Испечати | Затвори го прозорот

Струмичките карневали од верски аспект

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24147
Датум на принтање: 28.Јули.2025 во 12:01
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Струмичките карневали од верски аспект
Постирано од: kultuzin
Наслов: Струмичките карневали од верски аспект
Датум на внесување: 13.Март.2011 во 11:01
Пред некој дена за првпат дискутирав околу денот на одржување на Струмичките карневали. На крај дојдов до заклучок дека се во спортивност со православната религија каде што постот почнува во понеделник а карневалите се во вторник, што ќе рече дека карневалот треба да заврши во недела, затоа што се прекршува постот. Католиците на пример запостуват во среда така да кај нив е логично карневалското финале да биде во вторник.
Не ми е јасно како и зошто дошло до тоа и струмичките карневали да завршуват во вторник.
Би сакал оние што повеќе се разбират во темата да разјаснат зошто е тоа така и зошто црквата не побара карневалите да се поместат во недела.



Коментари:
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 13.Март.2011 во 13:29
karnevalite nemaat nikakvi dopirni tocki so hristijanstvoto, taka da nema nikakva smisla da se diskutira okolu nivnata povrzanost so hristijanskata vera.
 
Hristos nikogas i nikade ne organiziral karnevali!


-------------
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 13.Март.2011 во 14:37
Како и коледето (бадникот) така и карневалите (чие што име значи „долина на {месото} телото“) иако никогаш не биле практицирани или обожавани од вистинските (Духовно одновородени) Христијани, тие сепак имаат длабоко значение коешто упатува и сведочи за Совршената Вистина!


Коледето (бадникот) и карневалот го преставуваат темниот, демонскиот, ѕверскиот, животинскиот, негативниот, несвестниот, успаниот, ... или со еден збор >>стариот човек<< со неговите (не) дела кои се во спротивност на Новиот човек, се’ до моментот (БОЖИЌ кај бадникот или Постот кај карневалот) кадешто се случува најголемиот преосврт и настан: Будењето и Духовното раѓање на Прасветата Мудрост БОЖЈА (Христос) во срцето на верникот!


Тоа е длабоката синболика на бадникот (коледето) и карневалот!

За жал, во минатото и денес на телесно ориентираниот човек, човечката традиција му била и останала поважна дури и од суштината на Мудроста БОЖЈА (Христос) и нејзината прачиста инкарнација (Исус)!


Поздрав до сите, посебно до оние кои со збор и дело Ја љубат Совршената Вистина!








   
   






-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 19:13

 Karnevalite imaat koren vo paganskite tradicii i nemaat nisto so Hristijanstvoto.

Nema nikakva potreba nitu pak smisla Crkvata da se mesa vo ovie proslavi i da kazuva kako i sto da se pravi .




-------------
   SOLI DEO GLORIA


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 19:37
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Пред некој дена за првпат дискутирав околу денот на одржување на Струмичките карневали. На крај дојдов до заклучок дека се во спортивност со православната религија каде што постот почнува во понеделник а карневалите се во вторник, што ќе рече дека карневалот треба да заврши во недела, затоа што се прекршува постот. Католиците на пример запостуват во среда така да кај нив е логично карневалското финале да биде во вторник.
Не ми е јасно како и зошто дошло до тоа и струмичките карневали да завршуват во вторник.
Би сакал оние што повеќе се разбират во темата да разјаснат зошто е тоа така и зошто црквата не побара карневалите да се поместат во недела.


Црквата неколкупати апелираше да се поместат карневалите и да не бидат во време на големиот пост, кога луѓето треба да бидат насочени кон постот и големината на Велигден, но таа не може да наметнува. Останува на човекот колку ќе го послуша тоа.

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk