Испечати | Затвори го прозорот

Влијаније на исламската цивилизација во историјата

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25576
Датум на принтање: 02.Мај.2025 во 13:54
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Влијаније на исламската цивилизација во историјата
Постирано од: MalcolmX
Наслов: Влијаније на исламската цивилизација во историјата
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 14:01

Хигиената во Европа ја донеле муслиманите



Смрдеата на телото некогаш се нарекувала „мирис на светоста“, инквизиторите ги прогонувале луѓето што се бањале, а денес, пак, во САД може да бидете исфрлени на улица ако мирисате лошо

Европејците смрделе во поголемиот дел од својата историја. Таа лоша миризба најмалку се чувствувала во римско време, кога јавните бањи биле места за општествено собирање, водење бизнис и за флертување. Околу нив биле организирани јавните куќи, продавниците, лекарските ординации, но и криминалците. Разговорот во Рим почнувал со прашањето: Кај се бањаше? Во својата книга „Чисто-несанитизирана историја на бањањето“, авторката Кетрин Ашенбург фрла поглед во хигиенските навики на луѓето од античкиот Рим до денес, раскажувајќи ги „валканите“ заплети што резултирале со денешната идеја за чистота на човечкото тело. Капењето на римски начин било одраз на хедонизам, славење на ласцивноста, се вели во написот на „Јутарњи лист“.

Свети Ероним им препорачувал на девиците да не пијат вино, зашто тоа ја грее крвта и да не се капат зашто тоа може да ги поттикне да покажат интерес за сопствениот изглед.

- Чистото тело и чистиот фустан значат нечиста душа - говорела монахињата сестра Паула од Витлеем.

И покрај тоа бањите некаде опстојувале со векови, иако почесто на истокот отколку на западот на Римското Царство.


Арапите - муслиманите НАЈЧИСТИ НА СВЕТОТ

Кога Турците го освоиле Истокот, затекнатите бањи ги претвориле во амами. На Пиринејскиот Полуостров, пред христијанската реконквистада, се зборувало дека андалузиските Арапи се најчисти на светот, додека христијаните од северот ја носат облеката додека не им се распадне. Кога Шпанија повторно била освоена, чистотата и бањањето биле поврзувани со Маврите и со ересот. Да се одржува хигиената, таму значело да се биде муслиман.

Физичката нечистотија станала знак за морална чистота и за исправна вера кај христијаните. Улрих, свештеник од Клуни, во 11. век пишувал дека тој и манастирските браќа се капат двапати годишно - пред Велигден и пред Божиќ. Во споредба со селаните и тоа било двојно повеќе. Европа во тие векови навистина била чувствувана по „мирисот на светоста“, како што била нарекувана човечката смрдеа. Инквизицијата долго практикувала да наведува во обвиненијата на осомничените еретици дека се познати по тоа што се бањаат. Заминувањето во Крстоносните војни и средбата со амамите го поттикнале враќањето на старите обичаи во дел од Европа. Почетокот во највалканиот период од европската историја се случил кон крајот на Средниот век, по избивањето на епидемијата на чума. Неспособни да објаснат што се случува, научниците од парискиот универзитет му напишале на кралот Филип Шести дека „несреќното поклопување“ на Сатурн, Јупитер и Марс предизвикало од земјата и водата преку воздухот да се прошири страшна зараза.


ЛУЈ ШЕСНАЕСЕТТИ СЕ ИЗБАЊАЛ ЕДНАШ

Англиската кралица Елизабета Прва тврдела дека се бања еднаш месечно, без оглед дали е валкана или не. Изабела од Шпанија во 1601 година ветила дека нема да се избања додека трае опсадата на Остенде и го остварила ветувањето издржувајќи три години, три месеци и 13 дена, исто како и нејзините војници. Францускиот крал Луј Тринаесетти скромно утврдил дека наследил барем нешто од својот татко - пазувите му смрделе на пот. Луј Шеснаесетти првпат се избањал кога наполнил седум години, иако нозете му ги измиле две години претходно. Подоцна се заколнал дека никогаш нема да се бања, зашто по тоа искуство, препорачано од лекарите, му се влошило здравјето. Спиел во голем кревет со балдахин, па смрдеата, која наутро морале да ја трпат слугите и лекарите што го буделе, била понеподнослива од онаа што морала да ја поднесува неговата љубовница. Тогаш се проширил обичајот за менување на облеката повеќепати во денот. Милионскиот Париз имал две јавни бањи, но тие, пред се', биле бордели. Дури кон крајот на 18. век зачестиле книгите со совети за чистота. Некои во Европа почнале да се бањаат во студена вода, но без сапун, зашто таа не можела да влезе во телото и да ги наруши телесните течности.


ЧИСТОТА, МОРАЛ, РЕД

Кога Француската револуција стави крај на еден период во историјата на белиот човек, се сменила и идејата за приватност. Сите сметале дека заслужуваат сопствен кревет, па така заедничките кревети за членови на семејството, спиењето покрај непознати во евтините преноќишта и заедничките гробници станувале се' поретки. Ширењето на приватноста се проширило и на мирисите на телото. Постепено, во текот на 19 век и почетокот на 20 век, почнало да се смета за непристојно да се почувствува мирисот на другиот, односно тоа да се дозволи. Да не се покаже вистинската миризба на телото значело да се сочува достоинството. Најдалеку во тоа отишле Американците, кои граделе куќи со тушеви и бањи. Кога во текот на Кримската војна Флоренс Најтингејл покажала дека хигиената може да ги намали воените загуби, тој совет бил екстремно прифатен во американската Граѓанска војна. Војниците добивале пакетчиња за лична хигиена и се сметало дека валкан човек не може да биде ни добар војник. Чистотата значела морал, ред и реформа, а нечистотијата се сметала за примитивна и за хаотична. Во Европа таа револуција се одвивала потешко и побавно.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=94E88A606F353342940C1D894B69AF96

www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=586:2012-01-02-16-29-44&catid=64:2011-10-07-12-39-27&Itemid=108



Коментари:
Постирано од: Бисер на мудроста
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 14:13


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 15:12
Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:


Хигиената во Европа ја донеле муслиманите


Бог да чува!

Муслиманите разбраа што е хигиена кога Мухамед 600 години после Христа им објасни што е тоа на арапите кои до тогаш водата ја користеа само за пиење и после раѓањето не се капеа ниту еднаш во животот.

И пресреќни што "ја открија Америка", како и индоктринирани од свештениците дека хигиената е една од најголемите достигања на Исламот, со радост и гордост ја шират својата игнорантност низ светов сметајќи дека на тој начин ќе је ги убедат "неверниците" оти токму Исламот е вистинската вера и дека треба да се конвертираат и да станат муслимани.

Не се свесни како си прават мечкина услуга кога со ваквите неразумности постојано потврдуваат дека појма немаат од обичната човекова историја и дека сето свое знаење го колектираат од муслиманските пропагандни верски брошурки. Нивниот свет започнува и завршува меѓу тенките корици на ефтините памфлети...

... и збогатени со таквото знаење и мудрост сакаат да го просветлат светот.

Бог да чува... и да им помогне на ним како што им помага на сите други свои чеда.



http://www.historylearningsite.co.uk/roman_baths.htm" rel="nofollow - http://www.historylearningsite.co.uk/roman_baths.htm






-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 15:35
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:


Хигиената во Европа ја донеле муслиманите


Бог да чува!

Муслиманите разбраа што е хигиена кога Мухамед 600 години после Христа им објасни што е тоа на арапите кои до тогаш водата ја користеа само за пиење и после раѓањето не се капеа ниту еднаш во животот.

И пресреќни што "ја открија Америка", како и индоктринирани од свештениците дека хигиената е една од најголемите достигања на Исламот, со радост и гордост ја шират својата игнорантност низ светов сметајќи дека на тој начин ќе је ги убедат "неверниците" оти токму Исламот е вистинската вера и дека треба да се конвертираат и да станат муслимани.

Не се свесни како си прават мечкина услуга кога со ваквите неразумности постојано потврдуваат дека појма немаат од обичната човекова историја и дека сето свое знаење го колектираат од муслиманските пропагандни верски брошурки. Нивниот свет започнува и завршува меѓу тенките корици на ефтините памфлети...

... и збогатени со таквото знаење и мудрост сакаат да го просветлат светот.

Бог да чува... и да им помогне на ним како што им помага на сите други свои чеда.



http://www.historylearningsite.co.uk/roman_baths.htm" rel="nofollow - http://www.historylearningsite.co.uk/roman_baths.htm







Што се палиш одма, исламофобија имаш голема или некој член муслиман тука имаш што го мразиш па со него и целиот Ислам ? За таквите како тебе се освен самите себе е пропаганда, цел свет им е пропаганда, на такивте како тебе им се чини дека цел свет е против нив... Бог да чува стварно, башка работите се извадени од дневник весникот, прочитај прво убаво па после пишувај, кој се мие денеска 5 пати на ден освен муслиманите кажи ми ти мене? Ти може се миеш повеќе, убеден сум, во тоа нема сумља, дури чистотата твоја може електронски да се види, ти ако не си чист внатре, за однадвор воопшто да не зборуваме, а тоа веќе и се виде.


Ти правиш разлика помеѓу АРАП и муслиман? Знаеш ли дека има арапи христијани? Нели е раширена тезата кај многумина дека немало муслимани пред Мухаммед а.с. а сега викаш дека МУСЛИМАНИТЕ пред Мухаммед а.с. не знаеле што е хигиена? Муслиман прво види и што е неговото значење истотака.


Воглавно, Медицината на тлото на Европа види преку чиви текстови стигна, дали преку арапски или хебрејски, или може јапонците ја донеле преку јапонските текстови, земи малце читај, земи читај за муслиманите во Шпанија низ историјата наназад, види ренесансата во Европа што правела назад низ столетијата, истражувај не одма да удираш безпотреба, ќе видиме натака со докази за ова што е како е за хигинета. Медицината кај муслиманите доживеала голем напредок во анатомијата,фармакологијата,организираноста на болницата,обучувањето на медицинскиот кадар,итн.
Медицинските дела на исламските лекари останале темел на целокупната медицина,вклчувајки ја и медицината на запад.
До тогаш биди ми поздравен.

бтв, мислам ова е форум и секој има право на свое миселње и за своето мислење може да искористи свои докази, аргументи. Се надевам дека другите членови тука истотака имаат различни мислења од твоите и дека сите не гледаат на работите како што гледаш ти.




Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 16:25
Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:


бтв, мислам ова е форум и секој има право на свое миселње и за своето мислење може да искористи свои докази, аргументи. Се надевам дека другите членови тука истотака имаат различни мислења од твоите и дека сите не гледаат на работите како што гледаш ти.


Јас од твојот коментар за хигиената читам препишани исламски брошурки без никакви аргументи и докази, нешто што нема никаква врска со реалноста и вистината, а има с'е со слепото верување во исламската пропаганда.

И сега, кога го покажа и докажа влијанието на исламската цивилизација за хигиената, продолжи со другите влијанија, не дека не сме ги прочитале безброј пати до сега на пдф Вероисповед... туку затоа што демократијата на форумов ти го дозволува тоа...
да ... нешто што никогаш не било влијание или придонес од исламската цивилизација. тага



П.С. Патем, не заборавај дека се наоѓаш на пдф Историја, а тоа не е вероисповед или филозофија, па да се повикуваш на догматско верување без докажувања или млатење празна слама под изговор на некакво издржано филозофирање. Историјата е наука и бара подржување со факти,  а не поле за ширење глупости или докажување на личната неинформираност за основни работи од животот на луѓето:

Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:


Хигиената во Европа ја донеле муслиманите











-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 16:42




Сега ќе ти стане малце појасно зашо демократијата на овој форум не функционира, администраторите кој ги бира тешко прашање
е...

http://www.dnevniavaz.ba/globus/svijet/82706-dsadsafff.html" rel="nofollow - http://www.dnevniavaz.ba/globus/svijet/82706-dsadsafff.html

И овој дневник е исто како и тој дневник весник македонски од кого беа извадени податоците погоре кои за тебе биле пропаганда за жал...

П.с. не ми кажувај што се случува во подфорумот вероисповед, гледај си ја својата работа, а јас мојата, поздрав.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 17:05
Мојата работа е да следам што се работи на форумов и да им свртувам внимание на членовите да се придржуваат до правилата и прописите, како и до општоприфатените правила на цивилизирано и културно однесување.

Линкот што си го поставил не докажува ништо подруго од оноа што веќе претходно го коментирав - учењето од верски пропагандни материјали во форма на брошурки, коментари во весници или на некакви екстремни верски интернет сајтови не води далеку, туку остава во незнаење и духовна темнина која резултира со континуирано лично и заедничко страдање.

Туку, да не се оддалечуваме од темава, продолжи со обелоденување на останатите влијанија на исламската цивилизација во историјата.  Верувам дека ќе дознаеме уште многу други до сега непознати работи поткрепени со аргументи, факти и докази. да





-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 17:54
Се гледа колку ги разбра и отвори линковите, но не битно, да се надеваме на тоа последното што го кажа, поздрав


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 18:05
Како борец за права , би сакал да ми покажеш со документи и аргументи кога тоа муслиманите ја донесле хигиената во Европа , каков бил процесот на навикнување на  народот во Европа да води повеќе сметка за својата хигиена итн..

п.с.
Да не заборавиме дека влијанието на османлиите во Европа било насочено кон војување и освојување на нови територии , а не кон културна реформа на Европа.

п.с.с.

Овде нема фобисти , затоа што ката ден разговараме со припадници од различни вери , народности.


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 15:13
Муслимански изумители што го променија светот


Кафето, чековите и три различни јадења на оброк се само дел од муслиманските изуми кои целосно го имаат променето секојдневниот живот на светско населние. Пред отворањето на својата најнова изложба, британскиот писател Paul Vallely направи список на 20 највлијателни мулсимански изуми.


1. Според легендата Арапот Калид кој ги одгледувал своите кози во регионот Кафа во Јужна Етиопија, приметил дека стоката е посебно жива откако ќе ги изеде плодовите од едно растение. Први луѓе за кои документирано се знае дека пиеле кафе се муслиманиските верници од Јемен, на кои кафето им помагало да останат будни за време на цело вечерните молитви. До крајот на 15 век, кафето стигнува во Мека и Турција. Во 1645 со извозот на кафе во Венеција, тоа премиерно се претставува пред европската публика. Арапскиот збор qahwa се претопува во турскиот збор kahve од што излегуваат италијанското caffe и англиското coffeе.


2. Старите Грци сметале дека нашите очи пуштаат зраци, нешто како ласери, и на тој начин ние можеме да гледаме. Во 10 век, муслиманскиот математичар Ибн ал-Хаитхам открива дека светлината всушност влегува во нашите очи а не излегува. Тој го измислил првиот фотоапарат (камера) без леќи, откако забележал како светлината влегува низ затворени ролетни. Колку била помала дупката толку била подобра сликата, по неколку обиди тој ја создал Camera Oscura (oд арапскиот збор qamara - кој значи темна или приватна соба). Ал-Хаитхам е заслужен и за преминувањето на физиката од филозофска во експериментална активност.


3.Бета верзијата на шахот создадена во Индија од каде стига во Персија каде муслиманите ја до усовршуваат. Од таму Маврите во 10 век, преку Шпанија ја шират играта на запад во Европа а истовремено се шири и на исток кон Јапонија.


4. Илјадници години пред браќата Рајт, муслиманскиот поет, астроном, музичар и инженер Абас ибн Фирнас имал неколку обиди за создавање на летачка машина. Во 852-та година тој го прави својот прв обид од минарето на Големата Џамија во Кордоба од каде скока со направа составена од големо платно зацврстено со неколку долги стапови. Тој се надевал дека ќе може да лебди како птица но тоа не му успеало. За среќа ткаенината му го успорила падот и тој преживеал. Во секој случај тоа завршило како прв регистран случај на падобранство. По уште неколку децениска упорност во 875-та, на 70 години тој го има својот последен обид, но сега со усовршена машина составена од свила и пердуви од орел. Овојпат, полетува од планина и успева да се одржи во воздух подолго од 10 минути, по што паѓа на земја. Во чест на големиот измутел, аеродромот во Багдад и еден кратер на месечината го носат неговото име.


5. Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун. Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци.


6. Процесот на одделување на течностите според нивната точка на вриење е откриен околу 800-та година од еден од најголемите муслимански научници Џабир ибн Хајан. Тој е одговорен и за трансформацијата на алхемијата во хемија, откривање на голем број процеси и машини кои се користат и денес: кристализација, дестилација, пурификација, оксидација, испарување и филтрирање. Тој ги открил и сулфурната и азотната киселина. Џабир е инвенторот и на дестилаторот со што на светот му ги дава првите парфеми и алкохолни пијалоци (иако пиењето било забрането). Како татко на модерната хемија тој посебно се залагал за систематско експериментирање.


7. Коленесто вратило (радилица), направата која го префрла кружното движење во линиско, е централен дел на најголем број од модерната машинерија во светот. Изумот кој е дело на брилијантниот муслимански инженер ал-Џазри, бил дел од арапските системи за наводнување. Неговата книга од 1206-та Book of Knowledge of Ingenious Mechanical Devices покажува дека тој ги измислил или усовршил автомобилските вентили и клипови, и е прадедото на роботиката. Меѓу неговите 50-на пронајдоци се наоѓа и шифруваната брава.


8. Изолација, метод на шиење во кој две парчиња на ткаенина се опшиваат околу изолационен материјал. Се уште не е точно утврдено дали ова е измислено во муслиманскиот свет или пронајдокот е увезен од Кина но во секој случај сигурно е дека крстоносците го имаат украдено овој занает од муслиманите. Тие прв пат го забележале ова кај Сараценските воини, кои наместо оклоп носеле кошули наполнети со слама. Изумот веднаш бил пренесен во Европа каде се користи во создавањето на потопла облека за наслението во северните краеви на континентот.


9. Зашилените сводови, заштитниот знак на европските готски катедрали, всушност се изум позајмен од муслиманската архитектура. Тие биле доста појаки од заоблените римски сводови, што дозволило изградба на поголеми, повисоки и покомплексни градби. Останатите архитектонски позајмици вклучуваат, витражни стакла и изградба на куполи. Самите европските дворци се всушност адаптирана копија на палатите од исламскиот свет - процепи за стрелци, одбрамбени ѕидови, стражарски кули и патеки за стрелци.


10. Голем број од денешните хируршки инструменти го имаат истиот дизајн како оние создадени во 10-от век од муслиманскиот хирург ал-Захрави. Неговите скалпели, пили за коски, медицински клешти и уште 200 пронајдоци се препознатливи за сите денешни хирурзи. Тој исто така бил прв кој открил дека цревата од одредни животни по некое време сами се распаѓаат, поради што можеле да бидат искористени за шиење на оперираните пациенти. Со помош на цревата тој ги создал и првите капсули за пиење. Друг муслимански доктор, ибн Нафис, ја опишал циркулацијата на крвта 300 години пред да ја открие Вилијам Харви. Муслиманските доктори исто така ги измислиле и првите анестетици (од опиум и алкохол) и шупливи игли кои ги користеле за отстранување на катаракта, кои се користат до ден денешен.


11. Ветерниците се измислени во 634-та од еден персијски калиф кој ги користел за мелење жито и наводнување. Сето ова се случувало околу 500 години пред Европа да ја види првата ветерница.


12. Вакцините се уште еден муслимански изум во здравството. Тие во Европа стигнуваат во 1724-та, преку жената на британскиот амбасадор во Истанбул. Речиси 50 години пред западот да почне да зборува за заштита, децата во Турција добивале вакцини за сипаници.


13. Наливперото било измислено во 953-та по барање на султанот на Египет, кој сакал пенкало кое нема да му ги масти рацете и облеката. Слично на денешните пенкала тоа имало резервоар за мастило кое полека го испуштало кон врвот на перото.


14. Системот на нумерирање кој се користи низ светот најверојатно е од индијско потекло но стилот на бројките со сигурност е арапски. Прв пат е испечатен во 825-та во книгата на муслиманските математичари ал-Кваризми и ал-Кинди а името алгерба го има добиено од книгата на ал-Кваризми Al-Jabrwa-al-Muqabilah. Работата на муслиманските научници по 300 години е донесена во Европа од италијанскиот математичар Фибоначи. Муслиманите се виновни и за алгоритмите и тригонометријата.


15. Али ибн Нафи, еден од најголемите мулимански хедонисти, во 9-от век од Ирак во Кордоба го носи концептот на оброк со три јадења - супа, риба или месо и на крај овошје или ореви и слично. Тој е заслужен и за создавање на кристалните чаши.


16. За средновековните муслимани, килимите претставувале дел од рајот. До пристигнувањето на персиските и арапските килими, европските подови биле прекриени со камени плочи или со дрво. Запрепастените арапски патеписци пишуваат за сцени на ужас низ европските домови. "Речиси сите куќи имаат искривени подови. По 20-годишно уринирање на сопствениците и кучињата, повраќаници и истурени јадења, земјата на одредени места почнала да паѓа па во сите домови има дупки."


17. Чековите доаѓаат од арапскиот збор saqq, пишано ветување за плаќање на стоката откако таа ќе биде испорачана. Ова претставувал еден од начините да се избегне носењето пари преку несигурните територии. Во 9-от век муслимански бизнисмен можел без проблеми во банка во Кина да уновчи чек од банка во Багдад.


18. До 9-от век за голем број муслимански научници не било спорно дека Земјата врти околу Сонцето. Доказот за тоа го дал астрономот ибн Хазим кој тврдел дека "Сонцето постојано е во вертикална положба во однос на одредена точка на земјата". Ова се случува околу 500 години пред на Галилео да му светне истата идеја. Пресметките на муслиманските научници биле толку прецизни, што тие во 9-от век тврделе дека обемот на Земјата е 40.253,4 км - утнале за само 200 км.


19. Иако Кинезите го откриле барутот и го користеле во огномети, Арапите се тие кои користејќи калиум нитрат го прочистиле барутот а подоцна го ставиле и во воена употреба. Крстоносците биле преплашени од запаливите справи на муслиманите. До 15 век тие ја измислиле ракетата, која ја нарекувале самодвижечко-запаливо јајце, како и торпедото кое доста добро го користеле во морските битки.


20. Во средновековна Европа сосема регуларно постоеле кујни и градини со растенија, меѓутоа, Арапите се тие кои ги промовирале градините како место за одмарање и медитација. Првите цветни градини во Европа биле отворени во 11 век во муслиманска Шпанија а тие вклучувале и каранфили и лалиња.

Преземено од:
http://on.net.mk/turlitava/muslimanski-izumiteli-shto-go-promenija-svetot" rel="nofollow - http://on.net.mk/turlitava/muslimanski-izumiteli-shto-go-promenija-svetot


Постирано од: Бисер на мудроста
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 15:43
Фактите се познати, и нема што кој да се лути, познати се и има еден куп емисии на оваа тема, влијанието не било само пред османлиите имате влијание пред се од Шпанија и Сицилија..








Еве само колку за почеток..погледнете ги филмовите се американски и англиски со превод


Постирано од: Бисер на мудроста
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 16:06


Постирано од: Бисер на мудроста
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 16:24


Овој германски документарец е правен според најнова енциклопедија на оваа тема објавена во Франкфурт, како што ќе наведат на крај на документарецот...


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 18:42
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Како борец за права , би сакал да ми покажеш со документи и аргументи кога тоа муслиманите ја донесле хигиената во Европа , каков бил процесот на навикнување на  народот во Европа да води повеќе сметка за својата хигиена итн..


Чекај ако немаш попаметна работа.  голема насмевка


Во меѓувреме ќе добиваш верска пропаганда како по лекарски рецепт. Оноа што било вообичаено за целиот свет, а непознато за муслиманите, ќе ти биде сега сервирано како  исламски откритија во историјата на цивилизацијата. И што е најинтересно, сите овие работи веќе сме ги обелодениле со факти и докази на  пдф Вероисповед, ама пропагаториве не научиле и не прифатиле ништо од тоа бидејќи ним не им е важна вистината, туку исламската пропаганда. тага

O sancta simplicitas!







-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 22:09
Можеби насловот на темата не е баш најсоодветен, но текстот преземен од Дневник содржи многу познати информации.
Несомнено е дека исламската цивилизација има дадено голем придонес за човештвото, а кој бил прв во нештата не е секогаш можно да се каже. Но дали е тоа толку важно, ако придобивките се добри за сите?


Постирано од: Бисер на мудроста
Датум на внесување: 13.Март.2012 во 10:59
messanger, некогаш е попаметно ништо да непишеш..како во овој случај.


Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 13.Март.2012 во 13:08
Има луѓе кои тврдат дека Исламот го уназадува светот и дека не може Исламот никако да се вклопи во современиот свет.



Современиот свет е во полна заблуда,затоа што не знае,или се прави дека не знае,колку Исламот придонел во развивањето на науката.

"ИКРЕ БИСМИ РАББИКЕЛЛЕЗИ ХАЛЕК,ХАЛЕКАЛ-ИНСАНЕ МИН'АЛЕК..."

"Учи во името на твојот Господар кој се ствара,Кој човекот го створил од капка течност."

"Читај,Господарот твој е Благороден, кој те подучува на перо, кој човекот го подучува на она што не го знае."(Алек,1-5)

Овие се првите зборови,кои Аллах (سبحانه وتعالى‎) , му ги објавил на Својот последен Пратеник,Мухаммед (عليه السلام‎) .

Од овие ајети се гледа Исламот, колкава важност и посветил на науката.
Впрочем, факт е дека многу научници од запад станале "славни", физичари, математичари,хемичари и друго,на сметка на исламските научници.

Право


Правната наука прво се развила кај муслиманите.Пишаниот устав потекнува од муслиманите.
Прв таков устав составил Аллаховиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) ,кога ја основал првата Исламска држава во Медина, уставот на Шеријатот, до ден денеска е сочуван.

Историја

Допринесот на муслиманите за проучување на историјата е голем,посебно во утврдувањето на автентичноста на документите.
Исламот роден во полно светло на историското доба,нема потреба за легенди и претпоставки во својата лична историја.
Биографските лексикони се една од карактеристиките на историската литература кај муслиманите.


Географија и Топографија



Аџилакот во Мека и трговијата влијаеле врз развитокот на комуникацијата низ распространетото исламското царство.
Најстарите муслимански географски карти ја претставуваат Земјата во кружен облик.
Ибн Меџид,кој бил кормилар на бродот на Васко де Гама до Индија,дури оттогаш го спомнува компасот како позната работа.
Зборовите "адмирал',"арсенал","тарифа",'кабл" итн.се изворни арапски зборови,кои јасно говорат за влијанието на муслиманите на модерната западна цивилизација.


Астрономија


Астрономијата е наука на која муслиманите и дале голем допринос.
Многу ѕвезди и денес во европските јазици имаат арапски имиња.
Реформата на календарот,која ја направиле муслиманите е далеку поуспешна од реформата на Грегоријанскиот календар.
За време на халиф Ме'мун,измерена е површината на Земјата,со неверојатен степен на точност.
Пишани се дела за раѓањето и заоѓањето на Сонцето,за зајдисонцето,а особено за движењето на Сонцето и Месечината.

Аллах (سبحانه وتعالى‎) ,вистината ја рекол:

"И се во вселената плови."(Јасин,40)

До откритието дека во вселената се се движи,дошло дури при крајот на XVII век.
Ако се вратиме низ историјата ке најдеме информации кои тврдат како црквата ги палела научниците,поради тоа што тврделе дека: "Земјата се движи."
Значи,од примериве можеме да заклучиме дека муслиманите многу допринеле за развивањето на науката.

И на полето на природните знаменитости,муслиманите оствариле големи резултати,но западот многу од откритијата ги препишува на своите "научници".



Ботаника

Ботаничката Енциклопедија од Динаверије (починал 899),во 6 тома,е објавена дури пред некое грчко дело за Ботаниката да биде преведено на арапски јазик.
Динаверије не го опишувал само изгледот на растенијата,туку и ги класифицирал,и ги опишувал нивните хранливи,фармаколошки и други особини.


Медицина

Медицината кај муслиманите доживеала голем напредок во анатомијата,фармакологијата,организираноста на болницата,обучувањето на медицинскиот кадар,итн.
Медицинските дела на исламските лекари останале темел на целокупната медицина,вклчувајки ја и медицината на запад.

Аллах(سبحانه وتعالى‎) ,кажува:

"Излегува од нивната утроба (утробата на пчелите),пијалок во различни бои,во кои е лекот за луѓето.Тоа навистина е доказ за луѓето кои размислуваат.(Нахл,69)

Ако сакате да го сочувате парчето од месо,ставете го во мед,и верувајте дека нема да се расипа,затоа што медот има својство на уништување на бактериите.

Аллаховиот Пратеник,Мухаммед (عليه السلام‎),кажува:

"Кога не би се плашел од потешкотиите на моите следбеници,јас би им наредил за време на секој намаз да ги мијат забите со мисвак."(Сахих)

Мисвакот има својство на чистење и дезинфекција повеке,отколку било која друга паста за заби.


Минерологија и Механика




Минерологијата го привлекува вниманието на исламските научници,како од аспект на медицински цели,така и поради познавањето на скапоцените камења,кои биле многу барани.
Делата на исламскиот научник,Бируни и на многу други,се користат на тоа поле.
Ибн Фирнас ја изумил машината за летање.
Починал во несрекен случај,не оставајки наследник,кој би го усовршил неговото дело.
Другите науцници во рамките на механиката изумиле справи за вадење на насукани бродови,корнење на големи стебла итн.
Во областа на истражувањата на морето напишани се многу дела за рибите и за обработката на бисерот.


Хемија и Физика

Кур'анот бара луѓето да размислуваат за стварањето на вселената,и да проучуваат како земјата и небото им се подредени на човекот.
Муслиманите многу рано почнале да се занимаваат со озбилно проучување на областа на хемијата и физиката.
Со своите проучувања и наблудувања,они собрале голем број на факти.
Со нивното влијание и старата алхемија се преобразила во наука,заснована на факти,кои можат да се докажат.
Научникот,Џабир ги познавал хемијските процеси на калцинација и редукција.
Тој истотака,ги разработил методите на сублимација и кристализација.
Многуте латински преводи на Џабир и други научници,можат да покажат колку модерната наука им должи на муслиманските научници и како за својот развиток треба да им се заблагодарат на арапско-исламските методи на експериментот.


Математиката

Математичките знамености имаат неизбришани трагови на арапско-исламскиот допринос.
Зборовите,"алгебра","зеро","цифра"...се од арапско потекло.
Заслугата за откривањето на тригонометријата им припага на муслиманските математичари.


На крајот треба да се знае дека ова се само некои примери,кои говорат за муслиманските заслуги во развојот,напредувањето на човечката цивилизација.
"Цивилизираниот" Запад,им затанал на пат на муслиманите во нивното понатамошно напредување.
Барбарските разорувања ги погодиле двата главни интелектуални центри,Багдад на Исток и Кордоба-Гранада на Запад.
Многу библиотеки со стотици илјади книги и ракописи,заедно со овие градови се разрушени,запалени...
Познатиот филозоф Фридрих Енгелс уште во своето време изјавил дека палењето на библиотеките во Багдат и Кордоба-Гранада ја уназадиле цивилизацијата за 1000 години.
Исто така со право можеме да истакнеме дека претставниците на исламската наука,не изостанале зад ниту еден од големите имиња во историјата на науката,иако денес се обидуваат,и тоа во голема мера да го прикријат.
Истокот секогаш бил пред Западот како во областа на науката,така и на културата.

XX век западњаците го нарекуваат "век на технологијата",но може да се рече и дека тие треба да се заблагодарат на муслиманите на сетоа тоа што претходниците им дале во поглед на науката и културата.

Кажи:"Господару мој,прошири го моето знаење."(Та-Ха,114)


Линкови:
Link >> Абул Касим аз-Захрави
Link >> Abu Abd Allah Muhammad al-Idrisi al-Qurtubi al-Hasani al-Sabti - Idrisi
Link >> Џабир ибн Хајјан
Link >> Ебу Џа'фер Мухаммед ибн Муса ел-Хаваризми


http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=221:2011-10-07-13-28-57&catid=64:2011-10-07-12-39-27&Itemid=108" rel="nofollow - http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=221:2011-10-07-13-28-57&catid=64:2011-10-07-12-39-27&Itemid=108


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Март.2012 во 14:29
Малком , ова е историја а не верски подфорум. 
Ниту ме интересира некоја вера , или учење , ниту пак сакам да разговарам за нешто што не е поткрепено со историска дискусија.

Имаш две опции или да продолжиш со историска дебата за влијанието или да ти ја префрлам темата во Вероисповед.

Ти кажи што ќе биде.


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: pHp
Датум на внесување: 13.Март.2012 во 15:10
Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:


Право


Правната наука прво се развила кај муслиманите.Пишаниот устав потекнува од муслиманите.
Прв таков устав составил Аллаховиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) ,кога ја основал првата Исламска држава во Медина, уставот на Шеријатот, до ден денеска е сочуван.


Ова не е точно. Правната наука се развила прво кај Евреите, како организирана социјална гранка, по основ на Тората, далеку пред Христа. Потоа е развиена кај старите Грци, па најмногу кај Римјаните, далеку далеку пред Исламот.



Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:


Ботаника

Ботаничката Енциклопедија од Динаверије (починал 899),во 6 тома,е објавена дури пред некое грчко дело за Ботаниката да биде преведено на арапски јазик.
Динаверије не го опишувал само изгледот на растенијата,туку и ги класифицирал,и ги опишувал нивните хранливи,фармаколошки и други особини.


Ова е тешка глупост, се извинувам на изразот. Татко на Ботаниката е Теофраст, стар ГРК некаде околу 250 година ПРЕД ХРИСТА! Далеку, далеку пред Исламот. Да не говорам што има записи на нтички Хинду јазик за ботниката, дел од Ведите, скоро пред 4000 години, далеку, многу далеку од Христа и Мухамед.

Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:


Медицина



Ако сакате да го сочувате парчето од месо,ставете го во мед,и верувајте дека нема да се расипа,затоа што медот има својство на уништување на бактериите.


Ова нема врска со Исламот, ова е метод на зачувување на храната и месото пишан од Хипократ, 300 години ПРЕД ХРИСТА, 1000 години пред Мухамед.

Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:


Хемија и Физика

Кур'анот бара луѓето да размислуваат за стварањето на вселената,и да проучуваат како земјата и небото им се подредени на човекот.


А ова е основен постулат на Кабалата. Чист Јудаизам, постулат кој кабалистите го поставиле уште од времето на Мојсеј, далеку далеку, мнооогу далеку пред Исламот. Ова прашање го поставил човекот уште одкако добил свест. Праисториските луѓе си го поставиле ова прашање и до ден денес не мачи сите. Нема никаква врска со Исламот, секако не е допринос на Исламот, Христијанството, Хиндуизмот или било која религија. Впрочем, тоа е централно прашање на секоја религија.

Исламот на светот не му дал ништо ново, тоа е факт. Секако дека придонел многу, но факт е дека е последна религија и религиски ситем од поголеми размери во светот. Има многу големи доприноси, но секако Исламот е само пречистена форма на толкување и интерпретација на веќе постоечките прашања. Што секако не е лошо, да не се разбереме погрешно, но факт е дека на светот Исламот како нов приод и нови прашања на човештвото дал - ништо.




-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 13.Март.2012 во 15:31
pHp, дали некогаш си зборувал со камен ?

Не ?

Пробај, со него ќе се разбереш побрзо отколку со некои луѓе.   да









-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 13.Март.2012 во 17:02
ББС најверојатно и германците на нивните телевизии шират лаги за тоа што го кажуваат. Еве има некои работи кои може да се научат и од вас, не мора одма со навреди месенџер, убаво кажа бисер на мудроста, некогаш молчењето е ???? Мислам знаеш што. И затоа сме тука да дискутираме, а не одма со провокации и премесување на тема ако некоја работа не се слага со друга работа, иако и јас барам цврсти докази да се донесат за тоа што пхп го кажа погоре, а исто ќе чекам и мислење за ова од бисер на мудроста, позз

Затоа што ако гледаме одма на преместување на теми, ајде тогаш да повикаме некој грк и Александар Македонски да каже да се стави во подфорумот ВИЦЕВИ, или некој бугар да дојде и да се смее на работите кои сте ги пишувале за Гоце или не знам било кој, пред се само затоа што за него сето тоа е смеа и глупост, нема логика, мислам разбирате шо сакам да кажам... п.с. да не кажам до вчера што се случуваше на википедија само заради овие работи и Историјата.

п.с.2 вие кои добро ја знаете Историјата или која вие како омилено хоби и реално гледате на работите како што кажа погоре членот, соработувајте и помагајте до читателите да стигне она вистинското, како што соработува ББЦ и германската телевизија не знам како се викаше, или весникот дневник, безразлика дали се работи за ислам или не, не бидете како да не кажам кој член кој секој пост на муслиманите го смета за лага и пропаганда, а тоа се докажа уште кога за работите од весникот дневник тој кажа дека тоа се лаги и измислици.



Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 13.Март.2012 во 23:47
Znaesh shto e problemot vo diskutiranjeto so vas ?

Problemot e shto vie ne diskutirate, tuku samo nediskriminirano redite prepishani raboti od verskite broshurki vo koi slepo veruvate i nishto ne proveruvate. Oti ako proverite i se obrazuvate kje vidite deka najgolemiot del e laga ili vo najdobar sluchaj e poluvistina.

I koga nekoj chlen so fakti kje vi dokazhe deka onoa shto go propagirate ne e tochno, vie so vashiot odnos pokazhuvate deka toa voopshto ne vi e vazhno. Vie ne davate pet pari za vistinata. Tolku ste obzemeni so indoktrinaciite i propagandite shto imate postaveno psihloshki blokovi za s'e onoa shto e vistina, a ne odgovara na vashata verska propaganda.

Zatoa vash*te temi ne se nikakvi informativni temi, tuku dezinformativni, a "diskusiite" ne se diskusii tuku nasilnichki besedi od tipot "shto velish ti jas ne slusham, a ti kje slushash s'e shto kje ti kazham jas!"

Oti ako slushate i razbirate kje go priznaete i primite nepobitnite argumenti i fakti od sogovornicite.

No, kako shto vekje dokazhavte povekje pati na ovoj forum, vam ne vi e do bilo kakva vistina, tuku do propagiranjeto po sekoja cena na vash*te verski ubeduvanja.

Sekoe vashe pojavuvanje na forumov nema nikakva druga cel osven chista propaganda na decepcii, lagi i poluvistini.






-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 00:44
Охоо од кај да почниме кај да завршиме.Без арапите европа ќе останеше во темното доба.

Во средниот век арапите беа западњаци а западњаците беа пештерски луѓе во споредба, медицина, астрологија, наука, архитектура ... ни вилушка нож не знаеа шо е камоли како се користи ... и кралојте јаделе со раце.

Огромен дел од античкото знаење ќе беше изгубен ако не беше арапската цивилизација, нема крај темата.


-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 03:18
Малком баш би сакал да дојди некој грк и да ми објасни за Демостен , за античките историчари кој сметале дека тие две племиња не биле исти. ( не навлегувам дали сме антички или словени , тоа е неважно)

Баш би сакал да ми објаснат Бугарите за тоа како Гоце сакал да почива во независна Македонија , а не во обединета Бугарија. 

Ти очигледно си залутал на подфорумот Историја и мислиш дека ние досега немавме грци, бугари,срби, власи , албанци помежу нашите членови? Залутан си пријателе , и затоа или разгледај го подфорумот историја или помисли пред да напишеш некоја нова глупост. 

Ти реков дека ич не ме интересира во кој се молиш и колку голем верник си. Историјата не познава вера, има документи , настани и нивно толкување.


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 10:56

А јас ти реков не ме интересира кој е што е, а уште помалце твојата историја и минато. Туку само како пример го наведив тоа со грците и бугарите, а не дека ме интересира мене грчката, бугарската, албанската или не знам си која друга политика и историја, затоа што на балканот секој тврди дека е своја вистина и никако да се докаже тоа.
Мене најповеќе ме интересира Исламската Историја.
А тоа кој е залутан а кој не ќе покаже времето...


Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 11:01
ШИРЕЊЕТО НА ИСЛАМОТ МЕЃУ ХРИСТИЈАНИТЕ ВО ШПАНИЈА


Христијанството во Шпанија пред исламските освојувања

Арапите во 711 го внеле исламот во Шпанија, а исламската вера во шпанското кралство е укината со прогласот на Фердинанд и Изабела во 1502 година. Низ многу векови во овој период муслиманите ги оставиле најсветлите историски страници во средниот век.
Еве, ова влијание на шпанските муслимани преминало преку Прованса и во другите краишта на Европа, така што се разбудиле нови чувства и се формирала нова наука. Науката, која на европските научници им ја освежувала научната дејност сè до ренесансата (renaissance–преродба) настанала од Шпанија.

Кога муслиманите го донеле исламот во Шпанија, таму се зацврстило католичкото христијанство, откако извојувало победа над ариевската секта. На Шестиот собор, одржан во Толедо, поставен е законот сите кралеви кои ќе дојдат на престол да се заколнат дека нема да дозволат друга вера или секта освен католичката и заклучено е дека строго ќе го применуваат законот на оние кои ќе се противставуваат на католичката вера. Подоцна поднесениот закон одредил вечен затвор и конфискување на имотот за оние кои ќе покажат сомнеж или приговор кон светото црковно пратеништво на католичките евангелски установи, препораките на црковните оци и светите обичаи. Свештенството, за својот сталеж, стигнало во државното управување со доминантно влијание. Бискупите и другите црковни великодостојници имале места во Народното собрание, кое ги решавало важните државни работи, го одобрувало изборот на кралот и кое, во случај тој да не се сложувал со неговите одлуки, го симнувало. Христијанското свештенство, стигнувајќи до ова влијание и искористувајќи го, ги изложил на маки многубројните шпански Евреи. Биле преземани драконски мерки против оние што не сакале да се покрстат. Ете, потомците на Евреите со искрена радост ги дочекале своите спасители, арапските освојувачи, и во освоените градови во нивно име формирале гарда, а во утврдените места ги отворале портите.

Муслиманите во Шпанија се дочекани со радост и од страна на робовите. Состојбата на овие робови под готска власт, која отпорано ја воспоставиле два германски народа, била несреќна и бедна. Нивното познавање на христијанството, во она време кога ѝ се приклучиле на судбината на исламот, а кое им дало слобода и други материјални добра, било толку површно и на толку низок степен што немале способности за расудување. Првите преобратеници во Шпанија биле овие угнетувани робови. До 693 година извесен број на обожувачи на огнот се повел по примерот на преобратување на овие робови. Потоа мнозина христијански благородници, или од уверување, или од некои други причини, го прифатиле исламот. Мнозина од средниот или понискиот сталеж, не привидно, ами од чисто уверување се преобратиле во ислам, така што ѝ го свртиле грбот на верата чиишто свештеници ги оставиле во незнаење и напуштеност и која од материјални причини ги изложила на грабежи и угнетување. Овие шпански преобратеници, откако ќе го прифателе исламот, станувале најверни приврзаници. Тие, како самите, така и нивните семејства, спротивно на раскошниот и распуштен живот на арапската аристократија, се поведувале по начинот на живеењето на искрените и длабоко богобојазливи муслимани.

Христијанските историчари пишуваат дека за време на исламските освојувања опаднале старите готски доблести, дека претераната љубов спрема жените го зазела местото на овие крепосни својства во однесувањето на луѓето, така што тргнале кон лош пат, поради што исламската власт е доживеана како казна од Севишниот, но овие објаснувања на црковните историчари според сведоштвото на новата историја не можат да се примат.

Навистина, со текот на времето не се забележувале траги на подобрување на нивната состојба. Тогаш бискупите присуствувале на посебните церемонии на дворовите на владетелот; нивните позиции им се продавани на блиските. Поставувани се на високи позиции, за да бидат водачи на човештвото, личности осомничени за безверие, а тие на пониски позиции определувале прости и некрепосни попови.

Се мисли дека лицата кои се одрекле од верата, чиишто попови стекнале слава поради својот неморален живот, кои сакале за својата душевна и морална егзистенција во исламот да дишат почиста атмосферане се само христијаните од околината на Елвира. Да сакале црковните историчари да запишуваат во своите книги, ние би ја нашле сета сила на примерите на оние кои поради неморалните постапки на поповите ја напуштале Црквата во Шпанија. Баудот, кој за време на Лудевит Побожниот заземал позиција на висок свештеник на францускиот двор, во 838 година преминал во еврејството за да може, според неговите зборови, напуштајќи го грешниот начин на живеење, постепено да се однесува според божествените закони. Бискупот Егила, кој на крајот на VIII век е испратен меѓу христијаните во јужна Шпанија за да го запре дејствувањето на исламското влијание, ги осомничил шпанските попови за конкубинат (држење куртизани).

Христијанската секта аријанизам во особена форма, која веќе постоела кај старите Готи, оживеана е во шпанската црква малку пред арапската наезда и применувана во дело. Нема сомнение дека оваа секта ги приготвила човечките умови да ја примат новата вера, чиешто учење ѝ било поблиско нејзе отколку на христијанството. Може да се забележи дека во Западна Европа до арапската наезда тоа бил прв случај на преобратување. Така се преобратил еден Византинец (Theodiclus) кој во 636 година дошол на бискупска позиција во Севиља наместо св. Изидор. Бидејќи тој не верувал дека Исус, соединет со Таткото и со Светиот Дух, го претставува Бог, туку дека Бог само го сторил за Свој син, симнат е од духовната позиција. На ова Теодосик се откажал и им се приклучил на Арапите, така што меѓу нив и се преобратил.

Продолжува...


Постирано од: pHp
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 12:23
MalcomX проверив за се што пишуваш низ интернетов, се е апсолутно точно во врска со предходниот пост. Секоја чест за тоа.
Има само два битни моменти кои сакам да верувам дека ненамерно се пропуштени. Исламот во Шпанија, не се шири како резултат на пропаганда и чиста вистина, туку по пат на војна, освојување и насилство. Огромен дел од Шпанците (робовите),биле принудени да го прифатат Исламот. Значи, не го прифатиле по своја волја.
Второ, ренесансата не започнува во Шпанија, туку во Италија, а е резултат на истите ставови и гледишта на светот помеѓу група научници и уметници кои функционираат во приближно ист период. Говорам за Џордано Бруно, Готриф Лајбниц, Исак Њутн, Никола Коперник, Леонардо да Винчи, Микеланџело и т.н.
Сите биле закоравени Католички Христијани.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство


Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 14:15


Влијанието на толеранцијата на Арапите врз христијаните

На почетокот на исламското освојување не се слушнал ниеден случај на напаѓање на верата, ниту на присилно преобратување. И навистина, една околност која најмногу помогнала во освојувањето на Шпанија е таа што арапските освојувачи заземале толерантен став кон христијанството. Христијаните единствено можеле да се пожалат на нивните господари, што со нив инаку постапувале во поглед на земањето на давачки, односно што земале главарина: од богатите 40, од средно имотните 20, а од занаетчискиот сталеж 12 драхми. Бидејќи оваа давачка ја собирале во замена за воената должност, ја земале само од потполно здравите мажи, додека децата, жените, сиромашните, калуѓерите, сакатите, болните и робовите биле ослободени од давање. Бидејќи овој данок го собирале христијанските чиновници, тие немале толку маки и страдања.

Во споровите кои не оделе на штета на исламските закони, кога и обвинителот и обвинениот се христијани, им судел истоверен судија според нивните закони, така што никој не им се мешал во верските работи. Обредот на бескрвната жртва, кој е еден од чистите католички обреди, се извршувал покрај запалена кадилница и ѕвонење на ѕвоната. Држеле и проповеди, пееле побожни песни, накратко, црковните обреди ги извршувале според обичајот. Јасно е дека таму не биле принудени, како во Сирија и Египет, поради понижување на нивниот сталеж да облекуваат поинаква облека. Во IX век христијаните, освен свештенството, се облекувале како Арапите. Некогаш добивале дозвола да изградат нови цркви. Во историските дела од тие времиња читаме дека муслиманските чиновници не се мешале во тоа што христијаните одново основале манастири за монасите и калуѓерките. На јавните места се гледале монаси со волнени мантии (хабити) според прописите на нивниот ред, а свештениците не чувствувале потреба да ги кријат знаците на својата вероисповед. Истовремено, не ги запоставувале христијаните земајќи ги во служба на дворот и на високи позиции.

Изгледа дека немало повод за жалби за христијаните кои се помириле со тоа што ја изгубиле политичката моќ. Заслужува внимание и таа око¬лност дека во целиот VIII век е крената само една буна и тоа во местото Беџа (Beja) поради постапката на еден арапски главатар. Сигурно не се наоѓале во подобра состојба и нивните истоверници кои се преселите во внатрешноста на француската граница со желба да живеат под христијанска власт. Напротив, кога Карло Велики се враќал од Шпанија во 812 година, христијанските иселеници кои ја следеле неговата војска толку се малтретирани од страна на неговите офицери што бил приморан да посредува заради нивна заштита. Лудевит I Побожниот (le Debonnaire), кој по него дошол на власт, издал специјални наредби во корист на бегалците, бидејќи дворјанството ги грабнало имотите кои им се дадени на спомнатите бегалци, поради што овие биле принудени повторно да се жалат. Ова насилство, иако било прекинато за некое време, сепак подоцна повторно се појавило. Наредбите издадени во корист на заробениците ја направиле нивната состојба уште понеподнослива. Овие несреќници кои, бегајќи од исламската власт, се фрлиле во прегратките на сочувството на своите христијански браќа, уште еднаш ги гледаме изложени на малтретирање и беда.

Толерантниот став кој го заземала исламската држава во Шпанија и слободните допири на приврзаниците на двете вери направиле овие две заедници донекаде да се измешаат. Изидор од местото Беџа, кој фрла дрвја и камења против муслиманските освојувачи, без приговор го забележал венчавањето на вдовицата на кралот Родерик со Абдулазиз б. Муаз. Мнозина христијани земале арапски имиња и макар што тоа било и привидно, следеле некои обичаи на своите соседи муслимани. На пример, некои ги обрежувале своите деца. Мнозина кои го носеле името „некрстени пагани“ ги имитирале муслиманите во јадењето и пиењето. Изразот „Музараб“ е искривен од „мустареб“ (поарабени), под кој се подразбираат шпанските христијани под арапска власт, со своето соочување укажува на околностите во кои се живеело, во себе го содржи значењето на околностите во тој поглед. Учењето на арапскиот јазик брзо го зазело местото на учењето на латинскиот јазик во цела Шпанија. Латинскиот јазик, јазик на христијанската теологија, постепено паѓал во заборав, така што дури свештениците од високите позиции биле засрамувани поради непознавањето на латинскиот јазик. Сигурно не можело за овие работи да се очекува повеќе внимание и настојување од оние кои не биле духовни лица. Еден шпански писател поради ова, во едно дело напишано во 854 година, ги укорува своите сограѓани христијани:

„Додека ние ги студираме светите доктрини на муслиманите, додека се состануваме со нив за да ги научиме нивните философски правци или, поточно, нивното мудрословно толкување, додека ние го правиме тоа не со намера да ги побиеме нивните заблуди, туку занесени со убавината на нивниот јазик и со привлечноста на нивната елоквенција, го занемаруваме Евангелието. Каде можеме сега да најдеме учен човек кој ќе се посвети во проучувањето на латинското дело на оците кои се нурнале во студирањето на нашите свети писма (книги). Нашата христијанска младина, богата со зборови и со господарско однесување, се гордее со туѓата наука. Опиени се со арапската елоквенција. Со уживање ги студираат арапските книги, речиси ја голтаат нивната содржина. Додека тие немаат поим за црковната книжевност или, поточно, додека со презир гледаат на црковните порои, кои течат од рајот, се фалат со бомбастичната елоквенција на исламските дела. Христијаните толку слабо ги знаат законите на својата вера, толку малку внимание обрнуваат на својот латински јазик што одвај меѓу нив има еден на илјада кој би можел да напише, а да се разбере најобично писмо: да запраша за здравјето на својот пријател. Меѓутоа, ги има од сите сталежи поради разгледувањата вмешани меѓу арапските реторичари. Тие можат да пишуваат арапски песни чиишто стихови завршуваат со иста буква и во тоа се прославиле повеќе од туѓинците (Арапите).
Бидејќи биле опседнати со светлината на арапската книжевност, која силно ги привлекувала, оние кои сакале да се запознаат со христијанските дела имале малку учебнички материјал. Дури учителите со тешкотии наоѓале и обични податоци. Со текот на времето овие педагошки мерки растеле. Овој арабизиран народ, во една молба испратена до арагонскиот крал Алфонсо, вели: ‚Ние, како и нашите старатели, до денес сме воспитувани меѓу туѓинци. Бидејќи сме христијани, ги исполнуваме христијанските верски заповеди, но за да добиеме достојна обука за нашата света вера, тоа не зависи секогаш од нашата моќ, бидејќи им припаѓаме на неверниците кои ни чинат насилство. Не сме се осмелиле да бараме учители од папата или од Франција, а тамошните учители сепак не можеле сами од себе да ни дојдат, стравувајќи од неверниците на кои сме принудени да им се покоруваме.‘“

Продолжува...


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 14.Март.2012 во 15:15
Originally posted by MalcolmX MalcolmX напиша:


А јас ти реков не ме интересира кој е што е, а уште помалце твојата историја и минато. Туку само како пример го наведив тоа со грците и бугарите, а не дека ме интересира мене грчката, бугарската, албанската или не знам си која друга политика и историја, затоа што на балканот секој тврди дека е своја вистина и никако да се докаже тоа.
Мене најповеќе ме интересира Исламската Историја.
А тоа кој е залутан а кој не ќе покаже времето...

Најкратко.

Исламска Историја на Вероисповед. Ова не е верски подфорум.

А  со тој твој тон за кој е залутан , можиш да му се обраќаш на твоите следбеници , мене не.

Па затоа темата ќе оди под катанец. А ти твоите проповоди за верата и нејзините цели продолжи да ги искажуваш на Вероисповед.

Поздрав 


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk