Испечати | Затвори го прозорот

Донации за Дарија Калиновска!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24992
Датум на принтање: 28.Април.2024 во 20:21
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Донации за Дарија Калиновска!
Постирано од: Santijago
Наслов: Донации за Дарија Калиновска!
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 12:03

Дарија Калиновска е родена на 25-ти декември 2008-ма година и веќе две години боледува од епилепсија. Таа секојдневно има напади од кои не може нормално да се движи, ниту пак да спие. Последнава година нападите се влошуваат од ден на ден. Дарија е резистентна на терапиите, а причината сеуште не е позната. Поради тоа семејството сака да ги направи сите испитувања кои за жал во Македонија ги нема.
Во наредниов период Дарија ќе оди во Рим во болницата Bambino Gesù каде ќе се направат испитувања и евентуално
лекување.
Изминатите две години семејството се исцрпи по многубројните прегледи во Македонија и странство па затоа им е потребна хуманитарна помош.

Телефонски број за донации:

070/143-122 (Т-Mobile);   

077/143-143 (VIP);   

075/143-171 (ONE)


Број на жиро сметка:

210 – 5016472508 – 48 (НЛБ Тутунка)
Име: Дарија Калиновска



-------------
I'm out bcz of pathetic around here



Коментари:
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 24.Ноември.2011 во 19:54
Со помош на хуманите луѓе кои несебично донираа за Дарија, семејството успеа да собере почетна сума за испитувањата на нивното мало храбро чедо. Дарија и нејзината мајка моментално се во Рим во болницата Bambino Gesù каде започнаа испитувањата на овој редок вид на епилепсија. Таа храбро ги поднесува инјекциите, ЕЕГ снимањата, анализите.

Хуманитарната помош сеуште е неопходна па ги потсетуваме граѓаните на отворените телефонски линии за Дарија на кои можете и вие да донирате. Да и дариме среќно детство!
  








-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 03.Февруари.2012 во 23:08
143 122-телефон за донација

По краткотрајното подобрување, за жал, состојбата на Дарија Калиновска е поторно влошена. Испитувањата во Рим не ја дадоа причината за болеста (Encephalopatia epileptica). Затоа, Дарија во февруари треба да замине во Париз во детската болница Necker кај еден од најдобрите детски невролози Olivier Dulac, со надеж дека таму ќе ја добие потребната помош. Добредојдена е секоја помош од хумание луѓе, телефоните за донации се активни, како и сметката. Ви благодариме за хуманоста!


-------------
I'm out bcz of pathetic around here



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk