Закон за здравствено осигурување
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24857
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 06:25 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Закон за здравствено осигурување
Постирано од: Morfeus
Наслов: Закон за здравствено осигурување
Датум на внесување: 30.Август.2011 во 07:22
Ме интрересира дали невработените ќе можат да се пререгистрираат во Фондот за здравствено осигурување и после 1 Септември? Или мора да се запази рокот?
Се разбира дека додека не се пререгистрираат нема да бидат здравствено осигурани, но не се проблем сигурно неколку дена, ако на тој начин би се избегнале гужвите и хаосот.
|
Коментари:
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Август.2011 во 14:26
Morfeus напиша:
Ме интрересира дали невработените ќе можат да се пререгистрираат во Фондот за здравствено осигурување и после 1 Септември? Или мора да се запази рокот?
Се разбира дека додека не се пререгистрираат нема да бидат здравствено осигурани, но не се проблем сигурно неколку дена, ако на тој начин би се избегнале гужвите и хаосот. |
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување (Сл. Весник на Р. Македонија, бр.53 од 14.04.2011 година) одредбите од овој закон, кој се однесуваат и на основот за здравствено осигурување на невработените започнуваат да се применуваат на 01.09.2011 година.
Законот не прави пречка и понатаму некој да се пререгистрира, никаде не постои изречна одредба дека после тоа нема да може да се врши регистрација. Ако така го толкуваме тој член, тогаш секој кој ќе стане невработен после 01.09.2011 треба да остане здравствено неосигуран, што секако е парадоксално.
Тоа е словото на законот, според кое невработените го остваруваат ова право. Некои извори од фондот велеа дека ќе можело и понатаму невработените да се регистрираат, но дека тие денови нема да бидат здравствено осигурани, но според други извори, невработените нема да можат да се пререгистрираат.
Најдобро е веднаш да се појде и да се пререгистрира, затоа што мошне е мал бројот на пререгистрирани, па не се знае до кога и како ќе се заврши со сето тоа.
-------------
|
|