Фатима со Алија проживеала возвишен брачен живот, верно и покорно. Иако Алија понекогаш бил строг и брзо се лутел, таа била трпелива и задоволна. Никогаш не и пречело што Алија бил сиромав. Алија исто така ги запознал нејзините доблести, нејзината сила и залагање во брачниот живот, па не престанал да ја спомнува во целиот негов живот. Во една прилика му рекол на Ибн А’беду: „Ибн А’беду, сакаш ли да ти кажам нешто за мене и Фатима.Таа беше ќерка на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, и нему најмило создание, а таа е моја жена.
Мелеше на воденица додека рацете не и се правеа рани. Вода црпеше со мешунката додека градите и вратот не ги повредеше. Куќата ја чистешеа се додека својата облека не ја испрашеше.Оганот под котелот го потпалуваше и така својата облека ја валкаше а тоа ја повредуваше.
Од Мисфер ибн Махрем се пренесувадека рекол: „Го слушнав Пратеникот како од мимберот вели: „Фатима е дел од мене. Ме мачи она што и неа ја мачи и ме навредува она што и неа ја навредува.“
Господару мој ова е моето семејство!
Името и е Фатима а прекар Ез-Зехра (жена со светло лице). Нејзиното име е прочуено во страниците на историјата. За нејзиното име се врзани семејства и династии и со тоа го истакнале својот углед. По нејзиното име е основана и држава по име Фатимија.
Нејзиниот татко е Мухаммед. Пратеник, и тоа е доволно...
Мајка и е Хатиџа бинт Хувејлид, а тоа е доволно...
Нејзиниот маж е Али ибн Ебу Талиб, внук на Абдул Муталиб, Хашимија, момче на к*рејшиите и јунак на исламот. Синови и се Хасан и Хусејн, а Пратеникови внуци, и најодбрани момчиња во Џеннет.Таа, Фатима, нејзиниот маж и нивните деца се Пратеникови најблиски и тој најмногу ги сакал.
Муслим пренесува кога е објавен ајетот:„Дојдете (па) ние да ги повикаме нашите синови ( а вие) вашите синови, нашите жени и вашите жени и ( да повикаме ) ние себе си и вие себе си’’,Тирмизи пренесува од Умму Селеме дека Пратеникот салаллаху алејхи ве селлем, им укажал чест на Хасан, Хусејн, Алија и Фатима кога покажал кон нив и рекол:„Господару мој, ова е моето семејство и тие се дел од мене.Сочувај ги од секаква нечистотија и ичисти ги онака како што Ти тоа го правиш.“
Наследство и воспитание
Цртите на човечкиот карактер и начинот на размислување го одредува судбината. Тие особини на човечкиот карактер најчесто се пренесуваат по наследен пат, по патот на гените од родителите и дедовците. Личните црти на човековиот морал, однесувањето и неговата личност се условени од средината во која живее а посебно од домот во кој се воспитува во детството. Тоа значи дека најголемо влијание во тоа имаат таткото и мајката. Сето ова е одредено со природната наука, морал и опшество. Тоа истото го утврдила и верата многу порано кога го утврдила влијанието на наследните гени, па вели:
„Одберете за себе соодветни“
Верата исто така го признала и влијанието на средината и поради тоа предупредува на убава жена од расипана средина. Што се однесува на наследните фактори на Фатима веќе биле предодредени, загарантирано најдобри и највозвишени, како и најугледна и најчесна домашна средина. Можеш да замислиш каква била девојката која што наследила од семејството к*рејшии она што Аллах сака, широкоградност од Хашимии, господство од Абдул Муталиб, чистота Абдуллахова,богобојазност Мухаммедова, доблеста на Хатиџа и на старата мајка Амина.
Замисли каква е девојката родена во куќа која што се градела од љубов, чија што ладовина била топлината на таткото кого што го викале “Поверливиот“ и мајка која што ја викале “Чиста“. Тој шампион меѓу момчињата а таа шампион меѓу девојките на племето к*рејш.!!!
Фатима е родена пред пратеништвото, во период кој не е прецизен во преданијата, зошто преданијата се разликуваат околу пет години, помалку или повеќе. Тоа секако не е од пресудно значење. Поважно би било да се рече дека таа е родена кога Аллаховата одредба ветувала на нејзиниот татко најголемо пратеништво од пратениците.
Тоа бил период на длабоко размислување и побожност, како и осаменост во пештерата Хира секоја година. И точно на четириесет години од неговиот живот Аллах му испраќа Објава да је пренесе на сите луѓе, а посебно на својот народ. Аллах сакал Фатима да се воспитува во тешки пратенички моменти, да расте во крило на пратеништвото. Како таква таа растела со пратеничка мисија и се развивала со нејзиното ширење. Доживеала, свесна или несвесна, тајно повикување на нејзиниот татко во Аллаховата вера, потоа опоменување и повикување на неговите најблиски,а после тоа кога по волја на Господарот јавно се испречи пред неверниците повикувајќи на брегот Сафа, тогаш се разгорил оган помеѓу него и неговиот народ кој што беше заслепен и вообразен, газеше во идолопоклонството, во заблудата на татковците. Почнаа да ја откоренуваат својата суровост и омраза.
Набргу потоа дојде и бојкот. Фатима заедно со Пратеникот, својата мајка и останатите членови од семејството била бојкотирана и ја почувствувала горчината на гладта како и болката на прогонството. Така Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, со своите правоверени пиел горки чаши од живото. Чаши со најтемни навреди и најголеми злосторства. Сето тоа Фатима го видела, почувствувала и проживеала. Сите овие случувања молскавично поминале низ нејзиното срце и оставиле длабоки бразди. Се обидувала да го заштити својот татко од сите тие непријатности. Што можеше правеше со рацете, а во моменти на крајна немоќ се обидувала со солзи и плач. Што би можело да доживее мало девојче чии што татко го злоупотребувале пред нејзините очи и уши освен болни поуки пропратени со солзи?
Еден ден Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, клањал во харем додека една група на дрски неверници седеле во близина. Испратиле еден бедник од нив, кој што дошол и на него фрлил заклано бравче. Пратеникот,салаллаху алејхи ве селлем, останал така на сеџда додека не дошла Фатима и го тргнала тој леш.Умми Џемила, жената на Ебу Лехеб, истурила нечистотија и ѓубре пред куќата на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем.Кога и да го направела тоа, Пратеникот и Фатима тоа го отстранувале и се трделе да ја вратат чистотата на местото на кое била истурена нечистотија.
Еден ден го сретнал еден расипник од к*рејшиите и му ставил прашина на главата. Пратеникот мирно се вратил дома а Фатима плачејќи го чистела тоа.
Најголема тешкотија таткото чувствувал кога гледал детски плач, поголема тешкотија од тоа е кога гледал солзи на девојче, а најтешко од сето тоа кога знае дека тие солзи се лично поради таткото. Пратеникот поради тоа, кога би видел солзи на своето девојче, велел: “Не плачи мила, Аллах навистина го штити твојот татко.“ Навредувањата продолжувале, а Пратеникот бил упорен во повикувањето се до Хиџра (Преселување во Медина). Пратеникот заедно со Ебу Бекр се преселиле во Медина а потоа го пратил Зејд ибн Харис и Ебу Рафија во Мека да ги донесат своите семејства. Го направиле тоа, а со нив дошла и неговата жена Севдету бинту Зема и неговите две ќерки, Фатима и Умми Кулсум. Пратеникот заедно со нив се населил во домот на исламот.
Алија и нуди брак на Фатима
Пратеникот имал четири ќерки и сите биле од Хатиџа. Најстарата од нив била Зејнеба, потоа Рукајја, Умми Кулсум и Фатима. Со Зејнеба се оженил Ебул Алибин Ребиа чија што мајка се викала Халет бинту Хувејлид. Рукајја и Умми Кулсум биле омажени за синови на Ебу Лехеб, Утбет и Утејб.
После објавата на ајетот:„Проклети да се рацете Ебу Лехебови, а тој е проклет (пропаднал)“, Ебу Лехеб и неговата жена ги приморале своите синови да ги остават Пратениковите ќерки.Се оженил со едната, а потоа со другата Осман Зун Нурејн.
Фатима била најмлада од сестрите, не била полнолетна до преселбата во Медина. Али ибн Еби Талиб сакал да ја побара за жена од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем. Во неколку наврати сакал да испрати стројници зошто го потикнувала желбата и љубовта, но во тоа го спречувале срамот и сиромаштијата.
Алија ни раскажува самиот како ја побарал за жена Фатима, р.а., па вели:“Сакав од Аллаховиот Пратеник да ја побарам ќерка му, но немав ништо од иметок. Се сетив на неговиот подарок кој ми го даде. Отидов и ја побарав. Пратеникот ме праша: “Дали имаш нешто од иметок?“ Одговорив дека немам, а тој повторно ме праша: “А каде ти е штитот кој што ти го подарив тогаш и тогаш?“ “Кај мене е“ реков.“ Дај и го“ рекол Аллаховиот Пратеник.
Со овој пример Пратеникот, салаллаху алехи ве селлем, им покажал на татковците кои ги мажат своите ќерки дека треба да олеснуваат, а не да ја отежнуваат мажачката, додека Алија им покажал на правоверните момчиња кои што немаат ни сребро ни злато да се потпрат на Аллах и на својата морална добрина, а Аллахово е да го помогне секое момче кое што сака добро.
Фатима им даде пример на девојките дека кај момчињата најмногу треба да се цени нивниот иман и нивниот морал. Динарите и дирхемите се безвредни во споредба со она што е во градите, а тоа е далеку поважно од она што е во рацете. Пратеникот пред асхабите изјавил дека најдобар мехр е оној кој е најлесен. За оној кој сака брак рекол: “Побарајте макар метален прстен.“ Кога асхабите го известиле дека еден се оженил со жена за четири оки сребро им рекол многу зачудено: „Како да копате сребро од овој брег.“
Такво било неговото практично подучување и совети. Со мажачката на своите ќерки својот говор го потврдува и со дело, а најубав украс на говорот е делото во него, најубава теорија е онаа која се потврдува со пракса. Прекрасен е прописот кој што е објаснет со самото извршување. Најкорисно воспитување е она кое стои на мораните вредности и на убавиот темперамент кој што во секој момент максимално делува.
Примерна свадба
Алија се венчал со Фатима, но неколку месеци не и се приближил. Дури после победата на исламот и муслиманите на Бедр тоа го направи.Така после успехот на муслиманите на Бедр Пратеникот и пријде на Аиша а Алија на Фатима. Како Аллаховиот Пратеник да сакаше да ја надополни веселбата со Аллаховите благодети.
Дали знаете што била Фатимината облека? Нејзината облека била кат од кадифе, перницата од кожа наполнета со палмини пердуви, мешунка за вода и два сада. Тоа беше руба на најугледните жени и Пратеникови миленички. А дали знеш каква била нејзината свадба? Џабир ибн Абдуллах вели: “Присуствував на Алијевата свадба и не сум видел поубава, куќата беше намирисана, не почастија со урми и суво грозје додека нивната постела таа ноќ беше со овчја кожа.“
Со оваа умереност и скромност е завршена среќната свадба, на ист начин на кој пред тоа е извршена и предложувањето на бракот, мехр, руба, без компликации, расипништво и претерување.
Пратеникот рекол, веројатно за нивната прва брачна ноќ: “Не правете ништо додека не ви дојдам.“ Потоа отишол и ја повикал Фатима. Излегла пред него од срам не зборувајќи ништо. Пратеникот рекол: “Не се двоумев да те омажам, а ти си ми најдрага.“ После тоа побарал малку вода, зел абдест,малку ги испрскал и рекол: “Господару мој, спушти го на нив својот благослов, направи го нивниот брак благословен а и нивниот пород благословен.“Небесата ја прифатија довата а Аллах го направи благословен породот на Алија и Фатима. Лозата на Пратеникот ќе беше прекината со исклучок на овој брак.
Взаемно помагање во животните обврски
Алија и Фатима во живот тргнале по пат кој не беше послан со цвеќе и мириси. Напротив, нивниот пат бил послан со боцки обоени во крв.
Тој бил сиромав човек. Од татко му не наследил ни сребро ни злато, а ни овци ни камили. Оставено му било самиот да го реши прашањето за егзистенција на овој свет. Патот во пустината да го копа со сопствените раце, како би се снабдил себе и своето семејство.Пред нив било и прашањето за џихад, борба на Аллаховиот пат и во непрекинатите учества во борбите кои ги водела исламската војска против непријателите, идолопоклониците, лицемерите, Евреите шпекулантите и колебливци.
Фатима со Алија ги делела сите животни тешкотии, обврската за џихад, напорите на пат по кој што оделе и во сето тоа заедно успевале, се поднесувале и трепеле. Му била најдобар помагач во извршување на верските обврски, и исполнување на дуњалучките потреби.
Покрај сите други обврски пред неа биле и домашните обврски, кои што во тоа време не било лесно да се извршат. Парчето леб кое што оди од рацете на трговецот во рацете на купувачот бара многу работа да се изврши пред тоа. Во таа време тоа било мелење на житото, месење, и подготовка на бедуински начин. Во домот немала слугинки или куќни помошнички. Сето тоа го правела пред неа Фатима, ќерката на Есад, мајка на Алија, голема одговорност имал Алија, зошто морал да биде праведен и да внимава на послушноста кон мајка му и мајчиниот мир. Од друга страна, морал да се грижи за жената и да внимава на неа. Трпеливоста не го напуштила. Успеал да ја подели работата и двете да бидат задоволни. На мајка му и рекол:“Ќерката на Пратеникот нека се грижи за водата и уште по нешто ако затреба.
Тебе ти се доволни работите околу куќата, мелењето и подготвување на храна. “Фатима сопругата и Фатима мајката не познавале ништо освен потпомагање, љубов и согласност. Кај нив не било присутно она што ја пореметува хармонијата во домот, а што е присутно кај многу снаи и свекрви. Таткото на Хасан (Алија) не се лакомел околу иметокот. Секоја врата во која влегувал дишела со халал обскрба. Еднаш работел кај една жена која што издржувала сираче, друг пат кај некој Евреин. Им црпел вода со кора а секоја кора била една урма.
Ова бил животот на Пратениковиот братучед и неговата сопруга, и ќерката на Пратеникот. Сето тоа било исцрпувачко за двајца млади луѓе. Кога Аллах му дарувал на Пратеникот нешто од воениот плен Алија и рекол на Фатима: “Црпев и носев вода така што ме болат градите, а Аллах му дарува на твојот татко нешто од воениот плен па појди до кај него, да ни даде помошник.“ Фатима рекла: “Јас, се колнам во Аллах, мелев на воденицата додека не добив плускавци на рацете.“
Отишла кај Пратеникот а тој ја запрашал:“Фатима, зошто дојде?“ “Дојдов да те поселамам.“
Понатаму Фатима раскажува дека се засрамила и се вратила дома. Кога Алија ја запрашал: “Што направи?“, рекла: “Ми беше срам да го прашам.“ Најпосле решиле да појдат заедно. Кога стигнале кај Пратеникот Алија рекол: “Божји Пратенику, толку многу работев и носев така што градите ме заболеа.“ Фатима додала: “Јас толку многу мелев така што рацете ми се заранија, а ти со Аллаховата волја доби нешто од воениот плен, па дај ни помошник.“
Што бил одговорот на милостивиот татко?! Неговиот одговор бил: “Еднакви се сите членови на заедницата.“
“Се колнам во Аллах, нема да ви дадам, а побожните пред џамијата да ги оставам со празни стомаци, зошто не наоѓам ништо што нив би им дал.“ Се вратиле Фатима и нејзиниот сопруг нога за нога, а малку потоа дошол Пратеникот. Тие двајца биле под прекривач, кој, кога би ги покриле нозете би ја откриле главата, и обратно. Кога станале, Пратеникот им рекол: “Ваша покривка, ваша постела?! Алија, сакате ли да ви кажам нешто поубаво од она за што ме прашавте?“ “ Секако“ - одговориле. Пратеникот им ги кажал зборовите на кои го подучил Џибрил: “После секој намаз речете десет пати СУБХАНАЛЛАХ, десет пати ЕЛХАМДУЛИЛЛАХ и десет пати АЛЛАХУ ЕКБЕР. Кога ќе тргнете да легнете проучете триесет и три пати СУБХАНАЛЛАХ, триесет и три пати ЕЛХАМДУЛИЛЛАХ и триесет и три пати АЛЛАХУ ЕКБЕР. Ова ви е подобро од слуга ( помошник) .“
Алија пренесува: “Се колнам во Аллах овие зборови не ги изоставив откако не подучи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем.
Што им направил Пратеникот освен што им додал нова обврска на нивните физички обврски, додал една духовна обврска повеќе? Но, на познавачите не им е непознато дека обземеноста на високите, духовни цели го елиминираат физичкиот замор.
Ги оживува на дуњалукот срцата на жителите на идниот свет.Така човекот живее на земјата како да е жител на небото.
Познавајќи го тоа Пратеникот, салалаху алејхи ве селлем, препорачувал пост со зборовите: “Во мене имате пример. Ноќите ги поминувам во размислување а Аллах ќе ме нахрани и напои.“
Понекогаш кај Алија и Фатима се случувало она што се случува кај сите сопружници. Се случувале мали несогласувања. Кога тоа ќе стигнело до Пратеникот тој ќе изговорел некој збор или ќе се насмевнел, додека не поминел моментот на лутина и додека шејтановото око не би било исфрлено.
Никогаш не се обидувал да биде бранител на својата ќерка обвинивајќи го нејзиниот маж. Секогаш бил праведен судија помеѓу нив и мудар лекар.
Бухари пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, во една прилика дошол кај Фатима, и бидејќи не го нашол Алија дома, ја запрашал на Фатима:“ Каде ти е мажот?“ Таа му одговорила: “Малку се скаравме па излезе и сеуште не се вратил.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, му рекол на некој асхаб да го побара.
Човекот се вратил и на Аллаховиот Пратеник му рекол: “Аллахов Пратенику, ене го во џамијата.“ Пратеникот отишол и го нашол како спие. Наметката паднала од него и прашина имало врз него. Ја истресил прашината и го довикал: “Стани ти по кого се разнесе прашината!!!“ Тоа го повторил два пати. Алија станал и се вратил во својата куќа и жена а лутината во него исчезнала како што исчезнуваат летните облаци. На брачното небо се вратиле ведрината и бистрината.
Ебу Амр пренесува...“Алија и Фатима се скараа. Во тој момент влезе Пратеникот и не излезе додека не ги смири. Му рекле: “Кога влезе беше со едно расположение, а кога излезе на твоето лице видовме среќа (ведрина).“ Пратеникот рекол: “Зошто да не, кога помирив двајца мои најдраги.“
Фатима со Алија проживеала возвишен брачен живот, верно и покорно. Иако Алија понекогаш бил строг и брзо се лутел, таа била трпелива и задоволна. Никогаш не и пречело што Алија бил сиромав. Алија исто така ги запознал нејзините доблести, нејзината сила и залагање во брачниот живот, па не престанал да ја спомнува во целиот негов живот. Во една прилика му рекол на Ибн А’беду: „Ибн А’беду, сакаш ли да ти кажам нешто за мене и Фатима. Таа беше ќерка на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, и нему најмило создание, а таа е моја жена. Мелеше на воденица додека на рацете не се појавија рани, вода црпеше со мешунка додека градите и вратот не ги повредеше. Куќата ја чистешеа се додека својата облека не ја испрашеше. Оганот под котелот го потпалуваше и така својата облека ја валкаше а тоа ја повредуваше.
Положбата на Фатима кај Пратеникот
Фатима била најмладата ќерка на Пратеникот,како и најдрага и најблиска. Таа воедно му била и најслична, со тело и по однесување. Ги надживеала сите негови деца. Тогаш не е ни чудо што Пратеникот толку и подарил љубов и што му била толку мила и блиска.
Мајката на правоверните Аиша радијаллаху анха, пренесува: “Никогаш не сум видела толку сличен на Пратеникот кога стои или седи како ќерка му Фатима. Кога Фатима ќе влезеше кај Пратеникот ќе станеше и ќе ја бакнеше, па ќе ја седнеше крај себе, а кога Пратеникот ќе влезеше кај неа,ќе станеше, ќе го бакнеше и ќе му направеше место покрај себе.“ Таа татковска нежност и чувство до израз дошла во неколку наврати. Кога луѓето од племето Хишам ибн Мугире барале од Пратеникот Алија да се ожени со ќерката на Ебу Џехел, Пратеникот не дозволил. Се качил на мимбер и рекол: “ Ми дојдоа луѓе од племето Ибн Хишам Ибн Мугире и побараа да дозволам венчавка за Алија со ќерката на Ебу Џехел, а јас тоа не го дозволувам, и пак не дозволувам и не дозволувам освен ако Алија сака да ја разведе мојата ќерка и да се ожени со неговата ќерка. Фатима е дел од мене, ме мачи она што и неа ја мачи, и ме навредува она што и неа ја навредуав. Јас се плашам тоа на Фатима да не и наштети во нејзината вера, а јас не го забранувам со тоа дозволеното ниту го дозволувам забранетото. Се колнам во Аллах во една куќа нема никогаш да се сретнат ќерката на Аллаховиот Пратеник и ќерката на Аллаховиот непријател.“
Ова чувство било многу силно, но згаснало кога се соочило со Аллаховите прописи. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, сакал да им покаже на луѓето дека Аллаховите прописи не ги поштедува никого, без разлика кој на каква положба се наоѓа. Тоа и го покажал со примерот за неговата најдрага личност Фатима, кога во една прилика рекол:“ Се колнам во Аллах, кога Фатима би украла јас би и ја отсекол раката!“ Во поглед на одредбата на оној свет Пратеникот и велел:
“О Фатима, ќерко Мухаммедова, знај дека кај Аллах јас ништо нема да ти помогнам. Кого ќе го затрупаат неговите дела неможе да му помогне неговото потекло.“
“Ме мачи неговата болка!“
Задоволството и лесниот живот не ги прави луѓето големи туку големи луѓе поминуваат низ школото на болката, а големите срца се прекалуваат во топилниците на жалоста. Аллах сакал срцето на Фатима да се прекалува во печката на искушенијата и созрева на жарта на болеста и тагата. Прво ја погодило тоа што ја изгубила својата мајка, уште како девојче. Потоа ја спржила тагата откако смртта ги зела нејзините браќа и сестри. Се нижеле болка над болка. Најтежок губиток и бил кога го изгубила својот татко, на Аллах најмилото создание, Мухаммед, Аллахов Пратеник. Била присутна и во најтешките моменти на неговата болест. Секој ден влегувала во неговата соба, ќе го бакнела по обичај, како и кога бил здрав. Бидејќи болеста притискала се посилно и посилно се плашел да не биде присутна во часот на неговата разделба со душата, па ја засмејувал и ја веселел да не пати и да не ја чувствува неговата болка.
Аиша,радијаллаху анха вели: “Фатима , еднаш ни дојде а нејзиниот од и беше како на Пратеникот. Пратеникот и рекол: “Добре дојде ќерко моја.“ Се помести да седне од неговата десна страна. Тогаш и рече нешто на уво така што таа почна да плаче. Повторно се поткрена и и шепна нешто па се насмевна. Реков: “Никогаш до денес не сум видела така блиску среќа и тага. Ја запрашав за она што и шепна. “Не ги откривам Пратениковите тајни“- одговори. Кога пресели повторно ја прашав за она што и рече Пратеникот.Таа ми рече: “Џибрил секоја година ме преслушуваше еднаш за к*р’ан а оваа година тоа го направи два пати. Не сум го видел додека не ми дојде мојот еџел. Ти ќе бидеш прва од моето семејство која ќе дојде, т.е. со која ќе се сретнам, а јас сум твојот најдобар предходник.. Заплакав а тој ми рече:“ Не сакаш ли да си жена над жените на сите светови?, па се насмевнав.“ (Пренесува Бухарија и Муслим)
Болеста толку многу се влошила така што Пратеникот се онесвестил, потоа се разбудил, и ги преживувал најголемите маки. Тоа го видела Фатима и болката се пренесила од татковото тело во просторот на нејзиното срце и во него правела бразди , а тогаш плачејќи ќе речела:
“ Ме мачи неговата болка.“
Пратеникот ги слушнал нејзините зборови и и одговорил:“Од денес твојот татко нема да има страдање ни болка.“ Сакал да и каже дека ќе пресели од овој свет кој што е преполн со маки и болка, во куќа која што не знае за маки и болка.
Оставајќи зад себе беспомошна ќерка облеана во тага Пратеникот заминал во друштво на Возвишениот Аллах кога таа имала триесет години.
Не поминале ниту шест месеци и се остварило сето она што Пратеникот го рекол.Фатима била прва која го напуштила овој свет. Во вторник навечер во последната третина од рамазан единаесета година по хиџра таа преселила на ахирет. Чистото тело е закопано на благословено место , ноќе како што и нарачала. Зад себе оставила убав спомен за другите и вистински пример за муслиманките, како и потомството кое што преку неа се врзало за Пратеникот.
Аллах да е задоволен со неа и да ја награди со најубава награда со која ги наградува искрените!!!
Амин!!!.