Кој наш медиум најмалку објавува коментари?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Медиуми
Опис на форумот: Телевизии, радио, списанија, весници...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23991
Датум на принтање: 10.Февруари.2025 во 23:05 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Кој наш медиум најмалку објавува коментари?
Постирано од: mamamd
Наслов: Кој наш медиум најмалку објавува коментари?
Датум на внесување: 11.Февруари.2011 во 12:46
Читајки ги вестите на пишаните и ТВ медиумите често добивам желба да прокоментирам за настанот. Се трудам коментарите да содржатт мое гледање на нештата. Забележувам дека такаречи на сите медиуми не се објавуваат коментарите доколку одат спротивно на “политиката“ на самиот медиум. Смешно е што стои предупредување дека НЕМА да се објават коментарите кои содржат навредливи зборови или шират национална омраза, а нигде не стои дека нема да се објават коментари кои не им конвенираат на уредувачката политика![голема%20насмевка](smileys_novi/4.gif) Лично никогаш не пцујам, не навредувам, не ширам национална омраза а ми се случило да искоментирам а коментарот да го нема![изненадување](smileys_novi/13.gif) Во последно време додека пијам кафе си играм Мижи-татара со веб мајсторите на медиумите-пишувам иако знам дека нема да го објават. Какви се вашите искуства на ова “бојно поле“? И нормално со кој медиум имате “многу љубов“![плазење](smileys_novi/10.gif)
|
Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 12.Февруари.2011 во 02:19
на кои медиуми поточно мислиш, за да знам за што поточно да пишувам
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Февруари.2011 во 09:01
[QUOTE=zabegan]на кои медиуми поточно мислиш, за да знам за што поточно да пишувам [/QUOTE На сите. Јас сум забележала дека ако искоментирам нешто на пр. во Вечер и во својот коментар имам критичка нота кон власта коментарот ми го нема или обратно во Утрински ако ја фалам власта го нема коментарот. Истото се случува и со коментари на порталите на телевиизиите, на А1 не ми објавиле кога ги осудував новинарките кога беше онаа смејурината со полицијата и да не набројувам. И нешто што пријатно ме изненади-Дневник, таму не само што го објавуваат туку по некое време ќе забележиш (можеби е коинциденција ) да се зафатат да пишуваат за одреден проблем кој читателите го искажале во својот коментар. Поентата ми е дека , стои дека нема да се објавуваат коментарите со навредлива содржина а не е така.![изненадување](smileys_novi/13.gif)
-------------
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 09:49
Заради опструкцијата на гласот на народот во јавните гласила,јас одамна престанав да си играм како би рекла Мамамд мижи татара со веб мајсторите , има ли смисла да си го изнесеш ставот напразно ако не се вклопува во теркот на одредена статија?!
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 23:19
хаха..баш вчера искоментирав на колумната на Латас...во врска со „пингвин телевизијата“
мојот коментар беше без вулгарности и говор на омраза ама со мое видување на настанот,а контра на видувањето на Латас или вечер воопшто...
погодивте?
коментарот не ми беше објавен иако останатите коментари содржеа сочни пцовки
мајче веројатно ние не знаеме да се изразуваме „стилски“
и да не испаднам пристрасна
ниту сајтот на А1 не ми објави коментар кој беше критика кон нивниот начин на работа
значи слободата на изразување кај нас е „на нивоу“
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 01:35
Andjelina напиша:
хаха..баш вчера искоментирав на колумната на Латас...во врска со „пингвин телевизијата“
мојот коментар беше без вулгарности и говор на омраза ама со мое видување на настанот,а контра на видувањето на Латас или вечер воопшто...
погодивте?
коментарот не ми беше објавен иако останатите коментари содржеа сочни пцовки
мајче веројатно ние не знаеме да се изразуваме „стилски“
и да не испаднам пристрасна
ниту сајтот на А1 не ми објави коментар кој беше критика кон нивниот начин на работа
значи слободата на изразување кај нас е „на нивоу“ ![](smileys_novi/4.gif) | па токму од ова сите се плашат, од добро составена и издржана реплика, која ги руши сите нивни излагања кои тврдат дека се „вистинити“ тука всушност и мислам дека не се работи толку за политика, од колку за тоа како медиумите си ги бранат своите лаги, јас верувам дека ако убаво и отворено си го отерала Латас или Велија во три лепе, ќе ти го објавеле коментарот, бидејќи и вака и така никој нема да му обрне внимание кога е само обична пцовка на ваков начин си ја штитат сопствената политика (не онаа на партиите) и сопствените лаги и далавери ![не](smileys_novi/no.gif)
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: K1nm23
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 02:25
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 02:34
Ова ко кампањава на А1. „И јас сум А1“, значи сите мора да бидеме А1. Кој не е А1 (со коментарот) нема објавување, нека оди таму кај Латас, на Сител... А немаше ништо навредливо, напишав само - јас не сум А1. Ама не можело. ![глупчо](smileys_novi/26.gif)
Кај Латас пак, напишав еднаш коментар-реакција на една негова простачка колумна, и таму не ми го објавија. ![плачење](smileys_novi/20.gif) Значи кај него ако не го пцуеш Бранко, нема место, бегај кај А1. Шпиц, Утрински...
И толку од моето коментирачко искуство. Напишав 3-4 коментари, никој не ми ги објави и се откажав.
За А1 инаку имам голема забелешка: ако веќе модерираат коментари, кои задолжително поминуваат низ цензура од администаратор, да престанат со објавување коментари кои шират говор на омраза, етничка нетрпеливост, навреди за државата и народот... такво нешто изобилува во коментарите на нивните написи. Ако веќе обвинуваат други за говор на омраза, да почнат прво да го чистат од нивниот сајт.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 02:41
Анастеа напиша:

| такво нешто изобилува на целиот наш интернет (или потесно, на сајтовите на медиумите), А1 е само еден дел
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 03:15
Да, да но тоа е посебна проблематика воопшто за интернетот. Ги спомнав А1 и Вечер затоа што само таму сум пробала да напишам коментар. И тоа чисто за проба, да видам дали се во право другите кога велат дека не ги објавуваат.
А искрено на друг национален медиум немам видено толку одвратни коментари како на А1. Можеби некои не ги читам па затоа сум пропуштила.![не%20знам](smileys_novi/106.gif)
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 22:59
Форум... 365 .... Вечер... и уште два други...
редовно ми објавуваат коментари, за разлика од А1...
Денес неколку пати пишував како не сум видела ....поочаен ....
....уредник и новинар ...од Младен Чадиковски.....
но не објавија ниту еден мој коментар ...... ![не%20зборувам](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/33.gif)
-------------
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 23:05
Коментирам на сите Веб изданија на печатените медиуми и телевизиите и секаде ми објавиле кометари освем на А1. На А1 имам напишано можеби 30 коментари на статии и ни еден не ми е објавен![среќа](smileys_novi/1.gif)
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 13:48
fiks напиша:
Коментирам на сите Веб изданија на печатените медиуми и телевизиите и секаде ми објавиле кометари освем на А1. На А1 имам напишано можеби 30 коментари на статии и ни еден не ми е објавен![среќа](smileys_novi/1.gif)
|
deka ne si gi pofalil.....inaku prv ke bides objaven....![да](smileys_novi/yes.gif)
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......![](smileys_novi/4.gif)
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 16:53
зошто воопшто ја отвори темава мамамд, сигурно не за плукање на еден, а фалење на друг медиум, па затоа, поарно исфилтрирајте си ги коментарите за сител и А1 пред да коментирате, не ја користете темава за револт и политика кон некој со кој не се согласувате мамамд убаво си кажа дека исти критики давала на сите медиуми посебно кои имаат спротивставени ставови, па и на двете страни не им било објавено нормално дека јас ако го испофалам Латас или Велија дека ќе ми ги остави коментарите, ако искоментирам како цивилизиран човек, а не се совпаѓа со нивните тврдења, ќе ме избришат не е точно дека само на А1 се пишуваат гадости, гадости сум видел на сите интернет медиуми, каде повеќе, каде помалку и тие ги оставаат баш бидејќи немаат никаква смисла, нити пак претставуваат културно искажување на мислење на кое некој би поверувал, нив секој нормален човек ги смета за дивјаштво и не го интересираат, но тоа што навистина на сите им боде очи е цивилизирано, издржанои и културно мислење кое ги побива нивните ставови и затоа ги бришат нив, а гадостите остануваат
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 19:34
Секој медиум има обврска да објави и спротивставени мислења. Доколку не ги објавуваат убаво е да напишат -покрај тоа што им е ставено како предупредување односно информирање за вулгарностите и националната омраза па ќе си знаеме и нема да губиме време, односно нема да си тупиме прсти (и нокти) да пишуваме. Искрено мене ми е смешно кога ќе прочитам дека само на еден медиум демек не се објавува, а на друг се објавува, не за друго , знам дека не се зборува вистината. Сите, ама и врапчињата на гранките надвор знаат дека чим се пишувааат хфалопејки и подршка за политиката на медиумот се објавуваат, чим се напаѓа противникот исто се објавуваат. Затоа да се потрудиме (барем самите пред себе да сме си искрени), а тука можеме да пишуваме фрази. Секој си одговара пред самиот себе и пред својата совест.![голема%20насмевка](smileys_novi/4.gif) Лично, никогаш нема да пишувам невистина, секогаш ќе го пишувам својот став, своето убедување, нема да се конфронтирам со другите за нивните ставови нити ќе ги сметам за противници или опонененти. Секој одлучува за себе. Секој сам себе се гледа во огледало. Секогаш ги респектирам лугето со свои ставови-колку и да не ми конвенираат.
-------------
|
|