Испечати | Затвори го прозорот

Изгоре училиштето „Вера Јоциќ“ во Хиподром

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23222
Датум на принтање: 30.Декември.2024 во 19:03
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Изгоре училиштето „Вера Јоциќ“ во Хиподром
Постирано од: *moon*
Наслов: Изгоре училиштето „Вера Јоциќ“ во Хиподром
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 00:56
Речиси до темел изгорени училници и компјутери, чад и пепел на секаде - вака изгледаше денеска основното училиште „Вера Јоциќ“ во скопската населба Хиподром по пожарот во кој изгоре половина училиште. Не се повредени ниту пожарникари ниту граѓани.

Огнот избувнал во една од училниците, а потоа се проширил и во други училници. Опожарени се 400 квадратни метри од покривот, а во училниците гореле тастатури и друга компјутерска опрема.

„Одеднаш почна да пука силно и додека излеговме, веќе имаше чад и огромен пламен. Многу страшно“, раскажуваат граѓаните.

„Видовме, ама касно дојдовме, веќе се беше зафатено“, додаваат граѓаните.

Противпожарната служба брзо пристигнала на местото на пожарот со 10 возила. Пожарникарите успеале да спречат огнот да се прошири и на другите делови од училиштето, а спасиле и дел од компјутерите.

СВР Скопје изврши увид на местото на настанот, по што ќе се утврдат точните причини за пожарот. Според непотврдени информации, најверојатно се работи за краток спој во електричната инсталација.ИЗВОР А1 ТЕЛЕВИЗИЈА?АЈДЕ СЕГА , ОВДЕ НЕКОЈ НЕ ЈА КАЖУВА ВИСТИНА?
ИЗГОРЕ....
ГОСПОДА ВИ ТРЕБААТ ОЧИЛА ИЛИ?
УЧИЛИШТЕТО НЕ ИЗГОРЕ СЕ ЗАПАЛИ ДЕЛ ОД УЧИЛИШТЕТО, НО КАКО И СЕКОГАС АКО НЕКОЈ САКА ДА ВИДИ ОД МРАВКА - СЛОН ТОА ОЖЕ ДА ГО ВИДИ КАЈ ВАС...
КАКО САМО НЕ ВИ Е СРАМ ПА КОЈ САКА   ДА СЕ УВЕРИ ДАЛИ Е ОВА ВИСТИНА ИЛИ ЛАГА НЕ МУ ТРЕБА НИСТО ОСВЕН ДА ДОЈДЕ И ДА СЕ УВЕРИ ВО ОНА ШТО Е.......А КОМПЈУТЕРИ НЕ ИЗГОРЕА БЛАГОДАРАЕНИЕ НА ГРАГАНИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО...
УШТЕ ЕДНАШ ЗАСРАМЕТЕ СЕ Г- ГО, АВТОР НА ТЕКСТОТ.....



Коментари:
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 01:18
Па види вака....знаејќи го училиштето колкаво е...и какво е....

Можам слободно да речам..дека изгорело.
Таму малку да се потпали...толку и треба.
Не верувам дека може да има нормална настава таму

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 01:19
ОНЕВОЗМОЖЕНА Е НАСТАВТА, ДА...НО ДЕКА ИЗГОРЕЛО НЕ Е ВИСТИНА ОПОЖАРЕН Е САМО ДЕЛ..................


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 01:25
moon од таму си?

Многу пати имам одено таму...и затоа го пишав тоа од погоре...
Дека малку му треба да го снема целосно.
Ај баш утре ќе се симнам на последна 50ка и ќе погледнам во каква состојба е

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 12:20
Видов, пошо у близина ми е и не е до толку испогорено.

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: DARKDOG
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 21:21
Pa i tie deca treba da odmaraat na so lici sekoj den u skolo da se odelo nase vreme ne bese taka :D


Постирано од: DARKDOG
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 21:22
Pa dobro be i tie deca zasluzuvaat odmor na so lici sekoj den da se odelo vo skolo :D



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk