700 евра казна за (наводно) пцуење на Груевски?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23970
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 08:13 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: 700 евра казна за (наводно) пцуење на Груевски?
Постирано од: mamamd
Наслов: 700 евра казна за (наводно) пцуење на Груевски?
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 12:09
Чудна ми е веста за ова, а уште почудна ми е експресноста на судот. Се прашувам дали премиерот знае што се случува зад негов грб? Често се прашувам кој и зошто прави вакви работи. Човеков е со двојно државјанство и бара заштита од белгиската амбасада бидејки бил државјанин на Белгија.Има и сведоци кои се спремни да потврдат дека не го пцуел премиерот. Што се случува со нашиот правосуден систем
http://www.time.mk/read/NONE/8f8b6afda7/index.html - 700 евра за наводно пцуење на Груевски
|
Коментари:
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 12:34
А да ги казнат сите кои го псујат низ Македонија...Ќе процути Македонија...а и парички...за Фамилијата...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 14:28
marsovec напиша:
А да ги казнат сите кои го псујат низ Македонија...Ќе процути Македонија...а и парички...за Фамилијата... |
kjjuti be!! .nemoj dvapati da im kazesh!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 21:28
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 21:32
mamamd напиша:
Одвреме навреме проверувајте кој какви небулози прави во ваше име и малку дрмнете, да се знае дека не може некој да прави нешто во ваше име<h2 ="title"> http://www.time.mk/read/NONE/8f8b6afda7/index.html - 700 евра за наводно пцуење на Груевски </h2>
|
So A1 zavrsi ...sega e red po narodot
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 21:56
..ma neee beee..
,...obezbeduvanjeto mu go navredil!
...ama ,srekja ,po dolgo cenkanje so ''sudijata"...mu posakale samo 500 evra ,.,..na kraj!
• http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=133963 - Експресно осуден, бидејќи наводно го пцуел Груевски [06.02.2011]
...kakvo e toa svileno obezbeduvnje ,..koj znae,
...i koj znae ,..moze i ke gi onadat kakjite,..koga nekoj sluchajno ke mu pukne guma vo momentot koga vo blizina im e plemierot nivni !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 22:38
Ај да не претеруваме- таму некој си го привел исто некој си му пресудил да плати казна.Арно ама наишле на странски (од оние со 2 пасоша) па сега кога ќе се замешаат странците да си ги бранат своите граѓани, ќе му ги вратат парите. Чудно е што веднаш осудата паѓа на терет на премиерот, а тој сигурно благе везе нема дека откако си заминал -некој си му го “бранел “ обезбедувањето од чуле нечуле, ама важно се бранеле, барем според белгискиот граѓанин од домашно потекло. Ќе чекаме разврска.
-------------
|
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 22:40
500 evra, 600 evra, ajmo deco, koj kolku moze!!!
------------- се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 22:43
...neshto mi tekna:
...bogami, treba da pripazam malku , koga nekoj ke sretnam nadvor,
..da ne e sluchajno vo blizina vashiot drag plemiel,
,...zatoa shto i jas ( kako i mnogumina) imam obichaj so psovki da pozdravam nekoj shto ne go gledam bash chesto!
...znachi,..sosema e logichno deka nekoj ne laze!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 22:54
Јас не можам да се отргнам од помислата дека кај нас секогаш има некој кој сака да добие поени од одредени постапки. И некна кога беше гостин на А1 имаше повици од страна- ама никој не беше казнет Пак ќе речам- малку ми е ова сомнително. Нејќум да грешам душа- ќе чекаме реакциите од втората му татковина на нашинецот.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 23:55
Не е јасно за што е осуден, според едни го пцуел премиерот, според други обезбедувањето на премиерот
-------------
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:00
Што вели законот за ова? Македон?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:01
Анастеа напиша:
Што вели законот за ова? Македон?
|
zakonot za ova, prasuva dali ima kniska
------------- се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:09
Стои дека е казнет за нарушување на јавниот ред и мир колку што прочитав. Не стои дека е казнет за пцуење на премиерот. Тој дава изјава дека за тоа е казнет, односно наводно за тоа е суден. Затоа велам да почекаме, ќе видиме што ќе излезе.
-------------
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:11
mamamd напиша:
Не е јасно за што е осуден, според едни го пцуел премиерот, според други обезбедувањето на премиерот |
Ако можеш некако да го (про)читаш решението ..кое е овде покажано..сигурно пишува и кој и зашто е осуден и колку е казната !
http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=2455 - http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=2455
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:15
Анастеа напиша:
Што вели законот за ова?Македон? |
Карактеристично за Македонија се ригорозни закони за прекршоците, независно дали се против јавниот ред и мир или не. Сите глоби се многу високи, особено со најновите измени. Дури се коментира дека паричните казни за казнените дела се помали од оние за прекршоци. Тоа е карактеристика на македонските закони за прекршоците.
Конкретно за случајов, согласно член 13, од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир:
Кој омаловажува државен орган, односно омаловажува или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во износ од
600 до 800 евра во денарска противвредност.
Ако службеното лице од ставот 1 на овој член е полициски службеник на сторителот ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 900 евра во денарска противвредност.
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:29
Аааааа значи и вака собира владата пари Македон кога е овој закон донесен ?
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:30
Santijago напиша:
Аааааа значи и вака собира владата пари Македон кога е овој закон донесен ?
|
Датум на објавување: 31.05.2007
Датум на стапување во сила: 08.06.2007
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:32
Значи кога на власт е дојдена оваа гарнитура ... хммм ништо чудно А пошто овај шо го опцул е двоен државјанин 100% ич не се мислеле дали да му лупнат казна
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:41
Santijago напиша:
Значи кога на власт е дојдена оваа гарнитура ... хммм ништо чудно А пошто овај шо го опцул е двоен државјанин 100% ич не се мислеле дали да му лупнат казна
|
не барај закон кој би ги штител обичните граѓани Санти...а за закони против граѓаните има еден куп...ем глобата ја тресат од ракав
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 00:44
Ма сигурно тие 700 евра ќе одат под странски инвестиции А има ли воопшто закон кој ги штити граѓаните ? Таков незнам ...
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 02:35
Ииии пa кaко бе луѓе, поарно да богохулеле, синот божји Никола го навредиле.О голем војводо, кој те навреди тебе заслужил да гори во пеколот, а камоли да биди казнет со парична казна.Слушнете сите вие, О, предавници и неверници, синот на овој народ, синот на жална напатена мајка Македонија Никола е пратен од самиот Бог да биди спасител и месија на овај измачен народ.Божјиот камшик ќе удри на секој оној кој е против неговиот син Никола.
------------- Брсјачка нација !
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 02:44
DragancoLeskoec напиша:
Ииии пa кaко бе луѓе, поарно да богохулеле, синот божји Никола го навредиле.О голем војводо, кој те навреди тебе заслужил да гори во пеколот, а камоли да биди казнет со парична казна.Слушнете сите вие, О, предавници и неверници, синот на овој народ, синот на жална напатена Мајка македонија Никола е пратен од самиот Бог да биди спасител и месија на овај измачен народ.Божјиот камшик ќе удри на секој оној кој е против неговиот син Никола. | да не те имам читано од порано, ќе мислев дека ова е сарказам
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 02:50
темава може слободно да оди во темата за слобода на говор...
а посмешен закон немам слушнато, дури и да се практикувал насекаде, смешен е, како се штанцаат закони кај нас по потреба, тоа е нешто неверојатно а да не збориме што казните не соодветствуваат на извршениот прекршок, 700 евра чини едно понеквалитетно Југо
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 03:03
TИ!Се осмели дa не верувaш ?
Клекни, клекни и покај се пред иконата и моли се заедно со мене
Николa нaш, иже јеси на небесих, да свјатит сја имја твоје, да приидет цесарствие твое, да бодет волја твоја, јако на небеси и земљи.
Хљаб наш насуштниј дажд нам днес ...
------------- Брсјачка нација !
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 07:38
DragancoLeskoec напиша:
TИ!Се осмели дa не верувaш ?
Клекни, клекни и покај се пред иконата и моли се заедно со мене
Николa нaш, иже јеси на небесих, да свјатит сја имја твоје, да приидет цесарствие твое, да бодет волја твоја, јако на небеси и земљи. Хљаб наш насуштниј дажд нам днес ... |
O DZOKERU moj miliiiii...kako li se ispili...?
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: ultra
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 08:28
mamamd напиша:
Чудна ми е веста за ова, а уште почудна ми е експресноста на судот. Се
прашувам дали премиерот знае што се случува зад негов грб? Често се
прашувам кој и зошто прави вакви работи. Човеков е со двојно
државјанство и бара заштита од белгиската амбасада бидејки бил
државјанин на Белгија.Има и сведоци кои се спремни да потврдат дека не
го пцуел премиерот. Што се случува со нашиот правосуден систем
http://www.time.mk/read/NONE/8f8b6afda7/index.html - 700 евра за наводно пцуење на Груевски
|
Експресноста на судот е баш поради тоа што е странски
државјанин. Дури и македонски државјанин ако направи на пр. сообраќаен
прекршок а е со странски таблици и странска возачка иде на експресен суд.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 13:05
ultra напиша:
Експресноста на судот е баш поради тоа што е странски
државјанин. Дури и македонски државјанин ако направи на пр. сообраќаен
прекршок а е со странски таблици и странска возачка иде на експресен суд.
| Мене ме запрепастува друго- ОК ако праел бељи, но што откако ќе се замеша амбасадата на земјата чив државјанин е и кога со сведоци ќе докаже дека не пцуел никого-ко што тврдат тој и сведоците Експресно ќе му ги вратат А ако казнат некое наше бајбурче - и нема кој да застане зад него ќе му ги вратат ли парите? Излегува дека ние домашните државјани поарно ќе биде да си земеме државјанство од некоја “јака “земја?
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 13:18
Е ова ми оди на нерви со нашите медиуми-бомбастите наслови
http://www.time.mk/read/b15cd1905f/7413653986/index.html - Двајца се пцуеле, премиерот се навредил **** Замина премиерот 5-6 километри и тој го фати другаров за раменици исто како криминалец, како убиец - зошто го пцуеш премиерот? **** Спасовски тврди дека полицаецот кој не им се претставил ги прашувал од која партија се од ВМРО од СДСМ или од ДУИ.
- Син ми уште не дошол на суд, а полицијата вика дека треба да плати 700 евра казна - додава Фета Таири, татко на Агим Таири. **** Јасно и гласно е дека некој си полицаец го привел по заминувањето на премиерот, а судот за прекршоци му пресудил. Значи не го тужел премиерот,тој сигурно не ни знае дека се случило нешто вакво
-------------
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 14:42
А зошто таков закон е донесен 2007 година...И такви казни...Па и за диктаторите...тие ништо не знаат, па и фашистите за холокаустот...Секогаш е виновен некој друг...Каде живееме ние...не ни е нешто јасно???Интересно...Мене се ми е јасно...и тоа не од сега...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: ultra
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 15:46
mamamd напиша:
ultra напиша:
Експресноста на судот е баш поради тоа што е странски
државјанин. Дури и македонски државјанин ако направи на пр. сообраќаен
прекршок а е со странски таблици и странска возачка иде на експресен суд.
| Мене ме запрепастува друго- ОК ако праел бељи, но што откако ќе се замеша амбасадата на земјата чив државјанин е и кога со сведоци ќе докаже дека не пцуел никого-ко што тврдат тој и сведоците Експресно ќе му ги вратат А ако казнат некое наше бајбурче - и нема кој да застане зад него ќе му ги вратат ли парите? Излегува дека ние домашните државјани поарно ќе биде да си земеме државјанство од некоја “јака “земја?
|
Правниот дел ќе им го оставам на покомпетентните... Имено се работи за исказ против исказ со сведоци (се надевам дека и џандрот не бил сам) а човекот пцуел и сам си кажа. Јасно е дека некој лаже, а кој???
Не ми се верува дека ако потегне постапка и ги ангажира белгијците дека ќе помине беспари или евентуално со неговите 700 евра во џеп.
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 17:52
Мислам дека тие 600 евра се и премалку за пцуење, и еднаш конечно ке треба некој да не научи на ред.
Чудно за настанот е експресното судење и само една личност додека и двајцата тврделе дека меѓусебно се пцуеле што остава лош впечаток.
И 5000 евра се малку!
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 18:06
За ваква работа максимум требало да се опоменат. Начекаа странски државјанин па удри
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 18:10
Бреее ако на овие им текне да праќаат инспектори и полиција на митинзи , протести , маршови итн итн ... не ќе можат парите да ги добројат од казни пишани поради пцуење на владини личности ... О па ... мож то и им е на ум следно ...
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 18:44
Јас сакам да ги пофалим полицајците затоа што се уапсали некаков каде пцуе.Каков е овој бе?На што налича ова.Кај се наоѓа?Дошал и пцуе како каруцар.Штом има белгијско државјанство оти не оди на некој плоштад во Брисел и да почне да пцуе?
Ако ,ако.Нека тоа е за урок на сите.Оти сега на плоштадот пцуеш ама после кога се вратиш дома какво воспитание ќе му дадеш на детето?
Тоа апсање е нов чекор кон Европа.За тоа се законите да се почитуваат.
-------------
|
Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 19:00
Јас сум најстрого против пцуење и било каков вулгаризам.
------------- Брсјачка нација !
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 19:18
DragancoLeskoec напиша:
Јас сум најстрого против пцуење и било каков вулгаризам. | иако поради пцуење и вулгаризам неколку пати си бил баниран чудно
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 20:41
zabegan напиша:
DragancoLeskoec напиша:
Јас сум најстрого против пцуење и било каков вулгаризам. | иако поради пцуење и вулгаризам неколку пати си бил баниран чудно |
Пу Пу не важи...
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 12:59
ништо посебно...кој згрешил ќе си плати!
може и казната да си ја замени со затвор...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 17:55
Лош избор на просторот за вакви активности....кај нашол наводно да пцуе
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 19:18
Искрено... не ми е јасно... ај сега еве овде се дискутира на тема... дали овие го опцуле премиерот... или не... ко да е тоа толку битно... голем ... ... и кој знае дали е така или не... можеби навистина го опцуле... можеби не...
ама што ли е тоа битно за народецов наш... некој ќар од тоа ќе има ли... или штета... што не си гледаат своја работа... што се замараат со такви работи... а бе понекогаш оној Брзиот е во право... понекогаш...
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 19:43
Evtino pominal... badijala!
Onoj irachki novinar koj mu kazha na Bush deka e kuche kasapsko i mu ja frli chevlata, dodavajkji deka toa mu go prakjaat decata na zaginatite nevini roditeli, go kaznija zatvor godina ili dve... ako go pogodeshe so chevelot mozheshe da dobie do 15 godini apsana.
A nitu go pogodi i nitu go opcu.. samo ja kazha vistinata.
A tuka se cenkame za nekakvi 700 evra za javno urivanje na likot na premierot na drzhavata... Na forumov otvoreno go narekuvaat so najpogrdni zborovi i po nekoja ubavo smislena pcovka, pa nikomu nishto ne mu fali , ushte i se zhalime na nedostatok na demokratija i sloboda na govor... vo Jugoslavija kje beshe mnogu poinaku za urivanje na likot na tatkoto na republikata Josip Broz Tilo. Togash mandatorno sledeshe apsaana, specijalna dijeta i sekojdnevno besplatno masiranje.
700 evra ja javno pcuenje na premierot kako pretstavnik na drzhavata... poeftino i od bagatela! Kaznata odmeruva kolku si ja vrednuvame drzhavava.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 19:53
Messenger напиша:
700 evra ja javno pcuenje na premierot kako pretstavnik na drzhavata... poeftino i od bagatela! Kaznata odmeruva kolku si ja vrednuvame drzhavava.
|
Тебе ако те казнат 700 евра пак ли ќе кажеш дека се малку?
А и за да е запишано во законот 700 евра значи се има во предвид нешто. При втора таква пројава казната е многу поголема.Ама за тоа треба да каже Македон што гласи законот.
Повеќе ли ќе сии ја вредувааш државата ако казната е 7000 евра?Не ми се верува.За страничниот набљудател тоа е обична цифра.Чак кога дојде врз неговиот грб се почнуваат ''драмите '' за големината на казната.
А и споредуването со Тито и Буш не е многу правилно ,бидејки таму станува збор за диктатура , а не за демократија.
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 19:59
Sega kje pochneme i da se cenkame so vrednosta...
Abre kakvo parichno nagoduvanje, kakvi cifri, kakvi bakrachi? Toa znachi deka mozhesh, kako na pazar, da si kupish javno plukanje po drzhavata!
Bog da chuva!
Zatoa gi spomnav kaznite vo drugite drzhavi. Edinstvena soodvetna sankcija e zatvor na odredeno vreme.
P.S. Ako kaznata od 700 evra za javnoto pcuenje na premierot e premnogu, togash spored tebe kolku pari bi trebalo da bide? A kolku evra mislish deka bi bilo dovolno za da mozhesh javno da mu se izmochash?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 20:01
емил напиша:
Messenger напиша:
700 evra ja javno pcuenje na premierot kako pretstavnik na drzhavata... poeftino i od bagatela! Kaznata odmeruva kolku si ja vrednuvame drzhavava.
|
Тебе ако те казнат 700 евра пак ли ќе кажеш дека се малку?
А и за да е запишано во законот 700 евра значи се има во предвид нешто. При втора таква пројава казната е многу поголема.Ама за тоа треба да каже Македон што гласи законот.
Повеќе ли ќе сии ја вредувааш државата ако казната е 7000 евра?Не ми се верува.За страничниот набљудател тоа е обична цифра.Чак кога дојде врз неговиот грб се почнуваат ''драмите '' за големината на казната.
А и споредуването со Тито и Буш не е многу правилно ,бидејки таму станува збор за диктатура , а не за демократија. | ретко да се согласам со тебе
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 20:07
Postojat vrednosti na koi ne se lepat ceni.
Oti togash toa ne bi bilo vrednuvanje, tuku obezvrednuvanje.
A niz Vardar kje proteche ushte mnogu voda...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 20:29
море ја ги рачунав овие од вмро паметни ама тие и не биле изгледа, затоа што всушност и не знаат каде лежат парите. Скоро сите Албанци и половина од Македонците ги пцујат на ангро , па сега нека си ја чукнат главата , каде лежи богатството.
------------- Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 08.Февруари.2011 во 23:15
По се изгледа некој тука меша поими но добро секој со свое видување.
Добро се сеќавам кога за Илинден на Мечкин Камен беше осудена граѓанка бидејќи не се слага со политичката идеологија на Киро Глигоров и тоа на 6 месеци затвор!
ЗОШТО? Бидејќи таа стара госпоѓа го испрскала Кирчо (пред се е граѓанин) со водичка (кутрите тие, па тоа било света водичка). Како и да е, како може да се меша државноста со граѓанин кој добил државна функција од народот, е тука пука џигерчето од мака и од неразбирање... ако не се слагам со таквата политика, јајца па по глава! Тоа се вика демонстративен протест против водење една погрешна политика.
Неморално однесување е сосема друга приказна, и мислам дека многумина ке се сложат дека треба да бидат казнувани таквите испади бидејки самото пцуење на еден од блиските на некој граѓанин е директна навреда!!!
http://www.youtube.com/watch?v=ujF550zlU24 - Погледнете ги снимките како во ДЕМОКРАТСКИ земји ги третираат политичарите ако не се слагаат со нивната одлука а не некојси Ирак кој има проамериканска влада и го апсат новинарот како да направил најголемо злодело...пфффф, Ирак и демократија?
Ако некој се прашува што се случи со госпоѓата од видеото ... НИШТО! Си дава “интервју“ пред камерите без некому око да му трепне за “нападот“ на министерот...
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 00:03
E taka de, taka... samo taka!
Koga nekomu nema da mu se dopadne tugjoto mislenje ili nekoj ne se slozhuva so negovoto, ako istovremeno ne mozhe da go artikulira svoeto, a saka "pravdata" da si ja istera po sekoja cena, togash na drugiot najdemokratski javno neka mu otera majka, shajka i s'e po spisok, neka mu frli vo lice neshto techno, mrsno i mirizlivo, neka mu se izmokri kako kuche pokraj drvo ili neka go gagja so svoite aromatichni chevli...
Ami kako? Zarem nekoj kje ima doblest da ni ja zabrani nashata sloboda vo prakticiranje na demokratijata, zarem nekoj kje ni zabrani da si gi izneseme nash*te frustracii na nachin kako shto nie miluvame?
Onie shto smetaat deka toa ne e e civiliziran nachin na komunikacija, deka toa e anarhija namesto demokratija, deka toa gi minuva site granici na civilizirano odnesuvanje, neka si go chuvaat svoeto ogranicheno diktatorsko mislenje za sebe!
Gospod da im bide na pomosh na site, pa i na nas!
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: aLkINOr
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 10:27
pa kako taka pcuvaat po nasiot grujevski trebalo i pokhgoklemi kaznuvacki da gi platat i da gi kaznat so apcana do 3 godi oti grujevski pravi se najdoboro za narodite na makedonja
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 18:07
Messenger напиша:
Evtino pominal... badijala!
Onoj irachki novinar koj mu kazha na Bush deka e kuche kasapsko i mu ja frli chevlata, dodavajkji deka toa mu go prakjaat decata na zaginatite nevini roditeli, go kaznija zatvor godina ili dve... ako go pogodeshe so chevelot mozheshe da dobie do 15 godini apsana. |
Messenger, во овој случај има исмевање на шеф на странска држава, што не е прекршочно, туку КАЗНЕНО дело. Меѓу она за што е осуден човекот и ова кое ти го споменуваш има голема разлика. Да не говорам дека во овој случај имаше и обид, иако неподобен обид за друго казнено дело.
Messenger напиша:
A nitu go pogodi i nitu go opcu.. samo ja kazha vistinata. |
Тоа што обидот беше неподобен, не значи дека мора да се ослободи од казна. Може, но не мора, а за тоа законот му признава право на судот да одлучи. Така е барем во Македонија. А со тоа што го нарече куче, го изложи на подбив, што истотака е казнено дело.
Messenger напиша:
A tuka se cenkame za nekakvi 700 evra za javno urivanje na likot na premierot na drzhavata... Na forumov otvoreno go narekuvaat so najpogrdni zborovi i po nekoja ubavo smislena pcovka, pa nikomu nishto ne mu fali , ushte i se zhalime na nedostatok na demokratija i sloboda na govor... |
Законот е јасен, ова е прекршочно дело и е предвидена казна од 600 до 800 евра.
Messenger напиша:
vo Jugoslavija kje beshe mnogu poinaku za urivanje na likot na tatkoto na republikata Josip Broz Tilo. Togash mandatorno sledeshe apsaana, specijalna dijeta i sekojdnevno besplatno masiranje. |
Во Југославија постоеше казнено дело кое сторителот можеше да го стори и во сон. Односно, ако сторителот зборува во сон нешто против државата, а сопругата или сопругот отиде до УДБ и го каже тоа, сторителот се обвинуваше за дело против државата, а тогаш знаеме што следуваше. Тоа што го кажа ти, заедно со некои воспитни мерки, со цел затвореникот да остане благодарен на општеството за превоспитувањето. А законот за ликот и делото на Јосип Броз Тито се применуваше по неговата смрт.
Messenger напиша:
700 evra ja javno pcuenje na premierot kako pretstavnik na drzhavata... poeftino i od bagatela! Kaznata odmeruva kolku si ja vrednuvame drzhavava. |
Не би се сложил со тебе, затоа што дури и за казнени дела некогаш се случува паричната казна да е пониска, а ова сепак е само прекршок, а не казнено дело.
-------------
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 18:25
Buggyman напиша:
По се изгледа некој тука меша поими но добро секој со свое видување.
Добро се сеќавам кога за Илинден на Мечкин Камен беше осудена граѓанка бидејќи не се слага со политичката идеологија на Киро Глигоров и тоа на 6 месеци затвор!
ЗОШТО? Бидејќи таа стара госпоѓа го испрскала Кирчо (пред се е граѓанин) со водичка (кутрите тие, па тоа било света водичка). Како и да е, како може да се меша државноста со граѓанин кој добил државна функција од народот, е тука пука џигерчето од мака и од неразбирање... ако не се слагам со таквата политика, јајца па по глава! Тоа се вика демонстративен протест против водење една погрешна политика.
Неморално однесување е сосема друга приказна, и мислам дека многумина ке се сложат дека треба да бидат казнувани таквите испади бидејки самото пцуење на еден од блиските на некој граѓанин е директна навреда!!!
http://www.youtube.com/watch?v=ujF550zlU24 - Погледнете ги снимките како во ДЕМОКРАТСКИ земји ги третираат политичарите ако не се слагаат со нивната одлука а не некојси Ирак кој има проамериканска влада и го апсат новинарот како да направил најголемо злодело...пфффф, Ирак и демократија?
Ако некој се прашува што се случи со госпоѓата од видеото ... НИШТО! Си дава “интервју“ пред камерите без некому око да му трепне за “нападот“ на министерот...
|
Taa go plukashe Kiro i go ghazeshe znameto na Makedonija...dokolku se sek'avate...Kaznuvawata za navredi na politichari vo ovie vreminja i 21 vek,e obelezje na diktaturite...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 18:28
Tokmu za toa govoram - kako drzhavata reshava za nejzinoto obezvrednuvanje da stavi cenovnik!
Pcuenje na premierot 600 evra so popust, mochanje na premierot 6000 evra bez popust, ismevanje na policaec 400 evra fiksno dokolku nemash vujko koj raboti vo policijskata stanica, palenje banknota...
Vo ophtestvoto postojat nekoi vrednosti koi ednostavno ne se za pazarenje.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 18:42
Член 174
(1) Тој којшто изнесува или пронесува нешто од личниот или семејниот живот на некое лице што може да му штети на неговиот углед, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
Член 177
(1) Судот може на сторителот на кривично дело од членовите 172 до 175 да му изрече судска опомена, особено ако сторителот бил предизвикан со непристојно или грубо постапување на оштетениот, ако пред судот изразил готовност на оштетениот да му се извини, а во случај на кривично дело од членовите 172 и 174 и ако пред судот го отповикал она што го изнесувал или пронесувал.
(2) Ако навредениот ја возвратил навредата, судот може обете или едната страна да ја казни или да изрече судска опомена.
http://www.jorm.org.mk/zakon-krivicen.shtml - Кривичен законик
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 19:12
Ako beshe upateno do mene, jas ne govoram za zakonot koj gi regulira megjuchovechkite odnosi vo opshtestvoto.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 19:40
Messenger напиша:
Ako beshe upateno do mene, jas ne govoram za zakonot koj gi regulira megjuchovechkite odnosi vo opshtestvoto. |
Не Месинџер, не беше упатено кон тебе.
П.С.- Сепак според информациите, настанот кој се случил бил помеѓу две граѓански лица кој МЕЃУСЕБНО се изразувале непристојно еден кон друг. Според член 177од кривичниот закон, “ако навредениот ја возвратил навредата, судот може обете или едната страна да ја казни или да изрече судска опомена“.
Тој член не ги регулира меѓучовечките односи, .....
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 19:44
Buggyman напиша:
Член 174
(1) Тој којшто изнесува или пронесува нешто од личниот или семејниот живот на некое лице што може да му штети на неговиот углед, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
Член 177
(1) Судот може на сторителот на кривично дело од членовите 172 до 175 да му изрече судска опомена, особено ако сторителот бил предизвикан со непристојно или грубо постапување на оштетениот, ако пред судот изразил готовност на оштетениот да му се извини, а во случај на кривично дело од членовите 172 и 174 и ако пред судот го отповикал она што го изнесувал или пронесувал.
(2) Ако навредениот ја возвратил навредата, судот може обете или едната страна да ја казни или да изрече судска опомена.
http://www.jorm.org.mk/zakon-krivicen.shtml - Кривичен законик |
Oва кое си го цитирал кривичниот законик воопшто нема никаква врска со ова што се случило. Ова не е казнено дело, туку прекршочно дело. Погледни го член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Врз основа на тој член е осудено лицето кое пцуело.
Согласно став 1 од член 184 од Кривичниот законик на Македонија, гонењето за делата од член 172 до 175 се презема по приватна тужба. А во случајов не станува збор за гонење по приватна тужба.
-------------
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 20:03
Јас имав доблест и постирав линк... потруди се и ти..
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 20:20
Buggyman напиша:
Messenger напиша:
Ako beshe upateno do mene, jas ne govoram za zakonot koj gi regulira megjuchovechkite odnosi vo opshtestvoto. |
Не Месинџер, не беше упатено кон тебе.
П.С.- Сепак според информациите, настанот кој се случил бил помеѓу две граѓански лица кој МЕЃУСЕБНО се изразувале непристојно еден кон друг. Според член 177од кривичниот закон, “ако навредениот ја возвратил навредата, судот може обете или едната страна да ја казни или да изрече судска опомена“.
Тој член не ги регулира меѓучовечките односи, ..... |
Ама не го казниле оти се пцуеле со пријателот, туку ...откако премиерот заминал некаде на 5 до 6 км, службено лице кое не се легитимирало го привел, а судот му одредил казна (за која според лицево- се ценкале колку да плати). Мене не ми е јасно едно, во вакви постапки по кратка постапка (тоа кај друже Тито го викаа преки суд) дали се сослушуваат сведоци или се оди тик-так, по кратком поступку што би рекол Прле од отпишаните ( ги репризираат па сега ги цитирам)
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 20:21
Buggyman напиша:
Јас имав доблест и постирав линк... потруди се и ти.. |
Повели
Член 13
Кој омаловажува државен орган, односно омаловажува или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.
Ако службеното лице од ставот 1 на овој член е полициски службеник на сторителот ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 900 евра во денарска противвредност.
http://www.pravo.org.mk/documentlaws.php?name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0%B0+%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%80%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2+%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82+%D1%80%D0%B5%D0%B4+%D0%B8+%D0%BC%D0%B8%D1%80&number=&year=&category=0&keyword=&button=%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98 - Закон за прекршоците против јавниот ред и мир
Во однос на казнетото дело кое ти го наведе, погледни го само став 1, член 184 и ќе видиш дека делото кое го наведе не е поврзано со ова, како и дека гонењето кое се презема по тоа дело е по приватна тужба.
-------------
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 20:21
Македон напиша:
Oва кое си го цитирал кривичниот законик воопшто нема никаква врска со ова што се случило. Ова не е казнено дело, туку прекршочно дело. Погледни го член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Врз основа на тој член е осудено лицето кое пцуело.
Согласно став 1 од член 184 од Кривичниот законик на Македонија, гонењето за делата од член 172 до 175 се презема по приватна тужба. А во случајов не станува збор за гонење по приватна тужба. |
Член 12
Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.
Член 15
Се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања.
http://jorm.org.mk/ustav.shtml - Устав
Зошто не се повикани сведоци на настанот?
Зошто една судска одлука се спроведува по брза постапка ако се има право на жалба?
Со кое обвинение е изнесен на суд?
Со што ке се докаже наводното дело?
Зошто веднаш не е лишен од слобода “обвинетиот“?
Зошто е обвинето саамо едно лице кога јавно има исказ и од второто лице на настанот дека и тој употтребувал погрдни зборови?
Колку ме држи меморијата, обвинението е дека премиерот е навреден со пцостите?
Ќе повторам, за пцостите и 5000 евра се малку, за нашиот прост речник треба поголема казна но експресно судење и тоа само на една индивидуа тоа не држи вода, кога јасно и јавно другата индивидуа дава исказ на телевизија дека и тој вратил на пцостот со пцост.
Тука нема убедување, очигледно е дека ..
Член 13
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 20:28
Македон напиша:
Повели
Член 13
Кој омаловажува државен орган, односно омаловажува или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.
Ако службеното лице од ставот 1 на овој член е полициски службеник на сторителот ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 900 евра во денарска противвредност.
http://www.pravo.org.mk/documentlaws.php?name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%D0%B0+%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%80%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2+%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82+%D1%80%D0%B5%D0%B4+%D0%B8+%D0%BC%D0%B8%D1%80&number=&year=&category=0&keyword=&button=%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98 - Закон за прекршоците против јавниот ред и мир
Во однос на казнетото дело кое ти го наведе, погледни го само став 1, член 184 и ќе видиш дека делото кое го наведе не е поврзано со ова, како и дека гонењето кое се презема по тоа дело е по приватна тужба. |
http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=11/sead-06-02.wmv&VestID=133963 - Никакво службено лице не е омалуважувано, меѓусебна пцост, сведок изјава, несправно лишување од слобода, ...
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 20:46
Buggyman напиша:
Член 12
Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.
Член 15
Се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања.
http://jorm.org.mk/ustav.shtml - Устав
Зошто не се повикани сведоци на настанот?
Зошто една судска одлука се спроведува по брза постапка ако се има право на жалба?
Со кое обвинение е изнесен на суд?
Со што ке се докаже наводното дело?
Зошто веднаш не е лишен од слобода “обвинетиот“?
Зошто е обвинето саамо едно лице кога јавно има исказ и од второто лице на настанот дека и тој употтребувал погрдни зборови?
Колку ме држи меморијата, обвинението е дека премиерот е навреден со пцостите?
Ќе повторам, за пцостите и 5000 евра се малку, за нашиот прост речник треба поголема казна но експресно судење и тоа само на една индивидуа тоа не држи вода, кога јасно и јавно другата индивидуа дава исказ на телевизија дека и тој вратил на пцостот со пцост.
Тука нема убедување, очигледно е дека ..
Член 13
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.
|
Buggyman, не станува збор за кривична постапка, туку за прекршочна постапка. Согласно член 2 од Законот за прекршоците:
Член 2
(1) За прекршокот и прекршочната одговорност сообразно се
применуваат одредбите од општиот дел на Кривичниот законик.
(2) Ако со одредбите од овој закон поинаку не е определено, судовите во прекршочната постапка согласно ќе ги применуваат следниве одредби од Законот за кривичната постапка: за основните начела; јазикот, месната надлежност; последици од ненадлежност и судир на
надлежности; изземање; обвинет; бранител; поднесоци; записници; рокови; враќање во поранешна состојба; трошоци; имотно-правно барање;
донесување и соопштување на одлуките; доставување на писмена; повикување, приведување, задржување на лица, гаранција и одземање на патна исправа на странец; сослушување на сведоци; увид; вештачење; претресување на простории и лица и редовни и вонредни правни лекови.
За да не досадувам со објаснувањето на прекршочната постапка, повели, линк до http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=692 - Законот за прекршоците . Таму се е објаснето. Така самиот ќе си ја создадеш сликата за настанот подобро отколку јас да ја објаснувам постапката.
Остави ги настрана новинарските објаснувања. Штом се доведоа до степен да го прашуваат Груевски која е надлежноста на Владата, јасно ми стана нивното познавање на правото. А новинарите изучуваат "Вовед во правото", каде што се учи и поделбата на власта.
-------------
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 21:58
Buggyman напиша:
[QUOTE=Македон] [QUOTE=Buggyman]
http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=11/sead-06-02.wmv&VestID=133963 - Никакво службено лице не е омалуважувано, меѓусебна пцост, сведок изјава, несправно лишување од слобода, ... |
Имаме сведоци, јавна изјава и.т.н....
Пријавата е дека го навредил обезбедувањето на Груевски, иако пцостите биле наменети кон друга индивидуа која ЈАВНО дава изјава КАКО СВЕДОК.
Не ми е јасно, зошто толку убедливо тврдиш дека тоа е прекршочна постапка како да му го одземаш правото загарантирано од уставот а тоа е,
Член 12
Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.
Што тука не е јасно? Толку јасно опишан член од уставот на Р. Македонија!
Дали било прекршочма или кривична, лицето има право на одбрана а судот тоа не го земало за обзир што значи дека таа судска одлука е невалидна!!!!
Па на крајот на краиштата, ке повторам, ПОКРАЈ ЈАВНА ИЗЈАВА НА СОУЧЕСНИКОТ НА НАСТАНОТ; СУДОТ НЕ ГО ПОВИКАЛ ОШТЕТЕНИОТ туку пристапила само на изјава на обезбедувањето на Груевски.
Да бил казнет поради реметење на јавен ред и мир, и аморално однесување, со потврда и од другата индивидуа во кој истиот спор се водел, дефинитивно немаше да полемизираме туку сите едносгласно ке речевме, заслужена казна.
Зошто едноставно ја одбегнуваш изјавата, сведокот, и дали заслужува казна и другата индивидуа.
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 22:12
Buggyman напиша:
Buggyman напиша:
[QUOTE=Македон] [QUOTE=Buggyman]
http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=11/sead-06-02.wmv&VestID=133963 - Никакво службено лице не е омалуважувано, меѓусебна пцост, сведок изјава, несправно лишување од слобода, ... |
|
А зошто оној кој бил осуден не повикал сведоци, на што има право? И не знам дали успеа да прочиташ во Законот за прекршоците, но процесната постапка е итна, а постои и право на судска заштита. Ако лицето смета дека е невино, нека го употреби редовниот правен лек- тужба до управниот суд.
-------------
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 22:22
Кадија те тужи, кадја те суди....
Дај Македон, да бидеме реални, сите знаеме дека рак рана на ова наше општество е судството!
Срамно е да се криеме позади морални одговори кога позадината си го работи своето, за многу други теми се говори за конспирации, но кога сакаме да одбраниме нешта или некого глумиме лажен морал и почитување на законот.
Ништо лошо нема во почитувањето на законите, но прво треба да го почитуваат законот тие што го спроведуваат, но тие константно го кршат поради свои лични интереси а НИЕ сето тоа го плаќаме.
Да сме малку свесни за тоа, и да сме малку похрабри за да им кажеме како народ ДОСТА, тогаш верувај дека ниту јас ниту ти немаше да си го тупиме мозокот на форумите туку многу пофлексибилно ке го живеевме животот. Ке расправавме можеби за мојот автомобил кој има повеќќе киловати, со таква турбина, или кој повеќе пиво испил, или во окрајна линија, можеби сме спиеле со една иста девојка во минатото а вака, дозволивме да не прават мајмуни како сакаат, и прават дека НИЕ самите им дозволуваме!
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 22:27
Buggyman напиша:
Имаме сведоци, јавна изјава и.т.н....
Пријавата е дека го навредил обезбедувањето на Груевски, иако пцостите биле наменети кон друга индивидуа која ЈАВНО дава изјава КАКО СВЕДОК. |
Сведоците пред ТВ ли треба да даваат исказ? Тоа ли се смета за исказ? Извини, но вака исказ не се дава,
Buggyman напиша:
Не ми е јасно, зошто толку убедливо тврдиш дека тоа е прекршочна постапка како да му го одземаш правото загарантирано од уставот а тоа е,
Член 12
Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.
Не му одземам јас никому ничие право, но, прекршочната постапка не е еднаква со кривичната постапка. Патем, приведувањето не го врши судот, туку полицијата. На суд, лицето секако дека ќе даде исказ, доколку не одбере да се брани со молчење.
Што тука не е јасно? Толку јасно опишан член од уставот на Р. Македонија! |
Мене ми е јасно зошто тврдиш дека тебе не ти е јасно кон што целам јас, ама тебе фазите на процесните постапки очигледно не ти се јасни.
Buggyman напиша:
Дали било прекршочма или кривична, лицето има право на одбрана а судот тоа не го земало за обзир што значи дека таа судска одлука е невалидна!!!! |
Како може лицето да не даде исказ пред суд ако не се брани со молчење, навистина не ми е јасно, а уште помалку ми е јасно зошто лицето не употребува правни лекови, ако е толку сигурно во тоа што го говори.
Buggyman напиша:
Па на крајот на краиштата, ке повторам, ПОКРАЈ ЈАВНА ИЗЈАВА НА СОУЧЕСНИКОТ НА НАСТАНОТ; СУДОТ НЕ ГО ПОВИКАЛ ОШТЕТЕНИОТ туку пристапила само на изјава на обезбедувањето на Груевски. |
Судот мора да го ислуша и оној против кого се води постапката. На крајот на краиштата, судот слободно ги изведува доказите и судот е тој кој одлучува кому да верува.
Buggyman напиша:
Да бил казнет поради реметење на јавен ред и мир, и аморално однесување, со потврда и од другата индивидуа во кој истиот спор се водел, дефинитивно немаше да полемизираме туку сите едносгласно ке речевме, заслужена казна.
Зошто едноставно ја одбегнуваш изјавата, сведокот, и дали заслужува казна и другата индивидуа.
|
Ако навистина лицето не ги уживало сите права кои му биле гарантирани со Устав и закон, а и ако постапката била водена на начин кој не е во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, можело многу лесно да примени некој правен лек, како што е судската заштита.
-------------
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 22:30
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 22:35
Buggyman напиша:
Кадија те тужи, кадја те суди....
Дај Македон, да бидеме реални, сите знаеме дека рак рана на ова наше општество е судството!
Срамно е да се криеме позади морални одговори кога позадината си го работи своето, за многу други теми се говори за конспирации, но кога сакаме да одбраниме нешта или некого глумиме лажен морал и почитување на законот.
Ништо лошо нема во почитувањето на законите, но прво треба да го почитуваат законот тие што го спроведуваат, но тие константно го кршат поради свои лични интереси а НИЕ сето тоа го плаќаме.
Да сме малку свесни за тоа, и да сме малку похрабри за да им кажеме како народ ДОСТА, тогаш верувај дека ниту јас ниту ти немаше да си го тупиме мозокот на форумите туку многу пофлексибилно ке го живеевме животот. Ке расправавме можеби за мојот автомобил кој има повеќќе киловати, со таква турбина, или кој повеќе пиво испил, или во окрајна линија, можеби сме спиеле со една иста девојка во минатото а вака, дозволивме да не прават мајмуни како сакаат, и прават дека НИЕ самите им дозволуваме!
|
Ти поаѓаш од изјави на новинари, од она што на А1 или која и да е телевизија ќе биде презентирано. Така не се прави. Јас барем не слушам и ниту ме интересира мислење на новинар за правни работи. Новинарите си покажаа колку го познаваат правото. За нив "Вовед во правото", што е задолжителен предмет во текот на нивното образование е непозната материја, барем според тоа што го правеа по телевизиите, видовме колку го познаваат, чест на исклучоци, а процесните постапки, кои не ги изучуваат за нив се непозната материја. Затоа јас не се потпирам што кажал некој новинар.
И пак ќе кажам. Ако има некаков правен или фактички спор, местото на решавање не е пред камери, туку онаму каде што постои правораздавање, во судовите. Доколку некому му е повредено правото, нема да застане само на изјави пред камери, напротив, веднаш ќе употреби некој од правните лекови.
-------------
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 23:05
Македон напиша:
Сведоците пред ТВ ли треба да даваат исказ? Тоа ли се смета за исказ? Извини, но вака исказ не се дава, |
Во ред, изјавата на сведокот треба да биде искажана пред судот.
Македон напиша:
Мене ми е јасно зошто тврдиш дека тебе не ти е јасно кон што целам јас, ама тебе фазите на процесните постапки очигледно не ти се јасни. |
Го одбегна член 12 од уставот каде јасно укажува дека Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.
Воедно ако лицето нема финансиска моќ, судот е должен да обезбеди правно лице за негова одбрана а исто така ако не го познава доволно официјалниот јазик на Република Македонија тогаш судот е должен да донесе судски преведувач на јазикот на кој обвинетиот говори.
Јасни ми се судските процедури (секако не како правник), проблемот е што судот ги крши правата на една индивидуа со експресно судење и носење одлука.
Македон напиша:
Како може лицето да не даде исказ пред суд ако не се брани со молчење, навистина не ми е јасно, а уште помалку ми е јасно зошто лицето не употребува правни лекови, ако е толку сигурно во тоа што го говори.
|
Мислев дека ти се јасни судските, и прекршочните постапки, дека по уставот и законите му следува правна заштита на обвинетиот.
Ме изненадуваш, како обвинетиот ке употреби “правни лекови“ ако не е по струка правник?
Исто така е спорно дали имале судски налог службените лица при спроведувањето, кога го добиле судкиот налог?
Македон напиша:
Судот мора да го ислуша и оној против кого се води постапката. На крајот на краиштата, судот слободно ги изведува доказите и судот е тој кој одлучува кому да верува. |
Прашање е дали судот сакал да го ислуша обвинетиот? Сепак не е прв пат судот да носи одлука на едноставна изјава на службени лица и врз основа на нивните изјави “СЛОБОДНО ГИ ИЗВЕДУВА ДОКАЗИТЕ“. Тие докази се во пишана форма, видео форма, или аудио форма за да го докажат тврдењето?
Судот ако само се потпира на слободно изведување на доказите без да земе во предвид друг доказ, тогаш не ни се потребни такви судови ниту такви судии.
Знаеме дека не заслужува ниту метла да држи!
Македон напиша:
Ако навистина лицето не ги уживало сите права кои му биле гарантирани со Устав и закон, а и ако постапката била водена на начин кој не е во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, можело многу лесно да примени некој правен лек, како што е судската заштита.
|
Повторно доаѓаме до моментот кога судијата го прашува обвинетиот за името, презимето, улица број.... дали се чуствува виновен, дали сака правна заштита....
Значи судијата има ДОЛЖНОСТ да му го постави и тоа прашање, дали обвинетиот сака правна заштита. Но сепак брзата постапка си го кажува своето, а грешката е на обвинетиот што не се бранел со молчење и побарал правна заштита која законски му следува.
Стенограф мора да постои за целата постапка, ако навистина ке се жалел до амбасадата на кралството Белгија, некој ке ги потегне за уши судиите што не заслужуваат ниту метла за чистење.
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 23:26
Buggyman напиша:
Го одбегна член 12 од уставот каде јасно укажува дека Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.
Воедно ако лицето нема финансиска моќ, судот е должен да обезбеди правно лице за негова одбрана а исто така ако не го познава доволно официјалниот јазик на Република Македонија тогаш судот е должен да донесе судски преведувач на јазикот на кој обвинетиот говори.
Јасни ми се судските процедури (секако не како правник), проблемот е што судот ги крши правата на една индивидуа со експресно судење и носење одлука. |
Лицето има право на бранител, освен ако самото го одбие. Ако не го познава официјалниот јазик има право на толкувач и преведувач, иако во усната расправа несомнено толкувач е потребен, а не преведувач. Ако лицето го одбие сето ова, со сила не може да му биде наметнато. Но, кажи ми, зошто лицето на сето ова не се повика, не ангажира адвокат и не употреби правен лек?
Buggyman напиша:
Ме изненадуваш, како обвинетиот ке употреби “правни лекови“ ако не е по струка правник?
Исто така е спорно дали имале судски налог службените лица при спроведувањето, кога го добиле судкиот налог? |
Правниот лек не се употребува среде судење, туку се употребува откако пресудата ќе му биде врачена. Правниот лек е можност за жалба, тужба, односно заштита против некаква одлука, а не нешто што се случува среде судење, па обвинетиот да мора да ги знае сите постапки и закони наизуст. Мошне едноставно. Ќе ангажира адвокат, тој адвокат секако ќе ги познава сите норми, ако утврди незаконитост, тогаш мошне лесно ќе ја заврши работата, онака како што треба.
А за секое приведување нема потреба од налог. Доколку лицето биде видено дека врши казниво дело, секако дека полицијата нема да чека налог од судот па потоа да го приведе. Тие нешта со закон јасно се определени.
Buggyman напиша:
Прашање е дали судот сакал да го ислуша обвинетиот? Сепак не е прв пат судот да носи одлука на едноставна изјава на службени лица и врз основа на нивните изјави “СЛОБОДНО ГИ ИЗВЕДУВА ДОКАЗИТЕ“. Тие докази се во пишана форма, видео форма, или аудио форма за да го докажат тврдењето?
Судот ако само се потпира на слободно изведување на доказите без да земе во предвид друг доказ, тогаш не ни се потребни такви судови ниту такви судии.
Знаеме дека не заслужува ниту метла да држи! |
Ако судот не го ислушал обвинетиот, односно не сакал да го ислуша истиот, а бил должен да го стори тоа, тогаш, несомнено дека има повреда на правата на обвинетиот и случајот мошне лесно може да се заврши, ако обвинетиот употреби правен лек. Доказите кои се изведувани слободно од страна на судот, како во казнена, така и во грѓанска, па и во процесна постапка, можат да бидат во вид на исказ од сведоци, материјални докази, вештачења и многу други нешта. За секој спор не е потребно да постојат материјални докази. Зарем ако некој биде виден како врши прекршок од страна на полицаец, веднаш полицаецот мора да го сними, или пак да стори нешто друго пред да го приведе? Или пак судот секогаш ќе мора да се потпира на материјалните докази само? Секако дека секоја одлука судот мора да ја образложи, а не само, како што е честа практиката, да ги препише нормите.
Buggyman напиша:
Повторно доаѓаме до моментот кога судијата го прашува обвинетиот за името, презимето, улица број.... дали се чуствува виновен, дали сака правна заштита....
Значи судијата има ДОЛЖНОСТ да му го постави и тоа прашање, дали обвинетиот сака правна заштита. Но сепак брзата постапка си го кажува своето, а грешката е на обвинетиот што не се бранел со молчење и побарал правна заштита која законски му следува. |
Токму така, судот има должност да го стори сето тоа, но истотака, обвинетиот мора да се брани, доколку сака да извлече максимум за себе.
Buggyman напиша:
Стенограф мора да постои за целата постапка, ако навистина ке се жалел до амбасадата на кралството Белгија, некој ке ги потегне за уши судиите што не заслужуваат ниту метла за чистење. |
Но, што ако не се пожали ниту пред амбасадата, исто како што не ги искористило правните лекови на располагање?
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 01:42
Ne se mesham vo duskusijava, no zabelezhuvam neshto navistina simptomatichno vo site pravni diskusii megju chlenovite na ovoj podforum - site ochekuvaat sudot, vladata ili nekoj od drzhavata da gi izvestuva, informira i upatuva vo sudskite pravila i zakoni. I ako toa ne se napravi ova go koristat kako "dokaz" deka drzhavata, vladata ili sudot raboti protiv narodot.
Sudot ne e obvrzan nikomu da dava lekcii za zakonot i soveti za zakonskite prava ili da dava struchni objasnuvanja vo tekot na sudskite procesi.
Sekoj obvinet ili obvinitel e dolzhen SAMIOT da se informira ili da pobara struchna pomosh od advokat. Zatoa postoi advokatskata struka.
Plachenjeto deka ovie ili onie ne mu kazhele nekomu shto mozhel ili ne mozhel da napravi spored zakonot e pravenje dupka vo voda.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 08:37
Messenger напиша:
Ne se mesham vo duskusijava, no zabelezhuvam neshto navistina simptomatichno vo site pravni diskusii megju chlenovite na ovoj podforum - site ochekuvaat sudot, vladata ili nekoj od drzhavata da gi izvestuva, informira i upatuva vo sudskite pravila i zakoni. I ako toa ne se napravi ova go koristat kako "dokaz" deka drzhavata, vladata ili sudot raboti protiv narodot.
|
Никој не ја обвинува државата, никаде не е пишано такво нешто!
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 09:48
сума сумару..треба да си ги смениме навиките за поздравување.наместо у пичку материну и да ти ибам...треба да се навикнеме да си кажеме ДОБРО УТРО..ДОБАР ДЕН...зависи како и кај се наоѓа ..сонцето!
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 09:50
zagor напиша:
сума сумару..треба да си ги смениме навиките за поздравување.наместо у пичку материну и да ти ибам...треба да се навикнеме да си кажеме ДОБРО УТРО..ДОБАР ДЕН...зависи како и кај се наоѓа ..сонцето! |
Загоре, и за тебе 700 евра.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 09:55
ја немам двоен пасош...може попуст?
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 10:05
Ај 600 како за тебе
Туку да не расипувам темата, дај стварно не пцујте. Или ако баш морате (разбирам, на политика сме) нека биде во шифри.... упм, јбг, wtf, итд... ај да не ве учам...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 10:17
аииии стварно...јас како се излетав како на митинг да сум.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Assailant
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 10:30
Pa neli e demokratija? Ima sekoj pravo sto saka da kaze dali toa bilo pcuejne ili nesto drugo.. mislam koj ne pcue ovie denovi
------------- What is this, i don't even..
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 10:31
абе како да кажам...секое задоволство се плаќа!
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 10:33
Брееее пуста моја желба ... значи конечно може да биде исполнета ?
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 10:42
ако си невработен може казната да се смени со општо корисна работа или казна затвор...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 15:00
Анастеа напиша:
zagor напиша:
сума сумару..треба да си ги смениме навиките за поздравување.наместо у пичку материну и да ти ибам...треба да се навикнеме да си кажеме ДОБРО УТРО..ДОБАР ДЕН...зависи како и кај се наоѓа ..сонцето! |
Загоре, и за тебе 700 евра.
|
Да прашам-да не згрешам и јас- Цитатите (репетето) у што се бројат-казниви се или не Казната оди у пола или нема казна
-------------
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 16:02
Анастеа напиша:
Ај 600 како за тебе
Туку да не расипувам темата, дај стварно не пцујте. Или ако баш морате (разбирам, на политика сме) нека биде во шифри.... упм, јбг, wtf, итд... ај да не ве учам...
| е нема пазарење сега така, илегално е тоа, ај Анастеа и за тебе една казна
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: mihox02
Датум на внесување: 27.Февруари.2011 во 18:19
Eve vaka sea da ti odgovoram nakratko do kade e nasiot pravosuden sistem.
1. Vo kafic mi nudat droga otkako odbivam da kupam dobivam boks od dilerot.
2. Idi obezbeduvajneto od kafuicot dobivam samar i od obezbeduvajneto
3. Povikuvam policija da go prijavam slucajot tie nastojuvaa da si zaminam doma bidejki sum bil pod dejstvo na alkohol. Otkako nastojuvam da prijavam dobivam po eden samar od dvajcata policiski sluzbenici.
5. odam vo policiska stanica da go prijavam celiot slucaj
- me zadrzaa do 6 sato vo policiska stanica kako jas da sum napravil krivicno delo :S
- Izlagale vo izjavata deka jas sum mu karal sum gi omalovazuval i ne znam ti so.
- sega sum daen na sud da odam
Pa spored ovaa slucka vidov do kade e pravosudniot sistem vo drzavata :D
Stari rekle: So vlast i so gas nema igracka :D
|
Постирано од: ЦрвеноЖолта
Датум на внесување: 27.Февруари.2011 во 21:20
А1 и се е можно. Не пренесуваат вести како што треба.
------------- Едно име, еден јазик, еден народ, една нација, една држава МАКЕДОНИЈА!
|
|