Wizz Air конечно во Македонија
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24024
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 12:05 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Wizz Air конечно во Македонија
Постирано од: kultuzin
Наслов: Wizz Air конечно во Македонија
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 14:43
„Виз ер“ со лет Скопје-Лондон за 35 евра
16.02.2011, 13:39
Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Југоисточна Европа, „Виз Ер“ од 20 јуни трипати во неделата (понеделник, среда, петок) ќе лета од Скопје до Лондон за само 34,99 евра во еден правец. Во цената се вклучени сите трошоци и такси.
Карти може да се резервираат веќе од денес на веб страницата на компанијата www.wizzair.com. Цената на картата расте зависно од побарувачката, така да ако ја купите неколку дена пред летот таа може да достигне и цена од 200 евра. Колку порано ја купите, толку поевтино ќе платите.
Летот до Лондон е до аеродромот Лутон, кој е оддалечен околу 32 милји од централен Лондон и има одлична конекција со градот со воз, автобус и такси.
Главниот извршен директор на „Виз Ер“, Јозеф Варди денеска во Скопје кажа дека во компанијата размислуваат и за директни летови до Франкфурт, Париз, Амстердам и Барселона.
http://www.time.mk/read/8441e60f27/38f0b4baa9/index.htm
|
Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 17:00
мило ми е што барем малку мрднува од место воздушниот сообраќајк кај нас, ние сме една од европските земји со неверојатно прометен воздух, а сепак толку малку авиони слетуваат кај нас
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 18:22
Со воведување на оваа линија буквално ќе може на кафе да се оди до Лондон.
Затоа да се надеваме дека и до другите европски метрополи ќе се воспостават линии.
Ова е многу важно за Македонија. Евтините летови може многу позитивно да се одразат на повеќе свери особено на туризмот.
Ако никој друг тогаш нашата дијаспора место еднаш во годината ќе си идат три пати...
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 20:56
kultuzin напиша:
Со воведување на оваа линија буквално ќе може на кафе да се оди до Лондон.
Затоа да се надеваме дека и до другите европски метрополи ќе се воспостават линии.
Ова е многу важно за Македонија. Евтините летови може многу позитивно да се одразат на повеќе свери особено на туризмот.
Ако никој друг тогаш нашата дијаспора место еднаш во годината ќе си идат три пати... | абе, не прувеличувај сега и ти, се работи само за една компанија како за почеток, а на кафе во лондон, не верувам дека би можел да отидам
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Eleni
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 22:52
Bravo. Poslednava godina doagjam vo mk pochesto otprilika ednash mesechno na vikend i 2-3 pati na podolgo. Kartite ne gi kupuvam mnogo odnapred i gi plakjam po okolu 250 funti ,plus taxi do aerodrom 30 i kusur funti. Kartite do New York se tolku :-) Poglednav na stranicata na wizzair istata karta do mk e pomalku od 100 funti za ista data. So toa imash pravo na eden kufer do 10kg a drugite gi plakjash plus,mada i toa e minimalno 15 funti mislam za 32 kg. So ostanatite kompanii imash pravo na rachen bagaz do 10kg i kufer do 20ina kg,a ako e poekje doplakjash po 9 funti od kilogram. Proshloto leto bevme so wizzair vo Hrvatska i kartite celo leto bea po 75 funti za povratna karta i toa vo tekot na sezonata,shto e minimalno.Taka da mislam da gi probam vo juni za vo mk :-) A do togash pak po 250 funtichki :-)
------------- Destiny is not a matter of chance,it is a matter of choice.It is not a thing to be waited for,it is a thing to be achieved
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 01:02
Eleni напиша:
Bravo. Poslednava godina doagjam vo mk pochesto otprilika ednash mesechno na vikend i 2-3 pati na podolgo. Kartite ne gi kupuvam mnogo odnapred i gi plakjam po okolu 250 funti ,plus taxi do aerodrom 30 i kusur funti. Kartite do New York se tolku :-) Poglednav na stranicata na wizzair istata karta do mk e pomalku od 100 funti za ista data. So toa imash pravo na eden kufer do 10kg a drugite gi plakjash plus,mada i toa e minimalno 15 funti mislam za 32 kg. So ostanatite kompanii imash pravo na rachen bagaz do 10kg i kufer do 20ina kg,a ako e poekje doplakjash po 9 funti od kilogram. Proshloto leto bevme so wizzair vo Hrvatska i kartite celo leto bea po 75 funti za povratna karta i toa vo tekot na sezonata,shto e minimalno.Taka da mislam da gi probam vo juni za vo mk :-) A do togash pak po 250 funtichki :-) | како ги кажуваш фунтиве, ко денари да се, не е забелешка, само чудно ми е
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Eleni
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 01:44
Epa ako presmetam kolku e toa vo denari ,kje mi dojde mnogu :-))
------------- Destiny is not a matter of chance,it is a matter of choice.It is not a thing to be waited for,it is a thing to be achieved
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 15:30
Ценава Скопје - Лондон
€19 ми стои примамлива
А спазете Скопје - Њујорк
€270
Да знаев порано ќе резервирав , но веќе имам резервирано за 8 ми Март низ Европа , така да после тоа за во Мај може друга тура патување пак
http://www.travelcenter.com.mk/ - http://www.travelcenter.com.mk/
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 15:38
Mindy напиша:
Ценава Скопје - Лондон €19 ми стои примамлива
А спазете Скопје - Њујорк €270
Да знаев порано ќе резервирав , но веќе имам резервирано за 8 ми Март низ Европа , така да после тоа за во Мај може друга тура патување пак
http://www.travelcenter.com.mk/ - http://www.travelcenter.com.mk/
|
Дадо колку се аеродромските такси на ова Скопје - Њујорк
Мене најевтино ми излезе 880 долари со Малев
А од Будимпешта само 627 долари .. и тоа 210 долари билетот и 417 такси
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 17.Февруари.2011 во 15:41
member_profile.asp?PF=25102&FID=14 - ФорумскаБаба , дадичко не знам колку ќе не чинат аеродромските такси ,,, касно ми ја кажаа понудава
Па јави се дадо прашај ги, имат пишано контакт на страната мислам , барем од прва рака ќе ти кажат информации
|
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 18.Февруари.2011 во 00:27
Dajte nesto evtinko za do Cirih
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Февруари.2011 во 13:46
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 19.Февруари.2011 во 20:48
За да избегаш од државава цената е релативна работа...
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 10.Март.2011 во 11:52
Ај ако може до Токио и Куала Лумпур за некоја бадијала цена...
Главниот извршен директор на „Виз Ер“, Јозеф Варди денеска во Скопје кажа дека во компанијата размислуваат и за директни летови до Франкфурт, |
До Франкфурт обавезно да воведат ефтино да можеме почесто за Вирцбург да одиме.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Март.2011 во 03:43
A dali nekoj do sega patuval so Wizz Air?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 11.Март.2011 во 13:33
pa, neli od juni tek ke pochnat,...ako mislish na ...od makedonija.
...ama, ako produzi vaka naftata teshko deka i ke poletaat za tolku pari.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: ogledalo
Датум на внесување: 22.Март.2011 во 18:48
Messenger напиша:
A dali nekoj do sega patuval so Wizz Air?
|
Jas imam dvapati letano do sega, od Sofia.
Standardna low cost kompanija, toa znaci novi avioni, tesni sedista, plakas ako sakas nesto da jades ili pies, plakas za chekiran bagaz.
No cenite se extra.
Daj boze da ze zgolemi brojot na destinacii od Skopje, pa zasto da ne i da im stane baza Skopje, da staat eden avion tuka. Koga moze vo Beograd da imaat avion ili 3 avioni vo Sofia.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 23:25
Конечно евтини авиолетови и за македонските граѓани
22.03.2011 - 19:12 | Бизнис
Македонците ќе летаат со евтини билети. Конечно за помалку од 100 евра авиокомпаниите ќе понудат релација Скопје - Венеција. Сител ги објавува најновите одобрени фрекфенции кои почнуваат од идната недела и ќе траат во следните 7 месеци.
Нискобуџетната Виз ер и итлајанската Бел ер, покрај редовните линии воведуваат и нови - Скопје, Венеција и Анкона. МАТ Ервејз побарале и добиле дозвола да оперираат кон релациите Копенхаген, Брисел, Хамбург, Берлин и Дизелдорф.
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/konechno-evtini-avioletovi-i-za-makedonskite-gragjani
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 24.Март.2011 во 23:49
Конечно една добра работа, директна линија до Скопје од В.Британија со нискобуџетна компанија, но сепак тука е опфатено само јужниот регион од земјата и претежно им е далеку поефтино на оние кои живеат во Лондон и околината. Конекциите со северот остануваат исти, повторно треба да се фаќа дополнителен лет до Лондон Лутон или воз, па кога ќе удриш математиката пак не излага ефтино. Само сепак новововедената директна линија е олеснителна околност, како за оние кои живеат во Британија така и за оние кои сакаат да го посетат Лондон од Мк.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 28.Март.2011 во 18:12
За почеток не е лошо, но во секој случај би било одлично доколку во нивната понуда опфатат повеќе европски градови, а не само неколку. Како стојат работите со повратните билети преку Wizz Air?
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: zaratustra
Датум на внесување: 30.Март.2011 во 21:10
Резервирав пред месец дена преку Wizzair за Венеција од Софија - за двајца беше за тој период кога одиме/се враќаме во јули 156 еур сосе такси + по 2х15еур по правец за еден куфер до 32кг + booking fee 2eur + автобусот повратна од аеродромот во Тревизо до Piazzale Roma и обратно со нивни автобус 20еур + credit card fee се на се 220 евра за двајца.
Денес ми пуштија mail дека аеродромот во Тревизо ќе бил затворен заради работи на пистата од 01.06 до 30.09 па ќе сме летале до и од Marco Polo Venezia - временски ништо не е сменато,само што ќе слетам поблиску до Венеција
Сега проверував,каде се тие летови од Скопје за Венеција ли Анкона,на Belleair гледам Скопје го има на мапата ама ништо повеќе.
А на Wizzair уште стои Скопје само до Лондон Лутон.
Живи били па видели,важно тргна фала богу!
------------- allemagne dix points! (such is life) - Del Boy
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 25.Мај.2011 во 18:33
Wizz Air со летови и до Венеција
Wizz Air е Унгарска low budget авиокомпанија која нуди евтини летови до доста европски дестинации.Во Македонја влегоа на пазарот со воведување лет Скопје Лондон за 35 евра.Денеска приметив дека од Октомври почнуваат со нова линија Скопје Венеција за 25евра.Така да сите они кои патуваат во Италија еве ви одлична можност за ефтини пари да стигнете до таму.
Во цените се пресметани и такси значи нема скирени трошоци.
http://wizzair.com/flights/Skopje/?language=EN
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 25.Мај.2011 во 21:20
Strasna rabota so wizz air....Eve na random za Oktomvri kolku izleguva kartata....samo 4.5 evra vo eden pravec drugoto se taksi...Kolku im e zarabotkata koj li ce gi znae...
Your Travel
|
Going Out
Skopje
(SKP) >>
Venice Treviso
(TSF)
|
10/11/11 W6 7751
Depart SKP 9:55 AM
|
|
|
Coming Back
Venice Treviso
(TSF) >>
Skopje
(SKP)
|
10/15/11 W6 7752
Depart TSF 7:45 AM
|
|
Price Summary
Going Out
SKP >> TSF (Web)
|
1 Adult @
4.49 EUR
|
4.49 EUR |
Taxes / Fees [ https://wizzair.com/skylights/cgi-bin/skylights.cgi?step=2# - details ]
|
15.50 EUR
|
Coming Back
TSF >> SKP (Web)
|
1 Adult @
4.19 EUR
|
4.19 EUR |
Taxes / Fees [ https://wizzair.com/skylights/cgi-bin/skylights.cgi?step=2# - details ]
|
15.80 EUR
|
|
Price excluding booking fee |
39.98 EUR
|
Total
|
39.98 EUR |
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 21.Јули.2011 во 16:00
Ваква шанса не се пропушта,јас стартувам со Венеција,а Гонзо нека се грижи за нивната заработка .
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 22.Јули.2011 во 00:52
aaa... avionite im imaat po dve krila?
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: Elena_petru
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 18:21
Dali znae nekoj dali ima nekoj kontakt telefon vo Skopje za da se informiras za wizzair ili direkno vo london treba da se zvoni?
|
Постирано од: Eleni
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 20:37
Site informacii mozesh da gi dobiesh na nivnata stranica i ako sakash da gi kontaktirash isto preku stranicata. Jas gi koristev kraj na juni i sega za nekoj den pak. Letam London Luton - Skopje. Avionite se ok,iskreno ne primetiv nekoja razlika so avionite od drugite avio kompanii shto sum gi koristela. Samo treba da znaete deka tie ceni shto gi davaat se cenite na kartata,vo nea ne e vklucheno bagaz ( beshe 13 funti ,sega e 17 funti od kufer vo eden pravec), ne e vklucheno check-in ( mislam deka ako go napravish online e besplatno ,ako go pravish na aerodrom e 10 evra vo eden pravec) i sekoja druga opcija shto ja nudat isto se naplakja plus). Avtobuski prevoz Luton-London okolu 20 funti. Mojata karta vo juni beshe okolu 170 funti,sega vo avgust e 276 funti. Ako napravish sporedba so drugite kompanii i ne e nesho poeftino ,moze za 30ina funti. Megjutoa ima edna golema prednost za mene,direkten let e i dozvolenata kilaza za kuferi e 32kg za razlika od drugite 23kg. A i mislam deka cenite se vaka visoki sega radi letnite odmori,vo oktomvri gi spushtaat.
------------- Destiny is not a matter of chance,it is a matter of choice.It is not a thing to be waited for,it is a thing to be achieved
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 16.Септември.2011 во 15:47
Pa OK e ova Wizz Air-ov
ama ako bukiras 2 meseci pred poagjanje
karta do Venecija povratna za 20 i nekoe evro .. do kaj 30
Od Belgrad do Rim za 25-30 evra
plus bagaz...ama za lugje kako mene racniot od 10 kg e sosema dovolen za koga odam na takvi patuvanja...ne go nosam cel garderober
kako i da e ryanair se poeftini ... uste da gi donesat vo MK ..
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Септември.2011 во 16:09
pa,...ke otidam ''eftino'' do venecija!
...i posle,...kako ke se vratam,...i koga?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
|