Испечати | Затвори го прозорот

Јасмин Бајрамовиќ - церебрална парализа

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24752
Датум на принтање: 08.Јануари.2025 во 08:10
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Јасмин Бајрамовиќ - церебрална парализа
Постирано од: Pravoslavie
Наслов: Јасмин Бајрамовиќ - церебрална парализа
Датум на внесување: 23.Јули.2011 во 03:25

23 годишниот Јасмин Бајрамовиќ боледува од церебрална парализа. 13 пати е опериран на скопските клиники – успех нема, единствената животна шанса е германскиот центар, референтен за ова заболување.

Број на кој можете да донирате 100денари 077/143-193 (само од мрежата на ВИП)

Македонските доктори му напишале конзилијарно мислење, но Комисијата на Фондот за здравство го одбива бидејќи нема гаранција за успех во лекувањето со матични клетки. Момчето тврди дека германските експерти ветуваат подобрување на неговата здравствена состојба.

Според Комисијата на Фондот барана е интервенција која не е според медицината базирана на докази односно лекување со матични клетки.Комисијата се оградува и со конзилијарното мислење на докторите кое гласи дека стручниот колегиум на клиниката смета дека не е компетентен да дава мислење за лекување со матични клетки за овој тип на заболување и затоа Фондот одбива да плати 9 илјади евра за оваа интервенција .

Младиот Јасмин со порака судбината е неизвесна, јас сум упорен и мора да живеам како и сите останати луѓе, да имам семејство.

Ова момче го штитат два закона и за здравствена заштита, здравствено осигурување, но и законот за заштита на пациентите,во сите пишува дека на пациентот му е загарантирано правото да се лекува по најновите современи протоколи и доколку интервенцијата не се изведува во Македонија должна е државата да го препрати во странство.

Дали Комисијата ги почитува законите, одговорот до Канал 5 од Комисијата е момчето е да се жали до второстепената комисија на министерството за здравство. Решение за својот здравствен проблем Јасмин со молба и до сите хумани луѓе, досега собрал 5 илјади евра му недостасуваат уште толку за да отпатува во Германија.

Телефонски број за донирање 077/143-193 – со секое јавување донирате 100 денари (само од мрежата на ВИП)

Трансакциска сметка 200002254227806 Стопанска Банка АД Скопје

--------------

Извор: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=77968 - Канал5 ( http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=77968 )



-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk