Младенци
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24198
Датум на принтање: 17.Февруари.2025 во 13:15 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Младенци
Постирано од: spiros
Наслов: Младенци
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 21:04
Браќа и сестри, родбини, пријатели и сите останати:Совршениот Милостив БОГ во Срцето и Името Господово (Христово) да ве благослови со надприродна Љубов, Мир, Радост, ... и се’ друго што произлегува од Духот Светол БОЖЈИ !
Дозволетеми да ја отворам оваа тема и да ги запрашам луѓето што добро го познаваат овој празник: “Од кога и зошто се празнуваат Младенци (?), зошто се вика овој празник Младенци (?), зошто се слават секогаш на 22ри март т.е. секогаш на самиот почеток на пролетта?
Би ве замолил да кажете се’ што знаете за овој празник.
Најљубезни поздрави до сите, посебно до оние кои со збор и (пред се’) дело Го љубат Живиот ГОСПОД!
Благословот БОЖЈИ врз вашите деца, Благословот БОЖЈИ врз вашите брачни партнери, Благословот БОЖЈИ врз вашите родители, Благословот БОЖЈИ врз вашите ближни, Благословот БОЖЈИ врз вашите далечни, Благословот БОЖЈИ вашите пријатели, Благословот БОЖЈИ врз вашите непријатели ...!
Во Срцето и Името Исусово
Амин!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Коментари:
Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 22.Март.2011 во 10:20
Секој правоверен знае т.е треба да знае за празников ама дека ти прашуваш(и тоа некако реторички)со тенденција да го преџвакаш како што одговара на твојат лична теологија- нема да кажам ништо.
Поздрав!
------------- Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 22.Март.2011 во 21:26
ahmar1 напиша:
Секој правоверен знае т.е треба да знае за празников ама дека ти прашуваш(и тоа некако реторички)со тенденција да го преџвакаш како што одговара на твојат лична теологија- нема да кажам ништо.
Поздрав! |
Имам многу добра основа и причина зошто одсрце да ти ги простам не баш најљубезните зборови што ги пиша погоре, но и да Го молам Единствениот Совршен и надприроден БОГ во Името И Срцето Господово (Христово), да те благослови тебе и твојте најмили со најголемиот можен благослов!
Амин
Вчера вечер (после зајдисонце на 21ви март) кога Библиски веќе започна наредниот ден Младенци (22 март), слушнав како свири еден аларм на некој автомобил. Отворив прозор и “видов“ дека не е нашето ауто, туку звукот доаѓаше од источното соседство.
После извесно време, се случи истото. После околу половина час, повторно! Излегов во дворот и што ќе видам во соседството, автомобилот на - во момент - најблиските и можеби најважните луѓе. Одкако го исклучија алармот, си отидовме секој во својот дом. Но, после неколку минути (можеби 20) автомобилот почна пак да свири!
Излеговме овојпат скоро истовремено, за разлика од моите ближни кои беа потполно разтревожени, јас го фалев Живиот БОГ и му велев на мојот ближен да не се тревожи толку, бидејќи има некои работи кои што се повисоки од секој човечки ум и технологија.
Одкако повторно го исклучи, јас го прашав дали ќе ме послужи со чаша вода, што тој со радосно срце прифати. Кога влегов во нивниот дом, добив дури и торта (нека прости Господ )!
Во куќата насмеани лица, посебно на невестата која е бремена.
Летоска бев(ме) чудесно изненаден и удостоен кога бев поканет и јас да бидам кум. И младоженецот, и невестата беа по 22 години и некој месец, а ние како кумови во општината посведочивме и тоа на еден маркантен датум и место, кое сега не сум спремен да го објавам.
Ако даде БОГ, набрзо ќе треба да венчаваме и крштаваме, и тоа луѓе кои ни се посебно мили и значајни во животот, со кои не' поврза еден 12 годишен чист Ангел!
Ако некој може да пише нешто повеќе за овој празник, би му бил многу благодарен!
Поздрав
п.с. Автомобилот што 4 пати алармираше има лого со четири круга кои меѓусебно се пресечуваат формирајќи една врста на ланец, одкои средните два круга се пресечуваат со двата други соседни круга, а надворешните пак само со по еден круг. Значењето на името е: Слушај!
п.п.с. После посетата, автомобилот повеќе нити еднаш не алармираше!
spiros напиша:
“Од кога и зошто се празнуваат Младенци (?), зошто се вика овој празник Младенци (?), зошто се слават секогаш на 22ри март т.е. секогаш на самиот почеток на пролетта?
Би ве замолил да кажете се’ што знаете за овој празник.
Најљубезни поздрави до сите, посебно до оние кои со збор и (пред се’) дело Го љубат Живиот ГОСПОД! |
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 27.Март.2011 во 00:28
Abe domashnata rakija e misterija nevidena... No koga vece i avtomobili se spomnuvaat...
Please do not drink and drive....
So nekoja slicna prikazna nema da se izvlecesh pred soobracajcite ....
Hahahahahaha Spirose ne luti se, ama ubavo me nasmea.
Pozdrav i te molam ne luti se, jas nekogash na shega gi gledam rabotite.
------------- Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
|
|