Испечати | Затвори го прозорот

Инвестирањето во злато !!!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24027
Датум на принтање: 28.Декември.2024 во 04:18
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Инвестирањето во злато !!!
Постирано од: BellaGrandma
Наслов: Инвестирањето во злато !!!
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 14:02
Ете така ...
Пред некое време некој од тука ми рече дека овој дел од форумот не бил жив .. ова ... она ...
 
И онака сме кој од кој .. поголеми бизнисмени ... Ајде да ве видам .. мрдајте не%20знам
 
 

Инвестирањето во злато поисплатливо од купување акции

Можете ли своите пари да ги вложите во инвестициско злато. Кај нас во Македонија не, но затоа тоа можете да го сторите преку странска фирма што се занимава со продажба на вакво злато или преку домашни фирми посредници. 

Се работи за 24 каратно злато со четири деветки, злато што се тргува на берза. За да купите вакво злато, парите треба да ги уплатите на посредникот, тој ги префрла на странската фирма, а таа во ваше име го купува златото. Ако сакате златото може да се достави и лично до вас, ако не ќе ви се даде само документ дека плочката злато со тој сериски број е ваша и депонирана во некоја од банките во Германија или Швајцарија. 

- И обичните граѓани можат да си купат еден, пет или десет грама, кој колку сака. Тргувањето од Македонија се врши преку посредници. Златото физички може да ви биде донесено и во Македонија, а ако тоа не го сакате ќе ви се изаде сертификат дека го поседувате. Со тој сертификат вие можете да земете кредит, да тргувата или да го продавате, а златато да ви стои некаде во странски банки од каде и потекнува, изјави Гоце Милошевски- сопственик на КБ Капитал Бизнис. 

Сега златото на берза чини 33 илјади евра за килограм, најмногу во последниве неколку години. Во време на светската рецесија тоа ги урна рекордите на берзата. Затоа се смета дека инвестирањето во злато е поисплатлив начин за заработка наместо инвестирање во акции или обврзници. Има и примери кога одредени земји цели девизни резерви ги чуваат во злато, Македонија чува околу 13 од резервите. 
 
 
Текстот е на Кире Коцевски.
 
 
Би го повикала antropos да се вклучи во дискусијава, доколку го прочита текстотсреќа


-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.



Коментари:
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 21.Јуни.2012 во 14:15
Сега е некаде околу 40000 евра за кг на берза илити околу 40е за грам. Кој и да инвестирал пред една година ќе заработел 17-18 % од вложеното...лакомост

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk