Испечати | Затвори го прозорот

Буквите „Ќ“ и „Ѓ“ остануваат без примена ... ....

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25417
Датум на принтање: 18.Јули.2024 во 19:52
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Буквите „Ќ“ и „Ѓ“ остануваат без примена ... ....
Постирано од: Blue Scarlet
Наслов: Буквите „Ќ“ и „Ѓ“ остануваат без примена ... ....
Датум на внесување: 23.Јануари.2012 во 13:20
Одамна ме иритира а сега веќе станува и неподнослива замената на буквата „Ќ“ со буквата „Ч“ како и замената на буквата „Ѓ“ со буквата „Џ“ во секојдневната употребата. Порано можеше најчесто да се слушне во скопскиот „сленг“ а помалку во останатите, но сега веќе и медиумите не го почитуваат литературниот македонски јазик па често може да се прочита нешто како големиот билборд за концертот на Здравко ЧолиЧ, натпис со наслов „Жељко ЈоксимовиЧ во Скопје“ .... И нели Новак ЏоковиЧ .... Фиќото и денес останува ФиЧо.... Ѓоко многу почесто се слуша како Џоко ....
Прашањето е зошто кога веќе не сме како нашите соседи од Бугарија и кога веќе ги имаме овие букви во нашата азбука самите го бришеме нивното постоење?


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!




Коментари:
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 23.Јануари.2012 во 14:02
Не е дека медиумите не сакаат да се придржуваат кон правилниот правопис, ама кутрите, толку знаат, сега доаѓаат нови и сè понеписмени генерации кои мислат дека така треба да се напише. тага Само погледни ги преводите на Сител на филмовите и сè ќе ти стане јасно. А1 беа подобри донекаде.
 
Што се однесува до овие букви, тој што ги пишувал плакатите за Чолиќ се водел од тоа дека така му се слуша Чолич (од српското Чолић)... голема насмевка истото важи и за Ђоковић.


-------------


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 23.Јануари.2012 во 14:20
За преводите не сакам ни да помислам .... не слушам
Па може и ќе се воведе ново правило во македонскиот правопис „Водење по слух“ за да се оправда неписменоста ... голема насмевка


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Јануари.2012 во 16:06
Браво Скари.Многу паметна и корисна забележка .
 
Јас само следново ќе кажам по темата :Вие Македонците големи претензии имате да бидете посебна нација. Тоа е убаво. Дури 133 држави во светот ве признале.Ама штом имате претензии за посебна нација говорете на собствениот си јазик ,а не да сретнуваме зборови како
 
карти-билети
 
зборувам-говорам
 
одма-веднаш
 
кладилница-обложувалница
 
монструм-чудовиште
 
Сте направиле лом од собствениот си јазик


Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 25.Јануари.2012 во 18:56
Golema blagodarnost do Blaze Koneski(najgolemiot krvnik na makedonskiot jazik) sto ni ja uniti edinstvenata vrska so Makedonstinata i jazikot....oti bil bugarski de...смеење

Sega ne e Bugraski...sega e kurac od ovca rogusa...morame da go kitime kako grda nevesta so pridavki i dodavki za da bide barem malku poubav i veren na...Srpskiot


-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes


Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 25.Јануари.2012 во 19:04
ah da...zamalku ke zaboravev

Vatikan ni ja slavi pismenosta a nie ja frlivme vo kanta za gjubre...to nema ni u Beograduсмеење


-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes


Постирано од: Miss.Independent
Датум на внесување: 26.Јуни.2013 во 20:48
Истото се случува и со Љ.Наместо фотеља ми викаат фотеЛЈА
Прљаво-прлаво
Ваљда-валда



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk