Форматирањето означува подготвување на некој медиум, обично хард диск,
за читање и пишување. Кога форматирате некој диск, прво се бришаат сите
информации на дискот, се тестира дискот да се провери дали сите сектори
се читливи, се обележуваат лошите сектори (анг. bad sectors) и се
креира адресна табела која подоцна се користи за да се лоцираат
информациите на дискот. Важно
е да се напомени дека при форматирањето на дискот податоците не се
бришат физички, туку се бриши само адресната табела (тоа означува дека
со соодветен софтвер иако е форматиран хард дискот ќе можете да си ги
вратете податоците). Пред да започнете со процесот на форматирање
осигурајте се дека имате направено резервна копија од податоците на
дискот или партицијата што сакате да ја форматирате. Форматирање на втор хард диск или партиција
Ако имате инсталирано Windows XP и сакате да форматирате одредена
партиција од хард дискот или друг хард диск тогаш тоа можете да го
направите директно преку Windows-от или преку некој друг софтвер
наменет за таа работа (пр. Partition Magic). Форматирање преку Windows: Чекор 1 Осигурајте се дека имате направено резервна копија од податоците на дискот што сакате да го форматирате Чекор 2 Десен клик на иконата „My Computer“ и од контекстното мени изберете „Manage“. Чекор 3 Ќе ви се отвори прозорец како на слика 1.
Од менито кое се наоѓа од левата страна изберете „Disk Management“(1).
Сега од десна страна ќе ви се покажат информации за сите партиции и
хард дискови кои ги имате во компјутерот. Тие се прикажани во две
форми: текстуално (2) и графички (3). Најдолу (4) има легенда на боите
со кои са обележани партициите. http://www.makpcworld.com/wp-content/uploads/2007/06/sl1.JPG"> Слика 1 Чекор 4
За да форматирате одредена партиција од хард дискот со десен клик од
маусот одете врз партицијата и од менито што ке ви се појави изберете
Format… После тоа од дијалог прозорецот што ќе ви се отвори во полето
Volume Label (1) напишете го името на партицијата, во полето File
System (2) изберете NTFS и во Allocation unit size (3) изберете ја
опцијата Default како што е прикажано на слика 2. http://www.makpcworld.com/wp-content/uploads/2007/06/sl2.JPG"> Слика 2 Чекор 5
За да форматирате цел хард диск кој е додаден како секундарен во
системот, најпрво ако на дискот постојат партиции треба да ги
избришете. Тоа може да го направите преку десен клик на маусот врз
одредената партиција и да ја изберете опцијата Delete Logical
Drive…Откако сте ги избришале логичките партиции треба да ја избришате
и Примарната партиција. Тоа може да го направите на истиот начин само
што сега ја избирате опцијата „Delete Partition…“ Чекор 6 Откако сте ги избришале партициите сега секундарниот диск ќе биде означен како „Unallocated“
и обележан со црна боја. Следно што треба да направите е со десен клик
од маусот да одете врз вториот хард диск и да ја изберете опцијата „New Partition…“ со која ќе ви се појави волшебник за креирање на нови партиции. Чекор 7 Во New Partition Wizard кликнете на Next. Селектирајте ја опцијата „Primary
Partition“ и кликнете Next. Од следната страна големината на
партицијата ќе биде максимум. Ако саката да го поделите хард дискот на
две партиции тогаш за големината изберете на пример половина од
големината на хард дискот и кликнете на Next. Чекор 8 На крајот New
Partition Wizard ќе ве праша дали сакате да ја форматирате
новосоздадената партиција и ако да, во кој формат да ја форматира.
Спред потребите изберете FAT32 или NTFS. Внесете го името на новата
партиција во „Volume label“ , а во полето „Allocation
unit size“ изберете ја опцијата „Default“. Во зависност од големината
на дискот треба да почекате неколку минути додека да заврши
форматирањето. Форматирање хард диск користејќи го Windows XP инсталационото CD Во
овој дел ќе ви објасниме како можете да форматирате хард диск
користејќи го инсталационото CD на Windows XP. Овој начин на
форматирање на хард дискот може да се искористи ако сакате да
инсталирате свежа копија на Windows XP. Ако имате податоци на хард
дискот што ви се потребни тогаш направете резервна копија од нив. Чекор 1 Во CD или DVD ромот ставете го Windows XP инсталационото CD и рестартирајте го компјутерот. Чекор 2
Осигурајте се дека во BIOS-от ви е наместено CD/DVD како прв бутабилен
уред. Тоа можете да го направите ако влезете во Setup програмата на
BIOS-от. Во зависност од BIOS-от во таа програма се влегува преку
притискање најчесто на копчето Дел од тастатурата на почетокот додека
се иницијализира системот. Најдете ја опцијата Boot Sequence (или кај некои BIOS-и е Boot Device или Boot Order). Наместе те го CD/DVD ромот како прв бутабилен уред, зачувајте ги промените и излезете од BIOS-от. Чекор 3 Сега кога се покренува системот на екранот ќе ви се појави порака „Press any key to boot from CD..“ Притиснете кое било копче од тастатурата и бутирањето од ЦД-то ќе започне веднаш. Чекор 4 Ќе ви се појави син екран како на слика 3. Треба
да почекате малку додека Windows-от да ги лоадира фајловите кои му се
потребни. Откако ќе заврши со лоадирањто на фајловите ќе ви се појават
неколку опции. Една од нив е „Press ENTER to set up Windows XP“ и притиснете ENTER
од тастатурата. За да продолжите понатаму треба да се согласите со
условите притискајќи го функциското копче F8 од тастатурата. http://www.makpcworld.com/wp-content/uploads/2007/06/text-1.jpg"> слика 3 Чекор 5
Нареден екран што ќе ви се појави е да изберете каде да се инсталира
Windows-от прикажувајќи информации за хард дискот и партициите.(Слика 4). Овде е местото каде што ќе ги избришете старите партиции и ќе го форматирате хард дискот. http://www.makpcworld.com/wp-content/uploads/2007/06/partition.png"> http://www.makpcworld.com/wp-content/uploads/2007/06/partition.png - Слика 4 Чекор 6
Ако вашиот хард диск е нов и не е форматиран тогаш ќе е обележан како
„Unpartitioned spaces“. Доколку на вашиот хард диск веќе има направено
партиции тие ќе бидат обележани соодветно со буквите C:\, D:\ итн.
Следниот чекор што треба да се направи е да се креира партиција. Од
менито (1) ја избираме соодветната команда (за креирање на партиција
треба само да притиснете на копчето C од тастатурата). Доколку имате
партиции треба да ги избришете со притискање на копчето D од
тастатурата. Од како сте ја избрале соодветната команда (во овој случај
C) продолжуваме со наредниот чекор. Чекор 7
Сега ќе можете да ја изберете големината на партицијата така да
максималната и минималната големина која може да биде партицијата е
дадена. Максималната големина зависи од големината на хард дискот.
Доколку сакате да создадете две или повеќе партиции, што е
препорачливо, внесте ја големината на првата партиција изразена во MB.
За да започне креирањто на партицијата притснете го копчето ENTER од
тастатурата.(слика 5) http://i176.photobucket.com/albums/w162/makpsworld/partition2.png"> Слика 5 Чекор 8 Сега партициите би изгледале како на слика 6.
Во овој случај имаме направено само една партиција. Освен создадената
партиција има уште еден дел кој исто така е обележан како
„Unpartitioned spaces“ со големина од 8MB. Не грижете се за него,
оставете го како што е. Избирате на која партиција сакате да се
инсталира Windows XP и потврдувате со ENTER. http://i176.photobucket.com/albums/w162/makpsworld/partition3.png"> Слика 6 Чекор 9
Сега ќе ви се појави во кој фајлов формат сакате да биде форматирана
соодветната партиција. Движејќи се со стрелките од тастатурата можете
да изберете два метода на форматирање: FAT32 кој може да биде брз
(Quick) и нормален и NTFS кој може да биде брз (Quick) и нормален. Со
притискање на ENTER потврдувате за методот со кој сакате да ви биде
форматиран хард дискот. Препорачливо е да изберете NTFS. Од овде можете да продолжите со инсталацијата на Windows XP
-------------
|