Задолжително отварање e-mail за фирмите
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24197
Датум на принтање: 14.Јануари.2025 во 08:56 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Задолжително отварање e-mail за фирмите
Постирано од: Andjelina
Наслов: Задолжително отварање e-mail за фирмите
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 20:17
уште една новина-за оние кои ги засега а не разбрале сеуште...оти кај нас разбираме кога ќе почнат да фрчат казни!!!
имејл-адреса или 1.500 евра казна
Според Законот, околу 60.000 компании од земјава имаат уште десетина дена да пријават имејл-адреса за да не заработат казна
Компаниите што до крајот на месецов нема да пријават имејл-адреса во Централниот регистар може да заработат казна од најмногу 1.500 евра. Оваа новина произлезе од измените во Законот за едношалтерскиот систем, кој неодамна стапи во сила.
Голем број фирми во земјава прв пат слушаат за оваа новина. Според Законот, околу 60.000 компании во земјава имаат уште десетина дена да пријават имејл-адреса за да не заработат казна. Тоа, наместо електронски, мора да се изврши на шалтерите на Централниот регистар. Компаниите реагираат дека не се информирани и дека повеќето од нив не комуницираат електронски.
- Ова ми го испрати сметководителот и се вчудовидев. За 10 дена треба да пријавам електронска адреса за да не ме казнат. Ова го има само во луда држава. Секој ден се менуваат закони, се тресат казни од ракав, со цел побрзо да се полни државната каса. Никој од моите колеги не е информиран, па морам јас да ги известувам за да не бидат казнети. Смешно е што меѓу нив има и постари лица кои не знаат да користат тастатура, а не пак интернет. Ова можеше посуптилно да се изведе, без постојано да ни се закануваат со казни - вели еден стопанственик кој инсистираше да остане анонимен.
Има и такви што воопшто не знаат дека ваква законска новина е донесена.
- Прв пат слушам. Ќе се јавам кај мојот сметководител дали тој знае нешто за тоа - е почестиот одговор што го добивме од фирмите со кои контактиравме.
Интересно е што и поголем број од сметководствените бироа во земјава не се информирани за ова.
- Па ова не е фер. Не можеме ние постојано да следиме што се менува. Законите се менуваат секојдневно и ова не е издржливо, с` нешто ново се бара од компаниите, а во спротивно се закануваат со казни - велат од сметководственото биро со кое контактиравме.
За законските новини компаниите се известени само со едно соопштение на интернет-страницата на Централниот регистар.
„Се известуваат сите субјекти запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица дека согласно Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, кој стапи во сила на 25 февруари 2011 година, субјектите запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица имаат обврска најдоцна до 1 април 2011 година да поднесат пријава за упис на адреса на електронско сандаче (е-маил адреса) за достава на писмена и други податоци кои се донесуваат во електронска форма преку едношалтерски систем“, стои во известувањето.
Целта на ваквото решение е да се намалат трошоците за достава на известувањата и на документите од Централниот регистар. Оттаму информираат дека пријавата на имејл-адресите се врши со пополнување едноставен образец и додаваат дека до 1 април пријавувањето е бесплатно, а дека подоцна ќе чини 500 денари.
Инаку, Законот предвидува глоба од 500 до 1.000 евра за компанијата и глоба од 250 до 500 евра за управителите на фирмите што нема да ја исполнат оваа законска обврска.
ИЗВОР: дневник.
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Коментари:
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 20:46
pih
kje i kazes nesto, odma prekazuva
------------- се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 20:49
мора да ги известиме оние кои имат фирми а не знаат...оти да си фрлат џабе 500 денари или 1500 евра,а?
ти за народот навиваш мори или за власта
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 20:49
pa sto i fali na odlukata, neka prijavat..golemo cudo
------------- vivi
|
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 21:02
Andjelina напиша:
мора да ги известиме оние кои имат фирми а не знаат...оти да си фрлат џабе 500 денари или 1500 евра,а?
ти за народот навиваш мори или за власта |
ete gledate zosto mi e drugarka?
na site misli
------------- се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 22.Март.2011 во 09:24
auuu zarem i nie tuka mora da gi prijavime forumdzhiskite i kontakt prijateli., elektronski adresi., cccc.. pak sega nekoj ke se pobuni., i cinkari
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Март.2011 во 03:05
Компаниите ќе можат да
пријавуваат имејл адреси во Централниот регистар и по први април. http://www.time.mk/read/ee323bd7f2/b1d1cab6bb/index.html - Рокот
е продолжен бидејќи досега само 6500 компании пријавиле електронска
адреса од вкупно 100 илјади запишани во регистрите.
...Абе јас за ова читав пред 2-3 недели, ама нели кај нас се' се чека во последен момент. Оти бе тој Али Риза не кажува вакви работи на Лисјата, ееее па више.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
|