Испечати | Затвори го прозорот

Англиски или француски?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23197
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 02:45
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Англиски или француски?
Постирано од: cezarmkd
Наслов: Англиски или француски?
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 23:01
Дали од второ одделение да се учи англиски или француски или и двата пошто сака да учи,ако има некој искуство нека каже и каде?



Коментари:
Постирано од: aco_t
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 19:01
детето сака 2 јазика да учи? па остај го како што сака, не му врши притисок...

а ако се мисли меѓу овие два, би ти советувал нека почне прво со англиски.

А за француски може и понатака, има летни к*рсеви, траат по еден месец.Една другарка беше во Ница еден месец,ја кошташе се на се околу 1000 евра, и научи супер француски


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 19:39
Ако сака да учи, нека учи. Иако мислам дека второ одд. е сепак рано и би требало прво со англиски да почне.
Инаку не верувам дека за еден месец можеш да научиш супер француски, а и францускиот и не е многу лесен.

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 23:51
Во училиштата  покрај македонски го учат и англискиот јазик
Ако има желба да учи и француски зошто да не,само тоа ќе мора во некое приватно школо за јазици
Втор странски јазик во основните се учеше  од шесто одделение ако добро памтам и доколку немало во меѓувреме изменизбунетост


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 14:58
Со воведувањето на деветолетката во училиштата учениците од прво одделение учат еден странски јазик (англискиот). Некаде во 6 се воведува втор странски јазик и најчесто се избира оној за кој има наставен кадар во самото училиште (или општината). Од она што гледам тоа најчесто е германскиот (барем во нашата општина).
Жалосно е што на децата не им се дава избор и друг јазик односно француски, руски...
Доколку детето изразува желба порано за друг јазик тогаш вториот странски убаво е да го учи на к*рс, барем додека има желба.


-------------


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 19:24
Originally posted by cezarmkd cezarmkd напиша:

Дали од второ одделение да се учи англиски или француски или и двата пошто сака да учи,ако има некој искуство нека каже и каде?
Ако детето навистина сака да ги учи и двата тогаш зошто да не?

Англискиот моментално е најзастапен низ светот и така сигурно ќе остане уште некое време. Но и францускиот е одлично што порано да го совлада, ако имате а сте од Скопје или Битола носете го во Француски Културен Центар. Таму има и куп стрипови(Авантурите на Тинтин, Спиру, Жил Журдан, Гастон...), сликовници, лектири за деца(тоа откако ќе ги научи основите) па цртани и други филмови. Уште подобра и побрза варијанта е BERLITZ центарот(нудат 10ина јазика) во Скопје но чини далеку повеќе.

И ако има желба обавезно праќајте го во јазични зимски и летни кампови. За месец дена мнооогу нешта децата успеваат да напреднат многу во познавањето на јазикот затоа што нон-стоп низ секојдневните ситуации и игри се во контакт со истиот.

После таму некаде средно нека се нафати на турски или албански, или грчки и сите врати ќе му бидат отворени за успех!


Постирано од: cezarmkd
Датум на внесување: 15.Септември.2010 во 14:38
Фала многу за помошта,ја упишав англиски и да го посетува францски културен центар.


Постирано од: KUKOC7
Датум на внесување: 15.Септември.2010 во 14:47
GERMANSKI !!!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Септември.2010 во 18:54
angliski ,..dabome!..


se drugo e,......za djabe!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 18.Септември.2010 во 13:08
англиски - од причина што е позастапен, полесно ќе оди изучувањето.... може да го слуша од филмови, песни, да го чита од книги/сликовници...

францускиот едноставно треба да го бараш да го сретнеш некаде.... исто и со германскиот... затоа е толку тешко да се научат... нема такви филмови, песни... а за книги освен во скопје да не правиме муабет

-------------


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 18.Септември.2010 во 13:31
dobri se i dvata jazika ali koa ke pocne da uci pustaj i crtani bez prevod od niv mnogu se uci od pricina sto govorot e poednostaven i se razbira ubavo

-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 19.Септември.2010 во 14:51
Како што кажа Бисерна, англискиот е позастапен.
Англиски во секој случај.

Француски до основно учев, скоро па ништо не научив (зборам граматика) сеа ми се доволни латински и македонски. Не би више.

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 16:05
Англиски дефинитивно...
.......со него во цел свет е полесно да се разбереш..
Но сепак колку повеќе јазици знаеш толку подобро....среќа
Јас имам учено и француски....сепак не го знам како англискиот ни приближно, башка и потежок е...но во секој случај интересен...
ааа да не заборавам и руски смеење учев едно време....голема%20насмевка


-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: seka
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 16:20
sekoj jazik sto go znam, mi pomognal nekogas... zatoa jas da moram da odlucam za moeto dete, bi go prasala deteto, a ako izrazi zelba za 2ta, togas bi ostavila i dvata da gi uci голема%20насмевка
 


-------------
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 16:27
Колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш
Секој јазик е убаво да го знаеме.

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Септември.2010 во 19:10
mozebi e ubavo sekoj ama ,..najubavo e da go znaesh angliskiot.

..bez nego si ,.."seljak" prav!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk