Испечати | Затвори го прозорот

Радио-тригер кој функционира со Сигма блиц?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24621
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 20:06
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Радио-тригер кој функционира со Сигма блиц?
Постирано од: Izzi
Наслов: Радио-тригер кој функционира со Сигма блиц?
Датум на внесување: 22.Јуни.2011 во 15:06
Здраво,

пред некое време набавив Sigma EF-530 DG ST блиц за Canon фотоапарат и сум презадоволен од блицот. Единствен проблем е што не можам да користам радио-тригер за блицот.
Попрецизно, отидов во ПиксПлус за да го пробам тој Dynaphos тригерот за Canon. Со Сигма блицот не функционираше (т.е. сигналот од трансмитерот стигнуваше до примачот ама блицот не окинуваше) додека на истиот тригер Canon и Dynaphos блицеви функционираа.


Потребен ми е совет на кој начин да го решам проблемов:

1) да побарам тригер кој функционира со Sigma блиц, а ако најдам Sigma блицот кој го имам нема мануелни контроли (освен full power и 1/16)

2) да набавам втор Dynaphos блиц стриктно за off-camera фотографирање кој чини околу 5.000 денари, без TTL метеринг НО со целосно мануелни контроли и можност да го користам како optical slave (во комбинација со Sigma блицот)

-------------



Коментари:
Постирано од: choonga
Датум на внесување: 22.Јуни.2011 во 21:17
проблемот е заради следните можни работи:

- поларитетот на контактите на сигмата не одговара со тригерот
- пиновите за ттл можи да допираат на "масата" на папучата на тригерот и зато го блокира окинувањето

решение ако се купува од тие евтините тригери е да се проба да се отвори и преспојат контактите, ама за то треба добра хирургија (кажвам од испробани варијанти)
а добра и поевтина варијанта е да се работи блицот надворешно со фотоќелија (доволно е со вградениот блиц да се намести на најмала јачина и така да се пали сигмата, а да не смета дирекниот блиц од апаратот - исто кажвам од испробани варијанти)





Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk