Прочка (недела на проштевањето)
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Уметност , култура и традиција
Опис на форумот: Литература, театар, сликарство, дијалекти...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24110
Датум на принтање: 30.Ноември.2024 во 12:14 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Прочка (недела на проштевањето)
Постирано од: FeaR
Наслов: Прочка (недела на проштевањето)
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 12:04
За сите оние кои некому погрешиле и сакаат да побараат од нив да им прости.
------------- "А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
Коментари:
Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 12:05
Простете ми ако нешто сум ви погрешил и нека ви е простено.
------------- "А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
Постирано од: K1nm23
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 12:08
od mene ti e prosteno...od Gospod povece......
|
Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 14:49
i od mene fear ti e prosteno
------------- vivi
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 16:06
prosteno neka vi e ceda bozji
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 16:27
Простете ми драги мои форумџии што сум ви згрешил... И нека ви е простено од мене...
-------------
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 16:47
На овој убав ден,сакам да побарам прошка од сите вас драги форумџии,ако можеби несвесно сум ви погрешила.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 17:26
Простете ми и мене ако сум згрешила на некого,ништо не било намерно
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 17:50
------------- vivi
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 17:51
nekomu mu e malku i godina za da se prostuva....sto e eden den...
------------- Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 18:43
Нека ми простат тука само модераторите, за безбројните оффтопици, посебно со Волс... оу, само кога ќе се сетам...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 19:04
Тиги, сонцеее ти посебно , прости ми , ма сигурно ти имам згрешено бар нешто ...
-------------
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 19:20
Каде ви се лимоните и портокалите...
Простете ако сум згрешила некому
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 19:22
prosteno ti e schatzzi
------------- "А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 19:31
Простете ми ... членови, Модератори, Администратори (на Анастеа се однесува!) ...
особено замислена и Schatzii што метеа по мене во љубов и разно ... Анѓа .. што и дадов повод да ме банира ..и тоа во мода и убавина ..
Прости ми Анастеа за сите офтопици во Забелешки ...
на овие другиве во раководство не сум им згрешила .. и да сум .. не се чувствувам така
пантер .. за тоа што фино те отерав во 300 онакви и наназад...
Минди .. дадо .. прости ми и ти .. .. ако ти се простува
емил .. прости ми за се, не беше намерно
И за крај .. прости ми ВАЖНА... извини... ама не можев да бидам полоша од ова. И да сакав, не можев .. прости ми .. затоа што имам чувства и не сум само еден глуп ник од 5 букви. Прости ми за тоа што го изгуби времето со мене .. а можеше попродуктивно да го искористиш за трач муабети! Прости ми што не се спуштив на толку ниско ниво ... не можев да стигнам толку ниско .. каде што си ти
Ова не се однесува на Босот! .. без коментари молам!
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 20:22
Ima eden forumdjija so koj ne sakam da se karam..ama sam me isprovocira i javno ovde napisav eden zbor koj ne trebase...i ne mi e vo stilot da go upotrebuvam...
ama ete se slucuva i toa.....sigurno ke se prepoznae brza...i sigurno ke si prostime.....
inaku opsto na forumot si nemam za prostuvanje so tie sto treba se e vo red
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 22:52
Простено и од Бога и од мене
-------------
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 22:54
neka mi prostat na site ako sum im zgreshila neshto
------------- druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...
|
Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 22:59
prosteno anitke, prostimi i ti
------------- "А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
Постирано од: panter123
Датум на внесување: 07.Март.2011 во 03:45
Malku so zadocnuvanje. I jas da se pridruzam na porakite vo vrska so praznikov. Prostete mi dokulku sum vi zgresil nesto, i prosteno vi e.
|
Постирано од: K1nm23
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 01:58
Само ако постите....ќе ви простам....
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 02:02
штета јас никогаш не постам
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: K1nm23
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 02:04
mrzla напиша:
штета јас никогаш не постам |
Ти уште не си ми згрешила за да ти простам.....
Овие над тебе се сите грешници.....
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 02:04
И јас со задоцнување, но никогаш не е доцна за прочка. Ако некому сум погрешила нешто, не било намерно.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 02:07
K1nm23 напиша:
mrzla напиша:
штета јас никогаш не постам |
Ти уште не си ми згрешила за да ти простам.....
Овие над тебе се сите грешници..... |
ух..чиста ми била душава од гревови
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: K1nm23
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 02:09
mrzla напиша:
K1nm23 напиша:
mrzla напиша:
штета јас никогаш не постам |
Ти уште не си ми згрешила за да ти простам.....
Овие над тебе се сите грешници..... |
ух..чиста ми била душава од гревови |
Тоа не знам.....ти си знаеш......
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Март.2013 во 22:40
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/282/103324273#" rel="nofollow - Утре е Прочка. Проштална недела.
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/282/103324273" rel="nofollow - http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/282/103324273
Да му простиш некому, па тоа е вистинското дело на љубовта. Да ги избришеш сите навреди, лаги и клевети на другиот кон тебе е духовен херојство. Тоа е растоварување на двете души – и твојата и неговата, од голема тежина.
Молам за прошка доколку некому на форумов сум згрешил.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Март.2013 во 23:00
-bog prostuva ,...jas ne!!
...ama , aj tebe ti e prosteno od mene!
...iako nema za shto !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 17.Март.2013 во 01:34
,,,,e aj ,,,,prosteno ne kavie,,,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 17.Март.2013 во 10:36
И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден.
Ushte go ziveete shestiot den vo toj den ke si gresh*te i ke si prostuvate,
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 17.Март.2013 во 11:04
denes e sedmiot den - nedela...
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 17.Март.2013 во 12:57
Kako samo od edno stanavte dve,edni na drugi grev i pokajanie si davate. Istiot e onoj koj e vo tebe i onoj koj e sproti tebe, sami na sebe demoni i angeli ste. Znam. Sinot (grevot) ve razdeli i samo toj moze da ve soedini. Samiot sebe kako zrtva ke se prinese,iako nevin e.
Taka povtorno edno ke bidete i vo spokojot svoj ke vlezete. A tamu nema nitu angeli nitu demoni,nitu grevovi i pokajnija.
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 17.Март.2013 во 13:03
nema da bideme ...sme...stanavme dve da se "vidime".
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 17.Март.2013 во 13:12
ako ste..nemashe prochka od samata sebe da barash. A bidejki stanavte dve,ke se vidite kakvi i ste. Velam jas ushte vo 6-ot den ziveete
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 17.Март.2013 во 13:16
aj prosteno ti e....
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 17.Март.2013 во 16:17
Јас пак бев убеден дека денес е
Ај мало сутра....утре де ќе барам прошка и ќе простувам
|
Постирано од: Јована.
Датум на внесување: 17.Март.2013 во 16:30
простете ми вие мене, а за јас да ви простам спремете 100 евра или повеќе не се бунам,инаку нема простување
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 00:15
Ако сум згрешила некому нешто, нека ми е простено. Чеда божји, грешиме сите.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 00:23
Денес е Прочка значи.
И треба тука да се испроштеваме на форумов мор Шефке?
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 00:26
Е оти да не бе? Зарем тука сме безгрешни?
Утре по дома, по баби и дедовци, кај постари дади и батковци... како што си е редот.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 00:27
Простете ми ако сум ви погрешила.
На сите што ми погрешиле, одамна ии е простено, ама сега вака празнично
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 00:28
Ам нека ми простат форумџииве ако сум им згрешил нешто
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: sikter
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 01:12
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 11:40
Vi posakuvam Srekjen praznik i za mnogu godini da ni e
Neka mi prostat site na koi nesto sum im pogresil
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 13:27
mene ovoj praznik mi e nekako najbiten...
se dodeka ne si prostish sebe - teshko deka kje ti uspee i na drugite da im prostish - no bez razlika dali nekoj zasluzhuva ... "ti" zasluzhuvash mir!
ednostavno, neli?
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 15:03
Прочка не е само празник еднаш во годината. Тоа е стил на живот! Џабе ми е ако чекам цела година за од некого да побарам прошка, да го/ја замолам да ми прости за нешто што сум направила со дела или со зборови. Или пак, да чекам да дојде Прочка, па некому да му простам. Секојдневно треба да се испитуваме и да внимаваме, но пред се, дури и кога некому ќе згрешиме, веднаш да се извиниме и да побараме опростување. И ние ќе имаме мирна совест, а и другата страна ќе ја спасиме од наталожување на гнев и омраза...
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
Постирано од: BIBI_G_3
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 17:02
Да му простиш некому , тоа е вистинско дело на љубовта. Да ги
избришеш сите навреди ,лаги и клевети на другиот кон тебе е духовно
херојство.Со тоа си симнуваш голем товар од твојата душа , иако знаеш
дека некои луѓе не ја заслужуваат твојата прошка. Сите грешиме и сите
сме за казна ,но Бог не не повикал да судиме и да казнуваме туку да
простуваме . Бог ќе ни ги прости нашите гревови доколку ние им ги
простиме на оние што ни ги згрешиле . ПРОШТЕВАЈТЕ И ЌЕ ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО! За многу години нека ни е празникот !!
------------- НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 18:25
Прости ми да ти простам
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 18:43
Анaстеa и Лина , извинете дека ви ги скинав нервите пред неколку дена . Вие си знаете како и зашто . Не беше намерно . Едноставно така ги усеќав работиве .
-------------
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 18:50
Нека ми прости секој оној кого свесно или несвесно сум го повредила. Голема е душата на оној кој умее да прости! Нека ни е за многу години празникот:)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 20:09
ПРОЧКА ВО МАКЕДОНИЈА
Прочка или Велики поклади, е ден во
православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците
пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во
зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред
Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената
и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на
Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се
јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во
семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.
Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над
главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се
прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски
пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните
празници.
Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето.
Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а
маските требало да бидат што пострашни и посмешни.
Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот
карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите
и во последните години стана голема туристичка атракција.
Во минатото во Скопје често на денот на празникот Прочка се
практикувало фотографирање во ателје. Скопските обичаи од кои дел имаале
христијанска основа, а дел од нив биле поврзани со паганските верувања,
најчесто биле исти како и сите останати од Македонија. По
фотографирањето, пресоблечените возрасни и деца оделе на плоштадот во
градот и на главните улици Краљ Петар (денешна улица Македонија) и
улицата Војвода Путник (кејот на реката Вардар) каде што изгледало како
на пазар на разнобојни костими и тоалети. Празничната атмосфера се
надополнувала со фрлање конфети, улични музичари со народни инструменти,
игри и песна.
По Втората Светска Војна празникот во редуцирана форма се прославувал
само во круговите на семејствата според сопствената иницијатива и
убедување, а од 60-тите години до денес почнува селективно навраќање на
стариот начин на прославување со собирање на плоштадот Македонија и на
Скопското Кале.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 22:34
емил напиша:
Анaстеa и Лина , извинете дека ви ги скинав нервите пред неколку дена . Вие си знаете како и зашто . Не беше намерно . Едноставно така ги усеќав работиве .
|
Ќе ти простев, ама не можеш без испади Поради ова
емил напиша:
да чита Лина да се учи и да не се буни друг пат |
Горниот нека ти прости.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 22:36
..povelete,imate samo uste saat i pol.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 22:44
Е па ај да искористиме штом така
Да си простиме со Емил, а Сиктер изгледа сака да ме части кафе во замена за прочка.
Шега на страна, морам да ги цититам Ла Филето и Биба. Прочка не е само денес. Простувањето е олеснување за душите од гнев, омраза и лутина.
la fille напиша:
Прочка не е само празник еднаш во годината. Тоа е стил
на живот! Џабе ми е ако чекам цела година за од некого да побарам
прошка, да го/ја замолам да ми прости за нешто што сум направила со дела
или со зборови. Или пак, да чекам да дојде Прочка, па некому да му
простам. Секојдневно треба да се испитуваме и да внимаваме, но пред се,
дури и кога некому ќе згрешиме, веднаш да се извиниме и да побараме
опростување. И ние ќе имаме мирна совест, а и другата страна ќе ја
спасиме од наталожување на гнев и омраза...
|
BIBI_G_3 напиша:
Да му простиш некому , тоа е вистинско дело на љубовта. Да ги
избришеш сите навреди ,лаги и клевети на другиот кон тебе е духовно
херојство.Со тоа си симнуваш голем товар од твојата душа , иако знаеш
дека некои луѓе не ја заслужуваат твојата прошка. Сите грешиме и сите
сме за казна ,но Бог не не повикал да судиме и да казнуваме туку да
простуваме . Бог ќе ни ги прости нашите гревови доколку ние им ги
простиме на оние што ни ги згрешиле . ПРОШТЕВАЈТЕ И ЌЕ ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО! За многу години нека ни е празникот !!
|
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 22.Февруари.2015 во 17:10
zagor напиша:
..povelete,imate samo uste saat i pol. |
Прости ми загоре, среќа не каснам Барам прошка и од Платеник, брза, Горазд, novace, Зекси, Орка, мрзла и многу политичари
А веројатно најмногу треба да барам од Анастеа, Фикс и Меси
Има многу теми за Прочка на форумов, простете ми што во оваа барам прошка
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 22.Февруари.2015 во 18:23
ццццццц ај простено нека ти е што си ме ставила во категорија политичари.
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 26.Февруари.2015 во 01:58
Единствен празник кој едвај чекам да помине,освен децата кои доаѓаат со песна другото за мене е небитно.
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 26.Февруари.2015 во 18:28
|