Испечати | Затвори го прозорот

Музички времеплов

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Музика
Опис на форумот: Жанрови, спотови, групи, награди, концерти...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25027
Датум на принтање: 24.Август.2019 во 23:54
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Музички времеплов
Постирано од: Santijago
Наслов: Музички времеплов
Датум на внесување: 25.Октомври.2011 во 17:36

Епа и ваква тема немаше, редно беше да се отвори.

 
Музички времеплов или на денешен ден во светот на музиката........................
 
Настани, случувања и слично....
 
 


-------------
I'm out bcz of pathetic around here



Коментари:
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 25.Октомври.2011 во 17:38

25 октомври

1950 - Роден е Chris Norman од Smokie. 'Living Next Door To Alice'
1974 - Додека Al Green се тушира во својот дом во Мемфис, неговата поранешна девојка Mary Woodson влегува во бањата и му фрла врел песок, а потоа се самоубива. Green завршува со изгореници од втор степен.
1986 - Bon Jovi доаѓаат на првото место на американската албумска листа со 'Slippery When Wet'. Албумот во светски рамки се продава во над 8 милиони копии, а го содржи хитот 'Livin' On A Prayer'.
1997 - Откако се онесвестува на сцената додека свири гитара, Johnny Cash открива дека е болен од паркинсова болест.
2001 - 13 правни фирми се вклучени во поделбата на имотот на Jerry Garcia од Grateful Dead, 6 години по неговата смрт. Неговите поранешни жени и девојки продолжуваат со кавгите која колкав дел треба да добие.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 27.Октомври.2011 во 06:07

27 октомври

 
 
1958 - Роден е Simon Le Bon од Duran Duran.
1977 - UK No.1 Baccara 'Yes Sir, I Can Boogie'
1988 - Филмот на U2, 'Rattle And Hum', добива светска премиера во Даблин.
1989 - Басистот на U2, Adam Clayton, е казнет за возење во пијана состојба и над дозволената брзина. На истиот ден во 98-ма и еротската моделка и пејачка, Samantha Fox, уапсена е поради возење во пијана состојба.
1990 - Michael Waite од Musical Youth добива 5 години затворска казна поради кражба.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 28.Октомври.2011 во 13:12
28 октомври
 
 
 
1972 - Одделот на ОН за светски прашања како своја официјална химна ја зема песната на Who, 'Join Together'.
1974 - UK No.1 Ken Boothe 'Everything I Own'
1982 - Jam најавуваат дека се распаѓаат на крајот од тековната британска турнеја.
1997 - Тапанистот на R.E.M., Bill Berry, ја напушта групата по 17 години членување.
2001 - UK No.1 Afroman 'Because I Got High'
2004 - Courtney Love мора да се појави на суд поради смртоносен напад на Kristin King, девојката на нејзиното поранешно момче.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 01:40
28 oktomvri

1963-Roden e Eros Luciano Walter Ramazzotti.


-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 03.Ноември.2011 во 10:46
03 ноември

1948 - Родена е Marie Lawrie, односно Lulu. 'Shout'
1954 - Роден е Stuart Goddard, попознат како Adam Ant. Како дел од Adam And The Ants 'Prince Charming'.
1999 - Првиот британски музеј на поп музиката 'The National Centre for Popular Music' спасен е од банкрот, откако кредиторите се согласиле на договор. Музејот имал милионски долгови.
2000 - EMI Records им даваат отказ на Simple Minds. Бендот во текот на 80-те продал над 30 милиони албуми, но продажбата опаднала на крајот од 90-те.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 20.Декември.2011 во 10:13
20 декември
-1957 - Родена е Anita Ward. 'Ring My Bell'
-1969 - Rolling Stones се искачуваат на првото место на британската албумска листа со 'Let It Bleed'.
-1973 - На 37 години од срцев удар умира Bobby Darin . La mer (Beyond The Sea)
-1986 - USА No.1 Bangles 'Walk Like An Egyptian'
-2001 - Tommy Lee својата поранешна сопруга Pamela Anderson ја нарекува неспособна мајка. Во борбата за старателство над нивниот син, музичарот изјавува дека синот ја мрази својата мајка и од неа научил пцовки.


-------------
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...


Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 10.Јануари.2012 во 13:22
          10 januari
-1927 - Роден е американскиот тин идол Johnnie Ray. 'Just Walking In The Rain'
-1945 - Роден е пејачот и тексописец Rod Stewart, дел од Jeff Beck Group и Faces и соло изведувач. Baby Jane
-1976 - На крајот на британската турнеја, Deep Purple се разидуваат. Познатиот состав од Blackmore, Gillan, Glover, Lord и Paice ќе се реоформи како Deep Purple во 1984 г.
-2000 - На Sean Conlon, еден од членовите на Five, понудено му е да игра за рагби тимот Hunslet Hawks откако тренирал со нов во текот на божиќните празници


-------------
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 16.Ноември.2012 во 05:26
Музички времеплов16 ноември
1969 - Роден е Bryan Abrams од Color Me Bad. 'I Wanna Sex You Up'
1985 - Sade го добива својот прв британски бр.1 албум 'Promise'. The Sweetest Taboo
1987 - Topper Headon, поранешниот тапанист на Clash, добива 15-месечна затворска казна зашто снабдувал со хероин човек што подоцна умрел.
1988 - Поранешниот менаџер на Beach Boys, Stephen Love, добива 5-годишна условна казна заради проневера на скоро 1 милиони долари од заработката на групата.
2002 - Тексашкиот мултимилијардер David Bonderman побарал од Rolling Stones да свират на забавата во Лас Вегас по повод неговиот 60-ти роденден. Хонорарот што им го исплатил бил 4,4 милиони долари.


-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 28.Ноември.2012 во 10:20
28 ноември
1943 - Роден е пејачот и композитор Randy Newman.
1968 - Родена е Dawn Robinson од En Vogue. 'My Lovin Never Gonna Get It'
1979 - Куќата на Ringo Starr во Лос Анџелес уништена е од пожар.
1992 - UЅА No.1 Whitney Houston 'I Will Always Love You'
2000 - David Bowie е прогласен за најмузикален музичар во анкета на магазинот NME. Анкетата била составена според мислењето на стотици рок и поп ѕвезди кои имале за задача да го именуваат музичарот што бил нивно најголемо влијание.
2000 - Во лондонската Brixton Academy Madonna го има првиот концерт во В.Британија по повеќе од 7 години. Цената на влезниците достигнувала и до 1.000 фунти.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Ноември.2013 во 14:03


-------------


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 09:21
На денешен ден пред 34 години се родил Тоше Проески!




-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk