Испечати | Затвори го прозорот

Машка ќелавост - Androgenetic Аlopecia

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23594
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 01:39
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Машка ќелавост - Androgenetic Аlopecia
Постирано од: aco_t
Наслов: Машка ќелавост - Androgenetic Аlopecia
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 03:04
Темата е отворена на еден друг форум, меѓутоа таму е скоро замрена, па затоа јас ја префрлам овде, со надеж дека ќе си ги размениме искуствата со лекувањето на машката ќелавост.
Темава е исклучиво за машка ќелавост, затоа Ве молам пишувајте само од лично искуство. Реклами за револуционерни производи не ни се потребни.

Подолу ќе го ископирам оригиналниот пост од другиот форум, се надевам дека авторот нема да ми замери.



Коментари:
Постирано од: aco_t
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 03:06
Значи следново не е мое искуство- авторот се потпишал како VeniVidiVici
и тврди дека има прекрасни резултати со терапијата:





Се за опаѓањето на косата и неговото лечење!

При првите знаци на косопаст треба да делувате смирено и брзо. Доколку ова ве засега премногу и сте решени да одвоите значаен дел од вашиот буџет и вашето време и да го прифатите фактот дека третманите против опаѓање на косата МОРА да се употребуваат доживотно, тогаш бидете сигурни дека со читањето на оваа статија, вашиот проблем со голема веројатност ќе биде решен.

Како прво:

Треба да утврдите од каков тип на косопад страдате.
Постојат 3 најчести видови на косопаД.

1. MPB(Male Pattern Baldness) - Типична машка ќелавост или попозната како Androgenetic Аlopecia. Најчеста причина за косопастот кај мажите со 95 % застапеност.Доколку вашата коса се ретчи само на предниот дел од главата или ви се појавуваат мали залистоци над слепоочниците, или пак мала пропетченост на темето на главата,не се залажувајте - вие имате Типична Машка Ќелавост која доколку не се третира, најчесто доведува до целосна ќелавост во период од 5 до 15 години. Причина за овој тип на ќелавост се гените и вишокот на тестостерон во организмот кој кога се врзува со 5 - алфа ензимот кој го создава простатата креира Дихидротестостерон кој е главната причина за истенчувањето на влакното, неговото опаѓање и изумирање на фоликулите на влакното.Оваа болест, иако во мал процент, ги напаѓа и жените исто така.

2.Tellogen Efluvium - Овој тип на косопаст ги напаѓа подеднакво и мажите и жените и е последица од стрес или постоперативен период кога фоликулите на косата се атрофирани како последица на оперативниот стрес. Овој вид на косопаст е повремен и после 6 до 12 месеци косата сама се обновува. Се препознава по тоа што косата се тенчи и се ретчи низ целата глава подеднакво.

3.Alopecia Areata - Овој тип на алопециа(косопаст) се појавува подеднакво и кај мажите и кај жените и е најтешка форма на косопаст. Одредени делови од главата во облик на кругови се нападнати од некоја бактерија што доведува до целосно опаѓање на косата во тие делови. Може да се третира со Ketoconazole апчиња и со други антибактериски и антимикотични креми и препарати.

Исто така постојат и други видови на косопаст како што се Duffuse Thinning, Alopecia Totalis, Scarring Alopecia и други, но овие типови на косопаст се многу ретки и за нив нема за зборувам.

Други причини за појава на косопад се: Хормонален дисбаланс предизвикан од проблеми со тироидната жлезда, период на породување и менопауза кај жените лоша исхрана, aнемијa,мс,диабетес, полови заболувања - кандида, сифилис итн...
Запомнете дека косопастот поготово кај мажите НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ САМ ПО СЕБЕ и во голем дел од случаите ке кулминира после 5-15 години и ќе доведе до потполна ќелавост.

Ќелавоста кај мажите,типичната машка ќелавост - MPB, според нејзиниот степен на изразеност се мери според мегународната NORWOOD скала од 1 до 7 степени.

Не постојат шампони или витамини, Velform течности, Vicky таблети,MERZ, OLIGOVIT или било какви препарати кои ќе го излечат косопастот, но со секојдневна употреба тие можат да го забават или да го запрат паѓањето на косата, НО НИЕДЕН ОД ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ НЕ Е НАУЧНО ДОКАЖАН ДЕКА НАВИСТИНА ДЕЈСТВУВА. Не трошете ги вашите пари залудно доколку не сте сериозни во вашата борба против косопадот, зашто со нередовна употреба на било кој препарат или средство, дејството е само привремено. Криењето на болеста која често е застрамувачка и депресивна, НЕМА да го реши вашиот проблем. Доколку не превземете никакви мерки, таа многу веројатно со тек на време ќе стане видлива и забележлива за другите.

Не постои траен лек за MPB и сите препарати и лекови се ефективни само за време на нивната употреба. За оптимален резултат се смета престанувањето на косопастот, но во некои случаи може да се појави и никнување на нови влакна.90% од компаниите кои тврдат дека имаат лек за косопастот се скамери и профитери без никаков респект кон вас и вашите пари.

Во светот постојат само 2 докажани ефикасни долгорочни третмани против опаѓање на косата.

1.Minoxidil, попознат како Rogaine(Brand name) во САД.

2.Finasteride или попознат како Propecia(Brand name) во САД.

Американската асоцијација за храна и лекови (FDA - Food and Drug Association) после извршените тестови го одобри Minoxidil како лосион за спречување на паѓањето на косата и обновување на косата во 1978 година. Finasteride(Brand name - Propecia) е одобрен во 1997 година и се употребува во форма на апчиња. FDA препорачува да не се употребуваат никакви други лекови или препарати освен горенаведените две.

Како најважно предупредување ќе го издвојам фактот дека за андрогена алопециа или MPB(Male Pattern Baldness) односно Типична машка ќелавост, и двата лека треба и МОРА да се користат постојано без никаков прекин до крајот на животот. После секое прекинување сите резултати кои се добиени како резултат од овие лекови ке изчезнат во рок од 3-6 месеци.

1.Minoxidil(Rogaine) е прапарат кој се нанесува директно на главата во форма на лосион или пена. Првенствено откриен како лек против зголемен крвен притисок кој како страничен ефект покажувал обновување на паднатата коса.Minoxidil постои во варијанта од 2% и од 5% и може да се купи и во Македонија во сите аптеки без лекарски рецепт. Minoxidil не покажува системски странични ефекти, освен зголемена појава на првут и иритација на кожата, што се регулира со Ketoconazole шампон за кој ќе зборувам подоцна. Се нанесува 2 пати дневно, наутро и навечер. Minoxidil делува како вазодилазатор и е научно е докажано дека Minoxidil е најефикасен во делот на темето на главата и на горниот дел на главата. Не е докажано дека е ефикасен на предниот дел од главата кај залистоците(Receding hairlines) што не значи дека не делува и на тој дел.Minoxidil 2% може да го употребуваат и мажи и жени додека варијантата од 5% е наменета исклучиво за мажи.За било какви резултати од овој лек пациентот мора да почека најмалку 6 месеци за да ги види првите резултати.Minoxidil e многу ефтина варијанта и најбезбедна. Чини само околу 450 ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

2.Finasteride e НАЈДОБРИОТ лек во светот за вашата MPB. Finasteride e лек кој е наменет за третирање на Бенигна хипертрофија на простатата, кој како страничен ефект имал значително обновување на косата. Finasteride за лечење на простатата се користи во облик од 5мг секој ден, а за косопаст во облик на апче од 1мг.Finasteride СЕ УПОТРЕБУВА САМО КАЈ МАЖИТЕ!!! Употребата од страна на жени може да предизвика аномалии кај гениталиите на новороденчето доколку жената остане бремена.Finasteride е најефикасниот лек за лечење на MPB и има ефект кај 89% од пациентите.Тој активно делува врз 5-алфа ензимот и го спречува креирањето на Дихидротестостеронот кој е главниот предизвикувач на MPB.Finasteride има СЕРИОЗНИ СТРАНИЧНИ ЕФЕКТИ и пред да започнете со ваков вид на терапија мора да се консултирате со лекар( НАЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ЛЕКАРИТЕ НЕ ЗНААТ НИШТО ЗА ОВОЈ ЛЕК КОЈ ГО КОРИСТИ ЦЕЛИОТ СВЕТ) или да направите добро истражување преку интернет со корисници кои веќе го користат и целосно да се информирате. 15% од корисниците пројавиле странични ефекти како што се: намалена желба за секс, намалена количина на сперма, намален процент на сперматозоиди во спермата, болка во тестисите. 0.5% од корисниците пројавиле целосна импотенција.Finasteride лекот во облик од 1мг за третирање на косопаст не е достапен во Македонија. Достапен е во варијанта од 5мг(многу корисници во светот користат 5мг таблети и ги кршат на 4 еднакви делови со што добиваат прилично иста доза од 1мг дневно, а и заштедуваат финансиски сретства)
Finasteride e прилично скап лек. Propecia - нарачана преку интернет ќе ве чини околу 3500 денари месечно. Варијантата од 5мг (име на лекот-PROSCAR, кој го има во Македонија) искршени на 4 дела ќе ве чини 2800 денари за 4 месеци (800 ден-месечно). Finasteride не се продава без лекарски рецепт. Се употребува до крајот на животот.

Други лекови докажани од задоволни клиенти и клинични тестирања, но не и од FDA - Американската институција за храна и лекови.

3.Dutasteride - Лек со слични особини како Finasteride, но со поголема концентрација на активна супстанција и поголеми можности за странични ефекти.
4. Ketoconazole шампон - постои во варијанта 1% и 2% и е многу добар за отстранување на првут (Minoxidile поради присуството на алкохол,веројатно ќе предизвика првут) Исто така тој има и антибактериско дејство и антимикозно и е доста ефикасен и како природен блокер на DHT(Дихидротестостерон) на површината на главата. Достапен е во Македонија без лекарски рецепт во секоја аптека и чини околу 200 денари за еден месец.

Природни лекови кои не се докажани клинични, но со добри резултати кај некои поединци.

5.SAW PALMETTO - приподен DHT блокер кој е производен од вид на палма која расте во северна Америка. Се пие во облик на апчиња и се консумира секој ден. После престанување со неговото консумирање, пациентот ги губи сите постигнати резултати како ефект од неговата употреба.Нема поголеми несакани дејства освен - лош здив.Го има во некои аптеки во Македонија и чини 1200ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

6.Чај од корен од коприва, зелен чај, чај од ѓумбир, Рузмарин зовриен во вода се користи за поливање на косата, екстракт од пиперка се трие на коренот на влакното,Алое вера креми и шампони, Лаванда екстракт како локален апликатор на главата, Коњско опавче како чај и вода за миење на главата, триење на главата со лук СИТЕ ОВИЕ ПРИПОРДНИ ПРЕПАРАДИ НЕ СЕ НАУЧНО ПОТВРДЕНИ И ИМААТ МНОГУ МАЛ ЕФЕКТ И ТОА КАЈ ПОМАЛКУ ОД 20% ОД ПАЦИЕНТИТЕ МАЖИ А ПОГОЛЕМ ЕФЕКТ ОД 45% КАЈ ЖЕНИТЕ.

После било кој третман за опаѓање на косата, ТАА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ОПАЃА ВЕДНАШ.Доколку вашата коса престане да опаѓа набргу после земањето на лекот, тогаш тоа не е последица на земањето на тој лек, туку постои некоја друга причина која е моментална и вашата коса ќе започне да опаѓа повторно(нажалост). Потребни се најмалку 4-6 месеци секојдневна употреба на лекот за да се видат првите резултати(поради природниот тек на растот на влакното кое расте во три фази-Анаген,Телоген и Катаген).Најверојатно доколку третманот е ефикасен во првите 2-3 месеци треба да забележите ЗГОЛЕМЕНО ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА поради нејзиното обновување и ослободување од влакната кои се веќе влезени во Телоген фазата(Фаза на мирување на влакното).

Ослободете се од бабините приказни дека носењето капа влијае на косопадот, дека често миење на косата ја прави помрсна(косата се мрси од зголемено лачење на Себум, кој го лачат лојните жлезди на главата, како резултат на хормонално пореметување манифестирано со зголемување на женскиот хормон Прогестерон или Естроген, кој го имаат и мажите и жените), дека краткото стрижење ќе ја згусти косата,дека сушењето со фен и пеглањето предизвикува опаѓање на косата(сушењето со фен и пеглањето го оштетува влакното и доведува до кршење на косата но не го оштетува коренот) и други 100 % невистини и чисти заблуди и глупости.

Јас лично користам:
- Minoxidil 2% (Original Rogaine-USA)- 2 пати дневно, - 1050 ден/месечно
- Finasteride 1mg (Оriginal Propecia-USA)- 1 апче дневно, 3500 ден/месечно
- Saw Palmetto - 1 апче дневно, - 1200 ден/месечно
- Шампон Ketoconazole 2% - 3 пати неделно, - 200 ден/месечно
- MERZ Spezial Dragees - 2 апчиња дневно, - 550 ден/месечно
- Чај Виталиа-Зелен чај со лимон и Ѓумбир - 1 дневно, - 150 ден/месечно
- Рузмарин и корен од коприва за поливање на главата после миење. - 300 ден/месечно.
и сум многу задоволен од своите резултати. Косата престана да ми опаѓа целосно иако претходно губев енормно голема количина на коса дневно. Исто така имам големи резултати во обновување на паднатата коса. Иако мојот косопад беше во почетна фаза и речиси неприметлив за другите, со правовремена реакција спречив понатамошно опаѓање а добив и значајно обновување. Немам никакви странични ефекти од лекарствата, но месечно од својот џеб одвојувам околу 7,500 денари за оваа намена.

ВАЖНО: Со употреба на лекови од домашни или локални брендови или генерички лекови истиве лекови и препарати против опаѓање на косата можат да ве чинат само околу 2,000 денари месечно.
---------------------------------------------------------
Потрошив голем дел од моето слободно време за оваа статија, само и се со цел и Македонците да се едуцираат и да научат нешто повеќе за современите третмани за косопастот и да сватат дека секој третман за коса кај мажите кои страдаат од MPB(95% од мажите) МОРА да трае до крајот на нивниот живот.
Отворен сум за секакви прашања. Се надевам дека оваа статија ќе им користи на многу луѓе кои имаат проблем со косопадот. Ви посакувам се најдобро!
Картов -
Волонтер, член на Мегународната Асоцијација за борба против опаѓање на косата.
Veteran Real Hair Club Member na HairLossNetwork мрежата.
---------------------------------------------------------
П.С.
СО МОЕТО ИЗЛАГАЊЕ ЕДИНСТВЕНО САКАМ ДА ПОМОГНАМ СО МОИТЕ ЛИЧНИ ИСКУСТВА И МОЕТО ЛИЧНО ЗНАЕЊЕ ЗА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, А ТОА ГО СМЕТАМ ЗА ХУМАНО




Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 12:24
"но месечно од својот џеб одвојувам околу 7,500 денари за оваа намена."


Нели е подобро ( а и очигледно не само што е подобро туку и поисплатливо ) да немаш коса, отколку пола плата за апчиња и чај да ги даваш
Е сега разбрав дека не е твој текстов, па не ни можеш да ми одговориш....

...затоа само ќе искоментирам дека Propecia се навистина ефикасни. Но цената тука ме извади од памет . Па на запад се 4500 денари за три месечен третман. А тука 3500 за еден месец


а ова па....
"Finasteride не се продава без лекарски рецепт. Се употребува до крајот на животот."

Не се продава без лекарски рецепт? Каде...во МК? Не би ни требало да може да се продава..



и патем..како замрела дискусијата таму, кога има 40 странииииииииии....само што човеков го направиле малку...забеган...за тие 7500 ден

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 12:37
И уште нешто...

...дали леков го има во МК под имињата...

FINASTERID - Hemofarm
FINASTERIDE LEK - Lek

Со цена од (приближно) 750 до 900 денари за 30 таблети

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 13:27
lek za mashka kelavost?????
toa se racuna kako bolest???? som go narekuvaat lek?????

abe ajdeгазење%20од%20смеење


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: anakin
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 13:28
znaejki so predizvikuva mashka kjelavost
samo glup maz ne bi sakal da e kjelav

смеење


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: anakin
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 13:32
nekade sum procital deka postoi siguren metod za da ne vi pagja kosata
i toa e KASTRACIJA

ma mili moi koj nesaka da bide kjelav neka se KASTRIRA

смеење


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 13:46
Леле анакииииинннн

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 13:52
методот е добар.. не ви паЃа косата и личите на бред пит и џорџ клуни
не личите на брус вилис или тој џемсон стетон, сте лепи за насловна страна
на модно списание кое башка рекламира шампон за коса

само има мала маана, не ви се дига стапов

инаку низко ниво на дихидростеронот ја чува косата, ама сте тука некаде во близина ка КАСТРАЦИЈАТА

. смешни ми се лелеања ма мажите кои лелекаат за својата коса.. а заправо би требале да се среќни дека имаат големо ниво на тестостерон, кој ги прави мажи а не жени

аголема%20насмевка


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: aco_t
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 21:34
Значи македонска работа бре....погоре Ве ЗАМОЛИВ - пишувајте само од лично искуство. Значи ако немаш мака со косата не пишувај.
Само разни сеирџии ќе најдеш, и во живо и по форуми...ретко кој сака да ти помогне.
Знам дека има 40 страни темата, ама како замрена мислев зашто не се пишува често и активно.


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 21:38
greshka si
ti zboruvav od licno iskustvo
jas nemam maka ama ic
fintata e deka toa ne e medicinski problem nego psiholoshki

treba mazite da odat na psiho tretman a ne na tretman na kosata

ej????  да  jas sakam da ti pomognamголемо%20гушкање


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: aco_t
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 21:47
Извини, ваљда сум нервозен зашто ми паѓа косата голема%20насмевка
абе сакам коса.....и читам и по странски форуми дека  Е МОЖНО  да се врати косата. Кај некои делувала пропециа, кај некои не.

А ти имаш искуство со Пропециа? Ај те молам опиши ми ги страничните ефекти малце подетално...и колку време траеа?
Поздрав големо%20гушкање


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 21:55
sega kje ti momognam

razmisli ubavo so kje ti kazam

BOG SAKAL DA IZGLEDAS KAKO MAZ, A TI UPORNO SAKAS DA IZGLEDAS KAKO ZENA

imas dar ,, imas golemo nivo na testosteron, pocnuvas da se pretvoras vo maz
a ti darot ne go pocituvas , nego kukas za raboti koi ne se svojstveni na maz

ne ti treba kosa, ti treba potvrda deka si maz, takov si se rodil, takov kje ostanes... zaboravi na kosa.. nema lek.. testosteronot kje gi unisti korenjata kad tad.. samo trosis vreme pari za rabota koja totalno ne e vazna

ako nekoj ti rekol deka zenite pagjaat po kosa, te izlazal, zenite pagjaat na testosteron


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: anakin
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:00
http://www.taratur.com/files/16.03kelav1.jpg

-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: vanesa
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:00
znachi samo ako nemash kosa si maz

-------------


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:03
Originally posted by vanesa vanesa напиша:

znachi samo ako nemash kosa si maz


ne... znaci deka nekoj nema IQ kako so treba


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: aco_t
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:04
Лелееееееее абе не мислев на ваква помош тага
Не ја отворив темата за дискусија ’’Коса-да или не’’  среќа
Поентата ми беше РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА. сега јасни сме? намигнување
срдечен поздравсршено%20срце




Постирано од: anakin
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:07
otvori ti tema bez smisla
toa e toa

toa e moe mislenje


mozebi kje se najdat nekoi forumdzii koi ne mislat kako mene, pa kje ti dadat stotinak recepti kako da ja vratis tvojata kosa nazad

1. nema recept, ne postoi ... osim toj so go spomnav KASTRACIJA

zatoa mislev deka kje ti pomogne moeto mislenje... ama ti si uporen vo tvojata manera koja nema smisla za eden maz




-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: aco_t
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:12
Воопшто не си во право...постои лек и тоа многу луѓе си ја вратиле косата назад, и си ја одржуваат. Кај  повеќето нема никакви странични ефекти. Затоа сакам прво да се истражам убаво пред да почнам со Пропециа. Еве ти странски форум, па увери се самиот:
 www.hairlosstalk.com
Има и многу други, истражувај малку, не само да тресеш безвезе.


Јас пред неколку дена почнав со Пилфуд 5% и шампон Кетоконазол.



Постирано од: anakin
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:14
zapamti so napisav vo pogorniot post

i seti se na nego za 2 godini да . смеење


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: vanesa
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:16
Koj ima mal koeficient?
Jas ili ovoj sho bara lek?

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:21
едно ќе кажам од моето искуство во медицинските води alopecija или ќелавост се лечи само ако се појави од некое моментално пореметување во организмот или бременост...и тоа само локализирана на едно место или едноставно ослабување и паѓање на влакното кое се обновува со витамини посебно ВИТ Е-tocopherol acetat локално мачкање на циркулативни супстанци сакате природни ( љута пиперка , лук) сакате хемиски како pilfud ...
http://images.idividi.com.mk/images/baldman372ready.jpg    http://tehnologija.com.mk/Tehnologija/Sliki_Arhiva/baldness.jpg  http://images.idividi.com.mk/images/kelavost2.jpg
додека наследната ќелавост или како што вели анакин од тестостеронот што се покачил никогаш со ништо не се обновува па макар на трепавица дубил...све се моментални ефекти...прекини со тоа веднаш за два дена се враќаш на стара позиција...трајно се решава само со пресадување на коса...
а бееее кој ви е крив што денешна младина преку ПЦ гледајќи разни еротски работи уште од 10 години се среќава со еротски нагони...уште тогаш тестостеронот почнува да врие..ехе хе хе порано немало ќелави на 28 години сега ги има куп...
па немало порано не се гледало и се немало нагон за еротика туку се играло надвор ..стој стој и џамлии  се крадело круши по дворои...сега се стискаат уште од 12 ...е па то сте тражили то сте добили...
ццц ццццц колку сум лоша бреееплазење
ама тоа е вистината ссакате верувајте сакате не...






















и да...денес е тренд е да бидеш ќелав и со фризура ..без фризурада


-------------


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 22:24
http://www.taratur.com/files/16.03kelav1.jpg

-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: JOCKER
Датум на внесување: 24.Ноември.2010 во 15:13
Drugar gledam deka si spremen da frlaash pari za "lekuvanje"na kelavosta pa koga veke e taka moj sovet ti e deka e podobro da odish direktno na presaduvanje na kosa so toa ke si ushtedish vreme a i pozagarantiran rezultat otkolku da piesh nekoi tableti i da ja machkash glavata so nekoi hemiski sredstva koi mozat a i nemoara da bidat efikasni a od druga strana mozhat da ti predizvikaat odredeni nus pojavi ili u polos slucaj da ti go narushat zdravjeto.   

-------------
WhO KnoWs?NoT Me!I'Ve NeVeR LosT CoNtRoL...



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk