Испечати | Затвори го прозорот

Што да подарите за празниците...

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23751
Датум на принтање: 01.Февруари.2023 во 07:28
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Што да подарите за празниците...
Постирано од: zamislena
Наслов: Што да подарите за празниците...
Датум на внесување: 20.Декември.2010 во 00:56
 

Сите сакаме да пронајдеме соодветен новогодишен и божиќен подарок за најблиските. Одвојте малку време и направете листа на личностите......на кои треба нешто да им подарите. Покрај секое име набројте ги нивните хобија и интереси. Можеби ви личи комплицирано, но ќе заштедите бесмислено лутање по дуќаните низ гужвите.

Ова се некои идеи кои може да ви помогнат....

1. За оние кои сакаат да читаат
-  Најново издание од омилениот автор
-  Интересен маркер за означување на страниците
-  Ламба за читање
-  Перниче за потпирање

2. За практични личности
-  Убаво пенкало (пример Паркер) и роковник
-  Домашни божиќни колачиња
-  Шоља за млеко или чај
-  Шалче, капче, ракавици

3. За љубителите на спортот
-  Батерии за далечинското
-  Пакетче со грицки за гледање натпревари
-  Претплата на спортски новости
-  Дрес од омилениот тим

4. За домаќинки
-  Нова книга со рецепти
-  Дигитална вага
-  Чаша и лажица за мерење
-  Готвачки ракавици
-  Сет за вино (со отварачи)

5. За љубителите на природата
-  Компас
-  Топли ракавици
-  Кабаница
-  Опрема за риболов
-  Сет за планинарење

6. За парови
-  Уплатете масажа за двајца
-  Купон за во ресторан
-  Викенд патување
-  Парфем
-  Шише вино и јаготки

7. За семејството
-  Сет нови ДВД филмови
-  Слагалица со 1000 парчиња
-  Миризливи свеќички
-  Домашни колачиња




Коментари:
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 20.Декември.2010 во 01:17
mrazam da poklonuvam... плазење%20злонамерно


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 20.Декември.2010 во 18:19
за мене добар поклон би бил една фотелја или нешто слично,... на кое ќе си седам и ќе си читам а перниче за читање,... па... порадо би фотелја - само да имам кај да ја ставам

инаку сум многу великодушна кога станува збор за подароци,.... ама годинава ќе бидам себична и стисната и намрштена и нема да дадам ништо на никого

-------------


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 20.Декември.2010 во 23:52
ЉУБОВ, ВНИМАНИЕ, ТОПЛИНА. ЗА, ПРЕД И ПОСЛЕ НИВ. МОМЕНТИТЕ НА РАДОСТ ПРЕДИЗВИКАНА ОД МАТЕРИЈАЛНИ ПОДАРОЦИ БРЗО БЛЕДНЕАТ, НО АТМОСВЕРАТА ИСПОЛНЕТА СО ИСКРЕНА ЉУБОВ ЈА ЧУВА ТОПЛИНАТА ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ ПРЕКУ МИРИСИТЕ НА УБАВИТЕ ЗБОРОВИ, ВКУСОТ НА ТОПЛИТЕ ПОГЛЕДИ И ЗВУКОТ НА НАСМЕВКИТЕ.

-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 21.Декември.2010 во 05:53

Ja go sakam ova....koleske...

 
Купон за во ресторан....газење%20од%20смеење....da ne se bonovi...газење%20од%20смеење


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 21.Декември.2010 во 16:41
 
   ...Ова би го посакала за мене ....среќа
 
  Викенд патување  ....
 
  Масажа  за двајца ... ( по можност Индиска )
 
  А би подарила ....
 
   Книга
 
   Парфем  ....голема%20насмевка


-------------


Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 21.Декември.2010 во 21:31
shto li da poklonam ???


-------------
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 21.Декември.2010 во 23:16
Ја сакам некоја збирка поезија со посвета.
Доста ми е.

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: BlaCk- GiRl
Датум на внесување: 22.Декември.2010 во 19:33
obozavam pokloni, voedno i da poklonuvam no koga ke dojde do toa da razmislam sto da kupam togas mi se blokira mozokot vo momentov se naogjam povtorno vo takva situacija... praznici se blizat pokloni se podaruvaat neli no povtorno istoto prasanje ... STOOOOO ???

-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 25.Декември.2010 во 12:46
Одберете вистински новогодишен подарок
 

Со помош на хороскопските знаци нема да погрешите.

Ако размислувате што да им купите на вашиот партнер, блиските и пријателите за новогодишните празници, еве еден водич со кој нема да погрешите.

Доколку веќе сте избрале подарок проверете дали сте го направиле вистинскиот избор.

Овен – Премногу се грижат за својот изглед, па затоа било кој подарок поврзан со нега на тело или коса може да постигне одличен ефект. Исто така можете да подарите некој откачен моден додаток, парфем или пак опрема за спорт.

Бик – Биковите ги обожуваат новогодишните празници па затоа нема да погрешите доколку купите светликав ангел или сет од свеќи. Доколку подарите накит изработен од благородни метали ќе им дадете прилика за да се пофалат наоколу дека се сакани личности. Малку се комплицирани или подобро речено, скапи. Побарајте нешто посебно и не заборавајте да го завиткате на посебен начин.

Близнаци – Интересни се кога станува збор за подароци, она што никогаш не би помислиле да го купите за сeбе за нив е одлично решение. Колку е посветкаво, толку е подобро. Пред сè сакаат комуникација, па затоа идеален подарок за нив е сè она што е поврзано со модерната технологија, мобилните телефони, лаптопи и др.

Рак – Нежни, романтични и секогаш благодарни за она што ќе го добијат за подарок. Ако повеќе од времето поминувате со нив сигурно ќе знаете што би сакале, доколку не сте во нивна близина со добра книга или дневник никогаш нема да погрешите. Раковите се срамежливи и најчесто се радуваат на подароци поврзани со нивниот дом.

Лав – Обожаваат сè што е модерно и луксузно, затоа изберете нешто што е ново на пазарот или специјално направено за нив, верувајте дека ќе бидат воодушевени. Лавовите се посебно скап знак кога станува збор за подароци, колку е поскапо и поуникатно толку подобро.

Девица – Секогаш се задоволни со мали работи, книга или некој вид на накит е сосема доволно за нив. Ако немате идеја што да им подарите најдобро е да ги прашате, сакаат подароци кои се поврзани со слободното време.

Вага – Жените сакаат подароци кои се однесуваат само за нив, односно подароци со кои ќе се чувствуваат посебно. Доколку сте креативни изработете нешто, во спротивно со чоколада и накит можете да поминете. Мажите сакаат да изгледаат елегантно, модни додатоци или облека е совршено решение ако добро го познавате нивниот вкус.

Шкорпија – Жените сакаат неочекувани работи, затоа ако имате подлабок џеб овозможете и патување на непозната дестинација за што ќе добиете вечна благодарност. Ако сакате да си поминете поскромно најдобро е да подарите заедничка фотографија за која не знаела дека постои. Мажите се воодушевуваат од добра книга и добри парчиња облека, затоа одберете ремен, шал или ракавици.

Стрелец – Оние од понежниот пол ќе бидат среќни доколку добијат билет за концерт или за пречек на новогодишната ноќ на некое одлично место. Се радуваат на работи кои светат и не заборавајте подарокот да го завиткате во светкава хартија. Мажите сакаат практични работи и добро друштво, мали работи за во автомобилот или приврзок за клучеви. Како идеално решение е билет за концерт, особено ако оди целото друштво.

Јарец – За дамите одберете нешто што е топло или плетено, било да е плетена капа, ракавици или чорапи. Мажите тешко можете да ги задоволите, особено ако имате плиток џеб. За да го решите проблемот купете практичен паричник, делови за компјутер или книга.

Водолија – Жените сакаат подарок кој никој го нема, на пример најново CD, ако пак сте креативни снимете едно со песни за кои знаете дека ги обожава. Што се однесува за мажите доколку не им го овозможите најновиот мобилен телефон, лаптоп или iPod пробајте со нешто егзотично.

Риби – Рибите се премногу романтични, идеален подарок за нив може да биде албум со заеднички слики, накит или козметика. Верувајте дека тие тоа го сакаат! Мажот Вага ќе биде пресреќен доколку му подарите маица со некоја налепница поврзана со него (омилен лик, изрека, датум) или пак можете да му подарите приврзок.



-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 25.Декември.2010 во 13:41
ne sum mnogu po horoskopot, ama moram da priznaam deka navistina se blizu, barem za oven i bliznaciизненадувањеголема%20насмевка

Inaku sekoj podarok e dobredojden ako e odbran so ljubovнамигнување


-------------
always look on the bright side of the life!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Декември.2010 во 14:09
...najgolema laga ( ili zabluda!) e deka zenite se zadovoluvaat so , zamislete,изненадување samo eden cvet,..kolku i da se preleva od  ljubov!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 25.Декември.2010 во 15:38
Originally posted by bluebell bluebell напиша:

ne sum mnogu po horoskopot, ama moram da priznaam deka navistina se blizu, barem za oven i bliznaciизненадувањеголема%20насмевка

Inaku sekoj podarok e dobredojden ako e odbran so ljubovнамигнување
 
и јас можам да потврдам дека се ептен близу во врска со бик,близнаци и девицаголема%20насмевка


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 27.Декември.2010 во 20:58

Најголем дел од мажите сметаат дека романтичен подарок е апарат за домаќинство, парфем и цвеќе. Тие се премногу вообичаени и веќе не се доживуваат на ист......начин како порано. Високата цена не го прави подарокот романтичен.........среќа

Жените ја мерат романтиката според вложениот труд и време, но и според тоа колку подарокот е персонализиран. Најважно е тоа да биде нешто што таа навистина го сака........љубов

Ако веќе ви спомнала што не сака, а вие не сте чуле, без оглед на цената подарокот ќе биде тотално промашување.

Ова се неколку романтични идеи за подароци за празниците:

1. Романтично патување. Без оглед на тоа дали станува збор за викенд или подолго најголем дел од жените се воодушевуваат од вакви подароци.

2. Накит. Во најголем број случаи накитот е навистина добар подарок. Обидете се да одберете нешто што ќе одговара на нејзиниот стил.

3. Карти за претстава, концерт, кино, балет...

4. Било што со посвета. Жените се согласуваат дека посветата на обична картичка вреди повеќе од подарокот.



-------------


Постирано од: Џо
Датум на внесување: 27.Декември.2010 во 23:36
упатство за флерт...или барем за деактивирање бомба...и двете ќе дојдат при рака во некој момент од животов...

-------------
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima





Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 30.Декември.2010 во 01:49

Бидете едноставни и креативни


Доколку сте го купиле совршениот подарок за најблиските тогаш најдобро ќе биде да одвоите малку време и во подарокот да вметнете нешто свое и уникатно. Како да го направите тоа? Најлесен начин е сами да го завиткате. Виткањето и украсувањето на подароците е потег со кој ќе покажете внимание, а и со кој вашиот подарок ќе биде запаметен и уникатен. Еве  неколку креативни идеи:

Едноставноста е најдобар избор
Понекогаш едноставно завитканиот подарок е најдобриот избор. Натрупано завитканите подароци понекогаш може да ја убијат топлината и уникатноста која сте ја дале при украсувањето. Затоа најдобро е да одберете еднобојна хартија (омилената боја на личноста за која е наменет подарокот), а најдобар избор би бил рециклираната хартија. Само ослободете ја фантазијата за да постигнете најдобар ефект од наједноставните материјали.

Посветете внимание на деталите
Бидејќи ве советувавме хартијата да е еднобојна препорачуваме на подарокот да ставите и некаков детаљ. На овој начин украсувањето нема да изгледа сиромашно, туку ќе има поголем ефект, а ќе дојде до израз и вашата креативност. Можете да направите различни форми од хартија, како, на пример, голема ѕвезда или снегулка. Можете да употребите и некои растенија како рузмарин, зависно од вашата замисла. Исто така, препорачливи се и копчињата или беџовите.

Употребувајте различни материјали
На крајот, употребете различни материјали во различни бои. Меките материјали асоцираат на топлина и нежност. Направете тенки ленти и заврзете ги околу подарокот. За оваа намена користете или волница или некоја украсна лента (која можете да ја купите или направите од некои стари алишта), а се препорачуваат и свилените ленти. 



-------------


Постирано од: Little Daisy
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 17:33
Обожавам празници и обожавам да подарувам. Последен подарок кој го дадов беше за Свети Трифун, а беше комплет отварачи за шишиња вино. Чинеше 60 евра, ама драгата личност беше презадоволна.

-------------
Dream and love are just words - until you decide to experience them!


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 20.Февруари.2011 во 22:51
 
 
Роденден, годишнина, датуми кои ви значат и ви се посебни. Постојат повеќе различни прилики за партнерот нешто да ви подари. Некогаш и не......мора да постои посебна причина или датум, туку „само онака“ - еден од најсимпатичнте причини за подарување, едноставно посакал нешто да ви подари.....

Од неговиот подарок можете да извлечете некои заклучоци - како партнерот ве гледа, што мисли за вас и што очекува од вашиот однос. Значи, што ви подарил?
Чоколадо, бомбониера и слично се чест подарок на почетокот на врската (доколку сакате слатко). Ако веќе некое време сте во врска и обожавате слатки, а тој ви го подари омиленото чоколадо, работата е јасна - доволно ве познава и знае што сакате и баш тоа ви го подарува.
Доколку сте на почеток на врската, подароците од овој тип значат дека тој се обидува да ве импресионира, но сеуште добро не ве познава (па ви подарува нешто што е општо во светот на подароците) и не ве гледа како некој посебен (што со време може да се измени, се разбира).
Ви подарил нешто за што и самиот би сакал да го има.? Тоа зборува за убав однос - тој ве гледа како своја втора идеална половина. Дури и ако тоа не е подарок за кој сте сонувале, секако треба да го цените она што сака да ви го каже со подарокот.
Подарувањето на накит, како и подарувањето чоколади или бомбониера, на извесен начин се општи подароци, но со поинакво значење.
Имено, ако ви подарил накит, смета дека сте убави и сака да го подигне вашиот однос на повисоко ниво. Плус со тоа сака на целиот свет да му покаже дека сте негови и дека се гордее со тоа.
Поклончиња од типот, кадифени играчки некои жени ќе ги сметаат навредливи, затоа што мислат дека партнерот се уште ги смета за девојчиња, а не за жени.
Не грижете се, тој знае дека не сте дете. Можеби се почувствувал малку повеќе сентиментален, а можеби сте со партнер кој сака малку повеќе нежност и на кој не би му пречело да стане татко.
Да нема забуна, плишаното мече или нешто слично за подарок не значи „ајде да правиме бебе“- може да значи и дека сте му се на светот, комплетно семејство и дека е многу среќен сега и овде со вас.


-------------


Постирано од: delvi
Датум на внесување: 28.Февруари.2011 во 10:19
Vo mart na moite roditeli im e godisnina od brak i to asrebrena svadba 25 g brak..Pa ve molam da mi dadetet predlog kako da di iznenadime, sto bi mozele da im kupeme ilinapravime da go zapamtat toa.vi blagodaram


Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 05.Јули.2011 во 14:42
 
 
  За мене  најдобар, најубав, подарок е  книга !


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 06.Јули.2011 во 18:05
 do sega ja prochitale., i sea sho da praatразмислување

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 14.Септември.2011 во 14:53

Kako shto ??? Pa, treba da doznaesh shto saka ili sakaat za podarok, razbirash


-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 06.Ноември.2011 во 13:44
... i toa shto posakuvaat da im bide dadeno od srce i so mngou ljubov... onaka, navistina da go pochuvstvuvaat toa.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 14.Ноември.2011 во 20:03
Denes razmisluvav bas za ova...
Na moeto najmilo sonce,kerkami Jana ke i kupum za Nova Godina preubavo bebesko kompletce.
Na maz mi sakam da mu zemam dzemper,majka mi si naraca pasator+marama sakam da i zemam...za tatko mi i brat mi ke razmisluvam denovive....



-------------
~Live the life you love, love the life you live~


Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 15.Ноември.2011 во 13:43

I jas pochnav da razmisluvam... idat praznici a voedno i rodendenite na moite "princezi". Se odednash ... taka se pogodi

Samo nekako pochnaa da baraat "skapi igrachki", pa se dumam kako da im gi ostvaram zhelbite - (vekje mi gi kazhaa)...

-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 11:29
imam dolg spisok na toa sto sakam da mi podarat hehehehehe.........задоволство
mi se vrtat nekoi pokloncina vo glava sto da se podari na najbliskite......


Постирано од: yuiop
Датум на внесување: 06.Септември.2013 во 00:48
аааа....ќе си го прашам.....за подарок......


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 07.Март.2014 во 20:20
Сега ќе речам....магичниот момент, топлото чувство, љубовта и пријателството ...
се најубавите подароци кои може некому да ги подарите....


Постирано од: la fille
Датум на внесување: 07.Март.2014 во 21:41
Јас денес исподарив еден куп цвеќиња голема насмевка Што на мајки, што на сестри, па дури и бебињата добија подарок голема насмевка
А јас...колешката ми ја знае слабоста, па си добив обетки трепкање


-------------
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 07.Март.2014 во 21:45
,,,,ljubov,,i ,,najubavata nasmevka shto ja imate,,,среќа

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 04.Август.2014 во 00:50
најубав подарок за роденденот...сестра ми беа на одмор, напишале на песок Среќен роденден ____ и ми ја пуштиле сликата на фб...колку убаво ме изненади љубов

-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk