Примож Трубар - словенски реформатор
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23773
Датум на принтање: 02.Декември.2024 во 02:30 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Примож Трубар - словенски реформатор
Постирано од: spiros
Наслов: Примож Трубар - словенски реформатор
Датум на внесување: 23.Декември.2010 во 23:55
Примож Трубар, роден на 9 Јуни 1508 во Рашице (денешно Велике Лешче во Република Словенија), а починат 15 Јуни 1586 во Тубинген (Германија), важи како најпознатиот словенски реформатор кој го превел Новиот Завет во словенски, но и се обидел да го пореведе во хрватски, турски, ...!
Дали знае некој нешто повеќе за човекот чии лик - од септември 2007 па наваму - се наоѓа и на 1 евро кованиците?
Поздрав
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Коментари:
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 24.Декември.2010 во 02:37
Ништо чудно што Словенија е евидентно поразвиена од останатите ЈУ републики. Едноставно до таму стигнала реформацијата Нереформираните земји сеуште ќе бидат последниот вагон во европскиот воз, радувајќи се на телевизорот добиен од фатениот крст за празникот Водици.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 24.Декември.2010 во 17:03
EvAngelos напиша:
Ништо чудно што Словенија е евидентно поразвиена од останатите ЈУ републики. Едноставно до таму стигнала реформацијата Нереформираните земји сеуште ќе бидат последниот вагон во европскиот воз, радувајќи се на телевизорот добиен од фатениот крст за празникот Водици. |
Според тебе сите земји кои ја прифатиле реформацијата со тоа се развиваат подобро и побгру од другите?
Тоа го тврди и Макс Вебер, поаѓајќи од реформацијата како појдовна точка за појава на капитализмот. Но за жал, историјата го негира Макс Вебер.
Словенија не е протестантска држава, реформацијата не фатила корен, туку е католичка држава. Исто како и Австо-Унгарија, државата во чиј состав се наоѓала Словенија долго време.
А согласно твојата логика, веднаш може протестантските држави да ги прогласиме за најгрешни, бидејќи во речиси сите се дозволени хомосексуални бракови, во некои и консумирање марихуана, таму се развила порнографската индустрија, а да не говорам за историски настани како грабежите на храмови во Велика Британија во времето на реформаторот Хенри VIII, настаните во Германија со буните на селаните инспирирани токму од реформаторските свештеници, забраните на Калвин и безброј други настани.
Затоа и примеров ти паѓа во вода.
-------------
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 27.Декември.2010 во 12:58
Членовите на “протестантските“ држави кои не протестираат против гревот кој се шири во ними и не се залагаат за вистинската реформација - чија крајна Цел е Христос во нас - се далеку помали протестанти од тебе, брате Македоне!
Во целина гледано, што мислиш, кој е поблиску до Царството БОЖЈЕ: Словенија или Македонија и зошто?
п.с. Пред извесно време сретнав еден конвертит во мухамеданскиот ислам, кој не се срами да признае кога вели дека одредени европски земји се поблиску до Совршениот Ислам одколку арапските.
п.п.с. Што мислиш (?) дали набрзо човештвото ќе се разбуди за фактот дека во Царството БОЖЈЕ е и Совршеното Јудејство, Совршеното Христијансво, Совршениот Ислам, Совршениот Будизам, Совршениот Капитализам, Совршениот Комунизам, Совршениот Хуманизам, ...?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 28.Декември.2010 во 13:13
spiros напиша:
п.п.с. Што мислиш (?) дали набрзо човештвото ќе се разбуди за фактот дека во Царството БОЖЈЕ е и Совршеното Јудејство, Совршеното Христијансво, Совршениот Ислам, Совршениот Будизам, Совршениот Капитализам, Совршениот Комунизам, Совршениот Хуманизам, ...? |
Ццц..Што зборуваш бе спиросе?! Барем може да пуштиш вода во шољата отакако све напика у една тоалетен дупка
------------- Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 28.Декември.2010 во 19:20
spiros напиша:
Членовите на “протестантските“ држави кои не протестираат против гревот кој се шири во ними и не се залагаат за вистинската реформација - чија крајна Цел е Христос во нас - се далеку помали протестанти од тебе, брате Македоне! |
Јас не сум никаков протестант Spiros.
spiros напиша:
Во целина гледано, што мислиш, кој е поблиску до Царството БОЖЈЕ: Словенија или Македонија и зошто? |
Ќе ти одговорам, ако ми одговориш, според кои критериуми треба да пресметаме дали Словенија или Македонија е поблиску до Царството Божјо.
spiros напиша:
п.п.с. Што мислиш (?) дали набрзо човештвото ќе се разбуди за фактот дека во Царството БОЖЈЕ е и Совршеното Јудејство, Совршеното Христијансво, Совршениот Ислам, Совршениот Будизам, Совршениот Капитализам, Совршениот Комунизам, Совршениот Хуманизам, ...?
|
Во Царството Божјо нема контрадикторности, како што има во напишаново. Комунизмот претставува негација на капиталистичките односи, а ти велиш дека и двете ќе ги има во Царството Божјо.
-------------
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 29.Декември.2010 во 13:31
spiros напиша:
Членовите на “протестантските“ држави кои не протестираат против гревот кој се шири во ними и не се залагаат за вистинската реформација - чија крајна Цел е Христос во нас - се далеку помали протестанти од тебе, брате Македоне! |
Македон напиша:
Јас не сум никаков протестант Spiros. |
Македоне, зарем (малку погоре) не протестираше против одредени појави и деформации во одредени опшества?
Зарем Исус не е најголемиот протестант Кој во својот ревносен протест употреби дури и сила (кон мртва природа). (Ев. Јован 2:12-22)
spiros напиша:
Во целина гледано, што мислиш, кој е поблиску до Царството БОЖЈЕ: Словенија или Македонија и зошто? |
Македон напиша:
Ќе ти одговорам, ако ми одговориш, според кои критериуми треба да пресметаме дали Словенија или Македонија е поблиску до Царството Божјо. |
Има еден единствен критериум Кој што е безкрајно повеќе од пара, од луксуз, од статус ... Тој критериум е Срцето и човечката форма на Мудроста БОЖЈА - Исус!
spiros напиша:
п.п.с. Што мислиш (?) дали набрзо човештвото ќе се разбуди за фактот дека во Царството БОЖЈЕ е и Совршеното Јудејство, Совршеното Христијансво, Совршениот Ислам, Совршениот Будизам, Совршениот Капитализам, Совршениот Комунизам, Совршениот Хуманизам, ...?
|
Македон напиша:
Во Царството Божјо нема контрадикторности, како што има во напишаново. Комунизмот претставува негација на капиталистичките односи, а ти велиш дека и двете ќе ги има во Царството Божјо. |
Баш така брате! Во Царството БОЖЈЕ нема контрадикторности, туку Тоа ги надминува истите!
Крајната цел на капитализмот е Совршениот Капитализам, чија Цел пак е Царството БОЖЈЕ а не безкрајна похот и концентрација (оптимирање) на капиталот!
Исто така, крајната цел на комунизмот е Совршениот Комунизам, чија пак Цел е Царството БОЖЈЕ на земјата а не егоцентрично величање и обожавање на човечка идеологија!
Во Исус е Клучот и Тајната на Спасението!
... соединети во љубов во секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога Отецот - во Господа Исуса Христа - во Кого се скриени сите сокровишта на Мудроста и знаењето. Колос. 2:2 и тн.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Декември.2010 во 21:31
spiros напиша:
Членовите на “протестантските“ држави кои не протестираат против гревот кој се шири во ними и не се залагаат за вистинската реформација - чија крајна Цел е Христос во нас - се далеку помали протестанти од тебе, брате Македоне! |
Македон напиша:
Јас не сум никаков протестант Spiros. |
spiros напиша:
Македоне, зарем (малку погоре) не протестираше против одредени појави и деформации во одредени опшества?
Зарем Исус не е најголемиот протестант Кој во својот ревносен протест употреби дури и сила (кон мртва природа). (Ев. Јован 2:12-22)
|
Јас само ги споменав, тие се факти, а не протестирав против истите. Јас само споменав дека тоа кое Евангелос го пласира овде е само едната страна на монетата, а дека тоа што го кажа за Словенија нема никаква историска основа.
spiros напиша:
Во целина гледано, што мислиш, кој е поблиску до Царството БОЖЈЕ: Словенија или Македонија и зошто? |
Македон напиша:
Ќе ти одговорам, ако ми одговориш, според кои критериуми треба да пресметаме дали Словенија или Македонија е поблиску до Царството Божјо. |
spiros напиша:
Има еден единствен критериум Кој што е безкрајно повеќе од пара, од луксуз, од статус ... Тој критериум е Срцето и човечката форма на Мудроста БОЖЈА - Исус! |
Зарем може сите нации да ги ставиме во ист кош? Јас мислам дека не може. Друго е да го земеме како предмет на анализа државниот врв и неговите постапки, неколку луѓе или друг помал примерок, ама нации тешко може да анализираме, освен во некои посебни случаи, но и таму ќе се појават исклучоци.
spiros напиша:
п.п.с. Што мислиш (?) дали набрзо човештвото ќе се разбуди за фактот дека во Царството БОЖЈЕ е и Совршеното Јудејство, Совршеното Христијансво, Совршениот Ислам, Совршениот Будизам, Совршениот Капитализам, Совршениот Комунизам, Совршениот Хуманизам, ...?
|
Македон напиша:
Во Царството Божјо нема контрадикторности, како што има во напишаново. Комунизмот претставува негација на капиталистичките односи, а ти велиш дека и двете ќе ги има во Царството Божјо. |
spiros напиша:
Баш така брате! Во Царството БОЖЈЕ нема контрадикторности, туку Тоа ги надминува истите!
Крајната цел на капитализмот е Совршениот Капитализам, чија Цел пак е Царството БОЖЈЕ а не безкрајна похот и концентрација (оптимирање) на капиталот!
Исто така, крајната цел на комунизмот е Совршениот Комунизам, чија пак Цел е Царството БОЖЈЕ на земјата а не егоцентрично величање и обожавање на човечка идеологија! |
Значи пак има спротивност според тебе, затоа што комунизмот и капитализмот се спротивни самите по себе. А од друга страна, ниту совршен капитализам и комунизам не постојат. Затоа и ти реков, не мешај нешта кои не се за споменување овде, кои едноставно здравиот разум налага дека не се такви какви што ти ги сфаќаш и опишуваш, а притоа и ги мешаш со Царството Божјо.
spiros напиша:
Во Исус е Клучот и Тајната на Спасението!
... соединети во љубов во секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога Отецот - во Господа Исуса Христа - во Кого се скриени сите сокровишта на Мудроста и знаењето. Колос. 2:2 и тн.
|
Ако со оваа слика сакаш да кажеш дека се води кон Христос, веднаш да ти кажам дека тоа не е точно. Тоа и во Светото Писмо го пишува, самиот истотака добро го знаеш.
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 01.Јануари.2011 во 12:55
Македон напиша:
Според тебе сите земји кои ја прифатиле реформацијата со тоа се развиваат подобро и побгру од другите?
|
Да. Нема потреба од филозофирање. Само земи ја картата на светот во рака и ќе се увериш.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 01.Јануари.2011 во 15:55
EvAngelos напиша:
Македон напиша:
Според тебе сите земји кои ја прифатиле реформацијата со тоа се развиваат подобро и побгру од другите?
| Да. Нема потреба од филозофирање. Само земи ја картата на светот во рака и ќе се увериш. |
Ти земи и повтори си историја пред да напишеш нешто како напишаното дека Словенија, која е католичка држава, била понапредна од другите републики на поранешната СФРЈ поради реформацијата.
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 01.Јануари.2011 во 20:07
Фала на советот. Си повторив историја и да, навистина било така како што напишав. А ако збориме за религиозна статистика, тогаш погледни ја географската карта на светот и неминовно ќе го забележиш следново: Земја со протестанти - остварува просперитет Земја со католици - може да оствари просперитет Земја со православие - не остварила и не остварува просперитет
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 01.Јануари.2011 во 23:31
EvAngelos напиша:
Фала на советот. Си повторив историја и да, навистина било така како што напишав. |
Не знам од каде си повторувал историја и каде си прочитал дека напредокот на Словенија на СФРЈ пред останатите републики на поранешната СФРЈ се должело на реформацијата и протестантизмот, но во светски признатите енциклопедии јас го прочитав http://www.britannica.com/EBchecked/topic/549081/Slovenia/214574/History?anchor=ref477066 - oва , кое секако не се согласува со твојата теза за Словенија и јасно е дека тоа што си го напишал е неточно. Особено прочитај каде и кога се развила пазарната економија.
EvAngelos напиша:
Земја со католици - може да оствари просперитет |
Франција зарем не била просперитетна земја во текот на своето постоење, а била католичка земја?
EvAngelos напиша:
Земја со православие - не остварила и не остварува просперитет |
Значи Грција никогаш не остварила просперитет? Да не навлегувам подлабоко во историјата на државите, доволна е невистината за Словенија која ја напиша. Ни мапа ни нешто друго тоа нема да го избрише.
-------------
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 08.Јануари.2011 во 12:05
spiros напиша:
Во Исус е Клучот и Тајната на Спасението!
... соединети во љубов во секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога Отецот - во Господа Исуса Христа - во Кого се скриени сите сокровишта на Мудроста и знаењето. (Колос. 2:2 и тн.)
|
Македон напиша:
...
Значи пак има спротивност според тебе, затоа што комунизмот и капитализмот се спротивни самите по себе. А од друга страна, ниту совршен капитализам и комунизам не постојат. Затоа и ти реков, не мешај нешта кои не се за споменување овде, кои едноставно здравиот разум налага дека не се такви какви што ти ги сфаќаш и опишуваш, а притоа и ги мешаш со Царството Божјо.
...
Ако со оваа слика сакаш да кажеш дека се води кон Христос, веднаш да ти кажам дека тоа не е точно. Тоа и во Светото Писмо го пишува, самиот истотака добро го знаеш. |
Спротивностите се производ на егото (телото) а не на Духот Светол!
Ако капитализмот има нешто добро и полезно (а јас верувам дека има), ако комунизмот има нешто добро и полезно ( а јас верувам дека има), ако јудејсвото има нешто добро и полезно (а јас верувам дека има), и тн. ... тогаш тоа нешто добро и полезно потекнува од Еден и Единствен Чист Извор!
Тој Чист Извор е БОЖЈОТО Слово, Тој Чудесен и Прамудар БОЖЈИ Збор, Кого БОГ за спасение на сите Го отелотвори во Господа Исуса Христа ... во Кого се скриени сите сокровишта на Мудроста и знаењето. (Колос. 2:2 и тн.)
Македоне, се' што е добро и полезно во светов потекнува од Чистиот Извор! Секој кој со чисто срце ја бара Чистата Вистина и “плива“ низводно, засигурно ќе Го најде Чистиот Извор!
Кога капиталистите ќе престанат да се фалат со својот капитал (туку со Изворот од Кој што потекнува совршениот Капитал), комунистите ќе престанат да се фалат со својот комунизам (туку со Изворот од Кој што потекнува совршениот Комунизам), јудејците ќе престанат да се фалат со своето јудејство (туку со Изворот од Кој што потекнува совршеното Јудејство), ... православците, католиците, протестантите, исламистите, будистите, ... ќе престанат да се фалат со своето (туку со Изворот од Кој што потекнува Совршеното), и кога сите вистински ќе се разбудиме за Изворот на Совршенсвото Кој што е пред се' (само пред БОГА не!) и од Кого се' добро и полезно потекнува, тогаш сите ќе се сретнеме во Царот и Царството, Кој/Кое е Чиста Мудрост!!
Поздрав и Христос се роди!
Мудроста БОЖЈА вели: Господ БОГ ме имаше во почетокот на Својот пат, пред Своите созданија, многу одамна.
Вообличена сум уште од вечноста, од почеток, пред создавањето на земјата.
Се родив кога уште немаше бездни, додека немаше извори на изобилни води.
(Изреки на Мудроста 8: 22 - 24)
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Курчи
Датум на внесување: 08.Јануари.2011 во 21:48
примож Трубар православен христјан кој започнал со реформација во отомоманската империја и ја вовел латиницата во турција
|
|