Испечати | Затвори го прозорот

Централното Греење во Скопје (пак) ПОСКАПУВА!?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23797
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 02:43
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Централното Греење во Скопје (пак) ПОСКАПУВА!?
Постирано од: novace
Наслов: Централното Греење во Скопје (пак) ПОСКАПУВА!?
Датум на внесување: 30.Декември.2010 во 15:25
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0F74647624A7004995EDE5EB47D8BC64 -

Струјата не поскапува, но затоа од први јануари 2011 година парното ќе скокне за 3,63 отсто

Цените на „парното„ повторно се менуваат (секојпат на повисоко) ..иако времето досега беше и е потопло од предпоставеното..
Кој и како ги врши „пресметките„ на трошоците..на Компанијата која „никна„ како единствен Монопол..од поранешната и со НАРОДНИ ПАРИ изградена компанија ..наменета исклучиво за центарлно загревање на домовите на Скопјани.
 
пс
Многу интересна забелешка на еден „корисник„ на Скопската Топлификација..каде што тој вели (цитирам) :
Од: Petar Trajkov
Датум: 30.12.2010 13:38:11
Во соседна Бугарија од Нова Година парното поефтинува од 6-8% во зависност за кој град се работи. Причината е поефтинувањето на рускиот гас. Кај нас парното поскапува од истата причина: заради поефтинувањето на гасот кој го добиваме од ист производител и ист гасовод. Надвор од секоја логика. Да не напоменувам дека заради топлата есен и почетокот на зимата, Топлификација заштеди огромни суми на пари. Истовремено, струјата останува на старата цена, што е сосем исправно и логично, бидејки нема никакви елементи заради кои би поскапела. И сега излегува дека е поефтино да се греете на струја одколку на парно. Пак надвор од секоја логика. Ова е чист школски пример за антикорупциска.

ппс

Дали е сега дојдено и кај нас времето....со ова да се ПОСЕРИОЗНО позанимава дури и АНТИ-Корупциската Комисија!!??изненадување
Што мислите Вие?
намигнување

-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти

Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 30.Декември.2010 во 15:30
....jas mislam deka tvoite dpmneovski pajtashi se krivi za toa!

...bez nivna dozvola ne smeat da kachuvaat!

...a i, ochigledno e kako i zoshto im dozvoluvaat!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 30.Декември.2010 во 15:35
ne me potsetuvajte na parnoto ve molam !лутина

-------------
always look on the bright side of the life!

Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 30.Декември.2010 во 22:44
А зошто не? Си имаат монопол, никој ништо не им може. Услуга-катастрофа, цена- да ти се слоши.
Кој ке ги сопре?збунетост

-------------

Постирано од: brza
Датум на внесување: 30.Декември.2010 во 23:33
aman be vishe!!изненадување

pa tie ne se krivi za toa....koga drzavata ja pitaat za toa dali da kachat ili ne!

...a vo drzavata se znae koj im dava dozvola za pokachuvanje!
...tie ednostavno ke si pobaraat pa....drzavata ako im dade,...a , taa sekogash dava...изненадување

...goriva,struja...parno...i shto drugo,збунетост...

...seto toa ne se kachuva samo od sebe , tuku treba drzavata da go aminuva pokachuvanjeto!

...zatoa ,...ne gi pcujte niv tuku  vashata..."voljena"....."drzava"!да

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 31.Декември.2010 во 15:08
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

А зошто не? Си имаат монопол, никој ништо не им може. Услуга-катастрофа, цена- да ти се слоши.Кој ке ги сопре?збунетост

Ние самите!

Се топлев до април оваа година, си расчистив со топлификација. Има солуција која е поевтина варијанта а тоа се греачи (2000 кв) кој се поставуваат во радијаторите, а радијаторите се полнат со дестилирана вода или антифриз. Истата топлина ја постигнува дури и подобро се загрева од топлификација. Ако пресметам дека ке плаќам ел. енергија 6000 ден за следните 3 месеца (18000 ден.), наместо 48000 ден за година дена.

Самте ги научивме на тој монопол, самите можеме и да ги казниме!

-------------
Homo homini lupus est...

Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 31.Декември.2010 во 15:23
ТОПЛИФИКАЦИЈА АД, Скопје
Производство и дистрибуција на топлинска енергија 1,697,499,500 ден

http://eurobc.com.mk/download/vk_lista_najgolemi_2009.xls - Каде ли одат овие пари?

-------------
Homo homini lupus est...

Постирано од: novace
Датум на внесување: 31.Декември.2010 во 21:37
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

ТОПЛИФИКАЦИЈА АД, Скопје
Производство и дистрибуција на топлинска енергија 1,697,499,500 ден
http://eurobc.com.mk/download/vk_lista_najgolemi_2009.xls - Каде ли одат овие пари?
 
Дали и како ... некаде може да се видат нивните реални трошоци по месеци.....а не и „предпоставените„.....односно фризираните??тага
намигнување
 
-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти

Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Јануари.2011 во 18:34
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:

А зошто не? Си имаат монопол, никој ништо не им може. Услуга-катастрофа, цена- да ти се слоши.Кој ке ги сопре?збунетост

Ние самите!

Се топлев до април оваа година, си расчистив со топлификација. Има солуција која е поевтина варијанта а тоа се греачи (2000 кв) кој се поставуваат во радијаторите, а радијаторите се полнат со дестилирана вода или антифриз. Истата топлина ја постигнува дури и подобро се загрева од топлификација. Ако пресметам дека ке плаќам ел. енергија 6000 ден за следните 3 месеца (18000 ден.), наместо 48000 ден за година дена.

Самте ги научивме на тој монопол, самите можеме и да ги казниме!

ubavo,

samo, sega tvoeto i na ushte iljadnici drugi ,...go plakjam jas i ostanatite shto "ostana" kaj niv,...

...moze da se kazni samo barem polovina da prekinat so niv,..vaka ,...samo ke si go okrkaat tie shto im se ..."verni"!лутина

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Јануари.2011 во 22:46
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Се топлев до април оваа година, си расчистив со топлификација. Има солуција која е поевтина варијанта а тоа се греачи (2000 кв) кој се поставуваат во радијаторите, а радијаторите се полнат со дестилирана вода или антифриз. Истата топлина ја постигнува дури и подобро се загрева од топлификација. Ако пресметам дека ке плаќам ел. енергија 6000 ден за следните 3 месеца (18000 ден.), наместо 48000 ден за година дена.

Самте ги научивме на тој монопол, самите можеме и да ги казниме!

Ај малку ова по јасно- колку би чинело за стан од 100 квадратизбунетост

-------------

Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 00:08
...na 100...se shirish?!изненадувањеизненадување

ja edvaj so polovina "izleguvam" na kraj !тага

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 00:15
што убаво си имаат некои луѓе, си се греат на дрва, ех да имав куќа трепкање

инаку јас живеам највисоко во мојата зграда, секој пат кога ќе пуштаат парно, треба да шетам со штрафцигер по стан и да испуштам воздух
а плус тоа ме зафркаваат како ќе стигнат, кога потопло, кога поладно, кога вруќина, кога смрзнувачка, некогаш ми го исклучуваат во три саат отсабајле, некогаш во шест попладне, кога како ќе им текне!
и сега за таква услуга да плаќам како ќе им текне? бре мајката све по нечија желба, никогаш по желбата на народот!

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 05:31
Ме чуди што уште луѓето и плаќаат на таа комунистичка наказа од фирма. За толку години како е приватизирана, уште не им одговара да инсталираат термостати и калориметри, па секој да плаќа колку ќе потроши. Или да ја продаваат енергијата на куќните совети, пак со мерење. Свашта...

-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 10:29
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Ме чуди што уште луѓето и плаќаат на таа комунистичка наказа од фирма. За толку години како е приватизирана, уште не им одговара да инсталираат термостати и калориметри, па секој да плаќа колку ќе потроши. Или да ја продаваат енергијата на куќните совети, пак со мерење. Свашта...

Е добро дојде назад во реалноста- па што зборуваме ние тукашните кога веелиме дека не е само Велија за апсана.
Кај нас- имаме приватни фирми со социјалистички манири. Им одговара да работат по закон од социјализмот кога народот одеше на работа од  до 15 часот и тогаш грееја до 20 часот оти сите беа во 9 во кревет.
Сега си го задржаа редот на греење до 20 часот, дење радијаторите млаки, насабајле вклучуваат во 7. Оние кои  не се откажаа го плаќаат греењето и з атие што се откажаа иако кфалитетот на греење е нула. П логика, чим топлината не се дели-треба да е појака, ама не е.тага

-------------

Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 19:40
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Ме чуди што уште луѓето и плаќаат на таа комунистичка наказа од фирма. За толку години како е приватизирана, уште не им одговара да инсталираат термостати и калориметри, па секој да плаќа колку ќе потроши. Или да ја продаваат енергијата на куќните совети, пак со мерење. Свашта...

Во зградите има калориметри, потрошената енергија се дели на сите станови во зависност од квадратурата и нешто се додава за губитоците од скалите и ходниците. Да бидеме среќни додека не постават калориметри во становите, во куќите централното греење е трипати поскапо одколку во зградите.
Него овие од топлификација не се за бранење

Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 20:21
...a koi zgradi? изненадување niedna zgrada nema svoj sopstven kalorimetar , tuku zaedno so najbliskite okolu nea objekti pa,

...idi ti sega shtedi ako si budala...gledajki kasko  nekoj drug se provetruva po cel den ....

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 20:29
Originally posted by brza brza напиша:

...a koi zgradi? изненадување niedna zgrada nema svoj sopstven kalorimetar , tuku zaedno so najbliskite okolu nea objekti pa,

...idi ti sega shtedi ako si budala...gledajki kasko  nekoj drug se provetruva po cel den ....
Снаодлив народ....додавај грејни тела и ребра на радијаторите.сршено%20срце..но топлификација уште поснаодлива.црвенеење..ем качи цена...ем безобразни..голема%20насмевка.но оние чесните кои ниту ставаат...ниту проветруваат...го јадат калапот....како и обично во Македонија..збунетост.
Сочувство за чесните и доблесните...да

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС

Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 22:52
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

...a koi zgradi? изненадување niedna zgrada nema svoj sopstven kalorimetar , tuku zaedno so najbliskite okolu nea objekti pa,...idi ti sega shtedi ako si budala...gledajki kasko  nekoj drug se provetruva po cel den ....

Снаодлив народ....додавај грејни тела и ребра на радијаторите.сршено%20срце..но топлификација уште поснаодлива.црвенеење..ем качи цена...ем безобразни..голема%20насмевка.но оние чесните кои ниту ставаат...ниту проветруваат...го јадат калапот....како и обично во Македонија..збунетост.
Сочувство за чесните и доблесните...да

Во зградата што живеам јас има калориметар доле на подстаницата, мислам дека и на другите згради наместија калориметар во подстаниците. Тие пак со ребрата што ги додале се посебна прикаска, ако во зграда се исклучиш не плаќаш никаков надоместок а станот ти се загрева од комшиските станови, и за тоа плаќаат лојалните на топлификација. Но за се ќе молчам што топлификација не е фер со лојалните кон неа
бидејќи порано живеев во куќа од 200 квадрата и сметки стигаа по 8000 или 10000 денари за централно греење.

Постирано од: novace
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 23:13
Originally posted by Pavaroti Pavaroti напиша:

Во зградата што живеам јас има калориметар доле на подстаницата, мислам дека и на другите згради наместија калориметар во подстаниците. Тие пак со ребрата што ги додале се посебна прикаска, ако во зграда се исклучиш не плаќаш никаков надоместок а станот ти се загрева од комшиските станови, и за тоа плаќаат лојалните на топлификација. Но за се ќе молчам што топлификација не е фер со лојалните кон неа
бидејќи порано живеев во куќа од 200 квадрата и сметки стигаа по 8000 или 10000 денари за централно греење.
 
Додадени ребра велите..и кому тоа му треба..ако нормално се грее?тага
пс
Најверојатно ...МИСЛИТЕ НА НЕПРИЈАВЕНИТЕ РАДИЈАТОРИ во собите кои „никнаа„..посебно на најгорните катови во поткровјата на скоро секоја повисока зграда....чија пак квадаратура е НЕ-РЕГИСТРИРАНА НИКАДЕ...и секако сите тие станари ...од секоја зграда посебно...останатите  „им ја плаќаат и „потрошувачката на овие нивни  и ептен „добронамерни и чесни„ комшии..голема%20насмевка
Читав некаде ...дека Топлификација знае за ВАКВАТА сосотојба со ДИВО ИЗГРАДЕНИТЕ делови од становите...и НЕ РЕАГИРА...оти парите им ги надокнадуваат останатите станари по зградите..а кои имаат ЛЕГАЛНИ ПРОСТОРИИ и пријавена насекаде квадратура.
 намигнување

-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти

Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 09:35
Зошто секогаш проблемот го префрламе кај народот? Како и секогаш, на крај се префрламе кај соседот кој додал уште некое “ребро“ и ете топлината “избегала“?

Дали знаеме колку “ребра“ се потребни на метар квадрат? Дали Топлификација е должна самата да ги вгради калориметрите или народот треба тоа да го надомести?
Во секоја соба каде има радијатор помеѓу ребрата се става еден калориметар, го знам тоа бидејки сум живеел надвор од Македонија. Јас како краен потрошувач немам што да доплаќам за уреди за која е надлежна компанијата или фирмата! Зошто со мои финансии да подржувам профитабилна компанија?
Ке дадам пример, купувам телевизор и го носам дома, но подоцна фирмата од која сум го купил телевизорот ми вели да доплатам за екранот, далечинското, приклучокот за антената....
Дали Топлификација има квалитетен кадар кој знае и има визија како да ја води?
Секогаш се вртиме во круг, проблемот е во народот но не дека некој приклучил повеќе ребра или диво се приклучил, туку во молчењето и “трпението“ додека сме свесни дека некој не краде а крадењето и молзењето на народецов е примарна цел на сите такви фирми и компании. Во моментов на Топлификација не и оди најдобро со потрошувачите бидејки оваа година многумина се откажаа од нивните услуги и наместо да се здобие со квантитет на приклучени потрошувачи, тиа ги подигаат цените за да останатите доплаќаат за нивната неспособност. Кој ке го поднесе таквиот дополнителен трошок? Кој е малку свесен нема да си дозволи некој да го граба правдајки се со покачување на цените на светскиот пазар. Да речеме и дека е качена цената, па тоа важи и за останатите земји но ниту една од тие компании не ги накачува цените два пати годишно како кај нас.

-------------
Homo homini lupus est...

Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 09:52

За тој што поставил повеќе ребра плаќаат неговите комшии.
Незнам како е во странство, но кај нас се поставува еден калориметар и тој е доволен, големината на калориметарот е како саат за мерење на струја па замисли да ти постават низ цел стан, можеби кај тебе биле поставени оние мерачите што мерат колку вода поминала, е арно ама тие мерачи чичковците од топлификација не ги читаат. Буги ова ти го зборам дека до пред некое време живеев во куќа па се греевме со парно.

Постирано од: novace
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 10:01
Потполно се сложувам со погорниот пост..освен во делот за некаква си (можна) кривица на потрошувачот на ваквата услуга..
Тука вината ИСКЛУЧИВО лежи кај РЕГУЛАТОРОТ..(читај кој го именува)
Тој (регулаторот) како „независен„ и стручен орган на Државата ..треба да балансира помеѓу потребите (на потрошувачите) и можностите на давателот на услугата..а која треба да биде јасна и секому и секојпат достапна за јавна проверка..најубаво на нивниот веб сајт..ако го имаат.
пс
Кај нас пак...„регулаторот„ е ставен во позиција ...само да (им) исполнува желбите  од т.н. „список„ на желби на понудувачот на некаква си услуга , а пак која секојпат започнува со НОВА и секојпат повисока цена..БЕЗ јасен и секому понуден на увид список на ОБЛИГАТОРНИ меѓусебни УСЛУГИ и ОБВРСКИ ...трепкање
Не знам дали е точно ова...ама го слушнав неодамна и гласи дека:
Надокнадата за работата на РЕГУЛАТОРОТ ..се врши во % од вкупната сума која понудувачот на услугата ја прибира од корисниците.
Тоа автоматски ствара неравноправност..и регулаторот ќе биде секојпат за повисока цена ..поради повисокиот процент кој во тој случај ќе ја добие..за својата „работа„..велат оти била ногу независна!!!???тага
намигнување

-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти

Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 11:07
Павароти,

Еден калориметар според тебе е доволен, во ред се сложувам. Што потоа? Дали топлификација ке функционира 24/7?

НИКОГАШ

... повторно ке биде исклучувано во 21 часот и повторно истата песничка за мали деца ја имаме! Нови цени за тие дополнителни часови а сите знаеме дека температурата знае да падне за 10 степени под нулата!

Новаче,

регулаторната комисија е само параван и добра зделка за поединци кој играат на берзата. Не е само владата (која и да е а не само сегашнава) “играчот“ во целава приказна наречена “Македонска голгота“. Не мора да ја мешаме политиката иако без нив не можат ни во тоалет да појдат а да не се даде отчет.

Се прашувам, зошто тие од топлификација не ги вложат соодветно средствата кој се собираат и да се искористи сето тоа. Земјата е природен термо ресурс, и за да ги намали трошоците, секако и нашите, може да направи ДОЛГОРОЧЕН план во кој ке имаат испорака и секако добра наплата.

-------------
Homo homini lupus est...

Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 11:31

Буги,
Калориметарот отчукува само кога поминува топла вода низ него, во становите доволно е да работи од 05 до 22 часот, не не би било на одмет да работи и 24/7 па сам да си регулираш колку треба да биде топло. Не гледам зошто би се плаќало по друга тарифа ако радиаторите се топли после 21 часот, калориметарот си продолжува со мерење на потрошената топлинска енергија.

Постирано од: novace
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 11:41
Иди бегај бре човече ...викан member_profile.asp?PF=22456&FID=49 - Buggyman
Овденаречената Топлификација да ти „вложела соодветно средствата „ ??!
Па тие си ја „купија„ (секако за ИЧ пари) целата ИНФРАСТРУКТУРА на системот за затоплувањето во Скопје ..во кој спаѓа и мрежата на пароводи + подстаници во (скоро) секоја населба во Скопје...и сега си „станаа„ ГАЗДИ.
А сето тоа е градено како ПОТРЕБА + ЗАШТЕДА на самото (тогаш) општество...за рационално но и модерно затоплување на цели комплекси од згради..во  викани по скопски и населби..
А еве и патем напоменато...за сето тоа републиката македонска  во некогашната СФРЈ +даночните обврзници во Македонија..не верувам дека досега имаат исплатено ниту половина од кредитите земени во странство..со кои некогашната држава се задолжи и ги задолжи своите граѓани.
намигнување

-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти

Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 13:20
...se chudam samo kolku se glupavi ovie austrijancive!!изненадување

..nmesto da mu gi "repnat" novite digitalni strujomeri  na tovar na narodot, ovie nashle sopstveni pari da archat...изненадување

inache,...koga jas ke im go otkazam uslugite na ovie razgaleni derikozi ( a toa e samo prashanje na vreme!),...istovremeno ke pobaram i instalaciite shto mi pominuvaat niz  stanot da gi trgnat ,

...a ako ne sakaat ili ne mozat ,...togash ke baram po sudski pat, renta da mi plakjaat  za koristenje na mojot stan kako "relej" za  shirenje na nivnata "toplina'' kon ovcite shto im preostanale vo stadodo nivno !
...i ako navistina e demokratsko ova tuka shto se sluchuva  bi trebalo i da dobijam!да

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 13:31
Originally posted by brza brza напиша:

...se chudam samo kolku se glupavi ovie austrijancive!!изненадување..nmesto da mu gi "repnat" novite digitalni strujomeri  na tovar na narodot, ovie nashle sopstveni pari da archat...изненадувањеinache,...koga jas ke im go otkazam uslugite na ovie razgaleni derikozi ( a toa e samo prashanje na vreme!),...istovremeno ke pobaram i instalaciite shto mi pominuvaat niz  stanot da gi trgnat ,...a ako ne sakaat ili ne mozat ,...togash ke baram po sudski pat, renta da mi plakjaat  za koristenje na mojot stan kako "relej" za  shirenje na nivnata "toplina'' kon ovcite shto im preostanale vo stadodo nivno !...i ako navistina e demokratsko ova tuka shto se sluchuva  bi trebalo i da dobijam!да

Е колку би сакал цевките да ми поминуваат низ стан одма би им рекол пријатно, ќе си ставам панели и око нема да ми трепне а башка ќе се загревам од цевките

Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 13:41
ti si sigurno vo nekoaj ponova zgrada vo koja shto se skrieni instalaciite za parnoto i sekoj stan moze posebno da se iskluchi .изненадување

ama , deveest i pet  posto od zgradite imaat vnatre niz stanovite rashireni cevki uzduz i popreko stanot pa pokraj toa shto ne izgleda bash ubavo toa  , duri i prechat pri postavuvanje na plakari i slichni raboti.

...i ne misli deka kojznae kolku ke se zgreesh od niv , ako radijatorite ti se ladni !

ama , toa ne e moj problem be...
..koga site shto se iskluchile  bi go pobarale toa shto go vikam , ne veruvam deka taka lesno ke pominat togash,

...krajno vreme e da im se dotera pametot na tie topllfukatori ,..i da se pokrijat kolku shto im e dolga  ...chergata!лутина

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk