Најголемата казна во верата Христова?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24109
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 14:33 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Најголемата казна во верата Христова?
Постирано од: spiros
Наслов: Најголемата казна во верата Христова?
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 22:29
Која е најголемата казна - која е допуштена - во верата Христова?
Дали Христос и Апостолите казнувале со тоа што убивале, тепале, ... или пак можеби најголемата допуштена казна е сосема поинаква?
Јас со добра причина верувам дека во верата Христова не постои убивање, тепање, ... или слично!
Што мислите вие?
Поздрав
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 22:31
I spored tebe, koja e najgolemata hristijanska kazna za lugjeto?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 22:44
Messenger напиша:
I spored tebe, koja e najgolemata hristijanska kazna za lugjeto? |
Си бил некогаш баниран?
Од мене, сигурно не!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 22:53
Messenger напиша:
I spored tebe, koja e najgolemata hristijanska kazna za lugjeto? |
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 23:10
Ne beshe ko' forata , deka samo Bog(ot) kaznuva ?
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 23:42
Ако обрнеме внимание на сведоштвото кое од Апостолите и вистинските следбеници е прекрасно запишано во Новозаветните Списи, ќе видиме дека воопшто не постои казна, како на пример убиство, тепање, мачење, ...!
Најголемата “казна“ - после повеќекратна опомена - е вртењето на грб, дистанцирањето и изолацијата, додека опоменатиот не се свестне за својата грешка (грев)!
Го следам внимателно односот на германските власти кон двојниот убиец на американските војници (2.3.2011) во франкфурт - но и односот и на другите власти и држави во кои е вткаена Христовата етика - и приметувам еден надпросечно љубезен однос дури и кон луѓе кои се спремни да убиваат.
Се разбира, исклучоците и тука го потврдуваат правилото.
„Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си; ако не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор; ако, пак, не ги послуша и нив, кажи и на црквата (собранието); па, ако и црквата (собранието) не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и цариник.”
(Матеј 18:15-17)
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: MalcolmX
Датум на внесување: 18.Март.2012 во 15:07
Денес Куранот и Библијата се слагаат само во областите на правосудството, како казна за убиството на оној кој е неправедно и намерно убиен невин човек, или како војна против оние кои вршат напад на заедницата на верниците, но тие се разликуваат во тоа што е правда кога се работи за убиствата на деца, деца, жени, кои не учествуваат во војната, животни и слично. Концептот на војување и убивање во Библијата
Многу луѓе погрешно мислат дека Библијата вели:''Не убивај,''и го применуваат оваа правило на војната. Меѓутоа, Библијата е, всушност, (во оригинал), вели: "Не извршувај убиство" (Излез 20,13). Тој Хебрејски збор буквално значи " намерно убиство на друго лице од злоба и со предумисла", иако во денешната верзија на Библијата, можеме да видиме дека Божјите пратеници им е наредувано да ги убиваат дури и недолжните. Ние веќе одговоривме на душегрижниците за начинот на кој е дозволено да се води војна во исламот и тоа на следниот линк - http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=771:2012-02-17-14-36-51&catid=61:2011-10-07-12-38-25&Itemid=107.
Според денешна верзија на Библијата, Бог наредил смртна казна за голем број злосторства, но исто така и за работи кои не се злосторства, така што на многу места во Библијата се зборува многу построго и поригорозно за казнувањето отколку во Куранот:
Излез 21:12; 12''Кој ќе удри друг,така што тој ќе умре, има да се казни со смрт.''
15. Кој ќе го удри својот татко или мајка, треба да бидат казнети со смрт. 16 Кој фати човек и веќе го продал или се уште е во негови раце, мора да биде казнет со смрт.
17 Кој го проколнува својот татко или својата мајка, треба да се казни со смрт. " Излез 22,28-29;
28 Ако вол забоде маж или жена така што настапи смрт, има волот да се каменува, но неговото месо нека не се јаде, а сопственикот на волот да не се казни.
29 Но ако волот бил веќе отпорано бил бодач а господарот негов веќе бил предупреден, а тој не го вардел, тогаш волот ќе се каменува, а ако усмртил маж или жена господарот негов ќе се казни со смрт
Потоа: Левитски законик 20.11.
2 "Кажи им го ова на синовите Израилови: Ако еден Израелец, или странец, кој живее во Израел, кој даде свое дете Молеку, тој ќе се казни со смрт; народот да го каменува.
9 Сите кои проколнуваат татко или мајка, сосмрт са се казнат, затоа што тој проколнувал татко и мајка, нека неговата крв биде на него.
10 Ако некој направи грев со мажена жена, сопруга на свој ближен, со смрт да се казнат прељубникот и прељубницата.
11 Ако некој грев направи со жената на таткото свој,го посрамотил таткото свој; двајцата треба да бидат казнети со смрт, нека нивната крв биде на нив.
12 Направи ли некој греев со снаата своја, со смрт двајцата да се казнат; нека крвтa нивна биде на нив.
13 Ако маж стори грев со друг маж, како со жена, двајцата срамота сториле. Тие се казнети со смрт, нивната крв нека биде врз нив.
14 Ако некој земе за себе жена а и мајката нејзина, тоа е срам! Треба и него и двете да се запалат, да се стави крај на таквата нечистотија меѓу вас.
15 Ако некој стори грев со животно, е казнет со смрт, и животното треба да се убие.
16 Ако жена се приближи на животно, да направи грев со него, да се убие и жената и животното.Нека нивната крв е на нив.
17 Ако некој ја земе за жена сестрата своја од страната на својот татко или од мајчина страна и ако тие меѓусебе општеле, тоа е срам! Тие мора да се убијат, пред очите на своите сонародници! Тој осквернавел својата сестра и има својата вина да ја сноси. 18 Ако општи со жената во време на нејзината немоќ, значи ако тој и таа откријат женско месечно течење, треба двајвата да се истребат од народот свој. 19 Со сестрата на твојот татко или мајка ти не смееш да општиш, бидејќи таквиот го сквернави своето тело тие треба вината своја да ја сносат.
20 Кој направи грев со сопругата на неговиот чичко, го посрамотил него. Тие својата вина ќе ја плаќаат; ќе умрат без деца. Егзодус (Излез), Глава 35-2:
2 Шест дена нека се работи. Но, седмиот ден ќе ви биде свет, празник, ден за одмор во име на Господ. Кој ќе работи на тој ден, да се казни со смрт. Броеви, Глава 3-38:
38 Однапред на источната страна на светото живеалиште, пред Шаторот на средбата кон сончевиот исток отседнати биле Мојсеј и Арон и неговите синови. Тие имаа служба околу Светилиштето, служба за народот на Израел. А да се приближеше некој друг, ќе мора со смрт да се казни. Броеви, Глава 15-35:
32 Кога синовите Израелови беа во пустината, затекнаа човек кој купуваше дрва во сабота.
33 Луѓето кои го беа затекнаа таму каде што купувал дрва, го доведоа при Мојсеја и Арона и неговата заедница.
34 Тие го ставија во затвор, затоа што не беше сеуште одредено за тоа што ќе се прави со него. 35 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: "Овој човек треба да се казни со смрт. Нека го каменува цела заедница надвор од таборот. 36 И целата заедница го изведе пред таборот и го каменуваше до смрт, како што му заповеда Господ на Мојсеј. Броеви, Глава 18-7: 7 А ти и со тебе, синовите твои, вие ќе извршувате свештеничка должност на се што паѓа на жртвеникот и зад завесата. Ете така обавувајте ја службата своја.Благороден дар е службата свештеничка што ви ја предадов. Неовластените кои ќе пристапат, со смрт да се казнат.“
Броeви 31:
7 И отидоа во борба против Медјаните, како што Бог му заповеда на Мојсеј, и ги убија сите машки лица.
15 Мојсеј им рече: "А зошто ги оставивте во живот сите жени? 16 Тоа беа оние кои на советот Балаамов ги заведоа синовите Израилови, да се одметнат од Господа поради Пеора, па стигна помор на заедницата Господова.17 Затоа сега убијте ги сите машки деца и сите мажени жени. 18 А сите девици, кои уште не се мажени, оставете ги за себе во живот.
Броеви, глава 35: 16 Ако со железно орудије го удри така што настапи смрт, тогаш е крвник. А крвникот со смрт да се казни. 17 И ако камен од рака, од кој може човек да загине,погоди некој, и тој умре од тоа, починителот е крвник. Како крвник мора да биде казнет со смрт
18 Или ако со едно дрво, од рацете на еден човек од кое може да се загине, погоди некој, и тој од тоа умре, починителот е крвник.А како крвник мора да биде казнет со смрт. 19 Крвниот осветник може да го убие крвникот. Ако го фати, смее да го убие.
20 Понатаму, ако некој одзади турне друг од омраза или се фрли на него, така што тој умре,
21 Или, ако го удри тој со својата рака од непријателство, па тој умре, тогаш мора таков убиец да се казни со смрт. Тој е крвник. Крвниот осветник треба да го убие крвникот кога ќе го фати.
30 Ако некој убие човек, тогаш убиецот треба да се казни со смрт само со сведочење на повеќе сведоци. Сведоштвото на само еден сведок не е доволно за смртна казна.
31 Да не земате откуп за животот на крвникот, кој заслужува смрт. Мора да се казни со смрт.
Ова се само некои стихови преземени од стариот завет на кои се гледа ригорозното казнување и за најмал престап. Самиот Исус за кој се тврди дека ги укинал законите кои важеле во Стариот Завет и кои претходиле, вели дека недошол да укине ниту еден закон ниту една црта од тој закон туку да ги надополни, и укажува на битноста на тие закони. Подоцнежните толкувачи на Исусовите зборови пополека почнуваат целосно да го отфрлаат судењето по законите кои Бог ги наложил во каноните познати од библијата и да прикажуваат дека таа вера е првенствено љубов, а никако било каково казнување. Поради несудењето и непрактикувањето на христијанскиот верозакон истиот целосно бил заменет со закони кои ги поставиле материјалистичките системи. Потполно исчезнување на христијанските закони настанало во последните два века кога е укината инквизицијата како последно казнено тело. Претходно сите овие канони и закони важеле и биле применувани во различни делови од светот. Но еве и да не го земеме Стариот завет и да подлабоко навлеземе историски и етички во Новиот Завет, ни останува доволно простор да увидиме дека Исус а.с. и не бил толку невоинствена личност. Напротив познато било неговото спротиставување наспрам евреите и нивните водачи. Покрај оној Исус историјата укажува и на еден друг милитантен Исус. Милитаризација ја спроведуваше самиот Исус кој самиот рече дека не е дојден да донесе мир туку меч - како што е запишано кај Марковото евангелие каде стои:
34. Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата;
не дојдов да донесам мир, туку меч.
35. Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од
мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.
36. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.
37. Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;(поглавје 10)
На друго место : 21. Кога силен човек се вооружи и го припази домот
свој, тогаш имотот негов е во безопасност.
22. Но, ако некој посилен од него го нападне и победи, тој ќе му го
земе сето оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.
23. Кој не е со Мене, тој е
против Мене; и кој не собира со Мене, тој растура.(поглавје 11)
Позната е неговата заповед на луѓето со него да ако треба и наметките си ги продадат но да си купат мечови - ]Лука 22. (36. И им рече: "Но сега, кој има ќесе, нека го земе, исто така и торба, а кој нема меч, нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч.) Исус беше престолонаследник на Израел, тој потекнуваше од аристократско семејство на лозата на кралот Давид, како крал беше познат и признат и од евреите и од неевреите. Неговото кралство беше окупирано од Римјаните, неговата земја поделена , а престолот одземен. Израел му припаѓал на Бог и тоа беше Божја земја, ветена нему и на неговиот народ. Кога Исус вели Вратете му го на Бога божјето, а на Царот царевото, тој бара повторно Израел да му се врати на Бог, а престолот на Исус. Никогаш евреите не го признаваа римскиот цар како свој, од моментот кога римјаните дошле, почнал и отпорот на народот. Војни, напади, бунтови, атентати. Јудеја пливаше во крв со деценнии и децении. Евреите го чекаа својот месија крал, кој ќе ги поведе во војната против Рим. Тој месија беше Исус. Потекнуваше од кралско семејство, имаше подршка од бунтовниците - зелотите, дури и зелоти беа во неговите најблиски окружение(апостоли) Исус влезе во ерусалем како крал, поздравуван од народот, како крал и потомок на Давид, при тоа изврши напад во храмот врз тезгите од кои приходи имаа свештениците - соработници на Рим додека недалеку од храмот друга група го нападнала римскиот гарнизон. Нападите не успеаа, Бараба беше заробен, а Исус избага и се скри на Маслиновата Гора. Рим прати 600 свои војници потпомогнати со еврејски единици лојални на рим да го заробат Исус. Тоа значи дека Рим знаеше кој е Исус и дека е опкружен со вооружени борци. Една кохорта (колку е пратено против Рим, во јудеја броеше (со се еврејски помошни трупи) и до 2000 војници. Тоа значи дека Исус не беше мирен проповедник кој одеше со торбичка и дузина неворужени придружници и зборуваше само за мир и љубов. Римјаните очекуваа отпор и борба со стотици вооружени востаници кои беа со Исус кој сакаше да ги порази римјаните и да ја ослободи Јудеја. Кога го заробија Исус тој на римјаните им призна дека е крал на израел, беше обвинет за бунтовање, забранување на плаќање на данок на Рим(За разлика од Павле), и како опасен бунтовник, заедно со уште двајца зелоти според некои осуден за да биде „распнат“ на крст.
Кога настанаа Евангелијата, немаше повеќе живи сведоци на Исус и настаните поврзани со него. Ерусалем беше разурнат , храмот запален, евреите прогнани низ цел свет а ерусалемската заедница, таа на Исус, заедницата на неговите ученици, апостоли и нивни потомци кои ја знаеа вистината за Исус и неговата цел, исчезнаа најверојатно уништени во последната еврејско - римска војна. Рим се нафрли на евреите ширум светот. Евреите во дијаспорите, во Александрија, во Рим, во Грција... беаа на мета на напад, без разлика дали се фарисеји, христијани, есени.... немаше разлика, сите биле сметани за непријатели на Рим, најповеќе затоа што заедно со раселените евреи низ цел свет, се распрснаа и остатоците на бунтовниците, кои се обидуваа или креваа и бунтови во тие еврејски дијаспори. Во Александрија беше избегнат бунтот и од таму потекна и изрекаа дека секој кој се фаќа за меч и ќе загини од меч. Таа не е Исусова изрека, исто како што не е и она да не му правиш на некого она што не сакаш тебе да ти го прават. Тоа е позната изрека на фарисеите. Обредите на крштевањето, на пиење вино како крв божја , јадење на леб како тело, воскреснување... сето тоа постоеше во други религии и кај други верувања во други божества. Евангелијата го преставија на Исус како аполитичен, мирен кроток полн со љубов учител. Онаков каков можеше да биде прифатен од римјаните. Да го преставија онаков каков навистина беше, крал на израел опкружен со вооружени бунтовници и заробен во бунт против Рим и осуден и „убиен“ како неприател на Рим – христијанство би било доведено во исчезнување. Голема мака имаа писателите да ги објаснат познатите факти кои не можеа да ги заобиколат, се знаеше дека Исус беше со зелоти, дека беше со кралско потекло, дека бараше да се вооружат, дека влезе во храмот и насилно се однесуваше, дека беше заробен од страна на римјани, суден и осуден за да биде „распнат“ како бунтовник. Затоа многу работи се додадени како изреки за мир и љубов, но не можеше да се избегнат и изреките за војна, затоа се направија наивни објаснувања зошто моќната римска империја морала,но не сакала да го осуди Исус, но ете била натерана од толпа евреи кои барале негова смрт (а некој ден пред тоа еврејскиот народ го поздравува Исус како крал) затоа евангелијата се толку контрадикторни, нејасни и збунувачки за читателот, затоа што во нив се провлекуваат две прикаски, едната, вистинската историја на еврејски крал - месија кој се обиде да крене бунт против рим и во тој бунт беше фатен осуден и убиен и прикаската која сака таа вистина да ја искриви и замачка и престави како несфатен син божји кој само сакал мир и љубов....
Аллах вели дека :
Заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови: ако некој убие некој кој не убил никого, или оној кој на Земјата неред... не чини – како сите луѓе да ги убил; а ако некој биде причина нечиј живот да се сочува – како на сите луѓе животот да им го сочувал.
и во поглавје Трпеза,Аллах вели:
45.Ние во него(Тората) им пропишавме: глава за глава, и око за око, и нос за нос, и уво за уво, и заб за заб, а раните треба да се возвратат. А оној кој од одмазда ќе се откаже, ќе му биде тоа искупување од гревовите. Оние кои не судат според она што Аллах го објавил се вистински насилници. 46. По нив, го испративме Исус, синот Мерјемин, кој ја признаваше Тората пред него објавен, а нему му дадовме Евангелие, во кој имаше упатство и светлина, и да ја потврди Тората, пред него објавена, во кој исто така имаше упатство и поука за оние кои од Аллах се плашеа,
Значи сите овие закони подлежат на конечна дерогација која настанала со доаѓањето на Куранот кој на најубав начин објаснува дека подобро е да се прости, подобро е да не се одмаздиш, и да бидеш вистински преставник и пример на верник. Секако ова не се коси ни со толкувањето на евангелистите кои повикуваат на љубов и на опрост. Но за да опростот биде целосен и исправен има еден метод кој мора да се запази. Тој метод е правда и помагање на оној на кој му се прави неправда.
http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=873:2012-03-15-12-44-47&catid=52:nemuslimani&Itemid=100" rel="nofollow - ЛИНК
------------- Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 18.Март.2012 во 15:33
MalcolmX, мислам дека погрешно сиго прочитал прашањето на spiros. Spiros не прашува која е најголемата казна во Библијата, туку која е најголемата казна во верата Христова. Христос никаде нема заповедано смрттна казна. Заповедите на миротворецот Христос се многу јасни:
„Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат.“ (Христос, ев. Матеј 5:44, Библијата)
„Не
противете му се на злото, туку ако некој те плесне по твојот десен
образ, сврти му го и другиот. Ако некој сака да се суди со тебе и да ти
ја земе кошулата, остави му ја и наметката..“ (Христос, ев. Матеј 5:39,40, Библијата)
„Никому не враќајте зло за зло.“ (1 Солунјаните 5:14, Библијата)
„Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!“ (Римјаните 12:18, Библијата)
„Не одмаздувајте се, туку дајте му место на Божјиот гнев.“ (Римјаните 12:19, Библијата)
„Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, напој го.“ (Римјаните 12:20, Библијата)
„Не оставај да те победи злото, туку победи го злото со добро.“ (Римјаните 12:21, Библијата)
„Тогаш Исус му рече: Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч - од меч ќе загинат.“ (Христос, ев. Матеј 26:52, Библијата)
„Синот Човечки не дојде да погубува човечки души, туку да ги спаси.“ (Лука 9:56, Библијата)
„Јас ве испраќам како овци меѓу волци. Затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби“ (Христос во Матеј 10:16, Библијата)
„Љуби го својот ближен како себеси!“ (Христос во Марко 12:31, Библијата)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 18.Март.2012 во 16:09
.
MalcolmX напиша:
Денес Куранот и Библијата се слагаат само во областите на правосудството, ... |
.
Malcom X, најпрво треба да сфатите дека се’ што е добро и вистинито во кyранот тоа е црпено од Мудроста БОЖЈА (БОЖЈИОТ Логос) Која што Единствениот Вистински и Совршен БОГ за спасение на сите Ја отелотвори во Исус Христос и за Која прекрасно сведочат Новозаветните Списи! Тие пак - Новозаветните Списи - неверниот и крививерниот човек никогаш неможел нити пак ќе може да ги сфати, со што ќе си ја добие платата на неверата и кривоверата.
Би требало да е многу лесно да се сфати дека Мудроста БОЖЈА (БОЖЈИОТ Логос) е безкрајно повеќе од писмата и законите коишто луѓето ги обожаваат, бидејќи Единственото Спасение за човекот и творбата воопшто (Еп. Римј.8:19...) доаѓа само од Совршениот БОГ и тоа исклучиво преку Неговата Мудрост - Чија надприрода всушност е Милост, и - Која Совршениот за спасение на сите Ја отелотвори во Исус Христос!
Луѓето коишто што го одбиваат тој факт, тие го одбиваат Евангелието на Спасението и Вистината, бидејќи сакаат себеси да се воздигнат над другите (грешници) негледајќи дека и самите пред Совршениот не се ништо друго освен грешници кои (исто така) без Милоста БОЖЈА не можат и не ќе можат да влезат во рајот!
Затоа, сите оние кои го одбиваат Евангелието на Мудроста БОЖЈА и си тераат поинакви патишта (пракси и учења), верниот човек (и заедница) треба да проба да ги повика на Правиот Пат, да ги трансформира и повторно да ги вклучи во Заедницата на Спасените преку Милоста БОЖЈА!
Доколку залутаните, прелажаните, гордите ... и понатака Го одбиваат Патот на Вистината, верникот (и заедницата) треба (во љубезност) да се повлечат и дистанцираат од таквите, кои (порано или покасно) засигурно ќе ја увидат сопствената фатална грешка!
„Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си; ако не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор; ако, пак, не ги послуша и нив, кажи и на црквата (собранието); па, ако и црквата (собранието) не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и цариник.”
(Матеј 18:15-17)
EvAngelos напиша:
MalcolmX, мислам дека погрешно сиго прочитал прашањето на spiros. Spiros не прашува која е најголемата казна во Библијата, туку која е најголемата казна во верата Христова. Христос никаде нема заповедано смрттна казна. Заповедите на миротворецот Христос се многу јасни:
... |
.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
|