Дајте локација за добра слика
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25502
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 18:37 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Дајте локација за добра слика
Постирано од: nikola_kiro
Наслов: Дајте локација за добра слика
Датум на внесување: 17.Февруари.2012 во 13:08
Добар предлок за добра локација низ Македонија нормално за добра фотографија
|
Коментари:
Постирано од: ptr
Датум на внесување: 18.Февруари.2012 во 12:05
Здраво :-) еве малку на "шала", а малку и на озбилно, предлог за добра фотографија: Скопје, Охрид, Кичево, Куманово, Гевгелија, Штип и сите останати градови, заедно со околните планини, езера и езерца, реки, долини, ливади, бавчи, градини, стари фабрики и објекти од секој вид, од стари, па до нови градби, патишта, ако си за шетање, што е одлично, а за добра фотографија, понекогаш не мора да излезеш ни од дома или да одиш подалеку од дворот, бидејќи мислам дека ништо не ти е добар гарант за добра фотографија, во даден момент и на дадено место. Не знам дали ти беше ова од помош, но не гледам други предлози. Поштованка.
------------- http://www.flickr.com/photos/50580534@N03/ - http://www.flickr.com/photos/50580534@N03/
|
Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 18.Февруари.2012 во 12:16
ptr убаво кажа Не мора да одиш на екскурзии низ цела држава,убави фотографии можеш да направиш и дома и во својот двор,инспирирај се со некои слики од интернет и потоа ќе ти дојдат безброј идеи (свои идеи). Поздрав и потоа сакам да ги видиме тука.
------------- I just wanna feel real love.
|
Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 18.Февруари.2012 во 19:31
Зависи каква фотографија сакаш, пејсаж, улична, макро итн... Иначе, во принцип, добра фотографија може и да лежи во моментов пред тебе, само треба да ја видиш. Само користи го најдобриот окулар, твоите очи и секако имагинацијата
А за пејсажи, верувам за нив прашуваш, пууу, имаш која сакаш планина во земјава, природни и вештачки езера, стари напуштени села и градови, секаков вид на архитектура, па Кокино, па Мариово, па Вевчани и мнооогу други... Имаме што ти душа сака, само море и танга нема да најдеш...
И кај и да одиш, не го заборавај апаратот!
|
|