Болните од реума артрит се граѓани од втор ред?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24137
Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 10:35 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Болните од реума артрит се граѓани од втор ред?
Постирано од: Aleksandra923
Наслов: Болните од реума артрит се граѓани од втор ред?
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 10:02
Поради немање доволно пари, Клиниката за ревматологија е принудена да им ја прекинува терапијата на најтешко болните.
Надлежните никако да ја чујат маката на болните од ревма - дека треба да се лекуваат со биолошка терапија, која ќе спречи да станат инвалиди. Доведен е во прашање дури и третманот на оние педесетина болни кои лани имале „привилегија“ да бидат лекувани со современите лекови. Поради немање доволно средства, Клиниката за ревматологија е принудена на некои од најтешко болните пациенти да им ја прекинува терапијата и да ги лекува со застарена терапија која не им дејствува, а долга е листата и на нови болни кои чекаат со месеци за терапија. Здравствените власти веќе три месеци молчат за проблемот на болните со ревма, а Клиниката за ревматологија, како што дознаваме, и годинава нема да добие поголем буџет за лекување на овие пациенти. Не помогна дури ни повикот на словенечкиот стручњак за ревматологија дека е катастрофален третманот на македонските пациенти со ревма.
„И покрај тоа што еминентниот професор по ревматологија од Словенија, проф. др. Матија Томшиќ, алармира за загрижувачката состојба во лекувањето болни пред два и пол месеци, до денеска никој не не' повикал, иако се крои судбината на нашето здравје “, истакна претседателот на Здружението на болните со ревма (НОРА) Драган Чичиќ, кој вели дека не знае што треба уште да прават Министерството за здравство да почне да ја почитува сопствената стратегија дека треба да комуницира со пациентите за нивните проблеми. Пациентите велат дека уште еднаш ќе им подадат рака на надлежните за да го решат проблемот, а потоа не знаат во кој правец може да експлодира нивниот револт од ваквиот индиферентен однос на државата спрема нив.
Математиките на НОРА и на стручњаците и натаму се на страната на болните, зашто секое нелекување на ревмата со осовременета терапија ги води директно кон инвалидска количка. „Санирањето на последиците од нелекувањето на ревмата, скршениците и операциите на скршениците е неколкукратно поскапо од современата терапија“, додава Чичиќ.
По реакцијата на НОРА, Министерството за здравство, конечно, се огласи. Објаснувањето на Министерството е контрадикторно, зашто во соопштението се вели дека Клиниката за ревматологија ќе достави протоколи за лекување ревматоиден артритис до Фондот, по што ќе биде дефинирано колку ќе биде зголемен буџетот на клиниката. За веднаш потоа да речат дека иако преговорите меѓу Фондот и Клиниката за ревматологија за дефинирање на нивниот годишен буџет се во тек, Министерството за здравство има информации дека буџетот на Ревматологија ќе биде зголемен за околу 10 отсто за болничко лекување. Но, нема податок колку болни ќе може да се лекуваат со тие пари.
За Министерството за здравство и натаму приоритет се пациентите, па затоа веројатно и реакцијата на НОРА ја оквалификува како непринципиелна и обид за притисок и лобирање во полза на еден производител на лекови.
Од Клиниката за ревматологија, пак, кратко ни рекоа дека досега ги дале сите потребни фармакоекономски анализи со проектиран број болни со ревма и имале неколку средби со надлежните, но засега нема никакви конкретни резултати.
|
Коментари:
Постирано од: Ane09
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 10:10
Bolnite od rvmaticen artrit..imaat i nekoja sreka barem nekoj od klinikata se zazema da im ja registrira dijagnozata...zaete kolku bolni talkaat na reumatologija so povrsni ispituvanja i so preporaka odi doma pij aspirin ili andol so sarkazam OD REUMA NIKOJ NE UMREL...ama boli i posle smrta..Koga se zboruva za reuma sekoj misli ete starecka bolest ...neinformiraniot covek ne znae sto e reumatoiden artritis...bolest na celiot organizam ..ziv mrtovec si nesposoben za nisto...24 casa nepodnosliva bolka koja progresira sekoj den poveke ...i na kraj ako imas "sreka" si vo kolicka ziv a nesposoben za nisto..!!
|
|