Испечати | Затвори го прозорот

Дали да пијам Норлево таблета?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Секс
Опис на форумот: Неисцрпна, најчитана... најжешка тема...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24086
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 13:39
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Дали да пијам Норлево таблета?
Постирано од: Bekerel
Наслов: Дали да пијам Норлево таблета?
Датум на внесување: 01.Март.2011 во 10:28
Здраво на сите. До сега го истражував форумов и навистина е прекрасен, има толку топла и пријателска атмосфера што едноставно ме охрабри и јас да се регистрирам и да си го искажам мојот проблем, бидејќи гледам дека тука има доста искусни и се надевам дека некоја од вас ќе ми одговори - за што ќе ви бидам многу благодарна.

Значи вака. Јас сум 19 годишна девојка, не сум во брак, но со дечко ми почнавме да имаме односи (2-3 пати до сега). Црвенеам од срам заради ова, но тука сега морам да си кажам. Дечко ми не пенетрира целосно и мислам (речиси сум сигурна) дека сеуште не сум скината.
Два пати имамве секс без кондом и тој ејакулираше надовр. Но бидејќи стравувавме дека можеби имало precum (излегување на семена течност за време на односот пред ејакулацијата) јас после односот земав Норлево таблета (day after таблета) за да се спречи овулацијата од страв да не забременам.
Заради таблетата добив порано од вообичаеното.
Тоа ни се случи уште еден пат.

Но вечерва имавме пак секс без кондом и тој повторно ејакулираше надвор. Сигурна сум дека ејакулираше надвор. Според калкулаторот на оваа страна, моите плодни денови започнуваат дури на 11 март. Но тоа е ако го земам предвид моето вообичаено време на циклус = 40 дена. Но бидејќи пред 3 недели пиев Норлево, а и пред 1 месец исто така, се плашам дека можеби циклосот ми е пореметен (затоа што по пиењето на таблетата следното добивање ми беше порано од очекуваното - веројатно заради хормонската бомба). Сепак менструацијата ми започна на 17ти и траеше до 20ти и ако земам минимум две недели од 17ти, тогаш излегува дека плодните денови би ми започнале од 3ти март па натака (ова минимум значи).

Резиме: Значи не сум скината, тој не пенетрираше длабоко, не ејакулираше во мене и плодните денови ми започнуваат најрано на 3ти март, а веројатно и подоцна.
Прашање: Дали има потреба повторно да земам Норлево таблета?

Не сакам да се трујам со хормони доколку нема потреба, но од друга страна би испила и 10 само да не затруднам сега затоа што тоа ќе му го уништи животот од темел :(
Затоа ве молам за совет. Однапред ви благодарам.



Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 01.Март.2011 во 10:31
А да си појдеш ти на Гинеколог најдобро,батали форуми и искуства од "најпознатите сексолози" на интернет и речи му тамо на тој дечко ти да си има при рака кондоми,најдобро за тебе ќе биде тоа.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Bekerel
Датум на внесување: 01.Март.2011 во 23:16
Фала за советот fiks. Веројатно ќе те послушам. Инаку не земав таблета и нема смисла да се зема сега, затоа што ако е оплодена јајце клетката, веќе е предоцна. Изброот е направен. Сега останува да чекам или менструација или бебе Го молам Господ да биде првото


Постирано од: annaja
Датум на внесување: 01.Март.2011 во 23:32
Па се надевам дека ќе добиеш...и да се пофалиш...што и да е.


Постирано од: K1nm23
Датум на внесување: 02.Март.2011 во 00:31
абе пиј алкохол само...норлево морлево......жими мајка...

Инаку еден совет...скарај му се на дечкото....оти има мало к*ре..како може да не те скине.......не пенетрирал......ами како да не.....одбери си таму некој пенетратор салам а не овој со малово к*ре само трудна што те остава......


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 02.Март.2011 во 13:38
Originally posted by Bekerel Bekerel напиша:

Здраво на сите. До сега го истражував форумов и навистина е прекрасен, има толку топла и пријателска атмосфера што едноставно ме охрабри и јас да се регистрирам и да си го искажам мојот проблем, бидејќи гледам дека тука има доста искусни и се надевам дека некоја од вас ќе ми одговори - за што ќе ви бидам многу благодарна.

Значи вака. Јас сум 19 годишна девојка, не сум во брак, но со дечко ми почнавме да имаме односи (2-3 пати до сега). Црвенеам од срам заради ова, но тука сега морам да си кажам. Дечко ми не пенетрира целосно и мислам (речиси сум сигурна) дека сеуште не сум скината.
Два пати имамве секс без кондом и тој ејакулираше надовр. Но бидејќи стравувавме дека можеби имало precum (излегување на семена течност за време на односот пред ејакулацијата) јас после односот земав Норлево таблета (day after таблета) за да се спречи овулацијата од страв да не забременам.
Заради таблетата добив порано од вообичаеното.
Тоа ни се случи уште еден пат.

Но вечерва имавме пак секс без кондом и тој повторно ејакулираше надвор. Сигурна сум дека ејакулираше надвор. Според калкулаторот на оваа страна, моите плодни денови започнуваат дури на 11 март. Но тоа е ако го земам предвид моето вообичаено време на циклус = 40 дена. Но бидејќи пред 3 недели пиев Норлево, а и пред 1 месец исто така, се плашам дека можеби циклосот ми е пореметен (затоа што по пиењето на таблетата следното добивање ми беше порано од очекуваното - веројатно заради хормонската бомба). Сепак менструацијата ми започна на 17ти и траеше до 20ти и ако земам минимум две недели од 17ти, тогаш излегува дека плодните денови би ми започнале од 3ти март па натака (ова минимум значи).

Резиме: Значи не сум скината, тој не пенетрираше длабоко, не ејакулираше во мене и плодните денови ми започнуваат најрано на 3ти март, а веројатно и подоцна.
Прашање: Дали има потреба повторно да земам Норлево таблета?

Не сакам да се трујам со хормони доколку нема потреба, но од друга страна би испила и 10 само да не затруднам сега затоа што тоа ќе му го уништи животот од темел :(
Затоа ве молам за совет. Однапред ви благодарам.



Женски маки големо%20гушкање
Колку многу си се загрижила....а тек почнуваш со сексот намигнување

Ајде вака, бидејќи сакаш да си ги расчистиш сите дилеми, очигледно баајги си ’’учела’’ за сексот, и стравуваш....
....Како знаеш дека не си скината?... Не крвареше? Можно е да не си, ама можно е и да си, и без да крвариш.

Свршувал надвор од тебе- крај на приказната. Не се оптеретувај понатаму со прекум, и сл. На крајот на краиштата, и не е толку лесно да забремениш намигнување

Веќе знаеш дека Норлево е хормонска бомба, дека не е препорачливо да се зема повеќе од неколку пати. Него ќе го земеш само доколку имаш јаки причини да веруваш дека ќе останеш трудна. Предсемена течност не е толку јака причина за повеќе пати да земеш Норлево...но во иднина...никако без кондоми!

И последно...почни да посетуваш гинеколог, и понеси си вака листа со прашања за него! намигнување
Поздрав!...И без многу грижи!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk