Испечати | Затвори го прозорот

Какво мислење имате за рестораните во Мак

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Забава, разно, игри, интима
Опис на форумот: џиџимиџарница
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24341
Датум на принтање: 23.Декември.2024 во 09:13
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Какво мислење имате за рестораните во Мак
Постирано од: AneZ
Наслов: Какво мислење имате за рестораните во Мак
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 10:33
Здраво на сите!

Веќе неколку години работам во угостителството/хотелиерството низ светот. Ме интересира што мислите за рестораните во Македонија? Во однос на квалитетот на храната, услугата, иновативноста, менаџментот? И кој ресторан би го одвоиле од другите?

А ако имате време Ве молам пополнете ја анкетава (2-3 мин)

http://www.zapsurvey.com/Survey.aspx?id=962236a4-4aa4-4257-8892-0a1ccd3525aa




Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2011 во 14:24

http://bumbar.mk/28/proglaseni-najdobrite-ugostitelski-objekti-vo-skopje-za-2011-godina/" rel="nofollow - Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2011 година

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ги додели плакетите во знак на признание на трите најдобри ресторани и трите најдобри гостилници на подрачјето на град Скопје за 2011 година. Трето место и припадна на гостилницата „Кај Димитрис“, второ место е „Лира“, а најдобрата гостилница за 2011-та година е „Галерија“. Ресторанот „Три Бисери“ беше прогласен за трет, „Уранија“ за втор, а најдобар ресторан за 2011-та година е ресторанот „Колиба“.

najdobri-objekti-sk

- Се надевам дека со изборот на најдобрите и најпрестижни ресторани и гостилници ќе придонесеме за континуирано унапредување на кавлитетот на услугата и најпријатно искуство на гостите при посета на угостителските објекти во Скопје. Би сакал и се надевам дека поддршката на манифестацијата од Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT ќе претставува мотивација и порака до угостителите за понуда на услуги на највискоко ниво, истакна градоначалникот Трајановски.

Проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“, Градот Скопје четврта година по ред го организира во соработка со Агенцијата „SWOT Research“.

Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на т.н. mystery shopping, односно преку директна посета од независни и објективни тајни купувачи коишто го истражуваат и оценуваат квалитетот на услугата во 100 угостителски објекти на територијата на град Скопје. Во истражувањето беа вклучени 50 гостилници и 50 ресторани во коишто, во рок од еден месец од 15 октомври до 15 ноември годинава, беа извршени вкупно 300 тајни посети. Истражувањето беше спроведено според 5 критериуми: прв контакт, изглед на просторијата, услуга на келнери, квалитет на храна и завршен контакт.

Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата спрема клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот.



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk