Испечати | Затвори го прозорот

Зумба!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Вежбање
Опис на форумот: Фитнес, билдинг, џогинг, ролање, бицепси, трицепси...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24950
Датум на принтање: 02.Јули.2022 во 15:31
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Зумба!
Постирано од: Santijago
Наслов: Зумба!
Датум на внесување: 02.Октомври.2011 во 00:07

 

Што е Zumba Fitness?

Zumba Fitness е најуспешниот бренд во фитнес-вежбањето. Zumba не е танц, не е ни верзија од класичен аеробик, туку е програма за вежбање која е смислена од Alberto "Beto" Perez, кој во 2001 година ја брендирал и ја шири низ светот преку лиценцираните Zumba Fitness инструктори. Накратко Zumba Fitness претставува програма на аеробични вежби каде што се вклучени елементи на танцување, т.е. комбинира основни чекори од танците кои се применуваат на латино и интернационална музика со цел да се направи вежбањето забавно.

Музиката е клучната состојка на Зумба часовите. Коерографијата креирана со специфични тактови и смени на темпото, транзиции на вежбањето од едно во друго движење вклучувајќи тонирање, зацврстување или кардио движење, целат кон секоја мускулна група во телото. Зумбата позајмува латино вкусови од следните стилови на танцување: Cumbia, Salsa, Merengue, Mambo, Flamenco, Chachacha, Reggaeton, Samba, Belly Dance, Hip Hop, Tango и многу други.

Придобивки од ZUMBA Fitness

Се покажало дека Зумбата на посебен и чудесен начин позитивно влијае врз вежбачите. Бенефити од Зумбата ги има многу, меѓу кои се:

добивање на чуство на среќа и задоволство за време на вежбањето

не се чувствува интензивното вежбање со кое се доаѓа до губење на масните наслаги и обликувањето на мускулите

подобрување на координацијата на телото до крајни граници

јака и видлива Анти-Стрес терапија

трошење на голем број на калории во рамки од 500-1000 калории на 1 час

лесна и не-фрустрирачка околина за учење на нови движења во танците. Не сте ни свесни дека ќе знаете да танцувате по неколку часа зумба, а истото да го искористите во разни прилики кои ќе ви донесат дополнителни среќни моменти.

добивање на позитивна слика за себе. Не само што ќе изгледате добро, туку и добро ќе се чуствувате

опфаќање на сите групи на мускули во телото

елиминирање на двете клучни причини за откажување од вежбањето: недостигот на време и здодевноста. За време на зумба часот, времето ќе помине брзо токму поради спротивниот ефект на здодевноста

ќе запознаете нови луѓе и ќе стекнете нови пријатели

Каква облека треба да носите?

Иако постои облека која е наменета за вежбање на Зумба, така наречена ZUMBAwear, може да се вежба на Зумба часовите со облека која ќе биде комотна и пријатна за вежбачот. Задолжителни се патики што одговараат за вежбање, додека другите комбинации на облека се оставени на избор на вежбачот.

Првиот час

Најдобро е на првиот час да се потрудите да го пратите инструкторот и да ги научите движењата што се користат. Се препорачува да ги пробувате чекорите кога инструкторот ги објаснува пред почетокот на коерографијата. По можност застанете во првите редови за да можете подобро да ги гледате вежбите и полесно да ги копирате од инструкторот.

Најважно е да се препуштите на забавата и да уживате во Зумбата. Дозволено е, а и се охрабруваат вежбачите за време на зумба часот да се забавуваат на свој начин, користејќи врескања, пискања, навивање и други „откачени“ активности.

 

 

Инаку ...

Во Македонија има 9 сертифицирани инструктори и тоа колку што знам само во Скопје.

Се надевам дека ќе отворат Зумба центри и во останатите градови, барем во поголемите .. Битола, Прилеп, Тетово.......

И форумџии .. Има ли некој што посетува Зумба часови? Фалби, критики?



-------------
I'm out bcz of pathetic around here



Коментари:
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 02.Октомври.2011 во 00:08
Еве како изгледаголема%20насмевка


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 02.Октомври.2011 во 00:12
И форумџи(к)и .. идемотрепкање
http://www.youtube.com/watch?v=Vf0q6qtThF4 -
http://www.youtube.com/user/lovezumba#p/a/u/2/684VQvZXNaM -


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 24.Ноември.2011 во 05:32
http://www.youtube.com/watch?v=qsSrq3HBa7A&feature=related" rel="nofollow"> http://www.youtube.com/watch?v=qsSrq3HBa7A&feature=related" rel="nofollow">Zumba Fitness Basic Steps  танцување

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Nola
Датум на внесување: 06.Декември.2011 во 03:36

utre ke povezbam malku


se zainteresirav ozbilno

-------------
vselenata pretvorena vo nedelno popladne - definicijata na zdodevnosta


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 06.Декември.2011 во 04:42
http://www.youtube.com/watch?v=OWVh2Wx7Dlw" rel="nofollow - http://www.youtube.com/watch?v=OWVh2Wx7Dlw


танцување


 
голема насмевка


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Nola
Датум на внесување: 16.Декември.2011 во 02:36
odlicno

-------------
vselenata pretvorena vo nedelno popladne - definicijata na zdodevnosta


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 16.Декември.2011 во 08:36
ESOOO !!! RrrraAABbbbiiiiiioOOOOOoSSSaaAAAaa !!! голема насмевка танцување




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Nola
Датум на внесување: 21.Декември.2011 во 00:51
uf ova bese navistina brzo, nekade okolo 2 minuta mi tekna
da ne gledam samo vo devojkata so gi vodi
i mi olesna

super daj uste

-------------
vselenata pretvorena vo nedelno popladne - definicijata na zdodevnosta


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 26.Декември.2011 во 23:01


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 14:46
Интересна кореографија , лајк ит голема насмевка




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 14:49
Interesno e... aj da probam! - se nadevam kje ostanam chitava!!!

-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.


Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 14:55
- samo zumba hahahaha

-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 14:59
Уште една интересна кореографија голема насмевка




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 15:00
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:

Interesno e... aj da probam! - se nadevam kje ostanam chitava!!!

Ееее што ќе ти е па тебе ... треба ти само добар инструктор трепкање да

Иначе добра е зумбата пробај голема насмевка


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 24.Јануари.2012 во 13:42
Definitivno kje probam so instruktor hahahaha

-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 24.Јануари.2012 во 17:28
викторија  еве нешто само за тебе намигнување надам се ќе ти се допадне голема насмевка





-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 25.Јануари.2012 во 10:48
Interesna koreografija i vaka ako prodolzhish da mi gi prakjash... nema potreba od instruktor.    

-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 25.Јануари.2012 во 16:16
плазење
Нема подобар инструктор него самата себе да си голема насмевка нели големо гушкање



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 26.Јануари.2012 во 15:02


-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 03.Февруари.2012 во 17:06




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 04.Февруари.2012 во 20:58
Одлична темада баш се мислев што да почнам да вежбам и ова ми се гледа баш интересно.
Си вежбаш со музиче, уживанција.
Туку Санти нема ли некое клипче за почетницизбунетост да ги научиме првен основните чекори, па потоа да денсаме побрзоголема насмевка
Последниов клип не ми е некако за тука, повеќе ми одговара онаа латиноамериканска музикасвиркање
Само што ги гледаш како играат и ја слушаш музиката добиваш желба да заиграш со нив, пре преубавоголемо гушкање



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 20:09
Да баш е интересно Шац голема насмевка и одговара  латино музика 
Мислам дека ова видео е најдобро за основните чекори па кога тие се знаат секој/а сам/а може да си прави кореографија , нормално ако вежба т.е. денса дома голема насмевка
Повели Шац големо гушкање




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 04.Јуни.2012 во 17:09
Јас лајт онака....за инспирацијацрвенеење




-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk