foto.idividi.com.mk/
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24713
Датум на принтање: 30.Ноември.2024 во 16:20 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: foto.idividi.com.mk/
Постирано од: de-mak
Наслов: foto.idividi.com.mk/
Датум на внесување: 14.Јули.2011 во 15:57
Добар ден,
дали има некоја врска помеѓу foto.idividi.com.mk и овој форум ???
Дали има можност некој да им каже на ВЕБ-мајсторите!! на foto.idividi.com.mk да го направат порталот малку по интересен !!!
Неколку пати го посетив и стварно е ...
Најмногу ме нервира што кога ќе “отвориш“ некоја фотографија, посебно треба да се оде на детали, па после назад за да види човек коментари и после “целиот пат“ назад да се стигне кај друга фотографија ...
Нема ли “некој паметен“ да направи да фотографиите во повисока резолуција со коментари и плус опис се листаат “напред-назад“
|
Коментари:
Постирано од: hypertech
Датум на внесување: 14.Јули.2011 во 22:02
Има, ама не сака... Некогаш кога "некој" ќе има материјална добивка од реконструкција на сајтот ќе даде амин, до тогаш предлагам да си листаш тука. http://1x.com/ - http://1x.com/
------------- eos 1D mk4 , EF 24L , EF 50L , EF 85L , EF 135L , EF 200L , EF 400L
|
Постирано од: сашо
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 12:59
imase eden period mnogu "pozdrava" ekipa, ama kako cesto se slucuva koga ke se sudrat sueti-vladeat mediokriteti...(vidi sea koj soli najmnogu pamet, pa pogledni mu gi fotkite i ke ti stane jasno) taka i na toa, a imase i togas demek inicijativi za podobruvanje. nema sansi za toa. toj servis e za postiranje gluposti i moze da sluzi samo kako otskocna daska za mladi avtori/avtorki dodeka ne vidat kolku e saat... inace ostanuvaat vo mocuristeto
------------- objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
|
Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 17:38
Џабе се буниш, воопшто idividi како сервис во моментов е најслабо дизајниран меѓу сите попопуларни интернет сервиси кај нас во земјава, значи почнувајќи од главниот сајт, па до форумов, foto.idividi итн. Дизајнот не е изменет веќе 5-6 години веројатно... За интернет сервис тоа е мнооооогу
|
Постирано од: Zoran K
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 20:45
de-mak напиша:
Добар ден,
дали има некоја врска помеѓу foto.idividi.com.mk и овој форум ??? |
Ima vrska, od istata kukja se i dvata sajta.
de-mak напиша:
Дали има можност некој да им каже на ВЕБ-мајсторите!! на foto.idividi.com.mk да го направат порталот малку по интересен !!!
Неколку пати го посетив и стварно е ...
Најмногу ме нервира што кога ќе “отвориш“ некоја фотографија, посебно треба да се оде на детали, па после назад за да види човек коментари и после “целиот пат“ назад да се стигне кај друга фотографија ...
Нема ли “некој паметен“ да направи да фотографиите во повисока резолуција со коментари и плус опис се листаат “напред-назад“ |
Sme gi kontaktirale sopstvenicite na sajtot povekje pati i samo dobivame vetuvanja koi nikogash ne se realizirat. Ochigledno e deka nim ne im se upotrebuva povekje vreme i sredstva za podobruvanje na onoa shto smetaat deka i onaka ni go davat besplatno.
So drugi zborovi, ako ne ti se dopagjaat sajtovive togash ne gi posetuvaj... najiskreno ne znam shto drugo da ti kazham. Od nasha strana napraveno e s'e shto e chovechki vozmozhno i pristojno.
Navedeniot sajt porano beshe povekje posetuvan, no kako shto se sluchi i na ovoj forum, taka se sluchi i tamu - se pojavija nekoi chlenovi na koi povazhna im beshe nivnata sueta otkolku fotografijata i fotografskata umetnost i nabrzo toj sajt, kako i ovoj, go pretvorija vo bojno pole na lichnosti. Od togash mnogumina go napushtija, megju koi i dotogashnite moderatori. Nekoi si otidoa poradi atmosferata, nekoi zatoa shto ja izrasnaa taa sredina i im beshe potrebna nekoja nova i popredizvikuvachka, a treti zatoa sho ednoatvno izgubija interes i ne im se dopagjashe onoa makedonsko "daj mi- na ti" koe caruva tamu i den denes.
Jas, kako i dvajca-trojca postari chlenovi (prvi na um mi doagjaat hypertech i Janus) , aktiven sum na toj sajt ne samo poradi moderatorskata funkcija, tuku i zatoa shto znam deka tamu doagjaat i mnogu novi zaljubenici na fotografskata umetnost koi prvite chekori najlesno gi pravat tokmu na toa mesto. Nim im treba podrshka, pottik i po nekoj sovet, pa smetam deka e doblesno barem nekoi od postarite chlenovi da se navrakja povremeno i da vrati barem malu od onoa shto dobil od tamu na svoeto vrteme.
-------------
|
Постирано од: de-mak
Датум на внесување: 25.Јули.2011 во 13:27
А има ли други можности аматерите своите фотографии да ги презентираат - локално/регионално???
|
Постирано од: сашо
Датум на внесување: 25.Јули.2011 во 13:46
normala zosto ti e lokala i region koa imas flickr, photo.net i eden ton slicni, ??? vo region imas toa fotofinish, balkanfotocontest ili kako veke se pisuva i slicni...
i tamu nema ko na ova bunishte vakvi beskrajno (fotografski) netalentirani babi koi aber nemaat a site muabeti koi imaat ilole nekakva smisla, (na forumov) gi zaklucuvaat so patroniziracki prazni muabeti, so mnogu tekst a bez nikakva sodrzina....
------------- objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
|
Постирано од: Zoran K
Датум на внесување: 25.Јули.2011 во 14:44
de-mak напиша:
А има ли други можности аматерите своите фотографии да ги презентираат - локално/регионално???
|
Verojatno najednostaven nachin da se stori toa e da se vospostavi kontakt i sorabotka so makedonskite foto-klubovi i grupi na foto entuzijasti (Фото Сојуз на Македонија , ФК Елема - Скопје, ФКК Чкрап - Тетово, ФКК Козјак - Куманово, ФКК Црно бело - Кавадарци, ФК Фотографика - Скопје, Piccolomini Group - Скопје... verojatno ima ushte koi ne gi znam).
Nekoi od niv imaat svoi sajtovi. Mene mi se poznati ovie: www.fotosojuz.mk, www.photoclubelema.com.mk, www.chkrap.mk, www.fotograf.mk, www.macedonia.deviantart.com.
-------------
|
Постирано од: ptr
Датум на внесување: 25.Јули.2011 во 15:55
А, дали во тие фото-клубови и сајтови може сам човек да се зачлени или треба покана?
Врз која основа и има ли класификација "као" кој може да се приклучи?
Нема ли опасност да се повтори истото што и со овој сајт ФИВ?
На deviantart кога направив профил, не добив ни едно "здраво" од нашите кога ги поздравив во таму некоја си група со членови од Македонија, па се добива впечаток на голема тмурност и негостољубивост. Истото отприлика се случува на нашите групи на flickr, еден пост напишан пред неколку месеци и никаков одговор. Колку сме или колкави сме, па уште и да се делиме. Мора ли да се има само фотки од кои човек ќе падне на газ па некој да се осврне на нив? И то...
|
Постирано од: Zoran K
Датум на внесување: 25.Јули.2011 во 18:52
ptr напиша:
А, дали во тие фото-клубови и сајтови може сам човек да се зачлени или треба покана?
Врз која основа и има ли класификација "као" кој може да се приклучи? |
Kolku shto mi e mene poznato, nema potreba od nikakva specijalna pokana za da se zachlenish vo foto-klub. Potrebna e samo ljubov kon fotografijata i aktivnost vo chlenuvanjeto.
ptr напиша:
Нема ли опасност да се повтори истото што и со овој сајт ФИВ?
На deviantart кога направив профил, не добив ни едно "здраво" од нашите кога ги поздравив во таму некоја си група со членови од Македонија, па се добива впечаток на голема тмурност и негостољубивост. Истото отприлика се случува на нашите групи на flickr, еден пост напишан пред неколку месеци и никаков одговор. Колку сме или колкави сме, па уште и да се делиме. Мора ли да се има само фотки од кои човек ќе падне на газ па некој да се осврне на нив? И то... |
Ne mislam deka mora da imash fotografii od koi se pagja na zadnica za da bidesh chlen vo klubovite i grupite. Sekako deka kje ima komentari koi nema da ti dopadnat, no toa ne bi trebalo nitu da te obeshrabri, nitu pak da pretstavuva prechka vo tvoeto chlenuvanje.
Inaku sekogash i sekade kje se najde po nekoj "umetnik" koj znae mnogu da zboruva, a malu ili voopshto da ne fotografira... Ne obrakjaj vnimanie na takvite trolovi, tie toa go pravat bidejkji ednostavno nemozhat da se dokazhat na drug nachin.
Za dinamikata na nash*te grupi koi se na fickr i deviantart ne mozham da govoram bidejkji ne chlenuvam tamu. Pretpostavuvam deka i tamu, kako i ovde, postoi fluktuacija na interesot i vnimanieto.
Vo sekoj sluchaj, jas bi ti preporachal da se zachlenish vo nekoj od makedonskite foto-klubovi i preku drugaruvanjeto so nivnite chlenovi podetalno da se zapoznaesh so realnata sostojba na makedonskata foto scena. Mozham da ti kazham deka poznavam izvonredni lugje koi podolgo vreme chlenuvaat vo ovie klubovi i siguren sum deka tie mozhat da ti pomognat vo tvoeto napreduvanje vo fotografskata tehnika i umetnost dokolku si zainteresiran za toa.
Vo megjuvreme sekogash si dobredojden na ovoj sajt, kako i na sestrinskiot w.w.w.foto.idividi.com.mk kade shto kje mozhesh da gi objavuvash svoite fotografii iako mozhebi ne se od vrven kvalitet.
-------------
|
Постирано од: ptr
Датум на внесување: 25.Јули.2011 во 22:32
:-) Фала, член сум на ФИВ нешто повеќе од две години и жал ми е што не втасав некои подобри времиња тука, а за фотографии, секако дека не се со врвен квалитет, но "тури му пепел" на се, ако не пронаоѓаш и малку забава и задоволство во тоа што го работиш, а ако се сака, може и да се научи нешто патем.
Но,
поздрав :-)
|
Постирано од: pecok
Датум на внесување: 26.Јули.2011 во 23:09
Ма која фото-сцена македонска. Ги разгледав сите сајтови, од официјалниот (го прочитав и тоа документот, за тоа како се стегнуваат звањата, да баш звања ги викаат на српски а не на македонски, за фотограф во Македонија, а имаат и мастер јода, ова мастер-фотограф категорија. А за сајтовите на клубовите не сакам ниту да зборувам. Катастрофа. Ако функционираат и се во состојба како и нивните интернет страници тогаш за греота се и тие, и Македонија. Резил. Неорганизираност и македонштина*. Ми доаѓа да напрвам и сајт и клуб. Сајтото може уште утре да проработи ама ми требаат тројца соучесници, доброволци, ама нема. Македонштина бе.
Најтрагично е што сами се зезнуваат, неискористувајќи шанси за промоција.
Стварно, што треба за формирање клуб?
* Македонштина - се мисли на синдром македонче, да му умре козата на комшијата, што води до неорганизиранос, затупеност, и пропаст на фото сојузи, клубови, и се по ред.
------------- http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk
|
Постирано од: procokal
Датум на внесување: 27.Јули.2011 во 00:10
Работам на отворањето на посериозен портал за фотографија. Форум, галерија итн... Нешто што би било далеку подобро од фото идивиди каде што никој со прст не чепнал од памтивек. Нешто слично на бугарскит photo-forum.net
Изведбата ќе биде на професионални веб програмери значи ќе има трошоци така да доколку некој сака да помогне околу тоа т.е да биде партнер, слободно нека ми пиши. После тоа ќе има реклами со кои што ќе се финансираме.
После стартувањето ќе ми биде потребна екипа за да го разработиме местенцето и за да го одржуваме (модератори, админи итн...), а и тестери пред тоа. Значи сметам на вас. Мислам дека заслужуваме еден наш чисто фотографски портал без разлика дали ќе сме истите 10ина момци од тука.
-------------
|
Постирано од: pecok
Датум на внесување: 27.Јули.2011 во 02:13
Епа фино. Затоа што и јас, хм, работам на портал. Добро би дошле тројца доброволци, со малку слободно време, а за заработка понатаму, за почеток доброволно волонтирање. Хостинг, домен, дизајн, блабла, моја работа, работа на 3 доброволци е да напишат 10 текстови, вкупно 30, за да и официјално се отвори сајтот. Промоција, блабла, моја работа. Најозбилно, тоа и ми е официјално образование, економист, менаџер. Ако нема доброволци, здравје, сам ќе изведам се (се е скоро средено во суштина, само фалат текстови и ситни детали) само ќе ми треба уште 30 дена.
А да, ќе има работи што ги нема никаде, и ќе биде доста интересно, тоа можам да ви ветам.
------------- http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk
|
Постирано од: de-mak
Датум на внесување: 27.Јули.2011 во 10:36
pecok напиша:
... работа на 3 доброволци е да напишат 10 текстови, вкупно 30, за да и официјално се отвори сајтот. ...
!!! А да, ќе има работи што ги нема никаде, и ќе биде доста интересно, тоа можам да ви ветам. !!! |
Текстови на фотопортал???
Па нели фотографијата “кажува 1000 зборови“!!!
И ќе има работи што ги нема никаде!!!
За тоа сме прваци, да направиме нешто што никој нема - и после да не функционира!!!
Има толку убави фотофоруми во кој човек може да “листа“
- по тема,
- по фотограф,
- по област (регион),
и тоа на долго и на широко ...
пс. и зошто кога има клубови и интернет страни на тие клубови не се проба да се подобре ситуацијата таму - туку одма правиме нешто “ново и подобро!!!“
|
Постирано од: pecok
Датум на внесување: 27.Јули.2011 во 18:39
de-mak напиша:
pecok напиша:
... работа на 3 доброволци е да напишат 10 текстови, вкупно 30, за да и официјално се отвори сајтот. ...
!!! А да, ќе има работи што ги нема никаде, и ќе биде доста интересно, тоа можам да ви ветам. !!! |
Текстови на фотопортал???
Па нели фотографијата “кажува 1000 зборови“!!!
И ќе има работи што ги нема никаде!!!
За тоа сме прваци, да направиме нешто што никој нема - и после да не функционира!!!
Има толку убави фотофоруми во кој човек може да “листа“
- по тема,
- по фотограф,
- по област (регион),
и тоа на долго и на широко ...
пс. и зошто кога има клубови и интернет страни на тие клубови не се проба да се подобре ситуацијата таму - туку одма правиме нешто “ново и подобро!!!“ |
Да текстови на фотопортал.
Не. Да направиш нешто што нигде го нема е создавање на нов производ, иновација, револуција, како сакаш кажи го. За функционирање, ќе функционира.
Затоа што потешко е да средуваш нешто што не функционира (фото клубови и нивните сајтови) отколку да направиш нешто ново. Плус тие фото-клубови си имаат некои свои организации, свои идеи, свои сајтови, кои за жал не функционираат како што треба, па не би сакал да поправам нефункционални клубови, повеќе сакам да формирам нов сајт кој ќе биде репер за сите останати. Ги видов идеите и залагањата на нашиве клубови и сајтови и за греота се. Нема идеја, нема сајтови, нема фотографии, нема ништо освен мизерија.
На страна тоа ама уникатни идеи не планирам да им предавам на тацна на некои кои ионака ништо не направиле во своето многугодишно постоење. И не планирам јас да ги средувам нивните клубови кога тоа си е работа на членовите и отварачите на тие клубови. А и што правеле до сега ех?
Сајтот ќе биде направен и отворен со или без други соработници. И сајтот ќе направи своевидна револуција така да на вас останува дали сакате да бидете дел од Winds of Change или сакате да продолжи оваа состојба на мизерија која владее сега и која ќе биде променета со или без соработници.
Се ова ми заликува на еден проект кој го направив пред неколку години, за потоа да ме нападнат дека некои веќе планирале таков проект и дека јас сум им ја украл идејата. Проектот го затворив, а планираниот проект од типците кои ме нападнаа никогаш не го виде дневното светло. Македонштина. И така пропадна еден одличен преокт. Тоа сега нема да се случи. Така да, поканата стои, ќе биде нов проект, нов сајт... со или без соработници.
------------- http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk
|
Постирано од: de-mak
Датум на внесување: 27.Јули.2011 во 18:55
Песок,
директно да помогнам - неможам.
Ама еден член и посетител на порталот сигурно имаш!
се надевам дека ќе биде за малку подобар од foto.idividi.com.mk
и би ја поздравил одлуката ако се постават “фото полицајци“ кој ќе спречат да се става се и сешто...
(мислам на некои флеки наречени фотографија направени со мобиљки и испод секој стандарт)
|
Постирано од: ptr
Датум на внесување: 28.Јули.2011 во 03:25
de-mak напиша:
(мислам на некои флеки наречени фотографија направени со мобиљки и испод секој стандарт) |
Мене повеќе ме загрижуваат лоши фотки направени со посолидни апарати.
------------- http://www.flickr.com/photos/50580534@N03/ - http://www.flickr.com/photos/50580534@N03/
|
Постирано од: de-mak
Датум на внесување: 17.Септември.2011 во 21:51
pecok напиша:
de-mak напиша:
pecok напиша:
... работа на 3 доброволци е да напишат 10 текстови, вкупно 30, за да и официјално се отвори сајтот. ...
!!! А да, ќе има работи што ги нема никаде, и ќе биде доста интересно, тоа можам да ви ветам. !!! |
Текстови на фотопортал???
Па нели фотографијата “кажува 1000 зборови“!!!
И ќе има работи што ги нема никаде!!!
За тоа сме прваци, да направиме нешто што никој нема - и после да не функционира!!!
Има толку убави фотофоруми во кој човек може да “листа“
- по тема,
- по фотограф,
- по област (регион),
и тоа на долго и на широко ...
пс. и зошто кога има клубови и интернет страни на тие клубови не се проба да се подобре ситуацијата таму - туку одма правиме нешто “ново и подобро!!!“ |
Да текстови на фотопортал.
Не. Да направиш нешто што нигде го нема е создавање на нов производ, иновација, револуција, како сакаш кажи го. За функционирање, ќе функционира.
Затоа што потешко е да средуваш нешто што не функционира (фото клубови и нивните сајтови) отколку да направиш нешто ново. Плус тие фото-клубови си имаат некои свои организации, свои идеи, свои сајтови, кои за жал не функционираат како што треба, па не би сакал да поправам нефункционални клубови, повеќе сакам да формирам нов сајт кој ќе биде репер за сите останати. Ги видов идеите и залагањата на нашиве клубови и сајтови и за греота се. Нема идеја, нема сајтови, нема фотографии, нема ништо освен мизерија.
На страна тоа ама уникатни идеи не планирам да им предавам на тацна на некои кои ионака ништо не направиле во своето многугодишно постоење. И не планирам јас да ги средувам нивните клубови кога тоа си е работа на членовите и отварачите на тие клубови. А и што правеле до сега ех?
Сајтот ќе биде направен и отворен со или без други соработници. И сајтот ќе направи своевидна револуција така да на вас останува дали сакате да бидете дел од Winds of Change или сакате да продолжи оваа состојба на мизерија која владее сега и која ќе биде променета со или без соработници.
Се ова ми заликува на еден проект кој го направив пред неколку години, за потоа да ме нападнат дека некои веќе планирале таков проект и дека јас сум им ја украл идејата. Проектот го затворив, а планираниот проект од типците кои ме нападнаа никогаш не го виде дневното светло. Македонштина. И така пропадна еден одличен преокт. Тоа сега нема да се случи. Така да, поканата стои, ќе биде нов проект, нов сајт... со или без соработници. |
И сега????
два месеци по ова???
каде е револуцијата?
или преминува полека во еволуција?
|
Постирано од: pecok
Датум на внесување: 17.Септември.2011 во 23:02
Мислев дека ќе имам доволно време за да го направам сајтот, ама немам. За жал!
Штета. Веќе многу години имам блог со мото „Револуција. Сега.“ Штета што тоа „Сега“ не се случи многу години порано, во времето кога го отворив блогот зошто сега е малку касно за револуции. Било какви. Но тогаш немав ни фотоапарат за фото револуција.
Ќе заборавев за малку. Тоа еволуција е малку дискутабилно. Ама барем мислам дека им помогнав на некои фотографи да евоулираат и да се пронајдат себе си. За жал можеби и не им се допаѓа што пронашле. Но тоа не зависи од мене, за жал.
------------- http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk
|
|