Испечати | Затвори го прозорот

Mitsubishi Lancer Sportback

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24032
Датум на принтање: 29.Март.2020 во 12:17
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Mitsubishi Lancer Sportback
Постирано од: FANTASMA
Наслов: Mitsubishi Lancer Sportback
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 23:50
Бидејќи невидов ваква тема,си реков да отворам една за овој автомобил.
Кои се вашите мислења околу Лансер Спортбек (хечбек верзијата на Лансер)?








Коментари:
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 18.Февруари.2011 во 17:11
Ја сум повеќе за седан пошто се палам на големи колишта. Ама кога веќе падна збор  за колава, ај да ја пофалам како мој многу драг хеч. Не е нешто особен бум, ниту толку звучно име како Астра или Голф, ама сепак ми е многу кул. Колата лета горе долу 210 на сат со 1500 кубици. Моторот супер е стокмен... и потрошња  и снага и забрзување , се си е ок...

За дизајнот ќе пишам од дома , на раатголема%20насмевка


-------------


Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 18.Февруари.2011 во 19:20
Стокмено супер за тие пари 11500евра носи доста опрема која кај другите треба да ја доплатиш.Солиден автомобил,малку нежен за нашиве патишта но со солидна завршна обработка.Моторот од 1.5 и 109кс е повеке него доволен и за на отворено(тера до 200км/ч)Задниот дел малку е комплициран за мој вкус,но не изгледа лошо.Во секој случај солиден автомобил.За звучно име е посебно со моделот лансер ево 10 или како мал потсетник на ВРЦ класата каде беше конк*рент,и тоа опасен на Субару Импреза.Топло го препорачувам на сите оние кои се спремни да одвојат над 10000евра бидејки вреди и како фамилијарен авѕомобил и за малку поспортско возење.Барем не доага од некој погон од Турција или Индија.Моделите доагаат од погонот во Рочерстер Англија каде се склопува и Хонда за овој пазар.


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 18.Февруари.2011 во 21:16
Задницата ми делува тешко, многу наконтено и далеку помалку агресивно одколку предницата....  Како работа на вкус ќе ги земам штоповите кои според мене се апсолутно без врска,  но... нели тоа се финеси на колата и само работа на вкус.

Носталгија, спомна за WRC моделчето.... тоа е тоа... во таа класа е вистински ѕвер и слушано име... јас зборував за средната компактна класа каде што се голф, меган , астра , џета и тн....  Тука се појавува дури сега меѓу попопуларните...

Исто кошта колку Киа Сид, а каде каде посовршен... голема%20насмевка Тоа е тоа....


-------------


Постирано од: FANTASMA
Датум на внесување: 18.Февруари.2011 во 22:17
Mitsubishi Lancer Sportback со највисокото Invite ниво на опрема со 1.500 кубици со 109 коњски сили кошта 13.280 евра.

Во Инвајт (Invite) ја има следната опрема:

- ABS кочници со EBD систем
- BAS систем за помош при нагло кочење
- ASC систем за активна стабилност
- TCS систем за контрола на пролизгување на тркалата
- ESP
- Предни воздушни перничиња за возач и совозач
- Предни странични перничиња
- Воздушни завеси за првиот и вториот ред седишта
- Воздушно перниче за колена за возачот
- Автоматски клима уред со ладилник во оставата
- Серво управувач подесив по висина
- Возачко седиште подесиво по висина
- Електрични стакла за сите врати
- Електрични ретровизори со греење
- Дожд сензор и автоматско уклучување на бришачи
- Сензор за светла
- Автоматско уклучување и гасење на предни светла
- Сензор за појаси
- Централна брава со далечинско отварање
- Радио CD/MP3 со 6 звучници
- Алуминиумски фелни 16"
- Патен (Борд) компјутер
- Кодиран клуч
- Светла за магла
- Аудио контроли на воланот
- Воланот обложен со кожа
- Менувачот обложен со кожа
- Рачната сопирачка обложена со кожа
- Ретровизори и рачки во боја на каросерија
- Хромирани лајсни околу прозорците
- Хромиран лајсни околу пресната маска
- Хромирани детали во внатрешноста на возилото
- Потпирач за рака
- Држач за чаши напред
- Држач за чаши на задната клупа
- Подесување на 2 нивоа во багажникот
- Светло во багажникот
- Деллива задна клупа 60:40
- Заден спојлер
- Металик боја
- Имобилилизатор
- Трето штоп светло
- Електрично отварање на поклопецот за гориво
- Висинско подесување на фаровите
- Задни потпирачи за глава прилагодливи по висина и наслон
- Сензор со предупредување за непоставен појас кај возачот и совозачот
-Автоматско заклучување на автомобилот
-Автоматско подигање на стаклата доколку ги заборавиме отворени


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 21.Февруари.2011 во 19:06
Уф уф уф.... полека бе со листата...плазење
Не , шала на страна ,  доволно опрема нуди Лансер... малку е крут, но и тоа  е работа на вкус...

Знаеш како... тоа е кола за која нема што да се коментира посебно...
Што интериер избравте ?

Ќе побарам тема да ставам леплива , нешто како ГАРАЖА каде ќе можиш подетално да ни ја претставиш да туриш и некоја слика од машинката... баш сакаме да ја видиме како изгледа... трепкање


-------------


Постирано од: FANTASMA
Датум на внесување: 21.Февруари.2011 во 20:05
Да ги средам сликите па ќе поставам.


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 23.Февруари.2011 во 21:23
Има еден Бисерна плава мет. спроти гимназијата во Прилеп. Колана е сон, ама е основниот модел, заборавив како се викаше моделот....

Ме интересира... да не знаеш како стојат цените на седаните??


-------------


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 07.Март.2011 во 13:17
malo navrakanje okolu krutosta na celata shasija a ne samo na amortizacijata ., modelot e sportski skockan i mora da ima potvrda amortizacija ., ., ne pliva tuku beskompromisno vleguva niz ostri krivini i pobrzo otkolku razvikanite bmw ili gti-golfovi., nekomu ova ne e po keif ., ama toa e toa

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 19.Јануари.2015 во 20:24
ovaa kola mnogu mi se sviga


Постирано од: chargerburnout
Датум на внесување: 03.Декември.2015 во 09:24
da bidam iskren mitsubishi mene mi e omilena marka, a lancerot e legendarna kola. hatchback ne losa, ima poveke bagazen prostor, predniot del e mnogu ubav kaj ovie. nema da zgresis so toa kola.


Постирано од: firestone6622
Датум на внесување: 18.Јули.2016 во 10:58
Секогаш кога ми треба инспирација и податок за некој автомобил, да не се мачам да талкам по гоогле, едноставно си одам на пазар3, и тоа е!
Колите му се прекрасни, има и доста солидни цени.
Уште да се решам која!
Се надевам дека ќе се земам некое добро bmw
http://www.pazar3.mk/



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk