Испечати | Затвори го прозорот

Првиот Македонец, каде цела влада му дојде на пушт

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24381
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 06:50
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Првиот Македонец, каде цела влада му дојде на пушт
Постирано од: Klucarot
Наслов: Првиот Македонец, каде цела влада му дојде на пушт
Датум на внесување: 02.Мај.2011 во 20:37
Скопјанец е веројатно е еден од ретките, ако не и првиот Македонец кој ја имал честа неговата нова канта за ѓубре во дворот да му ја пуштаат во употреба министри, градоначалници и директори.

Најпрво вицепремиерот Ставревски ја потчукна кантата од грчкиот производител за да види дали е квалитетна.

„Добра е кантата“, рече Ставревски.

А потоа следеше примопредавањето. Првата од 60 илјади нови канти, свечено се пушти во употреба во двор во Кисела Вода.

Канти се пуштија уште во неколку дворови. За Ставревски ова значело подобрување на стандардот на граѓаните, советничката на град Скопје Есма Реџепова, унапредување на хигиената.

Како кантите ќе го подобрат стандардот?

„Наместо граѓанинот да вложи 800 денари од неговиот сопствен буџет, Градот Скопје ги дава тие 800 денари да се купи таа канта“, вели Зоран Ставревски, министер за финансии.

„Како член на ВМРО-ДПМНЕ, сигурно ќе го поддржам, хигиената е голема работа, да се заблагодарам министерството што на граѓаните ќе им направи подобри и почисти услови да живеат“, рече Есма Реџепова, советник во град Скопје.

„Важно е дека ние постигнавме цена, која што сметаме дека е многу поволна, овие импровизирани садови нема да ги има, ќе имаме нов добар систем“, изјави Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.

Новите канти за отпадоци чинат околу 800 илјади евра и се обезбедени од кредит од светската банка. Ги изработи грчка фирма. А Бесплатно ќе бидат поделени во 20 општини на луѓето кои немаат канти.


Мене стварно не ми е јасно до кога ке се води ваква политика ... До сега со тоа официјално сечење на црвената лента се отвараа најразлични објекти а сега изгледа дека парите од ММФ ке бидат користени за кампања, па навиките за сечење ленти ги префрлија на нешто друго ... канти фонтани и така натаму.. Смешно дури !!!  Манипулациите продолжуваат и не не ми е јасно како со овие канти ке се подобри стандардот на народот ?!?! Зарем не е потребен економски растеж за тоа ?! Зарем може да се постигне со канти ??



Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Мај.2011 во 12:34


Е што да кажеме на темава? Помпезното и официјално пуштање на кантите во употреба за мене е гаф на месецотголема%20насмевка. Вакви бруки не смеат да си дозволат министри или високи претставници од Владата. Со сета сериозност, небаре сечеа лента на отварање на некој капитален објект.

(А и ти па малку си претерал/а со насловот, сепак беше еден министер + градоначалник.намигнување)





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: pravicen
Датум на внесување: 03.Мај.2011 во 21:26
hahahahahahaahh abe sto da se ocekuva odl ugje so sadat palmi zosto se osekjaat ko vardar da e more, vidi gi izveani , kakvi luge ni ja vodat drzavata sea i kanti otvaraaat ko komunalna higiena se umesto da krojat drzavni politiki i nadvor od drzavava da gi vrakame prijatelite so gi izgubivme sramota rezil. Ova e vlada so najmnogu gafovi... za greota


Постирано од: Klucarot
Датум на внесување: 03.Мај.2011 во 21:38
хахахах многу ми беше смешно .. еноставно неможев а да не ја споделам оваа вест на форумов .... "Добра канта" - рече Ставревски хахахахаха 


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Мај.2011 во 23:07

Originally posted by pravicen pravicen напиша:

hahahahahahaahh abe sto da se ocekuva odl ugje so sadat palmi zosto se osekjaat ko vardar da e more


И онака темава е бурлеска, па ќе си дозволам малку офтопикголема%20насмевка
Дали навистина сметаш дека палми растат само покрај море? Слушнал ли некој дека видот на палма кој е посаден крај Вардар (дури 15 дрвца еееј) успеваат и виреат и во Канада, Шкотска, Швајцарија и многу други места кои ниту имаат мориња ниту се со медитеранска клима?


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 04.Мај.2011 во 05:15
So ogled kolku djubre ima po gradot i te kako podelbata na kantite e kapitalna rabota za gradot.

A na pro sdsm strukturite se im e smesno, ako ako samo smejte se, 5 juni se nablizuva. Koj posleden se smee najslatko se smee.



-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ


Постирано од: novace
Датум на внесување: 04.Мај.2011 во 10:41
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Дали навистина сметаш дека палми растат само покрај море? Слушнал ли некој дека видот на палма кој е посаден крај Вардар (дури 15 дрвца еееј) успеваат и виреат и во Канада, Шкотска, Швајцарија и многу други места кои ниту имаат мориња ниту се со медитеранска клима?
 
Заборави (ли) да ги (овде) споменеш и ПАЛМИТЕ насадени на Булеварот Маршал ТИТО во Струмица..и (од) чиј богат (слушам) род е еден од значајните ставки во преполниот градскиот Буџет на Општината , каде што крадоначалник е другарот Зајко Кук*рајковски....чинам дека беше оној со повитканата кичма?голема%20насмевка
И кој ќе (во меѓувреме) ...и ЈАДЕЛ ЖИВИ ЛУЃЕ..наместо бананите од Маршал Тито булевароттрепкање
намигнување


-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 04.Мај.2011 во 10:52


Не сум ги заборавилаголема%20насмевка
Ги спомнав на друга тема, а тука ептен ојдовме офтопик, да се вратиме на кантите за отпад. голема%20насмевка


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: novace
Датум на внесување: 04.Мај.2011 во 10:58
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Не сум ги заборавилаголема%20насмевка
Ги спомнав на друга тема, а тука ептен ојдовме офтопик, да се вратиме на кантите за отпад. голема%20насмевка
 
 
КАНТИТЕ ..се едно од средствата за собирање ,пренос и складирање на децениското ЃУБРЕ насобрано во Македонија..
Затоа и „целата„ ВЛАДА им посветува вакво внимание..наскоро... после завршеток на изборниот циклус ...ќе видите со каков интензитет ќе се очисти се што е изгнасено во минатотоголема%20насмевка
намигнување


-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 04.Мај.2011 во 11:04


Тудеј ис мај дејголема%20насмевка
Ве молам за разбирање, не ми го расипувајте со дополнително... ѓубре за чистење.
Немам јас гратис канта од владата
.трепкање


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Мај.2011 во 14:53
Јадни ли ние кога владата почна да дели канти за отпадоци, односно оние кои ние ги плативме преку нелогичните цени на сметките.Која ја логита за вода да плаќаме 200...3000 денари а за ѓубре 400...500. Ај оние што сме повеќе членови некако ајде, ама оние со по 1 член. Се зборува за случај на суд кој бил ослободен кога одбил да плати  400 денари ѓубретарина.Логично му било објаснението- дека една кеса ѓубре може да си ја однесе сам со точак до Дрисла.
А и која е правдата спрема оние кои претходно си ги купиле. Значи владата за едни мајка, за други маќеа?!збунетост


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk