Испечати | Затвори го прозорот

Да му помогнеме на Никола Велјаноски

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24765
Датум на принтање: 08.Јануари.2025 во 07:57
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Да му помогнеме на Никола Велјаноски
Постирано од: Pravoslavie
Наслов: Да му помогнеме на Никола Велјаноски
Датум на внесување: 24.Јули.2011 во 19:20

Дваесет и девет годишниот прилепчанец Никола Велјаноски од лани живее со надеж дека еден ден ќе ја победи болеста, ќе стане од кревет и ќе им помага на своите родители.

http://www.donacii.mk/wp-content/uploads/2011/07/untitled.bmp">

Верува оти со хемотерапијата која ја прима двапати месечно и со хируршки зафат ќе се спаси од ракот на карлицата и од неподносливите болки и дека ќе биде корисен за семејството. бидејќи, како што вели, неговиот, животот на татко му кој 4 години лежи неподвижен во соседната соба и на неговата мајка која деноноќно се грижи за двајцата го прават неподнослив.

Семејството Велјаноски живее во трошна куќа во населбата Рид со социјална помош од 1.800 денари.

Живко 18 години работел во поранешната фабрика „Партизан“. откако решиле да ја стават во стечај и да ја ликвидираат, разбрал дека за 12 години нему се платени придонесите за здравствено и пензиско осигурување, а кренал раце и од инвалидска пензија оти со инсулт,склероза и парализа за Комисијата, Живко бил здрав.

Само за лекови и за превоз на Никола до Скопје,вели неговата мајка, месечно им се потребни 10 илјади денари.

Во беда, со позајмени пари и големо трпение битката со болеста на Никола во семејството Велјаноски продолжува. Бараат ама не сакаат голема помош од надлежните, доволно велат им се пари за нега и еднаш месечно бесплатен превоз за Никола со санитетско возило до Скопје.

Сите хумани луѓе кои сакаат да му помогнат на семејството Велјаноски можат да се јават на телефонскиот број 071/ 223 – 347 или на жиро сметка со број: 300027045717740 – Nikolce Veljanoski.

 

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=77649&tip=video - Канал 5 за Никола: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=77649&tip=video

Фејсбук страница: https://www.facebook.com/pages/%D0%94%D0%B0-%D0%BC%D1%83-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%92%D0%B5%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8/211382385579849 - Да му помогнеме на Никола Велјаноски: https://www.facebook.com/pages/%D0%94%D0%B0-%D0%BC%D1%83-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%92%D0%B5%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8/211382385579849

-----------

превземено од Донации: http://www.donacii.mk/2011/07/24/da-mu-pomogneme-na-nikola-veljanoski-2/

-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk