka be ....kaj se djapate?!изненадување

...chovekot mislel, da si gi pochituvaat lugjeto svoite vnatreshni zakoni,
...pochnuvajki od samata drzava ,...koja shto i gi donesuva!

....ako narodov mu vrti 'gz na nekoj ,...toa e na onie shto treba da mu ja sureduvaat drzavaya!

...a, kolku  ''po doma'' te ebavaat,...tolku chekaj i od....''nadvor'' !да


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk