Натприродни искуства (и астрална димензија)
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23996
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 06:29 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Натприродни искуства (и астрална димензија)
Постирано од: kralj
Наслов: Натприродни искуства (и астрална димензија)
Датум на внесување: 12.Февруари.2011 во 06:04
Повеќето луѓе имаат доживеано натприродни искуства од различен левел,
постојат документарни филмови кои низ годините документирале многу
такви случаи, од http://www.youtube.com/watch?v=y7Xcn436tyI - индиго деца
до индиски спиритуалисти со натприродни моќи. Факт е дека постојат
луѓе со таква моќ, но нивната појава е сѐ уште необјаснета од
научниците, единствено футуристите се убедени дека тие се новата
еволуција на човечкиот вид. Нивното пак себеобјаснување води кон јогата
и медитацијата, како главни фактори за отварање на оние милион врати
од психички можности. Но психонаутите освен тоа, го вклучуваат и
психоделичниот фактор, кој секако не е главниот, туку напротив –
спореден.
Сепак драстичните примери се доста апстрактни и звучат повеќе
фантазиски отколку фантастично, затоа би се задражле на оние исксутва
кои ни се блиски, па и кои повеќето сме ги доживеале.
Лебдење над телото (на англ. http://en.wikipedia.org/wiki/Out_of_Body_Experience - Out-of-body experience (OBE) ),
е искуство во кое се чувствуваме надвор од телото, но во реално време
и во директна врска со реалноста што е и единствената разлика на ова
искуство и http://www.v-j-enterprises.com/rbruce1.html - астралната проекција,
во останатиот дел имаат скоро иста манифестација. Најчестите OBE
искуства се спонтани и се случуваат поради возбудување во РЕМ фазата на
сонот, обично се и придружени со сон-парализата (на англ. http://en.wikipedia.org/wiki/Sleep_paralysis - sleep paralysis ) поради што се појавуваат халуцинации односно мисловни форми (на англ. http://en.wikipedia.org/wiki/Thoughtform - Thoughtform ).
Искуството на sleep paralysis го доживуваат можеби 80% од луѓето, но
во различни левели на јасност и креативност. Освен спонтана, постои и
причинска појава на OBE искуството како на пример со користење
психоделични супстанци, или со постапката за изолирање на чувства –
sensory deprivation и спротивната од неа – sensory overload, исто така и
при блиско смртно исксутво како сообраќајна несреќа, операција и тн..
http://outtake.blog.mk/">
Се претпоставува дека постои астрална димензија која е виновна за ваквите состојби на умот односно свесноста.The
astral is the closest dimension to the physical. It overlays and
permeates the world like a huge mind net, catching and holding all
thought. Its contents are created by the collective consciousness of
the world mind. It contains all the thoughts, memories, fantasies, and
dreams of every living thing in the world. In it, the laws of
sympathetic attraction, or like attracts like, causes this ocean of
mind stuff to strata and settle into layers or pools. These pools of
thought are more commonly called astral planes, astral worlds, astral
sub planes or astral realms.
Потсвесниот ум всушност така креира сонови – со влегување
во астралната димензија додека телото спие. Додека свесниот ум тогаш се
движи низ своите креирани сценарија од сон, луцидниот сон пак
настанува кога свесниот ум се освестува дека се наоѓа во илузијата на
потсвесниот. За да свесниот ум влезе во астралната димензија, мора да
концентрира доволно количество етерична материја. Значи, OBE исксутвото
и астралната проекција се резултат на способноста на свесниот ум да
влезе во астралната димензија.
http://outtake.blog.mk/">
Јогата, медитацијата и посветеноста на спиритуализмот како и
психонаутиката, допринесува за развивање на таа способност на свесниот
ум, да излезе од телото. Но сепак постојат неколку негативни приказни
за вон-телесното исксутво, како на пример дека е можно заглавување при
враќање во телото, при што остануваш надвор, а телото живее во
кататонична состојба. Можеби звучи (или е), неверодостојно, но сепак
треба да се има голема доза на претпазливост.
Како и да е, натприродните искуства постојат и ни се на дофат на сите
кои би се заинтересирале за нив. Сите ние имаме поголема психичка моќ
отколку што користиме, сѐ што е потребно да ја дознаеме е довербата во
неа и дружењето преку техники за исклучување на мислите како
медитација, фокусирање, концентрација, јога и најважното – љубов.
__________________________________________******** *******************
Се надевам дека со постов на многумина ќе им се разјаснат мистериите
околу чудата на астрална димензија, а можеби и ќе ве поттикне да
споделите некои ваши исксутва од оваа област.
------------- http://outtake.blog.mk/2010/06/02/psihonautot-vo-nas/ - Психонаутот во нас
|
|