Испечати | Затвори го прозорот

Калибрирање монитор, софтвер?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24670
Датум на принтање: 26.Ноември.2024 во 12:15
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Калибрирање монитор, софтвер?
Постирано од: ivotoyota
Наслов: Калибрирање монитор, софтвер?
Датум на внесување: 01.Јули.2011 во 20:27
Имам големи проблеми со калибрирање на мојот евтин LCD монитор (Benq некојси таму). Знам дека за добри резултати треба поскап, калибриран монитор, ама сега засега немам средства за такво нешто. Ме интересира дали има некаков добар софтвер за калибрирање и на што треба да пазам кога калибрирам монитор. Фала однапред



Коментари:
Постирано од: zlatko966
Датум на внесување: 01.Јули.2011 во 21:35
Znam deka baras softver megjutoa vo megjuvreme mozebi ke pomogne i ova
http://fotozine.org/?knjiga=kalibracija
Pozdrav


Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 01.Јули.2011 во 21:54
Еве сега забележав плавата ми била катастрофа и контрастот послаб. Сепак, како и да правам, тек на CRT можам да ги видам грешките во боја, контраст... Исто забележав премногу ми била силна светлината, затоа црна немав, не дека драстично се подобрија работите...

П.С. Не знам дали сум така навикнат, ама сликата ми бега ептен на плаво сега, да не не е добро тоа на сајтот за плава боја?


Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 01.Јули.2011 во 23:19
Od oko nikogas ne moze da se kalibrira. Toa se pravi so kalibratori, pri sto se vnimava na kolor profilot vo zavisnost od namenata. Jas preferiram da imam dva profili. Edniot 601/709 za video, a drugiot za se drugo. Vidi ako mozes da pozajmis kalibrator za da ne kupuvas ili pak grupno kupuvanje pa da go koristat povekje korisnici.

-------------
That is called grain. It is supposed to be there.


Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 01.Јули.2011 во 23:45
Колку оди од прилика цената на калибратор? И дали ќе се исплати да го калибрирам просечниов монитор што го имам?


Постирано од: pecok
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 06:47
Не зависи само од мониторот, многу зависи и од графичката карта. Ефтините графички знаат да имаат слаби, некотрасни бои и повеќе темници.

Најдобра (во однос на квалитет на слика) графичка карта што јас до сега сум ја имал е Matrox G200. Во далечната 1998 година Matrox се реши да заплива во пазарот на комерцијални домашни графички и како резултат од овој произведувач се појавија две графички на обичниот пазар. За жал тие две картички од Matrox беа едиствените за овој пазар и набргу фирмата се врати на професинални картички за професионалци. За среќа јас имав шанса да работам на ваква картичка која несомнено донесе нешто од профи искуството и до обичните корисници. Бои и контраст досега невидени на обична картичка. Искрено, кога подоцна купив TNT2 само после неколку часови ја извадив и ја вратив старата Matrox G200. Штета што денес Матрокс не прават сеуште картички за обичните луѓе.

Интересно, најјаките модели на графички од матрокс и ден денес имаат слаби перформанси во поглед на брзина. Не се заигри, тоа дефинтивно, но затоа ако сакате одлична слика заборавете на произведувачи на картички за игри и разгледајте ги матрокс.

Инаку може да го имаш и најдобриот монитор на свет ама ако е приклучен на играчка или интегрирана графичка тешко дека ќе видиш добра слика со добри бои и контраст.

Многу луѓе ќе ти кажат дека е до мониторот меѓутоа графичката е со најголема важност затоа што во суштина мониторот го прикажува она што го испраќа графичката.

Заборавив...
Кај LCD мониториве калибрација е малку чудна работа. Зависи под кој агол го гледаш мониторот. Малку погоре или малку подолу и веднаш добиваш корекции на сликата. Особено е поизразен проблемов кај лап-топови кои својствено немаат статчно стојалиште туку сопственикот скоро секогаш го гледа мониторот под различен агол.

Сепак добар ЦРТ со профи графичка е 100000 пати подобро решение од најдобриот ЛЦД затоа што сликата е секогаш иста, а тоа е она што му всушност се бара и треба. Туку што беше муабетов за технологииве?

-------------
http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk


Постирано од: Velian
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 07:50


Постирано од: Velian
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 07:53
Originally posted by pecok pecok напиша:

Не зависи само од мониторот, многу зависи и од графичката карта. Ефтините графички знаат да имаат слаби, некотрасни бои и повеќе темници.



Многу луѓе ќе ти кажат дека е до мониторот меѓутоа графичката е со најголема важност затоа што во суштина мониторот го прикажува она што го испраќа графичката.

Заборавив...
Кај LCD мониториве калибрација е малку чудна работа. Зависи под кој агол го гледаш мониторот. Малку погоре или малку подолу и веднаш добиваш корекции на сликата. Особено е поизразен проблемов кај лап-топови кои својствено немаат статчно стојалиште туку сопственикот скоро секогаш го гледа мониторот под различен агол.

Сепак добар ЦРТ со профи графичка е 100000 пати подобро решение од најдобриот ЛЦД затоа што сликата е секогаш иста, а тоа е она што му всушност се бара и треба. Туку што беше муабетов за технологииве?


Уште еднаш...   


Постирано од: pecok
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 08:53
До душа во времето кога користев Maxtor G200 (се фати доста време да ја користам оваа графичка затоа што не сакав да ја менувам) користев и еден, хм, профи монитор од фирмата Iiyama кој освен стандардните приклучоци имаше и посебен RGB приклучок, поточно 3 приклучоци, затоа што секоја боја (црвена, зелена и плава) си имаше различен приклучок за на графичка. Штета што немав графичка со вакви приклочици за да видам така како ќе изгледа сликата ама затоа знам како изгледаше сликата на maxtor g200, на тнт2, на гифорс 1,2,3, и на ати. И од сите овие графички матрокс беше убедливо најдобра во поглед на квалитет на слика (на иститот монитор)

Матроксот пред да ја сменам еднаш ја надоградував од 8 на 16 мега рам и тоа ме чинеше поскапо од набавка на нова топ графичка со 128 и повеќе рам ама останав заљубен во квалитот на слика што другиве произведувачи на графички може само да го сонуваат (пред се затоа што кај производителите на картички за играње, ати, нвидиа, ибм, се става приоритет на брзината, додека кај профи произведувачите квалитот на слика е приоритет додека брзината е прилично неважна за финалниот производ).

Така да мој совет, најди си солиден ЦРТ монитор, купи си Matrox графичка и ќе видиш што е слика. Ќе осетиш толкава разлика да нема да ти се верува колкава е разликата.

-------------
http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk


Постирано од: pecok
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 09:22
Следствено на досега искажаното за калибрација на ЛЦД најдобро би дошол компјутер со Матрокс Г450 (со излези за два монитора) и притоа на едниот излез приклучен добар ЦЛР монитор, а на другиот ЛЦД. Затемни ја собата, остави го ЦЛРто да се загрее пола час и потоа калибрирај го ЛЦД мониторот според сликата на ЦЛР мониторот.

Или земи една добра, погодена слика. Испринтај ја во поголем формат, затемни собата и калибрирај го ЛЦД мониторот според испринтаната слика.

Или купи си на старо матрокс г200 (ако најдеш) и стар одличен ЦЛР и завршена работа.

Ако користиш лап-топ заборави на калибрација. Ако користиш ЛЦД исто така заборави на калибрација или калибрирај го ама пред мониторот стави еден уред како од оние на очно кои ти ја фиксираат главата и очите. Така нема да добиваш различно светло и контраст под различни агли на гледање кон ЛЦД мониторот.

-------------
http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk


Постирано од: pecok
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 09:26
или

http://www.integrated-color.com/ - http://www.integrated-color.com/

http://www.lagom.nl/lcd-test/ - http://www.lagom.nl/lcd-test/

http://www.entechtaiwan.com/lib/softmccs.shtm - http://www.entechtaiwan.com/lib/softmccs.shtm



-------------
http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk


Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 11:35
Znaev deka retro e u moda, ama ne veruev deka kje procitam postovi za G200 i Riva TNT. E... Toa bea vreminja :) I jas koristev G450, G550 i Parhelia(triple head). Dobri bea Matrox dodeka ne probav Quadro.

-------------
That is called grain. It is supposed to be there.


Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 11:43
Originally posted by ivotoyota ivotoyota напиша:

Колку оди од прилика цената на калибратор? И дали ќе се исплати да го калибрирам просечниов монитор што го имам?


http://www.bhphotovideo.com/c/product/485807-REG/Pantone_MEU_113_HueyPRO_Colorimeter.html

Dobar i eftin calibrator.

-------------
That is called grain. It is supposed to be there.


Постирано од: procokal
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 21:47
Tegla, си го користел калибраторов? Пошто сум за земање на вакво нешто за лаптопов (Compaq CQ50-115NR).
Планирам да принтам А2 и А1 и сакам да биди најбезболно што можи, без многу да се шокирам од различноста на принтот.

Дали чудово може да сними пресет/профил од мојот монитор и потоа таа информација да се искористи кај фирмите што печатат? За да избегнам драматични разлики во контраст, бои итн...

-------------


Постирано од: metomax
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 22:24
Procokal,ako veke printas mislam deka najdobro e da zemes od firmata kaj sto ke printaat eden urnek isprintan, i istata slika vo digitalna forma, i ti po taa slika na monitorot i printot vo race,da go kalibriras monitorot racno,bidejki site printeri se razlicni
pozdrav!

-------------
http://metomax.110mb.com/


Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 22:59
Originally posted by procokal procokal напиша:

Tegla, си го користел калибраторов? Пошто сум за земање на вакво нешто за лаптопов (Compaq CQ50-115NR).
Планирам да принтам А2 и А1 и сакам да биди најбезболно што можи, без многу да се шокирам од различноста на принтот.

Дали чудово може да сними пресет/профил од мојот монитор и потоа таа информација да се искористи кај фирмите што печатат? За да избегнам драматични разлики во контраст, бои итн...


Jas ne rabotam print, tuku film/tv/video taka sto monitorite gi kalibriram ednas godisno so pozajmen kalibrator, ne ovoj tuku Spyder(isto cudo) deka sekogas imam i pro grade video monitor za preview. Ona sto znam e deka dobar monitor e Must Have za profesionalna rabota i kalibrator za printovi. Se somnevam deka mozes dobro da profiliras laptop monitor osven ako ne zemes HP EliteBook so Dreamcolor display. Za laptop kje ti treba dobar monitor koj bi go kalibriral. Moeto iskustvo posle odlicnite Phillips i Lacie CRT bese so Sony - dobar za video, pa Dell 24" koj vidlivo bese podobar se dodeka ne sednav na Eizo Flexscan S2100. Sega sekoj koga kje go vidi vika WOW i toa lugje koi ne rabotat foto/print/video. Ogromna e razlikata. Ako seriozno mislis da se zanimavas so print togas investiranje vo pro monitor sekogas se isplati. Okolu pecatenjeto. Ako sam mislis da pecatis togas najdobra opcija e HP Dreamcolor monitor i printer koi se napraveni da davaat "what you see is what you get". Ako mislis da pecatis vo pecatnica, togas najdobro e da se dogovoris so edna so koja kje rabotis i da napravis probi i da znaes na sto si.

-------------
That is called grain. It is supposed to be there.


Постирано од: procokal
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 02:04
Данке мучо за одговорите.

Не се занимавам професионално со фотографија така да инвестирање во про монитор барем засега ми е вон буџет. Прво на програмата е планиранo добар телеобјектив.

Принтањето ми е предвидено за една изложбичка во септември така да немам појма тогаш каде би ги принтал фотографиите. Логично е дека сите фирми печатат со различни принтери/резултати ама со калибраторот сакав онака да си ги подобрам сетинзите на мониторот колку да не сум очајно off кога ќе се подесувам спрема принтерот од печатницата. Спрема муабетов значи на обичен монитор нема што многу да се подобрува така да да не земам калибратор? :)


-------------


Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 03:47
Kalibaratorot sekako kje ti pomogne i na entry level monitor, no ne veruvam deka kje ti bide od golema pomos na laptop osven ako ne stavis plus monitor na laptopot. Ako pecatis vo foto studio lesno kje se snajdes so profiliranje. no ako pecatis vo pecatnica doagja zabavata so profili, cmyk, gamma i mnogu varijabili koi znacat. Zatoa napravi probi, komuniciraj so niv za da go dobies toa sto go sakas

-------------
That is called grain. It is supposed to be there.


Постирано од: procokal
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 15:06
А овие IBM со IPS ?

-------------


Постирано од: Tegla
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 18:43
IBM za zal ne pravat povekje hardver.

-------------
That is called grain. It is supposed to be there.


Постирано од: pecok
Датум на внесување: 04.Јули.2011 во 13:24
Originally posted by Tegla Tegla напиша:

IBM za zal ne pravat povekje hardver.


Конези го купија IBM.

Поточно Lenovo го купи најголемиот дел од IBM.

„Ле“ доаѓа од Легенда, а „Ново“ значи ново. Името првобитно било само Legend меѓутоа е сменето поради трејдмарк конфликт со друга компанија.

-------------
http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk