КОНКУРСИ И ИЗЛОЖБИ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23209
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 21:24 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: КОНКУРСИ И ИЗЛОЖБИ
Постирано од: Марио
Наслов: КОНКУРСИ И ИЗЛОЖБИ
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 17:18
Fotograf.mk, Canon 2010 Award
Здраво дечки и девојки,
Назад на форумот после долго и топло лето, имам да ви соопштам една фина вест.
Фотограф.мк организира конк*рс/изложба за фотографија на тема „Улица“.
Најдобрите фотографии ќе бидат изложени и секој автор кој ќе биде изложен ќе добие каталог. Најдобриот ќе биде сопственик на Canon 550d.
Фотографиите ќе ги оценува трочлено жири, на чело со Роберт Јанкуловски, фотограф и директор на македонскиот центар за фотографија.
Повеќе информации за конк*рсот/изложбата може да прочитате http://fotograf.mk/natprevari/fotograf-mk-natprevari/156-fotografmk-canon-2010-award.html - ТУКА .
------------- http://www.skopjeurbanstyle.com/ - Skopje Urban Style
|
Коментари:
Постирано од: kiddex
Датум на внесување: 05.Септември.2010 во 20:54
http://kozjak50.com/mk/news/results-photo-salon-kumanovo-2010/ - Резултати – Фото Салон Куманово 2010 Можете да ги погледнете на :
http://kozjak50.com/mk/news/
ФКК Козјак 50
------------- A
|
Постирано од: kostovigor
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 13:55
ФОТОМЕДИА 2010
1. Општи правила:
Се прифаќаат фотографии од сите правци, стилови, методи и пристапи, црно-бели или колор фотографии. Секој автор може да учествува со најмногу четири (4) фотографии (принтови). Фотографии кои биле претходно на некое од минатите изданија на ФОТОМЕДИА нема да се прифаќаат.
2. Тема:
Слободна
3. Учество:
Можат да учествуваат автори од сите земји во светот.
4. Големина на фотографиите:
Ќе се примаат фотографии со големина од 20 х 30 cm до 30 х 45 cm (неврамени, некаширани). Фотографиите кои не ги исполнуваат овие услови нема да се примаат.
5. Колекција:
Сите четири (4) фотографии, кои се испратени на изложбата можат да бидат испратени како колекција; во таков случај ве молиме назначете колекција ( КОЛ ).
6. Информации:
Задната страна на секоја фотографија треба да ги содржи следниве информации, испечатени (или читко напишани) со ГОЛЕМИ БУКВИ:
- Име и презиме на авторот/авторката
- Наслов на фотографијата на македонски или на еден од официјалните јазици.
- Бројот на фотографијата или колекцијата, мора да кореспондира со бројот назначен во апликацијата.
7. Апликација:
Секој испратен пакет со фотографии мора да биде пропратен со пополнета апликација пополнета од авторите/авторките. Бројот на фотографијата во апликацијата истотака мора да биде испишан/испечатен на задната страна на секоја фотографија.
8. Како да се испраќаат фотографиите:
Фотографии можат да се испраќаат индивидуално, или клубски, само како печатен материјал, во обичен плик (до 2 килограми) на следнава адреса:
ФОТО КЛУБ ЕЛЕМА – СКОПЈЕ
ФОТОМЕДИА 2010
ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ 155-1/82
1000 СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Фотографии завиткани во ролна и пакети потешки од 2 килограми нема да се примаат.
9. Партиципација за изложбата:
Членовите на Фото сојузот плаќаат 200 ден. котизација, а сите останати автори заедно со своите дела треба да приложат 400 ден. За членови на Фото сојуз на Македонија се сметаат сите автори кои платиле годишна чланарина во Фото сојуз за 2010 г. Котизацијата може да се стави во пакет заедно со печатените фотографии или пак да се плaти лично при доставувањето наделата во просториите на Фото клуб ЕЛЕМА.
10. Користење на фотографиите:
Со прифаќањето на овие услови му давате право на Организаторот да може да ги користи изложените фотографии за репродукција во каталогот и во медиумуте без надомест кон авторот/авторката.
11. Посебни правила
• Фотографиите треба да се третираат (пакуваат, заштитат, обезбедат, ракуваат) со најголемо внимание. Организаторот нема да превземе никаква одговорност за какви и да е оштетувања или изгубени пратки (фотографии) за време на транспортот. По завршувањето на изложбата, фотографиите ќе бидат внимателно вратени во истиот пакет/плик во кој биле пратени.
• Секој автор/авторка ќе добие каталог, а наградените автори ќе ги добијат соодветните награди.
• Членовите на жирито не можат да учествуваат во натпреварувачкиот дел од изложбата.
Жири:
- Branimir RITONJA, AFIAP, MFFZS, Словенија
- Yusuf DARIYERLI, Слободен фотограф, Турција
- Боро Рудиќ, MFFSM, Македонија
КАЛЕНДАР
Прием на фотографии:
15ти Септември, 2010
Жирирање:
25ти Септември, 2010
Објавување на резултатите
1ви Октомври 2010
Отварање:
12ти Ноември, 2010 - 20:00h
Враќање на фотографиите:
Јануари, 2011
НАГРАДИ
1.За поединечни фотографии:
- 3 ФИАП Медали
- 3 ПОФАЛНИЦИ
2.ЗА КОЛЕКЦИИ:
- 3 ФИАП Медали
- 3 ПОФАЛНИЦИ
3.СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
ПЛАКЕТА НА ГРАД СКОПЈЕ (За поединечни фотографии)
http://www.photomedia.mk/ - http://www.photomedia.mk/
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 22:56
Инспириран од коментари на една тема зошто би требало да биде качена на прва страна, а зошто не...
Најубаво би било да има една тема за актуелни конк*рси и изложби која би одела како „стики“, а во која би се внесувале (само!) линкови кон темите за соодветните актуелни активности/манифестации. На тој начин би се избегнало натрупување на теми, за кои нема интерес, на прва страна.
Че ја биде ли?
------------- http://fichot.deviantart.com/gallery" rel="nofollow - galerija1 http://www.behance.net/fichot" rel="nofollow - galerija2
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 22:58
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23146 - Денови на македонска фотографија 2010
------------- http://fichot.deviantart.com/gallery" rel="nofollow - galerija1 http://www.behance.net/fichot" rel="nofollow - galerija2
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 23:00
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23043 - FOTOGRAF.MK CANON AWARD 2010
------------- http://fichot.deviantart.com/gallery" rel="nofollow - galerija1 http://www.behance.net/fichot" rel="nofollow - galerija2
|
Постирано од: Zoran K
Датум на внесување: 14.Септември.2010 во 02:27
Na moderatorsko nivo vekje diskutiravme za ova... Aleksandar go dade toj predlog i iako jas bev malu skeptichen (ne kazhuvam zoshto za da ne se ostvari toa ) mislev deka toj ke postavi vakva tema kako atraktivna.
Vo sekoj sluchaj, ne vazhno koj ja inicira idejava, taa se prifakja dokolku nema nekoja seriozna zabeleshka.
Kaj mene se veli "great minds think alike".
-------------
|
Постирано од: itan14
Датум на внесување: 14.Септември.2010 во 09:55
http://exposed.fotoklub-kamnik.si/ - Exposed - Slovenia
Rok - 09.12.2010
-------------
|
Постирано од: Igor.J
Датум на внесување: 14.Септември.2010 во 10:40
Меѓународен фотографски натпревар
"Više budućnosti" - Probanka, Slovenija
Рок до 08.11.2010
http://www.fot-o-grafiti.hr/novosti/dogadjanja/vise-buducnosti - "Više budućnosti" - Probanka, Slovenija
|
Постирано од: Александар_А
Датум на внесување: 14.Септември.2010 во 12:41
Баш ми е драго што иако го имав ова на ум гледам дека имам истомисленици. Во најскоро време ќе гледаме да го изреализираме.
------------- Аце
http://www.youtube.com/user/aleksandar1901" rel="nofollow - Портфолио Видео
http://vimeo.com/user709170/videos" rel="nofollow - Портфолио Видео
|
Постирано од: kostovigor
Датум на внесување: 15.Септември.2010 во 20:38
Ја поддржувам идејава, меѓутоа во ваква сосотјба, според мене, не функциона.
Она што ми пречи, е дека при објава на нов пост во оваа тема, нема никакво визуелно известување дека има нов пост. Едиствено што треба да се внимава е промена на датум за да се види дали има некакви промени во постов.
Бидејќи не сум модератор ниту администратор, доколку може ова да се промени, тогаш сметам дека ќе биде во ред.
Поздрав.
|
Постирано од: Александар_А
Датум на внесување: 16.Септември.2010 во 12:59
Игор оној кој го интересираат конк*рсите и изложбите ќе ја отвори темата и ќе провери што и како има и дали има нешто ново. Мислам дека не е во ред фотумот да се користи како реклама за секоја нова изложба конк*рс и слично, а информацијата до тие што треба ќе биде пренесена и во една тема. Нема потреба да се отвараат се нови и нови теми, со што се оптоварува форумот а со тоа некои теми се потиснуваат во невидливиот дел а со тоа стануваат недостапни за оние на кои им треба.
Визуелно известување сепак има, исто како што има и кога некој член ќе додаде нова порака. Од друга страна сите конк*рси, изложби и слично ќе бидат на почетна страна и тоа како атрактивна тема.
Да не гњавам со овој начин нема да ги ускратиме членовите од информацијата, ќе заштедиме простор, и сепак ќе се задржии ексклузивитетот на информацијата.
------------- Аце
http://www.youtube.com/user/aleksandar1901" rel="nofollow - Портфолио Видео
http://vimeo.com/user709170/videos" rel="nofollow - Портфолио Видео
|
Постирано од: Александар_А
Датум на внесување: 16.Септември.2010 во 13:00
П.С. Веќе неколу изложби се ставени во една тема ИЗЛОЖБИ но ќе треба сега и тие да ги соединиме со оваа.
------------- Аце
http://www.youtube.com/user/aleksandar1901" rel="nofollow - Портфолио Видео
http://vimeo.com/user709170/videos" rel="nofollow - Портфолио Видео
|
Постирано од: itan14
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 23:28
http://www.facebook.com/pages/Photo-Club-Bor/145334038815014 - Photo Club Bor
1st Exhibition of Photographs "Man and Work"
PROPOSITIONS AND PARTICIPATION
THEMES ...a) Man and Work b) Color – Free c) Black & White - Free d) Photo Journalism
Reception of works ......................... 15.11.2010. Selection ........................................ 29.11.2010. Selection results (at the website) …... 09.12.2010. Exhibition ....................................... 26.12.2010. Delivery of the catalogues ................ 14.02.2011.
-------------
|
Постирано од: Марио
Датум на внесување: 05.Октомври.2010 во 12:40
Дечки и девојки да ве потсетам дека последниот рок за праќање на фотографии за натпреварот на Фотограф.мк набрзо истекува! Потсетување:
Тема: „Улица“
Краен Рок: 15/Октомври/2010 година
Жири комисија:
-Роберт Јанкуловски
-Стефан Сидовски
-Владимир Секуловски
Повеќе инфо http://fotograf.mk/natprevari/fotograf-mk-natprevari/156-fotografmk-canon-2010-award.html - тука
|
Постирано од: dimi
Датум на внесување: 12.Октомври.2010 во 11:36
Konferencija
Македонскиот центар за фотографија и Националната галерија на Македонија Ве покануваат на конференција “Заштита и дигитализација на фотографското културно наследство“ Програма: Вторник, 12. октомври 20:00 изложба на фотографии на БРАЌА МАНАКИ 21:00 “Колаборативна студија за фотографиите на АНРИ КАРТИЕ-БРЕСОН“ предавање на Ен Картие-Бресон, директор на Ателјето за реставрација и конзервација на фотографии на градот Париз Среда, 13. октомври 10:00 – 16:00 презентации и јавна дебата учесници: Ен Картие-Бресон (Франција), Бранко Гавриќ (Србија) Зоран Петровски, Валентино Димитровски, Мими Ѓоргоска Илиевска и Роберт Јанкулоски Мултимедијален центар Мала станица
PS: Mi stigna na mejl pa prenesuvam, mozebi nekomu kje mu se dopadne
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=1695 - Моето Портфолио
|
Постирано од: Марио
Датум на внесување: 13.Октомври.2010 во 08:17
Бевме проверивме :)! За пофалба е работата на МЦФ за реставрацијата на фотографиите. Секако и можноста да чуеме нешто од прва рака за Анри Бресон. Се надевам ќе има уште многу вакви изложби од реставрирани фотки
|
Постирано од: Zoran K
Датум на внесување: 14.Октомври.2010 во 01:42
Jas kolku shto znam na ovaa tema trebashe da se postiraat samo informacii za konk*rsi i izlozhbi, a ne i komentari i repliki vo vrska so niv.
Znam deka toa ne e najsrekjnata kombinacija, no dokolku sakame da imame samo edna atraktivna tema posvetena na neshto vakvo togash treba da se disciplinirame i da se restriktirame od komentari na ova mesto.
Lichno, ne bev za vakvoto reshenie bidejki novite izvestuvanja za konk*rsite ne se vednash vidlivi, pa taka ima shansa da ne se prochitani od lugje koi nemaat obichaj sekojdnevno da proveruvaat na ovaa tema, no kolku shto se sekjavam ovaa ideja na vremeto beshe pozdravena i zatoa ja realiziravme na ovoj nachin. Dokolku povekjeto od vas smetaat deka ova ne e najdobro reshenie nishto ne n'e sprechuva da ja promenime.
Inaku, poplakite deka so referentnite temi ostanatite se povlekuvaat na vtora strana i taka stanuvaat nevidlivi smetam deka ne se neshto okolu koe treba da se raspravame. Prvin, normalno e deka ne mozhat site temi da se na prva strana (vo sekoj sluchaj novite se sekogash tamu) i ne e nikakov problem da se napravi EDNO klikanje i da se otide na vtorata strana.
-------------
|
Постирано од: Марио
Датум на внесување: 20.Октомври.2010 во 13:00
Рокот за праќање фотографии за натпреварот на Фотограф.мк е продолжен до 31ви Октомври. Потсетување:
Тема: „Улица“
Краен Рок: 31/Октомври/2010 година
Жири комисија:
-Роберт Јанкуловски
-Стефан Сидовски
-Владимир Секуловски
Повеќе инфо http://fotograf.mk/natprevari/fotograf-mk-natprevari/156-fotografmk-canon-2010-award.html - ТУКА
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 27.Октомври.2010 во 12:22
Шо бе, слаб одзивот нешто или..? Ја поздравувам одлуката како и да е.
------------- http://fichot.deviantart.com/gallery" rel="nofollow - galerija1 http://www.behance.net/fichot" rel="nofollow - galerija2
|
Постирано од: kavadar66
Датум на внесување: 30.Октомври.2010 во 08:22
Постирано од: Марио
Датум на внесување: 31.Октомври.2010 во 17:57
fichot напиша:
Шо бе, слаб одзивот нешто или..? Ја поздравувам одлуката како и да е. |
Не, одзивот не е слаб, задоволни сме од него, туку изложбената галерија ја добивме неколку дена покасно од тоа што се надевавме, затоа!
Инаку кога сме кај конк*рсот, денес е последниот ден за праќање фотографии.
Поздрав
kavadar66 напиша:
??? |
!!!
|
Постирано од: stariot
Датум на внесување: 02.Ноември.2010 во 23:57
http://www.dpreview.com/challenges/Challenge.aspx?ID=3589
Canon Landscape Challenge... ne ni proveriv sto/kako, slucajno naletav na ova i mi se vide interesno. :-)
------------- Najdobro e da molcis i da te smetaat za budala, otkolku da kazes nesto i site somnezi da isceznat.
|
Постирано од: сашо
Датум на внесување: 14.Ноември.2010 во 02:53
troa docna, ama sea vidov, da prosledam info i da vidime cica Samir :-P
Датум: 12. ноември 2010
Време: 20:30 часот
Место: Културниот центар ЦК
во петок, 12 ноември, со почеток во 20:30, во Културниот центар ЦК ќе се
одржи презентација на проектот „Уметноста е насекаде“. Во рамки на
презентацијата ќе бидат изложени постерите кои беа изработени за оваа
пригода и фотографиите што како документација за проектот ги изработи
фотографот Самир Љума. Истовремено четирите автори чии дела беа избрани во
рамки на конк*рсот – Никола Маџиров, Тони Попов, Нина Андова и Мане
Манушев, ќе прочитаат дел од својата поезија и проза.
Јавниот простор во Македонија сè повеќе е набиен и концентриран со
содржини чија основна цел е да испратат некаква комерцијална порака.
Проектот „Уметноста е насекаде“ е обид да се понуди можност за поинаква
употреба на јавниот простор.
Во март 2010 година објавивме јавен повик. Секој што беше заинтересиран
можеше да конк*рира со свој краток краток расказ, песни, хаику или визуелна
поезија. Добивме повеќе од 100 текстови од македонски и германски автори.
Меѓународно македонско-германско жири избра по 4 текстови од македонски и
германски автори. Избраните текстови беа преведени на германски, македонски
и албански јазик и 4 дизајнери, двајца од Македонија (Ѓорѓе Јовановиќ и
Бунтопсих) и двајца Германија (Хајна и ела карина вернер) од нив направија
свои визуелни дела. Резултатите од оваа уметничка соработка беа раширени во
Скопје во текот на септември.
Проектот е поддржан од канцеларијата на Гете институтот во Скопје и
фондацијата Роберт Бош.
Ве очекуваме...
------------- objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
|
Постирано од: Марио
Датум на внесување: 26.Ноември.2010 во 11:23
Отварањето на изложбата „Улица“ организирана од Фотограф.мк е утре, САБОТА во 19ч во просториите на Кинотека на РМакедонија.
Поканети сте сите на добра фотографија, дружба и коктел :)
Инфо за настанот - http://www.facebook.com/?ref=home#!/event.php?eid=179333485415524 - ИНФО
http://fotograf.mk/images/stories/mapa.jpg - ЛИНК ДО МАПА
|
Постирано од: within
Датум на внесување: 09.Декември.2010 во 23:14
Јас изумив дека постори посебна тема за објавување на Изложби па отворив нова, еве сега објавувам тука:
Здраво,
Прво, лично да Ве поканам, ако некој е за накај Охрид викендов:
Центарот за културен проток АРТерија од Охрид започнува со гимнастика за културен живот.
За почеток, ќе одиме само со загревање
Демонстратори:
Билјана Ангелеска ( www.angel-biljana.deviantart.com - портфолио )
и Стевчо Наумоски ( www.withineye.deviantart.com - портфолио )
Сабота, 11.12.2010 // Кафе бар "Галерија" - Охрид // Отворање: 20h.
Вежбајте редовно со нас и внимателно следете ги инструкциите за правилен развој на вашите културни сетила.
До следната средба,
Стевчо.
|
Постирано од: gocemk
Датум на внесување: 20.Декември.2010 во 17:54
Здраво,
Задоволство ми е да ве поканам на годишната изложба на членовите на ФКК Чкрап!-Тетово, "ФОТОГРАФИИ 2010" која ќе се одржи на на 23.12.2010 година во НУ Музеј на тетовскиот крај во Тетово во 19.00 часот.
Повелете!
Повеќе инфо на http://chkrap.blogspot.com/ - Чкрап!
|
Постирано од: bazo2k
Датум на внесување: 21.Декември.2010 во 03:57
luge se arno ama jas nikako ne mozam da se registriram na fotograf.mk na forumov. cekam email za notifikacija vejke 4-5 dena i nema nisto. Stranava verojatno funkcionira kako so ni funkcionira drzavava. Ako moze nekoj da pomogne arno ako ne zivi zdravi :))
Pozdrav :)
|
Постирано од: gocemk
Датум на внесување: 21.Декември.2010 во 08:05
bazo2k напиша:
luge se arno ama jas nikako ne mozam da se registriram na fotograf.mk na forumov. cekam email za notifikacija vejke 4-5 dena i nema nisto. Stranava verojatno funkcionira kako so ni funkcionira drzavava. Ako moze nekoj da pomogne arno ako ne zivi zdravi :))
Pozdrav :) |
bazo2k,
ovoj forum spagja pod IDIVIDI i nema nikakva vrska so internet portalot www.fotograf.mk, nitu pak so NIVNIOT forum. Tuka se edni admini i moderatori, tamu se sosema drugi.
P.S. Temava e za izlozbi i konk*rsi i ne gledam nikakva pricina zosto tvojot post e postaven bas tuka, a ne vo nekoja druga soodvetna tema (ili otvori nova). Ako moze moderatorot neka go premesti ovoj post kade sto mu e mestoto.
Pozdrav!
|
Постирано од: Bob Rock
Датум на внесување: 21.Декември.2010 во 13:54
gocemk напиша:
bazo2k напиша:
luge se arno ama jas nikako ne mozam da se registriram na fotograf.mk na forumov. cekam email za notifikacija vejke 4-5 dena i nema nisto. Stranava verojatno funkcionira kako so ni funkcionira drzavava. Ako moze nekoj da pomogne arno ako ne zivi zdravi :))
Pozdrav :) |
bazo2k,
ovoj forum spagja pod IDIVIDI i nema nikakva vrska so internet portalot www.fotograf.mk, nitu pak so NIVNIOT forum. Tuka se edni admini i moderatori, tamu se sosema drugi.
P.S. Temava e za izlozbi i konk*rsi i ne gledam nikakva pricina zosto tvojot post e postaven bas tuka, a ne vo nekoja druga soodvetna tema (ili otvori nova). Ako moze moderatorot neka go premesti ovoj post kade sto mu e mestoto.
Pozdrav! |
Ova e za Mario da go vidi
------------- _______
Niz mojot zivot pominuvaat mnogu budali-samo jas ostanuvam
_______
Zdenko
|
Постирано од: Марио
Датум на внесување: 22.Декември.2010 во 08:58
Нека трепка Здене!
Бажо прифатен си само не стигаат нотификациите нешто, прифатен си одамна, пробај да се логираш...
Поздрав
|
Постирано од: green disease
Датум на внесување: 22.Декември.2010 во 12:53
за излозбата на КК Чкрап!-Тетово, "ФОТОГРАФИИ 2010", ке може да ни дадете подетални информации (мапа) за местото на збиднувањето и тоа во колку е последниот автобус за Скопје? :)
|
Постирано од: gocemk
Датум на внесување: 22.Декември.2010 во 14:58
green disease напиша:
за излозбата на КК Чкрап!-Тетово, "ФОТОГРАФИИ 2010", ке може да ни дадете подетални информации (мапа) за местото на збиднувањето и тоа во колку е последниот автобус за Скопје? :) |
Здраво,
Еве мапа за локацијата каде што ќе се одржува изложбата:
Последниот автобус од Тетово за Скопје е во 20:15.
Поздрав!
|
Постирано од: green disease
Датум на внесување: 22.Декември.2010 во 15:25
Fala! Pozdrav se gledame tamu!
|
Постирано од: within
Датум на внесување: 22.Декември.2010 во 18:19
ЧКРАП, Честитки за изложбата на!
|
Постирано од: slavica1505
Датум на внесување: 18.Февруари.2011 во 18:30
Ve pokanuvam da prisustvuvate na otvoranjeto na mojata prva samostojna izlozba , na 19ti Fevruari vo 19:30h , vo Galerija 'Robevci"-Ohrid.
So pocit ,
Slavica Panova
http://www.ohridpress.com/index.php?option=com_content&view=article&id=5173%3A2011-02-18-10-14-50&catid=42%3A2010-02-11-16-49-30&Itemid=120 - izlozba
|
Постирано од: Гласај
Датум на внесување: 18.Мај.2011 во 16:53
Конк*рс за најдобар постер и најдобар краток видеоклип на тема „Зошто гласам?“
Временска рамка: Пријавување за конк*рсот: 10.5.2011 – 20.5.2011 (заклучно со полноќ) Фејсбук гласање: 21.5.2011 – 29.5.2011 (заклучно со полноќ)
Награден фонд:
Конк*рс за најдобар постер: Вкупен награден фонд: 1.000 евра Прво место: 500 евра, Второ место: 300 евра, Трето место: 200 евра.
Конк*рс за најдобар краток видеоклип Вкупен награден фонд: 1.000 евра Прво место: 500 евра, Второ место: 300 евра, Трето место: 200 евра.
Целиот конк*рс http://glasam.org/index.php?option=com_content&view=article&id=6&Itemid=59 - тука
|
Постирано од: procokal
Датум на внесување: 01.Јуни.2011 во 01:33
Ова е форум за уметност, а не за политичка мизерија.
-------------
|
Постирано од: сашо
Датум на внесување: 15.Јуни.2011 во 15:57
revijalna izlozba na sovremena makedonska dokumentarna fotografija kako pridruzen nastan na festivalot na kreativen dokumentaren film MakeDox. Otvaranje, petok, 17ti Juni, 20h, k*rsumli An.
------------- objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
|
Постирано од: pecok
Датум на внесување: 16.Јуни.2011 во 18:57
Штета што оваа тема нема повеќе одговори.
------------- http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk
|
Постирано од: green disease
Датум на внесување: 23.Јуни.2011 во 19:59
Zdravo, cest mi e da ve pokanam da prisustvuvate na otvaranjeto na mojata prva izlozba naslovena "Amerika preku mojot objektiv", tema na izlozbata ke bidat fotografii (urbani momenti od New York, Washington DC i Ocean City) koi gi imam napraveno vo tekot na mojot prestoj vo SAD kako Work and Travel student. Izlozbata e vo organizacija so American Corner Stip i istata ke ja otvori gospogjata Angela Aggeler sovetnik za odnosi so javnosta vo ambasadata na SAD vo Makedonija, a zbor ke zeme i gospogjata Emilija Janevik – Ivanovska prorektor za nastava pri Univerzitetot Goce Delcev vo Stip. Otvaranjeto na izlozbata ke se odrzi na 29 Juni vo 11 casot vo prostoriite na Pedagoskiot Fakultet vo Stip.
Pozdrav,
Aleksandar Sokolov
------------- http://www.sokolovphotography.mk - Portfolio
|
Постирано од: gocemk
Датум на внесување: 11.Декември.2011 во 12:51
Здраво на сите,
На 23 декември 2011 година, во 19.00 часот, во НУЦК “Иљо Антески - Смок“ (Дом на културата) во Тетово, ќе биде отворена традиционалната годишна изложба на фотографии на членовите на Фото групата “Чкрап!“ од Тетово. Годинава ќе се претстават 15 фотографи со вкупно 42 фотографии.
Повелете на својата (годишна) доза авторска фотографија!
Поздрав и се гледаме таму!
http://imageshack.us/photo/my-images/685/chkrap.jpg/" rel="nofollow">
http://imageshack.us/photo/my-images/192/katalogwa.jpg/" rel="nofollow">
|
Постирано од: kostovigor
Датум на внесување: 30.Октомври.2012 во 19:27
http://fotosojuz.mk/?p=1502" rel="nofollow - Photomedia 2012, Rules and Entry form
|
Постирано од: kostovigor
Датум на внесување: 13.Ноември.2012 во 17:39
Резултати од жирирање http://www.fotosojuz.mk/uploads/Izvestaj_od_ziriranje_Photomedia_2012.pdf" rel="nofollow - Photomedia 2012
|
Постирано од: kostovigor
Датум на внесување: 04.Декември.2012 во 01:59
http://fotosojuz.mk/?p=1746" rel="nofollow - Отворање на Фотомедиа
Национална Галерија, Мултимедијален Центар Мала Станица 08.12.2012, сабота 20 ч.
|
|